1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85
    можеби не е за овде ова прашање, но сакав да прашам дали некој знае од кај можам да набавам поголем кафез за зајче? Јас имам малечок и секогаш го пуштам надвор, но иди зима и нема да можам да го пуштам толку често, па затоа и ми треба поголем кафез може и некој ги прави и слично. фала однапред
     
  2. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    decki ne znev kade da pisam, vidov kucence na koe mu tecat beli ligi od ustata, eden komsija mu dade hrana, jas voda, ama ne reagira, samo se trese… edinstveniot veterinar za koj znam ne raboti..nz so da pravam kako da mu pomognam??? ako mu se doblizis premn bega, se plasi… pls pomos
     
  3. DogsAreMyLife

    DogsAreMyLife Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    50
    Не го допирајте, неможете ништо да неправите... Беснило е, нема помош за него.. :(
     
  4. bbutterfly

    bbutterfly Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    вие што чувате мачки ај еден совет,мислење.. мачоров што го чувам у последно време приметувам кај задникот има бели топчиња како мрсулчиња се,дали од него му излагаат незнам..е сеа прашањето е што може да биде тоа?
     
  5. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    Fala dogsaremylife :((( disicka..
     
  6. butterfly52

    butterfly52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Можно е да се глисти, дај му апче за прочистување на глисти и паразити
     
  7. butterfly52

    butterfly52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Во кој период кученцата ги менуваат забите?
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ако бега и се тресе мора да е беснило. Нема спас како што кажа Догс...
     
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Anyone? :wasntme:
     
  10. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Што знам моето куче не мочкаше неконтролирано на почетокот, барем не толку многу. Само кога го шетам нон стоп мочка, на неколку чекори дури срам ме фаќа, :$ а сака да си ја обезбеди територијата во случај да се загине да може да си дојде. Барем јас така мислам. :?:

    Јас имам друго прашање. Моето куче веќе има 1 годинка, а сеуште не ја крева ногата кога се мочка? Нели треба да ја крене? :?: :?:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Па ако е машко да,треба после годинката да почни да ја крева,а женските си мочкаат клекнати.
    И моето така прави кога шетка :D САмо проблемот е што и дома си мочка ко цистерна :lol: И тоа во одење.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Добро бе, кај ви текна за беснилото? :D
    Заете вие што значи беснило и колку е тоа опасно? Случај на беснило не е приметен во Македонија од 2011-2012 година. А секако доколку некој се соменва и примети нешто би требало веднаш да пријави. Не е шала да има некое куче беснило и да се шетка по улицине, па може да зарази сто други луѓе и животни. Уличните кучиња се вакцинирани од беснило, ќе вкацинираат па ги враќаат на улица пак. Сите домашни миленичиња исто треба да бидат вакцинирани.
    Не зборете глупости, пенење уста и повлекување на животното не се само знаци на беснило, напротив се по агресивни и напаѓаат животните тогаш, и чувствителни се на светлина и звуци, така да сигурно нема сред бел ден да си се шеткаат меѓу луѓе. Па и одговориве, нема спас за него остави го. Да бе, ако е беснило немој да пријавуваш нигде, остај го да укаса уште некое куче или човек па да се испозаразиме сите :D Комедии сте, така као некоја шала да е беснилото, остај го ќе му помине.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас земав првпат пилешки грбови да му дадам на моево кутре, па сега ми треба некоја идеја како да му ги приготвам, со што да ги измешам, се мислам со варен ориз. Инаку да, специјално за него ќе ги правам. Доколку некој давал, ме занима како ги давате ?
     
  14. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    моево кутре има скоро 2 месеци, дома ни е веќе 4 дена, пробуваме да го научиме да мочка/кака на тераса на една голема пелена, кога успева кога не. уште не можеме да го носиме надвор, ги нема сите вакцини примено. Се скинав од чистење и бришење дома, посебно навечер додека е само во дневна моча насекаде. Бришам прво со алкохол, после со оцет за да ја убијам миризбата и да не осети дека таму си обележал територија.
     
  15. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    И ние му даваме грбови, дропче, коски од месара. :)
    Можиш да ги вариш заедно со ориз и зеленчук сецкано. Ние така му даваме пошто инаку нема шанси само ориз со зеленчук да јаде, па мора да го залажиме за да си прима природни витамини. Битно е да не е зачиинето и мрсно многу.
    Многу често дома на питбулот, пошто има страшно многу апетит, покрај месото варено, му ставаме зеленчук сецкан со ориз/или компир зависи кога како, а малово кутре што ми е во Скопје, си јаде само оривче со зеленчук без проблем.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ај да прашам јас.
    Знаете нешто повеќе за лекувањето на запек на куче предизвикано од повреда?
    Два дена веќе не извршува физиолошки потреби,а поткаснува малку.
    Гледам стомачето му е малку подуено.Го масирав,и не сака.
    Го однесовме на ветеринар и тоа секој ден одиме на прегледи и мачкање на раната и се што е потребно, ама ако оставам јас на ветеринариве наши,пошто се многу внимателни и добро потковани(образовно),свршивме работа.
    Утре секако ќе идеме,ама да не е касно веќе утре,знам може да се затруе крвта нормално,нели како и кај луѓето,а ненавремената интервенција завршува со смрт. Ајде па,ветеринарите или некои кој имале ваков проблем нека пишат нешто повеќе околу лекувањето.
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Малку варени, значи одмрзнати и пуштени во вода што врие неколку минути. Со нив можеш поише работи да комбинираш, ориз, палента, морков, спанаќ, патлиџан, пиперка, цвекло...
    Јас на моиве на пример им давав по еден мисиркин грб (тие се доста големи)+ чаша варен ориз(за сите три),по еден морков и едно поголемо парче цвекло обарени само.
    Месото, според мене, најдобро е да се дава живо, евентуално малку термички обработено исто и зеленчукот само обарен. Е сега, многу зависи и од кучето па пробај и види како ќе се понаша, но ако претходно не јадело живо месо вари го и подолго од она што пишав, па потоа намалувај.

    Кики искрено не сфаќам како повредата го предзвикала запекот, па ќе ти кажам општо што јас сум употребувала. За запек е добро да се дава јаболко и тиква и нормално многу течности. Малечко е твоето кученце па едно јаболко (средна големина) или парче (окулу 200грама)тиква би требало да помогнат. Ако поткаснува бутни му ги во храната распределени во 2-3 оброци, значи едно јаболко за цел ден. Дај му што имаш но никако двете во рок од 48 часа. Јас лично би ти препорачала тиква. А за физичкиот дел окулу запеков (сега можда гадно ќе звучи) но можеш со маслиново масло и чепкалка за уши да му го намачкаш анусот и малку во аналниот отвор.
     
    На kikkki и karina8 им се допаѓа ова.
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Феминки,јас на моево кученце му варам јајце сега,попосле да и дадам една четвртинка планирам,а останатото сака да го исмиксам во блендер со варен компир,како кашичка да и го направам и во фрижидер да го чувам за утре.
    Смеам ли ваква комбинација да правам и да ја чувам цела ноќ во фрижидер? Да не се расипе? И да ставам ли и малку морков? Варен?? :?:
     
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Можеш, нема да му биде ништо во фрижидер, иако јас би го дала целото варено јајце, многу е малце тоа една четвртина само, барем пола дади и го. Сепак не знам за која возраст се работи, ама четвртина јајце за која и да е возраст е ептен малце, ти кажав барем пола.
    За комбинација јајце компир, малце ми е чудно, не сум давала така, ама можеш. Морковот е добар да го додаваш во исхрана, само пази ако станува збор за бело куче, немој многу морков, може да се појават флеки на крзното.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ivona-Beyonce

    Ivona-Beyonce Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    jas sakam da imam povekje domasni milenicinja, no nemozam...MNOGU sakam zivotni i sum za cuvanje vnatre pa i bilo sto da e. Nesto najgrozno e da vidis kuce,mace ili bilo sto sto skita po ulicite. :'(
    ZASTITA ZA ZIVOTNI <3 :inlove: :inlove: