Ќе може ли некоја што е подобро запознаена да ми објасне за вакцините кај кучињата и дали зависат од расата. Имено моето е волчјак, има еден ипол месец и утре му закажавме на ветеринар, но сепак сакам и јас да се запознаам со календарот на вакцинации оти некако и немам многу доверба во ветеринарите во мојот град. Читам дека постојат моновалентни и поливалентни вакцини, но сепак никаде не можам да најдам која вакцина т.е за што треба прва да се земи итн како идат тие работи. Ве молам ако знае некоја нека ми објасни.
Еве ти. Неколку страни наназад беа напишани. И луѓе,сфаќам дека ви се брза, дека немате време,ама вие немате време да разлистате неколку страни наназад или едноставно пишете горе на пребарувачот,пр.Вакцинација,и ќе ви отвори страна со сите мислења каде што де дискутира околу вакцинацијата,а очекувате некој друг,да има бескрајно време и нерви да тапка на тастаура заради ваши потреби? Епа ако сакате да добиете одговор,не бидете себични. (viki-dete) ова не се однесуваше само на тебе,ама ми се крева косата кога се бара одговор на прашање што е 10000000 пати поставено во темава. Вакцините немаат никаква врска со расата. Вакцините што се примаат до 3 месеци ги објаснав погоре,а на шест месеци или година можеш да го вакцнираш и против беснило.
kikki јас прашував добар ветеринар,дали да ја вакцинираме против беснило? И неговиот одговор беше,колку е добра таа вакцина толку е и лоша.. И што мислиш ти? Да ја вакцинирам?
Добро Кики фала ти сепак. Само не мораше до толку да се нервираш,ниту да напишиш ако си немала време. Значи побарав јас за вакцини,прочитав,само пошто каснев со вакцината,не знаев дали е ок така, да не треба уште некоја да прими,а и за книшката со вакцини не знаев,па си прашав. Знам дека не се ветеринари овде луѓето ама си викам има поискусни па ќе ми кажи некој. Многу мразам одговори ко со сила. Ако сакаш да помогниш пиши,ако не не мора никој да пиши. Баш заради ова после настануваат препукувања, пошто на нормално прашање некој одма скока(ај да беше некоја глупост,тролање ќе разберев) Еве не само за мене,и од другите што прашале,можеби некој има дополнително прашање или има некои дополнителни компликации,услови,па прашал повторно.
Луѓе јас многу сакам да чувам миленик,огромна желба ми е само што моите некако се бунат. Единствено ми дозволуваат желка,што мене ми е ок,но сепак нема да можам да ја галам и мазам желката. Да не тупам многу,сакам зајак што можеби ќе го добијам,па затоа имам неколку прашања. Ме интересира нешто околу неговото чување,знам дека се чува во кафез,но дали смрди многу?Ако се чисти редовно веројатно нема да мириса многу или? После,колку чини одприлика зајакот со кафезот?И,кои раси на зајаци се најдобри за чување ?
Имам слушано дека од желка,можеш да добиеш салмонела А имам чувано зајак,значи цело време му чистев,али мене многу ми смрдеше,сега незнам за другите..
Добар ветеринар незнам,поточно незнам за кој град бараш. А можеш да ја вакцинираш за беснило,онака превентивно. Се ревакцинира секоја година,и чини 300 денари. Ако некогаш сакаш да ја носеш со тебе надвор од Македонија или во некој хотел,мораш да имаш потврда дека има вакцина за беснило. Но,вакцинацијата за беснило се става после шестиот месец и кај мажјаци и кај женки истото важи. Во спротивно нема да има ефект. Ако не го носиш кутрето со тебе во хотели и надвор од Македонија,тогаш и не е толку битна. Во нашиве простори нема заболени кучиња од беснило,ама ако сакаш превентивно не е воопшто штетна. Незнам кој ветеринар ти рекол дека е лоша. И да дојде до каснување или напад на друго куче,или пак ако твоето куче нападне некој и потврда дека е вакцинирано против беснило нема да имаш никаков проблем и ќе бидеш сигурна дека твоето куче нема да заболи од беснило(и покрај нападот од страна на друго куче). Јас не пишав за да се препукуваме тука. Јас пишав да препрочитате нколку страни наназад,за да не се повторуваат исти те исти прашања. Мене ми е драго кога ќе му помогнам некому,ама луѓе кој и да дојде на темава нема да може да се снајде зошто на секоја страна 3 прашања се вртат и се повторуваат. Кога секој ќе побараше дали е веќе одговорено прашањето и постави ново прашање што не е дотогаш одговорено,бројот на страници ќе беше многу помал и темата ќе беше попрегледна,а и полесно ќе може да се снајде човек и ќе најде одма одговор. А вака двесте и кусур страни и мене ме мрзи да ги читам,оти секоја страна иста прича е. Не скокајте,не давам одговори со сила,кажав мило ми е да му помогнам некому,ама ако некој не го почитува моето време и труд да му помогнам,зошто и воопшто тоа да го правам?
Инаку ја носам кај ветеринар Диме во Скопје.Сега тој не вика дека е лоша,али не ми препорачува да ја вакцинирам..
Свит, навистина правото милениче си го одбрала. Зајаците се многу верни, па некогаш и се третирани како кучиња, т.е врзувани на поводник. Има повеќе видови на зајаци. Јас најмногу би ти ги препорачала патуљастите. Тие не смрдат, лесни се за чување и се околу 400-500 денари, мислам... сепак не ги земај од пет шоп! http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetai ... -zajacinja Горе ова е линкот на Пазар 3 огласот за патуљастите зајчиња. http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=1049377 Ова е оглас од Реклама 5 и е на 10.01.2014 објавено, значи пред 2 дена. Ако сакаш, јави се таму, па решете со родителите. Давај му храна за глодари, но и редовни јаболчиња, морковчиња и марулки.
јас мој барон го чувам доле во подрум..топло е,има простор за играње,кака моча кај ке стигне , али незнам некако ми е грев а дома пак некако ми е рано да го чувам .Сеуште не е истрениран каде да си ги врши своите потреби,сакав да прашам дали би имало некој проблем што е сам доле ?
мојот папагал е тиргрица. Значи кога ја пуштиме (мома е ) таа лета право и на ѕидот гриза,јаде вар ,кредата што и ја купив не ја ни допира само ка*а врз неа. И фали витамин па го "јаде" ѕидот или ?
^Зависи колку време е сам. Ако е само навечер,тогаш не е лошо,ќе си стекне навика,и уште од мал ќе си знае каде треба да биде навачер и каде треба да спие. Но,ако е подолго време не е добро. Треба уште од мал да го социјализираш и да да биде опкружен со луѓе,да му пружите внимание,сепак мало е сеуште и сака да си игра. Ако навечер спие таму,тогаш преку денот шетај го(ако ги има примено сите вакцини,незнам колкав е) играј си со него,купи му играчки,и нека биде до тебе за да се приврзе.
месец ипол е , само навечер е сам од кога ке го нахраниме и толку .целллл ден е некој со него само додека преспива преку ден го оставаме .. инаку го шетаме по 3-4 пати зависи кој е слободен 5члена сме така да не е за жалење има кој да го игра .има и играчка во креветчето за да не се осеќа сам
Zdravo dali mojt nekoj da mi pomogne VE MOLAM iam kuche staro 3-4 meseci vejke podolgo vreme ne mi jade go odnesov na veterinar ama nisho ne mi rekoja mu dadov kucheshka hrana mi jade samo 5-6 srnca ama od raka pie mnogu voda i povrajka a vo izmetot ima samo malce krv mnogu mi e slabo mu davam jadenja ne jade sabajlevo mu dadov mleko go ispi celo ama strav mi e da prodolzham da mu davam zsh dan mi fatit glisti. POMOSH ???
Доколку не е вакцинирано, според симптомите што ги кажуваш, голема е веројатноста да има фатено Парвовироза (повраќање, крвав смрдлив пролив) и мора под ИТНО да го однесеш на ветеринар.
Дали некој имал искуство со стерилизација на неговото куче? И дали знае цени и препорака за некој добар ветеринар? И секако да ја објасни процедурата, како треба да се грижиме пред и потоа?
Убаво ти објасна девојката над мене.Однеси го кај подобар ветеринар,ветеринарите во Македонијава многу ни се образувани и грижливи,па очекувај излечени сите кучиња да бидат. Е сега,не викам дека нема добри ветеринари,ама повеќето или не знаат или ги мрзи да сработат и да го прегледаат животното,па радо би ти рекле давај му млекце и ќе му помине,а уште полесно не се мачи со јадното животно,а сутвари најобична настинка било. Однеси го кај подобар ветеринар,во поголем град или пак во државната амбуланта. Во меѓувреме давај му бекомплекс тамблетки за апетитот,не очекувај ефект веднаш,но ако не е некое тешко заболување може да помогне.
Стефаноски123 страв ти е да му даваш мелко да не фати глистии??? Глисти како и да ќе фати, за тоа си постојат и таблетки против глисти, ќе ги исфрли тоа и не е голем проблем. Проблем е дали до сега воопшто ти е вакцинирано кучето, и ако не е зошто не сте го вакцинирале??? Па нормално дека ќе се разболе ако не го вкацинирате.
Кучето ми е веќе 7 месеци. Вчера вечер го шетав накај 8 саат и мочкаше три пати. и добро ај после спиеше, а ја накај 1-2 по полноќ земав да јадам, и го расонив нели, оно стрвно за храна разбира што е јадење и кога се јаде. и после го оставив само, и кога се вратив да си легнам, поминувам и гледам дека се измочкало на тепихот. да скратам со приказната, зборот ми беше, кога веќе еднаш ќе се научи да не мочка на тепих? не знам како да го издресираме газето мислам дека му е челично на весник нели е веќе големко за да мочка толку често??? Совет?