1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Имам прашање и би ви била навистина благодарна доколку ми го одговорите. Дали знаете каде има дрвени куќички за кучиња? Имам видено куќички во Џамбо и останатите специјализирани продавници за животни, но мене ми треба нешто попристапно. Или купено или доколку знаете некој што изработува би ми било од огромна помош. И дали отприлика знаете колку би чинела? Се работи за едно улично куче кое моите не ми дозволуваат да го вдомам (веќе имам куче), што според мене нема логика ама тоа е...додека живеам со моите сум немоќна нешто повеќе да направам... :( Па би сакала барем да му обезбедам тополо легло и да му носам храна...толку барем можам да направам.
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Во латегоријата животни на сајтовите Реклама5 и Пазар3 има луѓе кои прават дрвени куќички по желба. Провери таму.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Ммм.. добра идеја. Имам вакви џемпери, ама не сум сигурна за памукот, тоа што го полни внатре што и да е. И исто така не сум добра во шиење. Ама можно е да го направам со повеќе работа.

    Знам за ова, ама немам. :worried:

    И ова може. :lol: Ако не ми успее ова со видеото - ќе побарам кутија. :)

    Фала ви на сите. :* :inlove: Па ако бидне нешто ќе пишам. :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Незнам дали има некаде по темава,ама како да го натерам кучево да си влезе во куќичката?Ладно е,му ја направив куќата со мерак,не сака да влезе.Пробав со јадење,му го ставив неговото ќебе.Ај совет,ќе измрзне од инает господинот :D
     
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски

    Се самоцитирам.. :D Прочепкав по видеата на Јутјуб. Па мислам дека ова ќе ми заврши работа. Ќе најдам ткаенина ваква од некаде, а и нема шиење. :D А ова со што го наполни имав едни перници ептен стари и летото со мајка ми од неа наполнивме други перничиња, па би можела да ја испразнам.. :wasntme: Ама зашиени се, да бее! :worried: Ај ќе видиме, и онака денес немам време да направам кукичка, можеби утре.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Прашање до оние кои чуваат женки што се окучувале - има ли некакви додатни витамини и калциум што се става во храната додека ги дои кутрињата? Во форма на апчиња, капки... сеедно.
    Нашава се окучи по петти пат, ама овојпат некако приметувам дека влакното повеќе и паѓа. До душа, скоро 3 години поминаа од последното окучување, може и тоа има врска. Млеко постојано и даваме, исто така ветеринарот не посоветува кога ќе пржиме лепчиња со јајце, во јајцето да ја раскршиме лушпата бидејќи и во неа има калциум.
    Пребарував на интернетов, ама не најдов никакви информации за тоа што го барам :?:
     
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ^ Ана, мојата досега два пати се има окучено, и ние не сме и' давале никакви посебни додатоци во смисла таблети, капки и слично. И двата пати и' дававме храна побогата со калциум, претежно јајца, сосе лушпата, како што ни препорача ветеринарот - ни рече обавезно барем по едно јајце со лушпа на ден, небитно во која форма. Покрај тоа, и' дававме и доста млеко и млечни производи и супер си беше. Нема потреба од ништо дополнително, само храната нека биде побогата со калциум. Има и зрнеста кучешка храна со калциум, па можеш да и' ги менуваш оброците, а да го внесува секојдневно. Еднаш јајце, па парче сиренце, па храна за кучиња... Можеш и млеко кога пие да и' ставиш внатре живо јајце (сосе лушпата). Мојава го обожаваше тоа и сеуште го обожава :D

    Опаѓањето на влакната е сосема нормално, можеби сега повеќе забележуваш на твојава зошто сега зимно време крзното им е поголемо, па ти изгледа дека повеќе и' паѓа. Мојава вториот пат ептен оќелаве, и' се гледаше кожата скроз, ама си се врати во нормала. Го прашав јас ветеринарот и за тоа, рече ич да не се секирам, нормално било :)

    Нека се живи и здрави кутрињата, сигурно се премили :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Здраво девојки се надевам ќе ми помогнете со овој проблем со мојата мачка.Како да ја одвикнам од јадење цвеќиња?Долго време чувам мачки ама ете сега ми текна да побарам совет.знам дека животните имаат потреба така си го чистат организмот,ама дали знаете некаква замена што да купам?што може да се направи освен да ги заштитам цвеќињата?фала однапред поз
     
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Значи имам лабрадор година и нешто е стар, лани го зедов зимата 1 месец имаше и секако та зима дома ми седеше... Ама сега е ОГРОМЕН! Поголем од мене и нема шанси да седи дома оти прај неверојатно многу беља. Зато му порачав преуба голема дрвена куќарка, ми ја напраја затворена е топла, ама тој никако нејќи внатре да седи :worried: Си го вади ќебенцето и надвор спие на ладното... незнам како да го навикнам. Му имам храна клавано внатре за да сака да оди играчки ова она никако :( Ми е жал... <3
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Лабрадорите имаат поткрзно и масти што ги греат. Тие не за џабе се чуваат надвор. Канадиците ги направиле да пливаат во најстудените езера. За лабрадорите ова време е рај!
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Дали треба да се даваат суплементи треба најдобро да ти каже ветринарот зошто се зависи од тоа во каква состојба е кучката и колку малечки има. Ние на мојата и дававме калциум и мултивитамини додека ги доеше плус продолживме уште некое време со мултивитамините и после, ама имавме 11 кученца а она беше породена со царски и немаше доволно млеко, одбиваше да јаде, немаше енергија и слично па заради се ова мораше и малите ние да ги дохрануваме. Со природниот пораѓај е многу полесно, мајчинскиот инстикт проработува и се лачат хормоните за млеко па веројатно нема потреба освен што и треба појачана исхрана. Би ти препорачала покрај дехридрирана храна да и давате џигер обарен (најбогат извор на калциум и останати минерали и витамини), вода во која се вареле говедски коски, пилешко месо и секако млечни производи, само многу внимавај со млекото значи давај и го разредено со вода обавезно, зошто млекото и лактозата знаат да им предизвикаат стомачни тегоби, пролив, повраќање и сл. па според мене подобро е да се дава јогурт, несолена урда, сурутка, сирење исто не солено и сл. Кога и даваш млеко можеш во тоа да изматиш јајце и лажица мед многу е здраво и препорачливо за кучиња во лактација или постоперативен период.
    За крзното не се секирај тоа е зашто кучката моментално се регенерира плус сега е ладно веројатно има и подкрзно па затоа ти изгледа ко да и е повеќе опаднато, како и да е ќе се среди до пролет.

    А за оние на кои кучињата им одбиваат да спијат во куќарка ќе ви кажам да бидете што поупорни и секако најдете начин да ги приближите во нивниот дом. Прво ставете им некои нивни работи внатре, ќебенца, играчки и сл. ако и понатака одбиваат стаавете и нешто ваше односно нешто што мириса на вас и вашиот дом, стара блуза, перница, ќебе и секако првите неколку дена поминувајте што повеќе време со нив и терајте ги да влезат и мазете ги додека се внатре. Најчесто одбиваат да живеат во новите куќички затоа што не се чувствуваат сигурно и им недостига претходното живеалиште меѓутоа со правилен пристап, работа и трпение лесно се надминува оваа фаза.
     
    На imelda и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  12. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Моево џукелче (така си го викам) почнавме уште од дамна да го чуваме надвор поради причини што веќе ги имам кажувано во темава,ама како заладува,јес да има крзно,ко јамболија е целиот,ама пак бе,од пред врата не се мрда,има куќичка блиску до вратата,со јорган внатре и јакна плус,никако не влегува внатре во куќичката,ај да имаше некој мирис на јорганот на јакната ама не бе ги перевме пред да му ги ставиме во куќичката,со материјал е покриена иако е под стреа да не може да прокиснува дожд кога врне,се му е средена со татко ми ја правевме,обоена е,незнам зошто не влегува внатре,а 6-7 месеци има,неможеме да го навикнеме во куќичка пред врата се мрзне,понекогаш и се тресе,у куќичка никако.Јас понекогаш кога ми е многу жал го внесувам внатре,ама не не остава да спиеме,или си отвара врати во WC па ги вади алиштата што се за перење од таму ги разнесува по куќа,кантите за ѓубре ги превртува,сите папучи ги гризе,теписите ги кине посебно еден што е со реси,перничиња гризе,моча (што е најнормално) ама на кревет никако доле па ај да избришеме (ова нешто ново му е) или пак најлошото-му лае на хрчакот,па ако не го тргнеме аквариумот ќе го бутне,пилевина од хрчакот разнесува по куќа,трча,лае и кога ке станеме - џунгла.А надвор секако сме пробувале во куќичка да го навикнеме,и со храна и со играчки со се живо-неќе,што да правам,жал ми е така да мрзне по надвор кога више има куќичка :( :doh: ?
     
  13. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    Здраво женски,
    си земав минијатурен пинч,старо е месец дена, дали некоја феминка има искуство со толку мало пинче.
    му давам само млеко да јаде,ама се мочка кај шо спие и после цивка цело време, го однесов малку надвор, таму неке да мочка, а дома во кукарката си се мочка, како да почнам да му стекнувам хигиенски навики?
    и се околу нега и грижа за оваа раса ако може? :hai: :hai:
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=HMYtLF682jU
    Види го видеово, можеби ќе ти помогне. Мене догс 101 многу ми помогнаа во одлучување за раси.
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Немој да му даваш млеко, прочитај погоре зошто и како ветеринарите препорачуваат да се дава. Сега би требало да сте на 4 оброци дневно, па слободно можеш да почнеш со воведување друга храна освен млечни прозводи, спремај му кашички како за бебиња, свари ориз, пилешко, телешко, морков, цвекло, пиперка, патлиџан... и се ова испасирај и давај му 2 пати дневно а останатите оброци нека бидат млечни. Наместо само млеко можеш да даваш гриз и палента сварени со млеко и вода (соодносот би требало да е отприлика 60% млеко и 40% вода). Земи и калциум за мали кучиња обавезно и според тежината дозата која треба да ја прима дроби му ја во храната, можеш и мултивитамини па најизменично да ги даваш еден ден калциум, еден мулти и на секој три-четири дена еден ден пауза без витамини за да не дојде до хипервитаминоза.
    Не очекувај дека ќе се снајде со кашите само од старт можда ќе треба да го учиш и храниш некој ден но брзо ќе научи а веќе после 2 месеци може да почнеш и со дехидрирана храна за мали кучиња првин омекната во вода и таа ко каша да биде па потоа полека да преминувате кон скроз сува.
    За хигиенски навики е сеуште мало и нема осет за физиолошките потреби па инстиктивно кака и мочка што му се присака, баш што сеуште е бебе и е премало за дресура, незнам кој ти го дал толку мало зошто по правило треба минимум првите 6 до 8 недели да не се двои од мајката. Пробувај да го научиш каде да мочка со тоа што после јадење и спиење ќе го носиш на предвиденото место и молим те никако не го изнесувај надвор. Ладно е многу, кученцето нема уште асално развиен имунитет, сигурно не е сеуште вакцинирано па мал милион опасности го демнат, истото се однесува и на дружење со други миленици.
    На негде 2 месеци треба да ја прими првата вакцина а неколку дена претходно пожелно е да му дадеш таблетка за прочистување од глисти и други внатрешни паразити, овие таблети се даваат на 2 до 3 месеци до година дена а потоа на 6 месеци. Со останатите вакцини како ќе идете најдобро е да се договориш со ветеринарот. И веројатно знаеш дека леглото треба секогаш да му е суво, чисто и топло и нормално многу љубов и ќе пораснете додека трепнеш.
    Ова е во глобала грижа за сите мали кученца нешто подетално за пинчовите незнам побарај по нет сигурно има повеќе информации.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Дали некој од вас знае каде може да го однесам моето кутре да ми го пострижат, пошто многу долга длака има, а малечко е, и ќе биде малечко. Јас пред некој ден сама ја пострижив позади за да не се подмочкува сама, и добро испадна, ама добро би било малку да ми ја потшишат цела освен на главата секако.
    Дали кај ветеринар се оде или каде на друго место ако знаете некој, знаете ли и колку цена е тоа отприлика?
    И сакав да прашам најопшт преглед на куче колку кошта, без вакцина, само рутински преглед.
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Во Дебар Маало карши хотел Тимс имаш салон за миленичиња, таму ги бањаат и ги потстижуваат. Зависи од растот на кучето, мене за самојед ми земаа 600 денари ама пред неколку години ти зборам. Сега незнам какви им се цените. Имаш и во центар кај МВР една продавница за миленичиња и кај нив на врата имам прочитано дека вршат и такви услуги, само незнам како им се движат цените, ако сакаш ќе ѕирнам деновиве телефонски број нивни па ќе ти го пишам.
    Иначе преглед кај ветеринар мислам дека не се наплаќа ако не е потребно да му се прави нешто на кучето. Дали така мислам или дека сум редовна кај мојот па не ми наплаќа не сум баш сигурна :lol: Ако се решиш сепак за преглед би ти го препорачала Диме во Капиштец, најдобриот ветеринар во Македонија. :)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hristin4eto

    hristin4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    ако може да ми помогнете имам една мачка околу 7 месеци и имаше глисти и дадоа апче против глисти но сега пак има и несмеам ради тоа да ја примам дома а мн сакам.. ми е страв да не се префака случајно што мислите? што да и дадам незнам дајте ми совет и зошто се појавуваат со оглед на тоа дека ја чувам често внатре но треба и да излезе и којзнае каде се се пика и што и се јавуваат повторно.... ПОМОШ
     
  19. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Ова прашање се однесува на оние кои можеби имаат маламути и ги знаат нивните карактеристики. Имам 3 месечно маламутче, но неговиот опаш сеуште не е свиткан и неговите ушиња сеуште не се исправени. Можно ли е моето кученце да е мешавина од друг вид на куче, бидејќи жената од каде што го земав ми рече дека е чистокрвно, а и сликите кои ми ги покажа од другите кученца ми изгледаа веродостојни. Па може ли некако да ми помогнете со одговорот. Еве слики од моето кутренце кога имаше 1 месец заедно со неговите браќа и сестри (моето е најцрнкото) и слика која ја направив денес. Поздрав благодарам однапред :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ова одговорно тврдам дека во никој случај не е чистокрвен маламут, туку мешанче. Се познава ептен, особено по сликата што си ја направила. Да ти пратам во ЛП слики од чистокрвен маламут уште од мал па до денес (братучетка ми има), а и од мојата хаска да видиш, ќе се увериш за што ти зборам.
     
    На nonamefanatic му/ѝ се допаѓа ова.