Глистите се опасна работа,но доколку си и дала апче против глисти таа ги исфрла преку изметот што значи дека не се повејќе во неа.Доколку мислиш дека повторно има глисти повтори со апчето,меѓутоа ако те буни фактот дека ги гледаш глистите во изметот тие се вејке исфрлени не се во неа,иначе незнам како гледаш дали има глисти или не. И одбегнувај млеко да даваш
Имам мачка која е 7 месеци.Ја чувам дома,и не ја пустам надвор(само на тераса).Сакав да казам дека сака да се пари.Постојано мјаучи(жално)и го врти газот и го тртли Сака да се пари..Прво мислев дека е премала ама и дошло времето Некој нека ми казе како да ја смирам оти жал ми е да ја носам на такви операции,матки триста чуда Имам чувано 4 мачки али оваа ми е прва дома Help жал ми е
се гледа зошто кога ја чувам во соба гледам на задникот има мали бели топчинја и мрдаат што значи се глисти нз како одат тие работи...
Glistite se vnatre vo mackata,jas imam 2 kucinja glistite gi gledam samo Koga mu imam dadeno apce protiv glisti. Dokolku sakas vo natre da ja cuvas sekoj mesec procistuvaja so apcinja a Toa na zadnikot vidi na vet da ne se raboti za zlezda. Ne treba da se sekiras
Според мене најдобро место кај што шишаат е во Тафталиџе кај Тоше,и ја моево го носам таму,а и гледам доста го фалат и дефинитивно кој како прашам викаат Тошка најдобар е а цената е 1000 ден. и да ти кажам се исплати (шишање,бањање,средување на ноктињата) Ако ти треба нешто пиши ми во ЛП ќе ти кажам телефонски број
Вчера добивме уште еден член, мало кутре од расата Германски овчар, кое има само месец дена. Бидејќи сме неискусни во чување на кутре, би Ве замолила кој знае да ми каже како и што треба да го раниме, читам овде дека не треба млеко. Вчера му дадовме малку варен ориз, но му се лепеше по забчињата и само нервозно шлапкаше што многу ме фати жал. Истотака ако може да ми кажете и за вакцините, кога се дава првата и дали има шанси од некакви несакани дејства?
Феликс е еден месец, и го хранев со топлено млеко и медче. Така ми кажа ветеринарот Диме. Рачунај дека неколку пати ќе бидеш разбудена во текот на ноќта. Внатре да го чувате до 3 месеци најмалку. Можеш да му даваш храна за мали кутриња. На 2 мес треба да прими вакцина. Ако е извалкан, избањај го, но да биде во топла соба.
Како да го научам кучево да не мочка в соба, арно беше досега не мочкаше си трпеше ама последниве 2 3 недели не знам шо му се случува, го изнесувам навечер кај 22 , 23 h и пак кога ќе станам се помочал, веќе не се трпи , а толку го сакам шо неможам да го замислам животот без него дај кажете шо да му направам, тепихот ми е изваден прво на него еднаш се помочка па од кога го извадов на пархет , да е мало да го тепам да свати ама еве го тепам па пак не разбира , не знам шо да му прам преку гла ми е дојден
Секогаш кога ќе се измочка, истчисти го убаво местото, гланц, зошто малите кутриња ако си го препознаат нивниот мирис, ќе помислат таму треба да се измочкаат. Никогаш немој да го тепаш, туку само викно по него кога ќе се наведнува со газето, а раширени му се ноџињата. Јас Феликс (кутрето во потписот што ми е) дека имаше месец дена само, го научив да почне да квичи кога ќе му се мочка. Како? Со подолго внимание на кучето, можеш да му ги научиш движењата и гестовите. Така јас му ги научив гестовите, и поретко ми се случуваше да се помочка на тепихот. Се надевам дека помогнав. Гушни го кутрето еднаш од мене, поздрав.
Mногу е дискутирано за ова,страници наназад. Прво,немој да го тепаш зошто е малечко,колку всушност е старо? Почни од почеток и користи награди и казни. Добар совет ти даде папилон,следи му ги движењата,научи кои движења,реакции ги има кога сака да мочка или кака,мора да бара место,да се оденсува поинаку од вообичаено,неможе од лежење или од седење да мочка,сигурно покажува знаци,само ти може не ги забележуваш. Секогаш кога ќе забележиш еден од знаците(тоа е после оброк,околу 20-30 минути,зошто е мало и има брз метаболизам),крени го и изведи го надвор,и не го пуштај внатре додека не изврши нужда. Откако ќе изврши нужда надвор,награди го со парче месо,посластица или грисини за кучиња. Кажи му браво или добар пес,пофали го и погали го. Со овие чекори,со сигурност за недела ќе го научите кучето и ве молам да не се повторувате со прашањата,препрочитајте го ова и пробајте.
Ај некој поискусен ако може и знае нека ме просветли во врска со мојов проблем. Имам мало сијамско маче од 4 месеци. Проблемов е што господинот никако и никако не сака да пие вода од местото кое е наменето за него. Значи си има свое чинивче за храна и вода, а тој сака да пие вода од тоалетот. Ако види врата отворена одма трча во вц и од таму пие вода. А водава што е за него никако не ја сака, не ја ни допира. Редовно му ја менувам неговата вода така што тоа секако не е проблем. И да напоменам, не пие од вц школката, (да не си помисли некој такво нешто), туку пие од едно црево што ни се наоѓа под кадата (ако ме сфати некој). Водата е прилично чиста во тој дел ама сепак не сакам да ризикувам. Се обидовме да не го пуштаме никако таму со цел дека ќе почне да си пие од неговата ама не, не сака, тера инат и ако треба цел ден вода нема да пие. Претходно си пиеше од неговата, ова се случува веќе месец дена. Ми е страв да не се изнапие вода од каде што не треба, зашто сепак вц е, често се чисти со хемикалии и такви ствари па ми е страв да не дојдат во контакт со него, со оглед на тоа што е премногу љубопитно.
Пред да се земе било какво милениче, се затвараат такви пролази за да не се пика во нив и да си наштети. Пуштете ја водата да истече убаво за да биде посвежа. Исто така, проверете на местото кај што му ја ставате водата, дали има доволно озрачување. Мачките обожаваат озрачување и негативна енергија и ја усисуваат во себе. Затоа некои мачиња лежат на тастатури, куќишта итн...
Има 1 год и 7 месеци , порано не правеше вака, сега незнам шо му е, јас да го видам одма ќе го изнесам надвор ама навачер мочка , то е проблемов иначе денски кажува му се нема случено тоа ама навечер не трпи да залај или да цивни ќе го слушнам, кај 12 го изнесувам пред легнување и пак мочка