Го ограничуваш во храната? Јас мислам дека си му дала барем едно парченце од твојата храна додека си јадела или грешка сум? Кучињата од 7 месеци ако мочкаат по дома значи дека се хранети во погрешно време. Значи, од сабајле го храниш и му даваш вода (носи и шишенце вода додека се шетате), па вие ручате, му давате ручек и вода, го носиш надвор, го враќаш дома, јаде вечера кога вие јадете, па на прошетка пак и не му давај да јаде касно. Исто така после оброците, почекај пола саат да помине пред да се прошетате за да му се свари храната.
еве ме мене пак со прашање првпат ке го бањаме кученцето па ме интересира дали може со обичен шампон или мора да е за кучиња.. дали со туш е ок или како ... со фен може ли да го исушиме после или .... ве молам информирајте ме .. инаку мислам дека го зедов најголемиот посерко на свет кај стигне кака ,моча и се по ред поцнав да тепам ама херкул не се дава инает голем хахах
2 ден го чувам зајчето и одма да прашам нешто. Значи ноктите му се големи и онака остри и поради тоа многу гребе кога ќе го земам.Па затоа де ве прашам дали можам да му ги исечам малку ноктите и како воопшто да го изведам тоа?
Мојата за 2 недели полни 6,и јас на почеток си имав голеееми проблеми со неа.Исто така ми правеше,ама со тек на време си направив стратегија дека и мене ме советуваа за со весник,а не помагаше,и приметив дека околу 30 минути после оброк иде во ВЦ и после 5-10 минути после пиење вода.Така нонстоп си гледав на саат и ја изнесував,и со тек на време,за недела-две се научи и почна сама да гребе на врата кога и се оди во ВЦ,и си ја изнесувам тогаш.Пробај така,примети за колку време после оброк ти иде во ВЦ,можда ќе упали,ама сепак не се сите исти. Кога ја шеткам тоа не го бројам,знае често за време на шеткање да мочка,па кога ќе си дојдеме дома одма пие вода и пак гребе. Прво,најди му некоја соодветна кофичка што ќе си биде само за него,да не гребе кај стигне.И крпичка.Шампонче,купи му соодветно од ветеринарна,прашај тие ќе ти дадат Ph неутрално.Тоа е најбитното,со обичен неможеш да го бањаш ради Ph-то.Единствено со Бекутанче можеш.Кажав во кофичка го стави некоја прво да стои па после ја стави во туш кабина/када.Водата од туш-да,и да биде млака,внимавај да не е прежешка или ладна.Пушти благ млаз и го мокри некое време,после сопри ја водата,стави му од шампончето и истрлај го убаво (внимавај на твоите нокти,да не го изгребеш многу) ,на некои шампони пишува во упатството дури и да се остави некоја минутка да отстои,ама јас не практикувам така.После шампонирањето пак исплакни го со млака вода,и избриши го. П.С:Внимавај,веројатно само ќе проба да се исуши и ќе те испрска бааги. За фен,јас користам,по малце,да не шета многу мокра дома ама прво ја бришам со крпа,го вадам максимумот. За какањето и мочкањето пишав погоре,пробај и ти.А колкаво е кутрето?
не не, не му дадов да јаде, вечерта. сакав да кажам дека е многу стрвна за храна, и кога ме осети дека јас јадев, она се расони, и после мочкаше. значи да не се разбудеше немаше ни беља да ни направи. и сеа требаше ли ја во 1 саат да ја изнесувам надвор? другите кучиња се воздржуваат барем, а ова значи беше и најадено и прошетано, и пак.. :/
За куче да се чува, треба да се има домашен редослед. До 10 навечер мора да биде вечерано и прошетано. Ако е помал раст, можеш и 2 пати на ден да го изнесуваш надвор, т.е сабајле и навечер. Тоа е тоа што јас можам да ти кажам, ако има некој друг идеја за ова, нека каже.
Јас како што разбрав ти не си и дала да проба од храната? Гарант од инат ти се измочкала ,милион посто. Моето куче е 9 месеци и да не ја урочам веке 6 месеци белја нема направено дома ниту еднаш.Првите месеци беше многу тешко ама ја научивме си гребе на врата кога и се мочка,кака.Тепањето со весник не палеше ама ич.Ние ке ја истепаме таа по 5 минути пак-за инат.Многу се паметни точно знаат што прават.Мојата сама си се казнуваше белја кога ке направеше Поентата ми е само со награди ке го научите,купете некои бисквити и секогаш коа ке мочка или кака надвор викајте браво и плескајте му и дајте му бисвитка.А кога ке направи белја налутете му се ама стварно лутење и да не му правите муабет ни играње ни ништо барем 2-3 саати после тоа.Ке се научи со тек на време.
И јас за истото зборам.Плус мојава после спиење обавезно иде во ВЦ.И крај краева,еднаш ако ти се измочка ништо не е,ама внимавај,пробај вака.
Дали знаете што може да биде што мачето во предниот дел ползи, буквално е залепено за под заедно со главата, а задниот дел го крева нагоре и мјаука. Ова го забележав вчера на 1 мин. а еве сега 15мин. како го прави тоа. Не знам дали го боли нешто или па му доаѓа време за парење. Инаку има 5ипол,6 месеци. Ве молам ако знае некој нека ми каже
Однеси го на ветеринар, можеби има некој проблем... инаку си ја следела да не има добиено? Тешко е да се следат мачките зошто се чистат...
мислам дека и е време за парење,мојата така прави,прв пат се уплашив да не и е нешто,но прочитав и уствари тоа било ништо не и е
Пак јас Може ли да ми кажете нешто повеќе за глистите? Пред малку по нозете близу до аналниот отвор на мачето забележав две мали нешта што личат на црвчиња. Колку што приметив не мрдаа, не можев да забележам дали е нешто живо, ама сепак се исплашив и го пуштив во другата соба, од кај што го земав во моментот. Знаете ли што може да биде, и како да постапам во случајов? Можам ли со раце да допирам, да ставам ракавици или? Да потсетам мачето го чуваме внатре и вакцинирано е (вакцина и ревакцина) и има 6 месеци.
Можеби е мал остаток од измет и да не е страшно. Провери го песокот кај што врши нужда мачето и при чистење на изметот, дали има нешто сомнително. За прочистување од внатрешни паразити, иако го чувате дома може да му дадете таблетка за таа намена, бидејќи сепак постои шанса и мачки што се чуваат само внатре да се заразат. Околу 40-50 ден. чини и ветеринар ќе треба да ти ја каже дозата според возраст, тежина на мачето.
Беше нешто бело и долго 1 см од прилика, и двете беа исти. Сепак влеговме во просторијата ја прочистивме, го проверивме и мачето и сега немаше ништо. Ѕирнавме и во изметот не видовме ништо сомнително. Од линкот за глисти не пронајдов ништо заедничко, баш има сјајно влакно, и генерално не сум приметила никаква промена, освен оној нагон од пред некој ден . Во секој случај утре одам на ветеринар по храна и дефинитивно по таква таблетка (и имам дадено таква два пати ама пред 3 месеци). Инаку ти благодарам sunfemina за одговорите. Тешко е кога си нов во нешто
Значи тие апчиња против глисти треба да се даваат нон стоп. До првите 6 месеци секој месец се дава апче во зависност од тежината на миленикот, а потоа на секои 2-3 месеци секогаш.
Вакцина се прима на 45тиот ден, кучето после тоа е во целосен карантин, прима прва ревакцина после 21 ден, после тоа може да шета, прима уште една ревакцина после 21 ден и се завршува. Потоа прима вакцина превентивно еднаш годишно. Вакцина за беснило се става после 6 месеци, не се штетни како некогаш, ама вакцина си е вакцина 1 во 100 кучиња може да изреагира. Само според новиот закон нема бирање сакаш или не, задолжително е да е кучето вакцинирано и за тоа.
ја добивме првата вакцинааа и здраствената книшка сега сме весели , среќни ,потемпераментни од било кога и се разбира нај големи посерковци хахахха .... прекинав да тепам и викам џабе е ветеринарот ми кажа тек после 4ти месец ке почне сам да си разбира .. така да со господ напред до Април