Форумџика на годината

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Можно е да го нема заради тоа што брка мачки. На дечко ми мачорот го немаше три недели и дојде. И мојот го нема по една недела кога им е сезоната. Ај кај и да е треба веќе да им заврши сезоната за парење, да се надеваме дека ќе дојде :)
     
  2. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Бевме на ветеринар и таа ни рече да му дадеме дијезепам за да се смири, му дадовме но не помогна. А за инекција ништо не ни спомна :| Премногу го сакаам и насекаде го баравме со мајка ми ама го нема.
    Премногу ми недостасува и многу плачев ама сепак се си мислам дека еден ден ќе се врати :(
     
  3. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8

    аха ок..ќе видам за хранава.. денеска кучево ми беше нормално како и секој ден.. цел ден си игравме и супер беше... али еве сеа накај 8 и нешто.. си спиееше предходно и стана наеднаш.. и се вртеше се вртеше и почна да ми повраќа... мн се исплашив.. и одма се јавув на моите да го носиме на вет. ама таткоми се јавил.. и зборел прво со мелита и после со тој некој ветринар...и му кажал као ништо не му е.. као му е од тоа што јадел све... дека он и теписите ми ги гриза.. све што стигне нешто џвака.. и као ништо не му било.. мн сум загрижена се плашам нешто да не му е.. :((( сега спие.. моментално.. се надевам кога ке стане.. ке биде ок.. :/
    од што може да му биде тоаа.. ???
    утре ќе го носам.. на вет.. се надевам дека се ќе биде ок...
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Малку ми е чудна ситуацијава со твоето Малтезерче :^) прво велиш какало крв и повраќало, сега денеска пак повраќало.
    Велиш дека со Ројал канин го храниш, таа е добра храна и не би требало да повраќа толку често.
    Инаку да, можно е да повраќа од разните предмети што ги голта.
    Види кога повраќа дали повраќа некои предметчиња што ги има голтнато (делчиња од папучи, тепих и сл.) или повраќаницата е чиста со светложолта боја.
    И дали му даваш кравјо млеко? Бидејќи ако му даваш кравјо млеко од него има повратено, кравјото млеко е потешко за варење и често предизвикува кучето да повраќа.
    Доколку му даваш кравјо млеко би ти препорачала да го исфрлиш од употреба и наместо кравјо давај му кисело млеко, јогурт или павлака.
     
  5. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8

    вака кравјо млеко не му давам.. ништо не му давам.. му давам само чиста ројал храна и вода.. бидејки од млеко јогурт и сл. има пролиф.. :/
    првиот пат кога повраќал повраќај зашто моите го прејале.. сега не беше јаден.. значи јадел во 8 сабалје.. или 9 нз.. и јас кога станав му дасдов да јаде тоа беше накај 1/2.. часот..
    и после тоа му стаив малку да јаде накај 6 мислам.. беше.. и малку јадеше.. и остави..
    и накај 8 и нешто поврати.. повраќаше.. некако како кафејавко.. ваљда е храната.. :/ а можно ли е од мн играње.. зашто цел ден го гњавам.. и играм.. нз.. сега стана.. и малку ко млитав ми е..
    таков те сака да си игра те.. ке си легне.. можда е поспан нз.. :/ ама се плашам да не е нешто болен.. да не му е нешто.. :(
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    гавол да ја земе таа Mелита :devil: :devil: :envy:
    ми се згрози од се што прочитав :envy:
    едит-доберман моето куче сега е супер, мирна е, фала на убавите совети :*
    сега за сега немам проблеми, почнав да ја цивилизирам
    по 4 пати на ден ја шетам, почна да комуницира со луѓе и други кучиња и сменета е 100%
     
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Бидејќи твоето кутре е сеуште мало давај му по 4 оброци на ден од Ројал канинот.
    Оброците распореди ги на секои 6 часа да зема по 1 оброк.
    Да, може и од премногу играње да има повратено, затоа немој многу да го тормозиш.
    И немојте да го прејадувате, бидејќи сте го прејале и плус се изнаиграло затоа има повратено.
     
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Нели ти реков дека ќе се промени :) ете гледаш како брзо и ефикасно делуваат моите совети ;)
    Мило ми е што ги послуша моите совети, и што за релативно кус период дадоа резултати :clap:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8

    окк.. сега спие.. некако млитаво ми е,.. ке видам до утре :))) се надевам дека ке биде се ок.. :)))
     
  10. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Леле бре луѓе ова моево кентре многу стрвло. :worried: Многу сака да јаде...Значи денес јадеше утрово, попладне и вечерта и сега јас седнав да јадам и цвиле пак за храна. :worried: Што да правам? Колку често треба да го хранам и колку количински? И како да се справам со стрвлето кога ќе бара храна?
     
  11. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    хахах незнам што куче имаш, ама јас имам ретривер и е ист таков. Несмее никој да јаде пред него, гледа како џвакаш буквално, колку и да е најаден пак го прави истото. Како грвче некое е, така кога зјапа.
    Немој да му даваш мн храна ќе се здебели, па со тоа доаѓаат куп др проблеми.
    Пробај научи го ти додека јадеш, да знае дека него не му следува храна. Мене тоа не ми успеа,затоа за време на ручек седи сам кај мене во соба. На сите ни е незгодно да јадеме кога е со нас во соба :D :D
     
  12. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Леле знам како ти е :) Ајде твоето барем само зјапа :lol: , а моево оти уште е мало ќе ми ги зарие тоа ноктите и ќе цвиле се додека не му дадам од тоа и јас што јадам. Пример чинијата за јадење ќе му е полна, тоа сака од моето :lol: Ама си велам додека е мало да го научам (ако е изводливо) оти ќе си имам голем проблем. :)
     
  13. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Епа вака, ај да дадам уште еден многу битен и корисен совет :D

    Секој детал игра улога во оформувањето на карактерот на кучето, колку тој детал да е мал сепак игра голема улога.
    Во овој случај, доколку ти му дозволиш да ти се качува на глава, и да биде се по ќејф на кучето, ти ќе си имаш после проблеми.
    Со самото тоа што му дозволуваш да јаде заедно со тебе, ти му даваш дознаење на кучето дека тоа е на исто рамниште со тебе и така ќе му дадеш повод тоа уште од мало да стане АЛФА (лидер на семејството).
    Еве што треба да сториш,
    Стави го на игнор, значи не го затварај во посебна соба додека јадеш (како што прави baby.90 со нејзиниот Ретривер), со затварањето во посебна соба ќе му дадеш дознаење на твоето куче дека си личност со слаб карактер и дека неможеш да се справиш со ситуацијата.

    Можеби мислите дека кучињата не се доволно паметни за да можат да си ја поврзат ситуацијата (на пример затварање во посебна соба додека вие јадете) но всушност моето искуство покажува дека кучињата се страшно интелегентни и можат да ја отценат секоја ситуација според вашата реакција и според тоа кучињата ќе знааат дали можат да манипулираат со вас.

    Значи не го затварај во посебна соба, туку покажи му на кучето дека си цврста личност и дека можеш да ја контролираш ситуацијата, а тоа ќе го постигнеш најлесно со игнорирање, а доколку кучето почне да ти се качува ти само строго и гласно викни ФУЈ или НЕ.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    доберман, сега имам уште едно прашање во врска со здравјето :$
    многу кашла, многу кива, и и тече носот..... дали мислиш дека станува збор за обична настинка...или?? :sweat: дури и прави како да се дави.
    и уште нешто пред некој ден се разбуди од спиење, цел ден како да се обидуваше да поврати нешто, и една пријателка ни кажа дека тоа и е од мечиња т.е од влакната од мечињата што ги голтнала и и се заглавиле... почекав еден ден, и си реков ако продолжи, ќе ја носам на ветеринар,ама среќа тоа помина :whew:
    но сега ова што кива,кашла, и носето полно со мрсулчиња, ме загрижува
     
    На alison му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Doberman верувај дека секако сум пробала, и викав НЕ, и со весник го тепав, се криеше под масата на која јадеме на 5 мин и пак ке застане до мене и чека храна, во уста ме гледа како џвакам.
    Секое седнување на ручек јас се расправам со кучето и на сите им дојде преку глава, кучето не се трга, џабе си викам јас.
    Додека јаде некој не го интересира ништо др, сум пробувала и со играње да му го свртам вниманието и со карање, ама ништо. Неможев да го научам и кренав раце.
    Премногу е паметен, која и да е негова играчка, да му кажам да ја донесе одма ја носи, знае што е што. Знае што несмее а што смее да земе, ама само од предмети. Ако е за јадење нешто чека момент, краде и бега. Последниот пат украде цела кеса чипс од мала масичка, се враќам јас во соба, излегов на 3 мин и чипсот го нема. Го карав откако го направи тоа, па ке видиме дали ке има наредна таква ситуација.
     
  16. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    и мене ми се дешава истово.. само што моево. кива и кашла.. не му тече носот.. а др се е иста ситуацијава.. п.с. кога стана бебево беше се ок до сеа си игравме.. и сеа ке спие.. :))
     
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Кучето мое кога беше мн мало, зошто се гризеше, се случуваше да поврати конци, парчиња ситни од ствари што гризел. Сега не ги повраќа туку ги исфрла преку изметот, тоа имам скоро приметено. Кога си игра со шише, ако не го приметам, кине парчиња од шишето и ги јаде. Или од папуча парченца од платното. Исто ко мало дете е само трчам по него :D
    А пред некој ден јадев пуканки и му дадов и него неколку, ги поврати после 10 мин.
    И моево кива некогаш, а кашлање фала Богу незнам како изгледа :)
    хахах моментално спие кај мене на кревет, сонува нешто, квичи и прета со нозете. Срце е :)
     
  18. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Мислам дека крајно време е темава да се преименува :D наместо да гласи „ Грижа за домашните миленици „ темава треба да се преименува во „ Прашајте ја Doberman„ :lol:

    Шала на страна, многу често во овој период кучињата се настинуваат, а тоа се должи на драстичната промена на температурата.
    Носето е нормално да и биде влажно и помалку да и тече, тоа се случува кај сите кучиња, али викаш дека и многу често кашла и кива.
    Пробај давај и топла храна, чајче, Ц витамин и навечер нека спие на топло (на пример во некое кебенце завиткана) и мислам дека ќе и помине, не е страшно скоро сите кучиња во овој период се настинуваат.
    Но доколку и после 2-3 дена сеуште кива и кашла, тогаш однеси ја на ветеринар да и дадат инекција.
     
    На baby.90 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    го избришав мислењето за да го пишам пак :D
    вака значи кашла кива 7-8 пати и летаат мрсулчиња!
    инаку не и е проблем да скока игра итн!
    значи кучето смее чај да пие?? :^) зашто оваа мојава и да ти кажам знае да се напие, сака чајче...
    а Мед смее ли?? многу го сака, баш читав на нет дека смее да јаде мед!
    и давам мноооогу ретко, зашто ми е страв :?:
    едит0- на топло си спие до мене :rofl: уф, многу ме грее, таа мене ме топли не јас нејзе :)
     
  20. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Леле исто така прави и моето куче, многу често се случува да сонува нешто и туку одеднаш почнува да прета во сон и испушта некои чудни и интересни звучи, налик на квичење.
    А за хрчење не праам ни муабет, обавезно секоја вечер хрчи и тоа гласно како човек :lol: