1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Нека не те лажат тие мили и невини очи. Кога ќе седнете да јадете, учи го да седи на страна.Јас моето куче така го научив. Земи пилешко месо со тебе, и кога ќе седнете да јадете, и оно ви дојде, викни го на страна, и учи го на зборот место. Одведи го подалеку од масата, и нека седне или легне, кажи уште еднаш место, дај му да го касне тоа, и нека седи таму. Сега може ќе го правиш ова едно 20 пати, ама ќе се научи. Брзо учат.Кога ќе завршите со јадење, оди кај него, пофали го и дај му уште едно парче и доста му е.
     
  2. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Место млеко давај му јогурт или кисело млеко(али имај во предвид дека е можно да кака по меко).

    Не му давај салами и чуда купи си специјална храна за кучиња зашто ке си направиш проблем нема да сака да ја јаде дехидрираната ако му даваш други работи а она е најпогодна за него.Не мора ројал канин има и други храни добри а поевтини иако ројалот е најдобар посебно кога се развива кучето дека има витамини.

    Песок?Мачки вршат нужда во песок ја како што знам,стави весници како што ти кажа папилон или нешто слично што можеш да го фрлаш и менуваш.

    Ќе мочка тоа многу да знаеш дур да научи,таму каде што ќе се измоча избриши со крпа влажна и шприцни некој јак парфем што не го користиш за да не моча на исто место.

    Најбрзо ке го научиш со казни и награди,кога ке направи беља со весник по газе не по лице и нежно не е финтата да го здоболе него да се плаши од весникот.А кога ке направи добро ке викаш браво и ке дадеш нааграда-има специјални бисквити и триста други чуда,ке ги кршиш на мали коцки дека кучето чим е малецко моча и кака сто пати дневно немој да му даваш цела бисквита ќе го здебелиш.
    и што раса е?:)
     
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Весници,не.Со весници обично се тепкаат по газето и се носат на местото кај што сакаш да мочкаат.Сави кутија некоја со песок и таму носи го. :) Ако упорно одбива да јаде,однеси го на преглед кај ветеринар.Јас моето го хранев со ситни грицки,после со покрпни,му ги мешав со јогурт или топла водичка,за да омекнат и понекогаш лебче со вода,или јогурт.И јајце варено еднаш му давав,варен компир...Само незачинето!Сега веќе суви почнав да му ги давам,потпорасна,не ги одбива.Веќе јаде се што ќе му дадам.И,побарај од ветеринарот и за коските апчиња и внимавај како го држиш ако е мало уште за ноџињата.
     
  4. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Има неколку страни наназад,цела тема за грижа и нега и дресура,и се и пак ќе се повторуваме,ама ајде.
    Прво,колку месеци е кучето?Значи,ако е помало од 6 месеци,треба да јаде 4 пати дневно.
    Тури му ти јогурт,и остави го малку,уште е збунето,остави го нека се стабилизира малку,ќе огладне ќе отиде само.Тајнирите негови,оставај му ги на едно место,и постојано нека му стојат на истото место.
    Нека има постојано водичка свежа.Земи му дехидрат,ројал канин ти е најдобар како што кажаја и претходно,или еукануба.Во готовата храна ги има сите потребни состојки за раст и развој на кучето,сите витамини со што не треба да даваш дополнително пари за витаминки.
    Барај папи формула,за млади кученца,моето девет ипол има и сеуште јадиме џиниор од ројал канинот.
    За хигиенските навики,немој да го тепаш воопшто,ако кај тебе е повеќе од 4-5 дена,време е да почнеш да го учиш на хигиенски навики.
    Давај му јадење на 3-4 часа,и после 5-10 мин по оброкот,изнеси го надвор во парк,во двор,било каде..
    Со тебе носи посластици и секогаш кога ќе изврши нужда награди го.
    Неможе да не заврши нужда за пола час или час после оброкот,бидејќи е младо и има брз метаболизам.
    Награди го и кажи му браво.
    Повторувај го ова после секој оброк,за недела-две ќе почне само да бара.
    Куче не мокри во песок,не е мачка љза да оди во мачешки тоалет.
    Тоа со весниците од папилон,исто можеш да го примениш,ама прво пробај вака,ако не сака,секогаш кога ќе го фатиш пред да врши нужда ,стави му ги весниците и нека изврши нужда таму,потоа тие весници,стави ги на местото каде што сакаш пак да вржи нужда(истите весници каде што еднаш мокрел,за да оди повторно на истото место).
     
  5. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Pekinezerce e zemeno mi e dva dena ke go ostam uste malku da se sozemi staro e 45 dena i samo spie momentalno a ko ke stani ne go osekam i si vrsi rabota kaj sbo ke stigni...izvinete za latinica od tel sum..
     
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Епа за два-три дена можеш да почнеш да го учиш.И во претходниот пост ти кажав,после секој оброк изнеси го надвор,и после секоја нужда на правилното место награди го со посластици,а ако згреши не го удирај,сеуште е малечко,само викни му НЕ и извади го надвор.
     
  7. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Да да...Таман да се дочисти уште ми вади глисти и после рајат ке се учиме и дресираме...Грев ми е сега уште ништо не јади,уште не е навикнато па и јас да го карам... :doh:
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Феминки,утре ја носам мојата лепотица на ревакцина,па незнам дали да и земам апченца за коските?
    Братучедка ми ми рече обавезно да и земам,да не и се искриват,а ветеринарот ми рече може а и не мора.
    :?:
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па види вака,со што го храниш да те прашам најпрво?
    Ако му даваш некоја квалитетна храна,ројал или еукануба,или некоја што е навистина доста квалитетна,немора да се овие две има уште многу други,нема потреба од додатни витамини и таблетки со калциум и сл.
    Додека ако го храниш со домашна храна или некоја не толку квалитетна храна,подобро давај му кафортант,кој содржи се што му е потребно и ги има сите витамини потребни за раст и правилен развој на кучето.
    И да,дали му даде апче за прочистување?
    Кажав и претходно,неколку страни назад.4-5 дена пред вакцината или ревакцината,давај му апче за прочистување.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јаде се,му давам дехидрирана храна,грицките,не се некои многу квалитетни,ги има кај нас,во ветеринарната само тие,на мерење се.И пред 2-3 дена почнав да и давам по малку мисиркино од конзерва.Јаде и леб со вода,леб со јогурт,леб,дехидрирана и вода/јогурт...Јајце варено и мешам понекогаш со дехидрираната,варен компир,реткп...
    Вчера ја носев на ревакцина,и зедов од витамините,вчера и дадов 1,ветеринарот ми рече по 2 дневно,во било кое време.Ама дека се доста големки,неможе да ги голтне како оние за против глистите што се,па и дадов да го изгриза.Во ред ли е така?
    Сега ќе и дадам пак,и вечер уште едно.
    Апчиња за прочистување и давам да,сега треба на 28ми да и дадам уште едно,нели на месец дена,ама пошто требаше на 25ти,а ревакцината и ја ставивме вчера ветеринарот ми реле по 5 дена од ревакцината да и го дадам.
     
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    На моето кученце ми се тресат нозете и кога ќе му ги допрам го болат...бавно се движи и му се како свиткани....ХЕЛП! Инаку не е расно...Поздрав и благодарам :)
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Кажи ми дали ги влечка нозете или пак оде само ги држи свиткани?
    Однеси го на ветеринар што побрзо,ако може воопшто да гио движи веројатно саму му се повредени,и нема скршеница.
    За соодветно лекување и терапија мораш да го однесеш на ветеринар,денес е неработен ден,ама побарај број од дежурен ветеринар,сигурно има.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    72
    Кои се симптоми за глисти ? Како да препознаам дали мачето ми има ? :)
     
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ќе препознаеш во изветот,ако има како некои црви се,во изметот ги има.
     
  15. Sinookaa

    Sinookaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Јас имам маченце. Кога беше мало многу сакаше да си игра, а сега е многу мрзеливо. По цел ден само спие и јаде а навечер трча по мачки :lol: многу си го сакам :)
     
  16. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Ve molam za sovet imam macence staro e 3-4 meseci go cuvam doma ama preku den seta niz dvor se botnalo pod na tatko mi kolata i se iscrnilo celo od ulje me interesira dali smeam da go izbanjam deka seuste e malo vi blagodaram odnapred
     
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па види,немаш друг избор.
    Не е препорачливо бањање на мачиња,особено мали,но сигурно нема на кревет да го стаиш прљаво цело.
    Можеш да го бањаш,но со посебен мачешки шампон(не е многу скап) и со прилагодената температура,потоа издувај го со фен на пониско ниво,да не дува многу зошто ќе се плаши и бега и не го пуптај воопшто надвор.
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Моево кога има глисти,цвика,плаеч и мешето многу го боли.
     
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Многу често кога имаат глисти не покажуваат некои си појаки симптоми.
    Моето куче на пример, јадеше најнормално, си имаше апетит, си трчкаше, не цимолеше, но ветеринарот го позна дека има глисти по мешето, му беше подуено, а јас мислев па дека од многу јадење му е.. :tmi:
    И одма му дадив половинка апче, иако кога ми го подариа ми рекоа во следните 3 месеци не треба апче за глисти, очигледно лажеле, срамота.
    И од кога му го дадив апченцето, во виршла му го пикнав, одма без проблем го голтна, за некои си 6 часа, се искака во двор, и заминав да соберам, и видов глисти во изметот, како долги црви.
    И утредента, мешето му беше мазно, без подуена топка од глистите.
    Значи глисти можете да препознаете и по подуеноста не мешето, напипајте го нежно, и ако има како цврстина, недефинирана подуеност, можно е да се глисти.

    Јас имам прашање во врска со бањањето на кутре кое е половина година.
    До сега го немам бањато, и ме интересира кој шампон да му го купам, кој е најдобар за крзно, а може и воедно за болви, пошто мислам дека е време за прво банкање.
    Крзното му свете и му е прекрасно од здравата исхрана Педигре, ама сепак сакам пред зима да го избањам, додека не фатило ептен ладното.

    И уште едно прашање. Му ставив ампула против болви на кучето, но се има случено да до сега, 3-4 болви му имам отепано. Зар не е 100 процентна заштитата? Моето куче е црно, и баш не можам да го проверувам за болви, само на мешето има дел белко, и само таму му имам отепано а го гледам дека се чеша... Што да правам? Можно ли е и покрај ампулата да се наполни болви? И како да го заштитам најдобро?
     
  20. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Да,кучињата после 3от месец,може да се бањаат,а твоето веќе е големко и секако дека смее.
    Па може со некој поблаг шампон,имаш на трикси,фронтлаин,анималс..
    Јас би ти ги препорачала од анималс,зошто имаш и за млади кутриња,а и за болви и крлежи има.
    Со таков шампон го бањам и јас моментално моето кутре(тој за млади кучиња) и е супер шампонче,си ја врши работата како што треба,убаво го чисти и го прави рунтаво крзното.
    Крзното му свете поради здравата исхрана -Педигри?
    Види вака,педигри не е воопшто квалитетна храна-дехидрат за кучиња.
    Незнам зошто,ама сите мислите ако е дехидрат е квалитетна храна,ама сте во голема заблуда.
    Домшната храна може да е поквалитетна од евтината и неквалитетна храна како што е Педигри.Имам јас кажано неколку пати дека квалитетна храна е ројал канинот,една од најквалитетните,еукануба,пропак,ајде тука некаде и тимбрит на фармина би ја споменала.
    Ако навистина го храниш со педигри,тогаш подобро смени му ја и давај му домашна,специјално приготвена за него,без зачин е најважно да е.Тоа што му свети крзното,не мора да значи дека е од исхраната.
    Само тоа што си му ставила ампула не е доволно.Претпоставувам дека имало претходно,а ампулата само го штити и неможе веќе постоечките да ги усмрти,а ако не си ги отстранила претходно,не си направила ништо.И секако,не се исклучува и можноста и покрај ампулата да кучето собере болви,ама еве за 5-6 месеци,кучето немало болви со ампулата,а користиме протектор,исто би ја споменала тука и фронтлаин и една нова која незнам како се вика,ќе ти испратам во ПП,која сумљав дека ќе се покаже како добра,ама ете,засега е супер,иако не е некој страшен период за крлежите и болвите,како на пример пролет или лето.