Леле... Преслатко е!!! Па тоа веќе и можело да си јаде самото. Јас еднаш најдов едно маче тигресто со бело и многу трчаше и бегаше. Се заглави позади еден фрижидер на трфика и сестра ми го извади. (тоа беше одамна) Многу прлјаво беше и го ставивме да спие на поткровјето. Таму ем широко ем топло беше, и имаше рај за мачки. На крај требаше да ја пуштиме зошто Тези не ја сакаше. (Тези е нашата мачка) Но, сепак си имавме убаво време со тоа маче.
Здраво. Имам Чау Чау кученце старо 3 месеци, сакам да го дресирам, да го научам да ги прави оние основните работи (стани, седни, легни, здраво..) ама незнам како За на дресура не ми се даваат пари сакам сама јас да пробам да го научам Дали има некој искуство и дали знае како можам да го постигнам ова?
Ме интересира колкаво може да биде кучето за да се однесе на шишање?Треба ли да има определна возраст или не.
Долг е постот,ќе го ставам во спилер. Спојлер Па,за основни работи како:стани,седни,легни,чекај,оди,здраво и сл.не ти треба дресер,зошто можеш и сама да го научиш. Најбитно нешто пред се,зошто е сеуште мало кученце и е идеално време за основна дресура-послушност,треба да го изградиш алфа ставот кај кучето,односно да изгледаш самоуверено,цврсто,и да си постојана во работата,т.е. дресурата,за да направиш слика кај кучето,кое ќе те почитува како личност.За тоа,треба пред се ти да бидеш цврста во твојата одлука,и нема попуштање. На основните команди,можеш да го научиш лесно,пред се ако сакаш ти.Покрај себе имај некое зрно од омилената храна,посластиците за кучиња(оние ковчињата гумени за грицкање што се,грисини и сл),омиленото топче,парче виршла.Најважното е што секое куче се учи на се,нема глупаво или непослушно куче,и немој да употребуваш весник или да го удираш.Секое куче ќе научи со време,имај на ум дека е доста младо,и дека секој вид на дресура,добрите дресери ја пренесуваат во кучешкиот мозок,преку награди и казни.И,никогаш не мешај две команди во исто време,секогаш оди со една,откако ќе ја совлада добро,премини на другата. Стани-за комадната стани,ти е потребно малку труд,секој пат кога ќе ја послуша,ќе го наградиш со храна или пак ќе му го дадеш топчето,кажувајќи му пофални зборови,како:браво и сл. Ако не сака да стани,обиди се со храната или топче намами го да се исправи и кога ќе застане исправено,дај му ја храната или топчето и пофали го. Седни-исто како и за стани,секојпат кога ќе седне,награди го,ако сака да легне,обиди се да го спречиш,дали било со храна или нешто друго.Кога ќе седне,пофали го. Легни-исто како и за седи,наградувај го кога ќе легне,а ако несака да легне,притисни го малку на делот кај опашката или намами го со храна,повторувајќи му ги пофалните зборови. За здраво,јас стварно незнам што сте се запнале за здраво,тоа не е команда,тоа е трик,и не ја гледам потребата да кучето го знае тој трик,чисто забавно.Не е нешто воспитно,нити неопходно,никаде не го бараат тој трик.Еве,и моето куче сеуште не го знае тоа,не сум се ни трудела нити обидела,да го научам,зошто не сметам дека е потребно.Знае многу посложени и покомплицирани команди и трикови,ама ете здраво не сум го научила. Ти прво,изгради го алфа ставот кон твојот миленик,социјализирај го добро,и научи го на овие три команди,па потоа контактирај ме преку ПП до каде си стигнала и како напредувате,па ќе ти помогнам понатаму ако сакаш. И ќе заборавев,дали се одзива на името?Го научи ли името?Ако не го научил,пиши ми ќе ти помогнам и околу тоа.
Да кучето треба да има најмалку 4 месеци за да се носи на шишање. Тренирај го со тоа што ќе му ја држиш затворена устата, ќе му ја фаќаш шепата и ушите, и ќе му ја креваш главата.
Луѓе треба да има кучето книшка за вакцините? И од кај се зема? Сега му ставивме вакцина прв пат (додуша пола ни истече) па да ја залепам лепенката си велам,пошто гледам дека има на вакцината ко лепенче. И на колку сега да ја ревакцинирам,на месец? Пошто еве 3 месеци направи (малце касниме со вакцината знам,ама важно почнавме со вакцини). И секој месец треба до година да се ревакцинира,така? Поздравче
Треба да има книшка да, ние кога го вакцинирафме ни дадоа право и книшка и сега секогаш кога одиме си ја покажуваме книшката ни го вакцинираат и си запишуваат. Тоа ти е потврда дека кучето ти е здраво и вакцинирано, доколку настанат некој несакани работи на пример ако касне некој, само си ја носиш книшката и ти дават потврда дека кучето ти е здраво и вакцинирано. Инаку треба да се вакцинира редовно секоја година.
Фала leighton23 за одговорот,само незнам,мене не ми дадоа книшка пошто јас купив вакцина и сами и ја ставивме,ама сепак треба да имам книшка за вакцините...
Дивајн побарај од вентеринар да ти дадат сега кога ќе го вакцинираш, инако се ванцинира само два пати кучето до една година, а потоа еднаш годишно и плус за беснило се вакцинира, ама тоа после година...
И ние да се пофалиме,денес си ја ставивме првата вакцина,Puppy-P. Ветеринарот ми кажа дека можам да го бањам сега,по 5 дена од вакцината. А јас цело време си мислев дека можам да го бањам дури после ревакцината.
Значи,мора кучето да има книшка со вакцини.Ако не ви дале,побарај кај ветеринарот. Првата вакцина е на шест недели,и се ревакцинира на секој 3-4 недели се до 20тата недела. Додека пак,ако кученцето е постаро од 13 недели,имаш двократна вакцина,односно ревакцината ти е после 3-4 недели. И да,редовно прочистувај го,од вантрешни паразити на секои 3 месеци,и обавезно 4-5 дена пред вакцината.
Еве ги моите 12 планови за јас како ќе го одгледувам моето кутре: -Земам пет пен обавезно! -Го шетам на појас и знам како да го научам на тоа. -Давам производи од Педигри или Ројал Канин. (уште не сум се одлучила, може совет?) -Му правам креветче цо работи од гаражата на дедо ми. -Го шетам 3 пати на ден. (без разлика колкаво ќе порасне) -Го носам секаде каде што излегувам со другарки. (најчесто во парк) -Го чешлам најмногу 5 пати неделно. -Си играм со него секогаш. -Компјутерот ќе го заменам со кучето. (нема да бидам многу активна на компјутер) -Почесто ќе излегувам надвор. -Ќе пружам љубов кон сите мои миленици кои ги имам дома. (мачката кај баба ми што ја чувам, папагалот и кучето) -Истовремено ќе се грижам за бездомните животни. Тоа е тоа. Ако не сум во право со нешто поправете ме и сакам да знам дали производите на Прдигри се подобри од Ројал Канин, дали има ГМО храна во нив? Благодарам од напред!
Е вака сега. Јас незнам на точно какви производи мислиш,пошто има многу под поимот производи. Од храна ако мислиш,дефинитивно ројал канин.Дефинитивно.Јас стварно незнам како споредувате педигри со ројал к.И секој што се разбирам бар малку околу здравјето и правилната исхрана ќе ти каже ројал канин,зошто е една од најквалитетните храни. Може е најскапа,ама барем додека е мало,до кај година и пол храни го квалитетно. За чешлањето зависи од расата,односно од густината и карактеристиките на крзното.Некои треба два пати неделно,некои два пати дневно. Незнам искрено дали ти е потребно пет пен,според мене не, кучето ќе го мачиш и казнуваш така.Освен,ако немаш други миленици што нема да се поднесуваат меѓусебно со кучето(а може да се научат на зеднички живот) или пак големо куче а има во непосредна близина мали деца кои може со својата масивност да ги повреди несакајќи,не би се одлучила на нешто такво и би ти препорачала,ако несакаш да ти шета секаде кучето да го воспиташ да седи во својот кревет,него ли така, би рекла да го казнуваш. Дека ќе го шеташ три пати на ден постојано,се залажуваш само. Додека е мало,на почетокот може ќе треба да го шеташ и повеќе од три пати,зошто е малечко и ќе мокри и врши нужда насекаде,зошто неможе да трпи.Ама одкако ќе се научи на хигиенските навики,за понатаму верувај и два патии ќе ти бидат многу. Јас незнам како покрај школото ќе успееш да го шеташ три пати дневно,сосбено кога денот е се пократок и пократок. Не се залажувај напразно,освен ако не вклучиш некој од родителите и им дадеш обврска да го шетаат.
Не се залажувам дека ќе го шетам 3 пати на ден.... Имам бајаги голем двор и можам од сабајлето да го оставам да се истрча и да изврши нужда. (после ќе го соберам нередот) Многу ми е потребно пет пен додека ќе биде мало. Нема да биде таму 24/7 се разбира.. Кога ќе бидеме излезени ако не го ставиме во пет пен ќе ни биде лом станот. И кога ќе спиеме нема да мора да чистиме наутро по цел дом, така да полесно ќе ни биде со пет пен. Кога ќе го земам ако сакаш и снимки ќе ти пуштам од како се грижам за него за да бидеш сигурна. Можам да ветам! И ветено-сторено.
Дечки како да го натерам моето кутре да не гледа во некој кога тој некој јаде? Цело време е нахрането, дури и прехрането и секогаш кога некој од нас дома јаде и тоа сака уште. Те гледа додека јадеш и онака глупаво и непријатно дури станува. И нели пак му ставаме да јаде. Ама реално тоа му е премногу јадење за него. Решение?
Па нема начин,тоа секогаш ќе гледа и ќе гледа упорно,како на пример моето прасе,кое може да јаде се додека не се прејаде и пак да те зјапа додека јадеш. Освен ако не го најдеш навистина убаво,го прошеташ и му ја истрошиш енергијата,па да седи мирен и не му обрајќајте внимание,ќе зјапа и кога ќе виде дека не го рецкате ќе се повлече сам.
Луѓе го зедов кучето вчера и значи од тогаш е јадено 2 пати по 2-3 саламчиња и малку млекце...Ќе му напрам за јадење и неќи ми бега...Друго,му кладов песок за нужда и проблемот е што нуждата си ја врши 1 метар околу песокта и незнам како да го научам знам дека е рано и му треба време да се навикни ама од дома се нервират дека ми мочка насегде а и прво милениче ми е така да незнам што да му правам...Незнам како да го издресирам,како да го научам...
Випетот само се учи да врши нужда на песок. Ставај му весници на место каде што повеќето време врши нужда и собери ги. Потоа носи го надвор по јадење и ќе се научи самото каде треба да се врши нужда. Давај му кучешка храна и ни под разно млеко. Многу е штетно и за мачиња и за кучиња.