1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    3 ипол месеци е,мешанче од пинч и пекинезер,црно е.Инаку,сега и дадов од дехидриранава храна со малце леб и кисело млеко,затоа само 1/4 ќе и дадам,покасно околу 11,12 ми огладнува.
    Фала ти многу на брзиот одговор. :*
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Најдобро ти е еднаш неделно да даваш јајце, заради крзното. Нема да и биде ништо и цело да и дадеш иако јадела и друго, јајце е тоа од кокошка, не е од ној па да се прејаде. Јас не знам колку би дошло четвртина од едно јајце, и така се помали се јајцата веќе, тоа би било бре 5 грама :wasntme:

    Инаку давај и 3 пати дневно да јаде, до 8-9 месеци па и година, после веќе 2. Немој да и даваш почесто од 3 пати, многу често ќе извршува нужда, сосем доволно е тоа што го даваш како дневна количина храна да го поделиш на три дела. И немој многу касно да чекаш за да јаде. Ќе се навикне, мислам дека после 9-10 веќе касно е за јадење.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Па до 3 месеци бевме на 4 оброка,сега и смалив на 3,се раководам по таблицава што ја пише во здравствената книшка.

    Ја и давам и друга готвена храна,и готвам,ама се мислам сеа за овие кашичкиве,кои комбинации се најпожелни?
    Пример,да и давам ли спанаќ,домат,пиперка во комбинација со нешто друго,како ориз,компир,итн?
     
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Можеш да даваш дехидрат, ама пример да биде еден оброк дехидрат или два, а еден готвено, или мешано дехидрат со готвено. Иако ветеринарите викаат само дехидрат, јас увидов дека не е така, се треба да се опфати, поаѓајќи од самите нас, жива душа си сака да си смени, ќе и се здосади се едно исто. Ајде мене некој да ми дава трипати дневно само мусли на Виталија, колку и да се вкусни ќе и здосади.

    Јас давам наутро од храната за кучиња, некогаш сама, некогаш со кисело млеко или јогурт. Благо мелко не давај. Ќе даваш ориз варен , може палента, може и макарони, јуфки, измешани со малку мевце и зеленчук, супер ќе и биде. Купи пипешки грбови околу 60ден е кило, свари и ги, исчисти го мевцето и измешај со зеленчук и ориз. Купи коски телешки, од месара ги има, и ќе ги свариш. има останато месо на нив ќе го истребиш ќе и го размешаш исто со ориз можеш, со палента, со варен компир.. Водата каде се варат тие коски е многу корисна, можеш да ставиш во неа леб малку, мевце од коските што ќе истребиш, може морковче и да и даваш. Јас понекогаш и макарони со сиренце му давам на мојот, не многу солено сиренце, понекогаш и со туна. Давам исто сардина риба измешана дали со леб, дали со макарони. Леб кога даваш гледај да не е денешен, туку вчерашен, за да е потврд, не е убаво многу мек, ако немаш веќе од вчера, барем гледај да е повеќе кора, а не среда.
    Паштети и вришли, салами, не е баш пожелно, можеш понекогаш, ама да не е баш често.

    Свинско и благо веќе сигурно знаеш, никако. Солена и зачинета храна исто не.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас како вегетаријанка,некако несакав да и давам месо,само еднаш и купив од тоа мисиркините конзерви,јадеше.Ма,се си јаде. :D :D
    Сега и ја направив кашичкава за утре,а и зготвив и ориз со многу малце компир и морков. :)
    Инаку,јас исто,на почетокот и давав само од дехидратот,а ветеринарот ми викаше и друга храна да и давам.Знам дека млеко не треба (мислам на обично,не кисело),пилешки коски,мрсна и зачинета храна.Ми кажуваа некои и компир да не и давам,ама јас сеуште и давам,и супер и е.Како и ние,и таа сака разновидност сепак.
    Сакам се најдобро за неа,ама па не сите кутриња толку ги пазат,значи јадат све и свашта и океј се.
    Туку,понекогаш си дозволувам да и дадам и нешто зачинето,што сум јадела јас,ама ретко. :)
    Фала ти многу,уште еднаш.
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Можеби ти си вегетарјанка, ама кучињата природно со месари и мора да имаат опфатено месо во исхраната. Дали тоа ќе биде дехидрат со месо во составот, а уште поубаво чисто месо, небитно, ама мора да им биде една од главните состојки во исхраната месо, за нивно добро.
     
  7. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Девојки,ве молам кажете ми што да му дадам на мачето има течна столица цело време,среќа што оди надвор,задниот дел му е црвен,изгледа го боли...незнам како да му помогнам 2 мес. има :( ,а и штетно е тоа за нас луѓето,нивниот измет.Помогнете ми,ако знае некој. Ви благодарам однапред :)
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Со што го хранеше деновиве?
     
  9. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Секој ден ги хранам со храна за мачки и им давам млечни производи + и понекогаш месен производ,ама гледам да не го правам тоа често,не сакам .
     
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Каков млечен производ? Да не си му дала нешто расипано? :?: Однеси го на ветеринар,вака може само да погодуваме од што и е.
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не давај млеко на мачето. Од млекото добиваат пролив. Само вода и бискотки за мачиња или конзервирана, зависи што купуваш. Моментално, да му помогнеш да му сопре проливот, свари компир и изгмечи го како за пире, додај варено месо од кокошка или друго мелено па сварено месо, ако немаш пилешко, ама не процесирано, никако салами, колбаси или такви ствари. Можеш и бел ориз разварен наместо компир. Храни го вака два три дена. Гледај го дали пие вода, оти ако не пие ќе дехидрира, затоа ако не пие, не чекај, барај ветеринар да го прегледа.
     
    На mims-89 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  12. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Ај да ме просветли некој околу вакцините за кутре!!! Ке Ве моламм!!!!! :) :$
     
  13. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Вчера му дадов компир,не сум му давала млеко повеќе павлака мешано со леб малку,но без разлика во ред млечен производ е.Се надевам ќе биде во ред.
    Sofijanoka како може да му дадам расипан производ? Го чувам и му посакувам се најубаво и се најубаво му давам,сигурно нема да го трујам |( . Фала ви :)
     
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Секако,не ни реков дека го труеш.Можеби не си ни самата приметила.Но,штом не пиело млеко,незнам од што му е...
     
  15. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум внимателна и секогаш гледам што им давам на моите миленичиња,можеби му е од павлаката,можеби од нешто друго,веќе нема откако јадеше компир,сепак ќе проверам. Ви благодарам уште еднаш :)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Aј ве молам кажете ми како да се научи машко куче 1 година старо да ја крева ногата при мочкање???
    На моево никако не му текнува, уште ко женка се мочка. :?: Не ми смета што така прави, но би сакала да знам........... :?:
     
  17. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Их ахахахах будала работа кучињава :D Јас имам самоједче, старо 5 месеци и уште моча како женско :^) Инаку за твоето што раса куче е и го чуваш во двор или внатре во куќа/стан? Можно е и од тоа да има придонеси, али според мене прашај си ветеринар најдобро :)
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Женски, помогнете ми, итно ми е. :(

    Се вратив сега дома, и видов дека мачето повратило денес, на 2 места.
    Сега си лежи мирно, млитаво е многу, не доаѓа кога го викам.
    Ако му дале отров најверојатно не е јак, што да му дадам да не стане полошо?
    Или пак дали има друга причина да е вакво, освен отров?
     
  19. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано дека повраќале ако имаат паразити во стомакот/цревата,незнам колку е точно,може од некоја храна е ...а за отров,незнам што да ти кажам.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    И машките кучиња мочаат како и женките, ногата ја креваат кога сакаат да мочнат малку колку за да обележеат територија. Кога ќе станат полово здрели, од прилина после една година тогаш ќе си ја креваат ногата но само за обележување територија. Инаку не мочаат така.

    100 пати е пишано за вакцините за кучиња на темава, и да пишам пак е џабе кога дома и онака нема да можеш да му ставиш. Значи кога зимате домашен миленик било да е куче или маче, ако претходното немате искуство и незнаете ништо за одгледувањето на миленикот прво и основно нешто што треба да направите е да го однесете на ветеринар, ако не за друго сигурно би сакале да знаете во каква здравствена состојба сте го земале миленикот. :^) А на ветеринар веднаш ќе ви кажат кога и колку вкацини треба да прими. Ќе ви дадат книшка за евиденција, ќе ви напишат што примило, дата кога треба наредно да прими и се по ред. Незнам колку сте запознаени со новите закони што ги донесуваат за домашни миленици ама наводно ќе се вршеле строги контроли на терен за вакцинацијата и условите во кои живее миленичето. И казните ќе биле доста високи, плус она со микрочипивитешто излезе, дека до мај 2014 година секој миленик треба да има вградено микрочип, исто вакцинирано да е против беснило....
    Абе се надевам конечно ќе се регулира и ова со домашните миленици затоа што дефинитивно не е секој за да чува милениче. Подобри услови на улица имаат одколку да е врзано по цел ден у двор. Едни кај мене во населба го чуваат кучето врзано на дрво, ни куќичка ни ништо нема, сега кога врнеше кучено надвор го врне, се крие кутрото. Па сеа гледам ставиле најлон на две гранки на дрвото демек да не го врне. Мислам катастрофа, подобро пушти го на улица барем самото ќе се засолни некаде. :@
     
    На imelda, sofijanoka, Feodora и 1 друга личност им се допаѓа ова.