Мојата принцеза се окучи во четвртокот и наместо да роди 4 кутриња како што ни кажа ветеринарот по ехо прегледот, убавицата окучи 9 неодоливи цуфчиња Од окучувањето навака, има засилена исхрана, и давам млеко, но вчера имаше проливче, да не правам нешто погрешно што и давам млеко? Сакам да прашам и во однос на педигрето за малите, кога треба да им се извади и од каде? Знам дека првата вакцина и прочистувањето се прави после 21-от ден (така барем ми кажа ветеринарот), да не треба уште нешто да се направи? Фала
На нашава ние и дававме првите денови јајце со мед,така ни кажа ветеринарот..а за млекото ништо не правиш погрешно,барем нас ни кажаа дека повеќе течности треба да им се дава..А за педигрето друг нека ти каже не се разбирам
Може ова прашање не е поставено во страните наназад,ама ве молам барем на пребарувачот горе видете дали го има прашањето поставено наназад низ страните,зошто веќе е досадно да се повторуваме за исти те исти работи,и јас сум прашала може прашање кое е наназад низ страниве веќе поставено,ама откако ми се укажало на тоа,се трудам што е можно да не се повторувам со прашањата кои се веќе поставени(ова не важи конкретно за Chupe). За педигрето прво треба да мајката и таткото имаат педигре,и мајката и таткото да се оценето со највисока оцена на CAC а тоа е-5. Трба да ги пријавиш кученцата,односно леглото во кинолошкиот сојуз на Макдонија,да имаш копија од оценските листи и педигрето,да дојде судија дома и да го провери леглото,односно колку кичиња има,дали се здрави и сл. Потоа треба да уплатиш и со дозвола на сопственикот на машјакот(потпис) може да се извади педигрето. Прочистувањето ќе го вршиш на секои три месеци,додека се со тебе кученцата.Вакцината ти е на третата недела,после имаш рекакцини,врати неколку страни наназад сум пишала убаво и за вакцинити,ревакцините,прочистувањето итн. Млеко,и за ова се дискутирало доста.Не и давај чисто млеко,давај и мелко со мед и јајде,или само млеко и јајце. За подносливоста на лактозата(млечниот шеќер) кај кучињата, имаш низ страните наназад,разгледај,ќе се информираш подобро.
Имам мало маче и сакам да го чувам внатре само незнам како да го научам да оди по нужда надвор. Кога и да го видам да се мести во некое ќоше го земам и го изнесувам надвор во кутија со песок за да се научи и кога е надвор си оди таму. Ама сепак кога е внатре бара некое ќоше за да се олесни Мало е , 3 месеци старо не сум чувала до сега толку малечко и незнам како да го научам. Некој со ваков проблем да ме посоветува што да направам ?
Јас го научив мојов да мочка на шоља, е сеа мака е што мораш неколку пати на ден да чистиш. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=cSDpOXQNDUg еве клипче ако некој не верува. Како ми успеа не знам, пробував коа ќе го фатам дека се мести за мочање да го ставам на шоља- е сеа плус кастриран е па можеби затоа. Позитивно е што нема песок дома и не смрди, ама многуу негативно е што мора со крпи и детергенти да си во рака цело време.
Не и дозволувај на мачката да урнира во шолја,од урината на мачките се добива токсоплазмоза,што понатаму е опасна за жените,предизвикува неплодност т.е неможност да се доноси плодот.
Значи како што напоменав, после уринирањето веднаш се чисти и дезинфицира. Мислам кој не би исчистил??? Јас па имам слушнато и дека самото чување на мачки предизвикувало проблеми при зачнувањето. За мене ова се глупости.
Женсκи помош, многу сум загρижена :/ Κученцево почна чудно да се однесува. Опавчето му е спуштено надолу, аκо го погалам на тоа место почнува да цвичκа и ρжи (а ниκогаш тоа не пρави) и место не го дρжи, само шета од едно на дρуго место. Сеκогаш е весел и опавчето му е сеκогаш κρенато, ама сега не знам што му се случува. Се плашам да не изел нешто твρдо, остρо... да не не може да извρши нужда и го боли таму, зашто моментално живее κај дедо ми, денесκа го зедовме на поседоκ и не знам што можел да издеде... Неκој исκуство слично да не има? :/
Здраво девојки, и јас како вас имам прекрасно домашно милениче, маламутче. Го имам веќе 3 дена, а тоа е само 2 месеци и го чувам внатре, па ми прави многу неред дома. Знае ли некој од вас да ми кажи неколку трикови како да го научам да оди по нужда надвор, за да не ми прави неред дома. Благодарам однапред
Обично тие уринираат некој пола час после оброк.На почеток ќе ти биде тешко и ќе ти одземе време,ама подобро од мало да го научиш.После секој оброк ќе си го носиш надвор и ќе чекаш.Кога ќе изврши нужда на местото кај си го однела ќе го погалиш,а ако ти се измочка внатре,удри го по газето,дај му да мирисне и изнеси го таму кај што сакаш да мочка.Просто и едноставно. А јас сакам да прашам каде низ Скопјево да најдам некоја убава,квалитетна облека за мојава лепотица,значи пинч е,малецка,4 месеци скоро,за недела дена.Дека зимо иде,морам,до сеа не сум и купувала,мислев нема потреба.И што цени се отприлика? Имам гледано само во Џамбото ама некако не ми се убави тие....
Абе многу се нервираме по дома. кучето 5 месеци ни е веќе и уште по дома ќе си пушти (мочка). дали од инат нешто, ни се одмаздува или не е научено... ќе му ја стаиме муцката и со весник по газе, ама мува не го лази...кажувајте чаре и друга работа, на главчето му видовме две три точки, малецки, без влакна... да не е недостаток на витамини? му даваме pedigree junior мешано со наша храна...
Изнесувајте го почесто надвор за мочкање, и многу наградување кога надвор ќе мочка. Може и декà за внимание мочка па затоа. Пробајте со друг приод, грабај и носи го надвор. Таму дека досега мочкало по дома, дека му е бележано, убаво измијте со биолошки прашок да ги разбие ензимите, да не му мериса како ок место да си мочка. Макар на вас не ви мириса, нивниот нос е подобар. Точките на главата, тешко дека некој ќе знае да ти каже на форум, веројатност е повеќе дека е паразити или папилома вирус(тој што прави тртки кај луѓето) отколку недостиг на витамин, ви треба ветеринар да го прегледа па третман соодносно што најдат причината да е.
Девојки, ми треба контакт од професионален дресер. Видов на почеток на темава дека Доберман има пишувано, ама не е активна. Ако има друг профил нека ми пише или па кажете од некој друг, ама да е добар
Јас луѓенца си имам една мака и некој сакам да ме советува.Денес на мајка ми на врата и дошла полиција со опомена за нашето кутре.Проблемот е што комшиите под мене, едниот не е добар, ментално е оболен и чува пет кучиња кои по цел ден лаат и квичат, а тој до него има пит бул кој јас многу го сакам ама искрено е тешко куче за во стан, само лае, трча и прави бељи.Воедно тие кучињата ги имаат година дена, за разлика од моето кое е веќе 3та година со нас.Моето е мирно искрено, не затоа што е мое, но плашливо е, мало и мајка ми не му дава да зуцне на тараса, но комшитее од што се клети, не ги пријавиле оние кои им сметаат туку ги пријавиле сите станари кои чуваат кучиња(во мојата зграда конкретно 4 фамилии.)И тоа сигурна сум дека е само некој од станарите, зошто повеќето го обожаваат моето кутре. Нашето е вакцинирано и регистрирано кај ветеринар и го чуваме со најголемо внимание да не смета на другите и вистина годините кога беше само нашето во зграда никој се немаше пожалено. Сега и рекле на мајка ми дека ако уште еднаш пријават ќе нипишат казна.Јас лично сметам, дека немаат основа за казна, затоа што немаат конкретен доказ кое од кучињата го нарушува редот и мирот и дека со тоа сепак и јас можам да одвратам на тужбата.Не сакам да се расправам со комшиите зошто со години живееме во мир, а стварно ми е страв да не ни пишат казна или недај боже да ни го земат кучето.Моето прашање е дали некој има инфо во врска со ова, дали може да ми го земаат кучето и дали без доказ дека конкретно моето куче смета, можат да ни пишат казна. Јас ќе ви бидам екстремно благодарна ако ме советувате. А инаку некои од моите комшии кои верувам дека се баш оние кои се бунеле, доградуваат без дозвола, постојано готват во влез и усмрдуваат цела зграда, пуштаат гласна музика до ниедно време, чуваат ментално оболен син дома, кој треба да е во институција зошто досега има уште што не не направено, а јас на сето тоа се немам никогаш пожалено.Не е фер.
Па, не се разбирам од овие работи, но јас би ги пријавила тие што ме пријавиле. Знам дека за некој не сум во право, но јас така би направила.
Ете една од причините од кои несакам да живеам во стан. Прво,немаат никакво законско право да ти го одземат кученцето. Друго,немаат право да те казнат тебе,зошто има и други нели кучиња и како може да се жалат на сите кои чуваат кучиња,не разбирам ? Значи мора да е конкретна жалбата,ми сметаат станарите од стан бр.тој и тој.Не разбирам како може така,неконкретно ми е. Немој нити да се расправаш со соседите,зошто веќе тие си ја покажале културата. Викаш сите го сакаат твоето куче,е сега ако го сакаат зошто и го пријавиле? Немаат право да ти го одземат туку така,ама ако се заинатат да знаеш дека можат тоа да ти го направат останатите станари.Ако си им под око,ќе се жалат на тебе постојано,а тогаш веќе ќе немаш контрадокази и законски ќе можат да ти го одземат кучето.
И незнам по кој пат се повторуваме само на ова прашање,ајде пак. Кучето сега е мало,и ќе го храниш повеќе пати на ден(4) а со то и ќе имаш обврска да го изнесуваш почесто. Значи после секој оброк,по едно 5-10 мин после обропкот,изнеси го на прошетка. Со тебе носи си и посластици,награди,или некое парче месо. Малите кучиња имаат брз метаболизам со што нема да ти треба подолга прошетка од половина час за да кучето изврши нужда. После секоја добра работа(вршење нужда надвор) награди го и кажи му браво. Тоа ќе ги поврзе добрите работи со награди и само за неколку дена ќе сака да врши нужда наадвор.
Ова колку ме револтира кога го слушам, се средија во државата уште милениците останаа да ги стават во ред, ма дај... Лица со ментални проблеми кои реално не смеат да бидат околу нас, дома ги чуваат нејќат да ги пратат во соодветна установа, а за кучиња е проблем дома да чуваш, кога си го шеташ со поводник, и не го пушташ сам никаде.. Затоа мразам згради и никогаш не би живеела, ама сега морам поради тоа што сум студент во Скопје и живеам во стан, инаку нашата семејна куќа за ништо не би ја заменила. Јас конкретно во Скопје кај што сум во зградава, имаме еден дечко кој не е океј, се гледа дека има сериозен проблем психички, шета постојано во касни саати низ зградава, зјапа чудно, се смее хистерично, скока како бебе и збори неповрзани работи и знае и по тебе да иде како да те следи. Мене конкретно ми е страв секогаш кога го гледам сама доцна во влез, па кај да се обратам, што да пријавам и мене тоа ми смета и ми ја загрозува безбедноста.. За разлика од тоа кучето никогаш не го шетам без поводник, не лае никогаш и не прави галама, па не гледам зашто некому би му ја загрозило безбедноста или би му сметало.. Башка, секојдневно пукања, тепачки, тоа кога ќе го пријават гледам многу се замараат, ама за кучето да пријават одма ќе дојдат. А ѓубрето што го оставаат пред врата ненормални станари и ми смета, може ли и тоа да го пријавам.. Граѓаните што живеат во зграда, а чуваат куче во стан или во дворот на зградата, за тоа мора да имаат согласност од мнозинството станари. Вака гласи Законот, така да доколку на мнозинството не им смета, не мора сите во полн број да се согласат, зашто тоа никогаш нема да биде, секогаш има некои леви и скренати. Одлуката на Општина Центар со која се забранува чување на кучиња што помалку лаат наиде на остри критики кај жителите. Наместо градоначалникот Андреј Жерновски да решава проблем што не постои, жителите бараат како што велат, тој да се зафати со кучињата-скитници кои напаѓаат деца и се опасност по животот на граѓаните. Миленичињата, велат жителите на Центар, се вакцинирани и добро чувани, а нивниот сопственик одговара ако настане инцидент. За разлика од домашните миленичиња Центар е преплавен со диви кучиња каде што поминуваат делегации и туристи што е срамота за ваква општина. Тие бараат градоначалникот да преземе што поскоро мерки да ги направи улиците во Центар безбедни за граѓаните. Од општината, пак само кусо одговорија дека надлежните за дивите кучиња се во Град Скопје. - Домашните миленици не се проблем. Проблем се дивите кучиња. Доколку човек биде каснат од нечие домашно милениче тогаш многу е лесно, газдата оди на суд и се казнува парично, кучето се прегледува и се одлучува дали е агресивно или не. Доколку е агресивно и нема друг избор ќе го еутаназираат. Што правиме со дивите кучиња? Кој е одговорен за нив? Повеќето се преносители на разни болести и проблемот е кога се во глутници, тогаш тешко е да се одбраниш од нив, вели Симе Г *болдираново е извадок од весникот „Вечер“. Инаку не се замарај, нема никаква основа да ти се земе кучето, во никој случај. Точно е да, јас сум учела додека соседите имаат проба со бендот во соседниот стан и ечи музика, бушат уште во 7 сабајле и реновираат, се караат како хистерични, а не сум пријавила никогаш ништо, а и мислам дека и да пријавам нема да ме сфатат сериозно. Не знам што се напнале со домашниве миленици, не знаат како да го полнат буџетот од казниве веќе. Немаат никакво легално право на казна се додека твојот миленик не повредил некој станар, а не знам по која логика комшиите пријавиле. Можно е да им смета едно куче, тогаш да речеме да се реагира. Ама не може баш сите да им сметаат во зградата, кога сигурно баш сите не се бучни. Нема пријавата причина предизвикана од твојот миленик, па да имаш опомена за казна. Глуп народ, глупа држава, глупи институции..
Провери тука мене ми се бендисаа ова е околу 1300 мислам ама е премногу убавко и многу е добар материјалот,а тие од џамбо се ефтинки ама стварно не се убави ај ваљда ке донесат нови поубави https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater