1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    Смеам на кученце 3 месечно да му давам варен ориз еднаш неделно?колку за промена од сува храна
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Смееш, зашто да не смееш. Мешај му го со малце мевце и исецкан зеленчук, пример можеш морковче. Не мора еднаш неделно и почесто можеш да му даваш.
     
    На Andemona му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Значи итно ми треба помош, кој може и знае нешто нека ми пише.
    Маче мало имам од пола година, од пред 2 дена почна здивот да му смрде многу, и да си ја тресе устата, знаете како кога ви студе и вилицата горе доле е и оно исто така. А од денес па почна бели лиги да фаќа, не јаде како шо треба и воопшто не е расположено - жив мртовец шо се вика.
    Го однесив пред 2 дена на ветеринар, тој беше на операција, ми рекоа тек во понеделник, но го видоа таму и ми рекоа забите дека му паѓаат, може некој заб проблем да му праве, или ако се тепал со некој мачор па некоја рана во уста да има и од неа да му смрде здивот, ама денес и лиги бели има на муцето, се тресе со муцката така, смрден здив на скапано, и ме загрижува многу.
    Цел живот чудам мачки ова прв пат го гледам.
    Сте се сретнале со нешто вакво, што мислете дека е?
     
  4. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Дали смеам да го искапам кученцето има 3 месеци и е домашно ама веќе цело крзненце му е излепено со триста чуда и гнасен е веќе :lol:
    Само ми е страв да не ми се разболи...
    И да,КАКО значи КАКООО да го научам да врши нужда на едно место!Значи се пробав и аман ми е смачено од какушки берење...Извинете на изразот :!:
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Прво,сметам дека имаме добар вид сите тука што киснеме на феминава,а тие што имаат проблеми,носат очила и одат на корекција.Не ми верува дека некоја стара баба без очила ќе буља у темава,па и требаат поголеми букви од нормалните.
    Второ,смееш,секако дека смееш да го бањаш кучето,само тоа ќе го направиш малку повнимателно.
    Затопли ја бањата прво,и бањај го со топла вода.После бања однеси го во топла просторија и исуши му го крзното ако има долго(мислам дека пекинејзер имаше,ако е пекинејзер нема да имаш проблем,нема многу густо крзно)можеш да пробаш со фен,ама на помалата брзина стави го зошто ќе ти бега и ќе се плаше,или пак до изворот на топлина(печка,камин и сл) и не го пуштај надвор.Најдобро е да се направи невечер,после птошетка,така да цела вечер ќе биде дома.
    За хигиенските навики веќе се повторуваме незнам колку пати,прочитај наназад,сега пред некое време јас пишав,а има и многу други што имаат појаснато околу ова.
     
  6. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Немаше потреба од иронијава,во моментов не можев да читам 250 страни наназад....Ако толку ти засмета моето прашање не мораше да го одговориш..НО :!: сепак фала ти на одговорот и јас ооочајно се извинувам за моето поставено прашање :bow:
     
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Бијонси искапи го, не е мало за капење. Само како што ти напомнаа, нека биде во топла просторија кога е уште мокро, да се исуши, немој да го пушташ на ладново надвор. Да те потсетам да користиш шампон за бањање на кучиња, никако обичен ние што го користиме. Шампонирај го убаво двапати, дека не се бањаат многу често кучињата, посебно не овој период, да не не успееш да го измиеш убаво, па да мораш пак, зашто не е воопшто препорачливо.

    За вршење нужда навистина има многу пишувано во темата. Да не вртиш сите странице, пиши горе во десниот агол во полето search клучните зборови за оваа тематика и ќе ти излезат мислењата каде е опширно објаснето, да не се повторувам само. Воглавно кога ќе изврши нужда дома ќе го земеш и со носето ќе го натераш да помириса и во истото време со везник по газето, или на твојата рака пробај силно да пуке весникот да се исплаши и да знае дека не е во ред тоа. Мало е, ќе се научи, не знам само што раса е ?
    На местото каде што извржило нужда ќе исчистиш многу добро, зашто ако не исчисиш оно пак ќе изврши таму потреба кога ќе има, значи добро со средство соодветно и после можеш малце оцет да ставиш за да му мириса и да не моча или како таму пак. Кога ќе идеш надвор чекај го да изврши нужда, кога ќе изврши погали го и носи нешто храна како награда од дома, нешто што многу го сака и дај му го кога ќе изврши нужда, ќе знае дека така треба. Ќе се научи, трпеливо. Моето сега со саати се стиска ама никогаш од третиот свој месец, а сега има 9, нема извршено нужда дома. Само немој да го тепаш и да се дереш, единствено малце по газето со весник благо, колку да знае дека не треба така, повиши тонот :)
     
  8. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Го искапив! :rofl: Мискојни сега мирисаме,многу беше мирен не очекував!
    Ко му се натопи крзното беше големо стаорче се изнасмеав :D
     
  9. anuska.6

    anuska.6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Имам машко јорки, го земав пред брзо ама има околу годинка. И сега да прашам, како да знам дека е спремен да се пари, и на колку време да му бараме женска ?? :$
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    На две години ја постигнуваат зрелоста мажјаците. Може да се пари во зимски периоди. Тоа е тоа.
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    До 13-14 месеци непрекинато раснат кучињата. Машките може да се парат после година и пол, а женките после две години. Папилон грешка си ти.
    Кучето ќе сака да се пари и многу порано отколку што треба (ќе почне да биде поагресивен и див, да скока врз што стигне, моето на пример уште пред да има година почна по гуми, по наши нозе, по мечиња да скока...), но никако под година и пол, пошто сеуште ќе се развива и доколку се спари ќе му се скрати од растот, значи шом е машко кога ќе има година и пол, може да се пари без проблем. :)

    Инаку пишав пред некој ден за моето маче, го однесив на ветеринар, но тој на операција бил, па преку мобилен се слушнав со ветеринарот наш од мојот роден крај, па ми рече да му дадам каков антибиотик имам дома за инфекции во усна шуплина, најверојатно пошто му се менувале забите има некој џеб или некоја инфекција, некој заб проблем му правел, па 5-6 дена да му давам по напола доза од човечката, и да чукнам во дрво, уште по првата капсула синоќа кога му ја дадив - мачето се прероди, сабајле станувам, трчам кај него, нема лиги на уста, не му смрде здивот, не ја тресе вилицата, си играше цел ден со кутрето, си јадеше најнормално. ^_^ Еким број 1. сум!
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ти погрешно си ме разбрала. На 2 години се плодни мажјаците, некои од 5 месеци почнуваат да скокаат. ^
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=253


    http://www.igu.gov.mk/files/pdf/Min...a_i_blagosostojba_na_zivotnite_113_200907.pdf

    не сум правник по професија ,ова го најдов на интернет мислам дека ке ти помогне :!:
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Едно прашање до тие што чуваат мачки:

    Моиве две ѓубренца се многу проблематични за острење нокти, само по троседи и по теписи острат. Ни такви столбови за острење, ни ништо не ги привлекува, на техип и тросед и точка. Пред некоја година најдовме во продавнициве за милиничиња едни спрејчиња кои ги привлекуваат мачките да острат на одредено место, каде што ќе прснеш ама сега никаде не можам да најдам таков спреј, пола Скопје го свртев.

    Некој случајно да не има видено некаде или некој совет како да ги натераме да острат на одредено место? :?:
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Што направи кога им ги даде играчките? Се обиделе некогаш да го испитаат тоа?
    Мислам дека би помогнало ако ги ставиш играчките на местото каде што оштрат канџи а ти несакаш.
    Пробај да ги намачкаш играчките со храна, така да ќе им остави добар впечаток и Ќе разберат дека тоа е местото кое што треба да се острат канџите.
    Исто така, мачките обожаваат да ги имитираат сопствениците. Па кога ќе ја осознаваат играчката за грбење, покажи им дека се гребе таму со твое гребење.
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Побарај во хербална аптека екстракт од Мачкина Трева(Nepata Cataria), со неколку капки екстракт во шише со вода и распрскувач сама ќе си го направиш тој спреј што не можеш да го најдеш во пет шопот.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Живеам во куќа и мачките си ги чувам надвор. Ама пред некој ден вечерно време беше, ги видов на ладното таму, ама како ми падна жал... Па решив да направам куќичка, абе јас ли креативната. 8) Арно ама кутија не можев да најдам. Летото освен ја видов кутијата кај што има една расипана хармоника татко ми на која свирел кога бил мал, ептен е убавка :inlove: Ама мајка ми не ја дава. |( Единствено што најдов беше една мала кутија за чевли. Ставив внатре ќебенце направив се и ја извадив надвор. Вечерта излегувам и ги гледам сите внатре се собрале. ;( Едно врз друго ко торта ( :rofl: ) Така уште повеќе жал ми падна.

    Па сега не знам стварно што да направам. Ми треба итно кукичка. :| Да не имате некоја идеја од што да трансформирам некоја куќичка, или пак ќе купам, нема друго.
     
  18. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Lella еве може да им направиш креветче од стар џемпер и памук:
    http://www.youtube.com/watch?v=6Wa2D6QaYEg
    или да им земаш поголема кутија :D .
     
    На Lella и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ако имаш и некој монитор од стар компјутер, или стар телевизор ако им треба пошироко. Ќе извадиш работите од телевизорот/компјутерот и ќе им поставиш перничиња.
    Исто така можеш и со стар куфер.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Лела, за кутии прашај во продавница(прехранбена), која ти е најблиску. Што набавуваат роба кај сите има сигурно празна кутија што не им треба.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.