Дали точно се раководите,и сте се раководиле за распоредот и бројот на оброците за кучињата,поточно? Дали и јас да се држам до правилата? Сега ја хранам 4 пати,ама од утре треба да почнам со 3,ќе влеземе во третиот месец.
Веќе неколку пати приметувам дека мојот мачор има некој темно црвено/кафеав исцедок од курето и кога веќе приметив дека се случува често побарав на интернет и дознав дека може да има песок или некоја уринарна инфекција од кои може да умре. Кренав паника па ве молам да ми препорачате добар ветеринар за мачиња кој што има услови и знаење да се справи со ваков покомплициран проблем, сите се жалат од ветеринарната амбуланта во автокоманда, па не сакам да го носам таму...ве молам препорачајте ми зошто незнам што би правела ако нешто му се случи, сакам уште утре да го однесам
Во Центар кај ветеринарот Диме. Или оди на сајтот на Купи миленик и таму го има бројот на неговата ветеринарна станица. Отвори во вереринари или ветеринарни станици таму некаде горе пишува. Кога ќе отвориш таму имаш информации.
Апчето против глисти е само превентива нели? Мислам тоа,секој месец. И дадов завчера,немаше глисти во изметот. Инаку,од денес сме на 3 оброка.
Моево кученце има проблеми со шепите, тоа било вообичаено кај кучињата со мал раст. Ветеринарот на моите им кажал да купат некои лекови АКО ги најдат. Ако знаете кај ги има ве молам кажете ми Лековите се (може да имам грешка во имињата, зошто ракописов е ужас) glugosamin + ( незнам дали е плус, така ми пишува на листот) или glukotamin + honolkoitin canina
Кучето вчера и денес воопшто не е добро, ништо не јаде само повраќа, и лежи нема сила ни да се движи. Попладнево го однесовмена ветеринар, рече дека требало да прими вакцина (кучето има 3-4 месеци) недај боже да е заболено, ако е само затруено рече дека ќе му помине за 2 -3 дена. Му стави неколку инекции, и рече овие денови да му даваме само леб и јогурт /кисело млеко. Многу сум загрижена, се надевам дека ќе оздрави
Сега е многу подобро, почна да јаде, да трча, инаку најверојатно беше затруено бидејќи имаше јадено коски со месо.
Суплемент е тоа, глукосамин. Помага да ги одржува зглобовите во форма. Го има во форма на таблетки, кои би можела/би требало да ги најдеш во пет шоп. Ако ги нема во пет шоп, може да се дава и глукосамин што е за луѓе, овој дефинитивно ќе го најдеш во аптека за луѓе. Исто педигри брендот продава слаткиши да ги речам, се викаат joint care, во нив има глукосамин и омега 3. Некои фирми, ова исто во пет шоп треба да се бара, имаат суплемент комбинација од глукосамин и екстракт од црна школка. Ама сите се со идеја подмачкување на зглобови. Сепак, овие ствари помагаат, и треба да се употребуваат подолг период за да имаат ефект. Ако кутрето има болки ќе му требаат и други лекарства.
Добро луѓе,до колку месеци ви мочкаше неконтролирано кучето? Моево насекаде мочка,никако да се научи,5 месеци има,до кога вака? Не знае да држи уште.
Па да,би требало,сега до кај 4 месеци максимум,можеш и по 4 пати,после до една годинка и по 3 пати на ден можеш.Еве пример моето,пошто е деветипол месеци,се обидувам да му давам по 2 оброка,ама не му се доволно,научен е повеќе пати по малку да јаде,и два пати му се малку. И сеуште е младо,до кај 12 месеци ќе го ранам вака,па после нова година ќе почнеме по 2пати. Тоа е индивидуално,нема пропис,исто како што неможе тебе некој да ти каже да јадеш точно по толку и толку грама леб,така и на кучето.Ама сепак ќе напоменам,се си има граници.Се додека не е претерано е во ред,се што е повеќе од нормално не е во ред.
Прашање до сопствениците на кученца од расата малтезер. Моето малтезерче веке има 10 месеци, досега немавме никакви проблеми со кафеави солзички околу очите, меѓутоа последните 3 дена забележав во мал интензитет потемнување на крзното околу очињата и устата. Посетив ветеринар, но не ми беше од никаква корист, со оглед на тоа што живеам во мал град па и немам некој друг избор. Ве молам за помош, како вие се справувате со овој проблем?
Здраво. Моето куче има нова куќарка, но никако да го научиме да лежи внатре. Досега немало куќарка, оваа му е прва. Кажете некој совет како да се навикне да спие во неа.
Стави му ја внатре хранилката кога ќе дојде време за јадење. Пред тоа да му напестиш да му биде убаво и меко внетре, но не да пропаѓа. Не го пикајте со сила и видете дали куќичката му е доволна, односно не претесна или преширока.
Смеам ли да почнам да го капам мачето? Многу е мало, три-четири недели едвај има, па да не не треба или нешто А сакам да почнам да го навикнувам, и плус дека со лажиче го ранам многу се валка
Ако се извалка, со бебешки влажни марамици бриши го. Почни со бањање на 2 или 3 месеци. Во плитка вода стави го. За сега навикнувај го со тоа што ќе сатаваш саламче во празна када. И не е до вода, ако ја гледаат кадата како добра, ќе бидат по мирни во бањање.