1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.428
    Прво, нема кучиња што не лаат :) Не постојат такви. Добро, ако има неми луѓе, може има и неми кучиња, не знам.
    Второ, сега читав, се однесува на сите кучиња - настрана аналогијата дека сите кучиња лаат.
    Трето, го повлекувам реченото кон АНима мУнди - реагирале и во прилог нивната реакција на одлуката на Жерновски и неговите советници

    „Оваа одлука е скандалозна и нехумана (како што човек зборува, така кучето лае); дискриминирачка во однос на сите граѓани кои имаат животно ( кој ги штити нив од произволни толкувања, пријави или каприци на другите сожители?), нефункционална (зошто нема да направи никому ништо добро) и опасна (зошто масовно може да ја зголеми бројката на исфрлени животни на улица!). Оваа одлука го компромитира советниците на општина Центар кои истата ја поддржале, ја компромитира нивната човечност“, реагираат од Анима мунди, пренесува Курир.

    Детално објаснуваат зошто општината треба да ја повлече скандалозната одлука.

    1. Почитувани Советници, тој кој чува куче, уредно плаќа данок и придонесува на општината.

    2. Тој што чува куче, можеби истото го вдомил од улица – со што и помага на општината да се намали популацијата бездомни кучиња на улиците.

    3.Тој кој чува куче е подеднакво изложен на буџава или друг вид реметење на јавен ред и мир кое може да биде од повеќе извори. Но вие, со донесување на оваа Одлука, по автоматизам го дискриминирате и правите заложник на самата општина, како и потенцијален заложник на неговите комшии.

    4. Кучето со векови живеело со човекот и тоа не е предмет, туку дел од човековото семејство.

    5.Оваа Одлука е непозната за европските стандарди и, доколку не се отповика, ќе наиде на огромни осуди.

    Прв битен доказ за европскиот напредок во однос на животните е европската Конвенција за заштита на животните-миленици во 1987 г (Совет на Европа, Договор бр. 125). Цитираме:

    „Човекот има морална обврска да ги почитува сите живи суштества и да има на ум дека домашните миленици имаат посебен однос кон човекот; Да се има предвид важноста на милениците во нивниот придонес кон квалитетот на живеење и нивната вредност во општеството „



    Се извинувам за предолгот пост, ама ми се плаче кога ќе помислам дека треба и од кучето да се одделам.
    А да се селам, не е решение. АЈ сите да се отселиме од Центар ако не, што имаме кучиња? М?

    Анима Мунди, поддршка од мене и сите што ги сакаат животните. Не се селам, ке си го чувам кучето, Жерновски нека дојде да ми го фрли на улица. Џукелче е, ама мое и го сакам.
     
  2. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    ... Има кучиња што не лаат на команди... Тоа од тие послушните или интелигентни кучиња како Бретонецот, Самоедот, Бордер Коли, и др. А, се разбира ако влегува некој несакан гостин внатре ќе си бидат верни на газдата они.
     
  3. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    ima li tema za hrcak?? :?:
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Самоједот??? Хахахаххаха, немој ти се молам, со години чував, Хасаката и Самојадот се едни од најтврдоглавите кучиња и меѓу најбучните, завивање и лаење 24 часа на ден. Најтешки раси за дресирање се, комади слушаат само кога треба да им дадеш да јадат.
    Жерновски и неговиот тим се дефинитивно умноболни, сите проблеми во општината ги решија па само уште ова за кучињата им остана. Они прво нека гледаат да ги тргнат да го решат проблемот со уличните, зашто за домашните има кој да се грижи. А бучавата од скејтерчињата што лупаат по цел ден со скиролите, а децата што пиштат по цел ден, а машината од зградата што се гради, а бучавата од колите и расипаните моторчиња, бучавата од соседите што се расправаат или што вежбаат гласни жици по цел ден??? Абе тоа викам, се се реши со нарушувањето на јавниот ред и мир па само кучињата останаа. И во парк бе, забрането шетање на милениците по трева, а неписмениот народ што фрла кеси и конзерви на трева ок е нели, или циганине што го окупирале цел парк исполегнати издрогирани на трева ок е така??? Цццц, неписмен народ, сите неписмени и забегани, ние уште повеќе затоа што сме им дали власт, мислам на вие што гласате :x На запад кучињата си ги носат секаде, во маркет, во бутик, во ресторан - внатре, само кај нас најцивилизираниот народ „несмее ни по тревна површина„ ај да ги убиеме сите кучиња во Македонија може? :puke:
     
    На anuskaNESTLE, Madonna, Edie.S и 3 други им се допаѓа ова.
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Вчера си вдомив и1 ипол месечно бебенце,мешанче од пинч и пекинезер.
    Преслатко е,го обожуваааам :inlove:
    Го хранам со храната за кучиња,моментално спие на кебенце дур не му ја направам куќичката...
    Уште малце,го носам на вакцина,а утре ќе му давам апченце за глисти.
    И шампонче сепцијално ќе му купам,за да си немаме проблеми со опаѓање на влакна.
    Ииии,гумени играчки за забчињата,секако.
    Сега се разбудивме,па си се играме. :D
    Еве не
    [​IMG]
     
    На kikkki и didicool им се допаѓа ова.
  6. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85

    И јас имам зајче, но од расата теди и сакав да те прашам дали кафезите што ги набави се големи ептен или помалечки, јас имам средно голем и сакав да земам поголем да си се шири и да не го пуштам надвор да биде во него повеќе време, па ако знаеш би те замолила да ми кажеш колку пари се поголемите кафези? фала однапред ;)
     
  7. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Ти препорачувам да не трошиш пари на тоа и да рециклираш. :)
    Со рециклирање ќе направиш многу поголема удобност и ширина за него.
    Еве ти идеи кои можеби ќе те инспирираат:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Се надевам дека некој од овие ќе ти се допадне. :)
     
    На didicool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85

    мхммм фала многу ми помогна во изборот ќе гледам да најдам некои како решетките и да си направам по мерка со помош од брат ми или татко ми... ми се допаѓаше тој со зајчето бело што е внатре затоа што и јас го чувам внатре мојот и прикладно е за дома :) фала уште еднаш ;)
     
  9. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    колкава количина храна му е доволна на кученце од 3-4 месеци? колку зрнца, колку пати на ден...? моментално имам педигре џуниор.. :?:
     
  10. DogsAreMyLife

    DogsAreMyLife Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    50
    Храни го 4 или 5 пати на ден, и давај му една дланка од дехидрираната храна.
    Комбинирај ја со конзервирана храна еднаш неделно да не добие запек. :)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Од пред некое време ми дојде мачка и остана кај мене, беше трудна и незнаевме каде ги родила мачињата. Вчера донесе едно и се беше во ред , мачето цицаше. Ама денес бега од него и го напаѓа несака да му даде да цица а многу е мало сега проодува... Ни млеко од цуцла неможе да се напие убаво и го кријам за да не го напаѓа. Да не имал некој сличен случај да ми даде совет . Поздрав :)
     
  12. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Ili macheto ne e nejzino ili ima drug miris.
    Mislam deka najdobro so shpric da mu davash i da go chuvash na toplo. Hrani go sekoi tri do cetiri saati na den i
    meshaj mu go mlekoto so boda i malku technost od konzervirana hrana.
    Ako nemozes nisto drugo da prevzemes ostavi ja prirodata da dejstvuva... :(
     
    На ana.n18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Јас чувам мачка и пред еден месец се породи и истото го прави,ги напаѓа.Мислам дека тоа е поради тоа што премногу ги исцрпуваат,бидејќи се гладни,мали и мора почесто да јадат.Не е ништо,сама ќе отиде кога ќе сака да му даде да јаде,а ако не...тогаш незнам што е проблемот,може не го сака,го отфрла.
     
    На ana.n18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DogsAreMyLife

    DogsAreMyLife Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    50
    Провери да не и се згуснало млекото.
    Мојата мачка така го одбиваше на 1 месец кога имаше и кога ги допрев дојките и беа цврсти.
    Ја легнав, го ставив мачето да цица и ја држев цврсто да не се мрда. Потоа се си продолжи како што било. :)
    Не се секирај тоа им е период за да се види кои мачиња се посилни во природата, а кои не, умираат од глад. Тоа си е природа... :|
     
    На ana.n18 и mil4ence им се допаѓа ова.
  15. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Најверојатно е тоа дека е до мирисот, сега е добро му давам млекце и навечер го ставам во кутија за да не му направи ништо само до кога незнам ќе потпорасне и ќе може да излегува. Ми е страв да не го повреди :( Од која возраст може да се храни со друго освен млеко? Прашувам за да знам кога ќе можам да го дадам нема да можам да ги чувам и двете. Поздрав
     
  16. DogsAreMyLife

    DogsAreMyLife Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    50
    1.5 месец. Тогаш почнувај да му ја потквасуваш дехидрираната храна со вода или ставај му попара.
    Не дозволувај на мачката тоа да го јаде, така ќе почнат да се тепаат за храната.
    Прави посебна за неа.
    Мачето може да оди така?
     
  17. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Да оди ама мислам дека сега брзо проодело, тоа значи дека е старо 3-4 недели или?
     
  18. DogsAreMyLife

    DogsAreMyLife Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    50
    Ако знае да трча тогаш е 1 или 1.5 месец и мачето може да јаде.
     
  19. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Зависи тоа од храната односно од видот.на секоја вреќа си има табела и пишува точно колку грама треба.За 4 месечно кученце од ројал канинот специјалниот за мали кучиња треба 65 грама.мој совет не и давај педигре купи поквалитетна храна сега се развива кученцето многу е битно што внесува.Немора да е ројал канин има и други добри храни што се поевтини од ројалот а сто пати подобри од педигрето-кое што не го бива за ништо.
     
  20. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Фала ви на сите за советите, сепак најдов решение го прифати мачката на дечко ми без проблем и сега е таму. :rock: Да потпорасне и ќе му најдеме и домче. Инаку ова е колачето за кое ви зборувам :) :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На fallenangel, kikkki и 1209 им се допаѓа ова.