1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    аа нека сонува за куќата :D сместен е во подрумот ,таму е широко ,топло и може да кака колку сака :tmi:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    :D Има рима. :lol: И јас ќе земам ново кутре, машко/женско незнам, ќе видиме како ќе биде пишано. И сакам да знам, дали женките можат да се стелиризираат/мажјаците можат да се кастрираат пред година? Зошто сакам да потражам кутре и во Вардариште и незнам дали ќе биде средено.
     
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Патем, се плаќа за да земеш куче од Варадиште?
     
  4. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    http://www.nemackiovcar.com/nauci_me.php

    И покрај тоа што оваа страна се однесува на расата Германски овчар, сепак може да послужи и за други раси, бидејќи пишува и за вакцини и за храна и за дресура и многу други корисни работи посебно за почетници.
    И да се пофалам веќе ја совладавме командата СЕДИ.
     
  5. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    1.582
    Пол:
    Женски
    Не се плаќа ништо,само си вдомуваш кученце :)
     
    На EMoonlight, Papillon.Papi и Elena69221 им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.607
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со пареза(замрзнување на нерв) кај кучиња?Кучето на дечко ми веќе недела дена боледува од тоа, закочена му е левата задна нога и е неподвижен...го лекуваат, го боцкаат, но нема подобрување, малку јаде, не моча, млитав е...ептен е жален, ветеринарот рекол дека треба подолго време да се оправи, дека е и стар веќе, но сепак сакам да прашам дали има некој искуства со тоа, да сподели што како?
     
  7. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    До сега немаше заврнато снег кај нас а сега веќе поцнува да врне јееееее :D па ме интересира дали може кутрето да го изнесам надвор на снег или сеуште е мало :?: ... хаските знам дека обожаваат снег али барон има скоро два месеца па страв ми е да не го настинам :(
     
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Женчиња, длаката на моето куре му паѓа ненормално многу, значи премногу мислам.
    Секој ден по два пати го чешлам, две раце полни влакна остануваат на чешлето, а башка па да не зборам шо у денот едно добри 5-6 пати го минам ламинатот, секаде има влакна, а таму па кај што спие на неговото креветче, милион влакна.
    Го чешлам и откако ќе го изчешлам два три пати, после нема влакна на чешелот, и плус го чешлам за да не фрла на земја и насекаде толку влакна, повеќето во чешелот да отидат, ама џабе, дома узбуна се крена, дечко ми нервозен, секаде влакна имало, па караници нонстоп за тоа...

    Прашањето ми е дали им е период за да им паѓа ненормално многу длаката, пошто знам дека и на една другарка мопсот полуокубан и стана, му паѓа крзното и него, но дали дека на ова моето од што има многу подолга коса ми изгледа пострашно и од што е црно?! :worried: Стварно незнам што да мислам повеќе, неколку дена, недела и нешто трае ова, за 3 дена си одам дома па ќе го носам на вакцина и проверка кај ветеринарот, но ме интересира дали и кај вас ова се случува, или па може е недостаток на некој витамин, но најмногу страв ми е од некоја болест, уф не сакам ни да мислам на тоа, пишете искуство, смирете ме оти полудев.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Обично на кучињата што се чуваат дома многу им паѓаат вкалната, независно од расата. А може и да е недостаток на витамин. Не верувам да е нешто по сериозно затоа што како што те читам доста грижа си водиш на кутрето. :)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Првата реченица дечкото не смее никогаш да ја дознае, оти одма ќе сака да ја сместиме у некоја куќарка надвор. :lol:

    Фала ти многу Мимс, што би правела јас без тебе, секогаш ми се наоѓаш. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Во овој период на кучињата им се менува влакното, односно се „митарат“. Им паѓаат старите влакна и им растат нови. Истото и кај мачките. Моево куче си седи надвор, па пак му паѓаат, значи нема врска дали е внатре или надвор. :D
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Луѓе,ќе сакате да ми дадете некој совет како да го научам зајчево кога ќе го извадам надвор да не врши нужда насекаде,туку на некое одредено место?
     
  13. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Јас знам дека за мачиња и кучиња важи правило да им го бутнеш муцето кај што се искакало/измочкало па после во песок или кај и да треба да врши нужда, така неколку пати. И искрено мене секогаш ми успевало и со кучиња и со мачиња, ама зајчињата се многу осетливи на стрес... Не знам како би реагирало на тоа. Ако не земи едно гомце и стави го некаде, па по тоа да мириса и да се враќа...
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Да го настинеш не би требало сепак е хаска! Факт е дека веќе се е измелезено и не значи дека е вистинска сибирска хаска и дека -30 му е како нас 10 степени, ама сепак е тоа куче кое всушност и треба да живее на Сибир ако ја слушаме природата :D Ако е вакцинирано како што треба слободно изнеси го, само никако не му давај одма да пие ладна вода кога ќе се врати дома. Велиш дека го чуваш во подрум, што е ок, но секако на кучето му требаат прошетки секој ден, без разлика дали врне дожд, снег, грее сонце... Или барем пуштај го да се истрча во двор, ако имаш.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли некој доколку знае да ми каже дали во Штип има Ветеринарна аптека и каде се наоѓа?
     
  16. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски

    IvanovskaM :* фала ти на одговорот ... да вакциниран е ,и ова е хаска што не знае да игра на снег хахахах смотанко али изгледа оти уште е мал ,како и да е јас веќе го извалкав во снегот :lol: инаку го чувам во подрум оти е уште е мал и ми е страв надвор да не ми го украдат или отрујат а за дома не е оти кака по 100 пати на ден по едно кило хахххах :D а дневно го шетаме мин.3 пати и плус си трчка по двор кога ке се вратиме од шетање :)
     
  17. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Луѓе дали ви е познато од што може куче да добива напади слични на епилепсија како кај луѓето? 2-3 пати му се има случено, мислевме дека е затрујан минатите пати пошто не се случи дома тоа, но денес дома беше во боксот кај што му е куќата и кога го пуштивме во двор почна да се лигави, да губи ориентација и да не може добро да оди. Тоа траеше околу 10-15 минути и после се си беше нормално, скрос како и секој обичен ден.. Можно е евентуално да изел некое глувче во двор.. а кога не бевме дома минатите 2 пати кога му се случи исто, си играше прво со гуштерчиња и помисливме дека има изедено некое и дека се има затруено или така нешто.. јас се молам да се поврзат некако јадењето на гуштери со глувци, затоа што како што се изначитав по интернетов, ако не е од тоа, ќе да е кучешка епилепсија :(
    и дали му имате досега на вашето куче правено испитувања на ветеринар? оти читав и за тоа по интнернет, ама сепак, ова е македонија и тука нема правилна медицинска грижа за луѓе, не пак за кучиња... Ве молам ако некој има некакво инфо нека пиши за било што. Фала!
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    А зошто веднаш не сте го оденеле на ветеринар?
    Тука од форум неможе ништо нити да се виде,нити да се открие што е ,може само да си нагаѓаме.
    Зато иди ако имаш можност во поголем град и однеси го на ветеринар.
    Навистина,грижата на нашите ветеринари ако ги споредиме во светот,секако е на најниско ниво,но сепак не верувам дека тука не би ти одговоририле .
     
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    А зошто веднаш не сте го оденеле на ветеринар?
    Тука од форум неможе ништо нити да се виде,нити да се открие што е ,може само да си нагаѓаме.
    Зато иди ако имаш можност во поголем град и однеси го на ветеринар.
    Навистина,грижата на нашите ветеринари ако ги споредиме во светот,секако е на најниско ниво,но сепак не верувам дека тука не би ти одговоририле .
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.607
    Пол:
    Женски
    На дечко ми кучето имаше епилепсија, уште од мало, ама тоа не му беше некоја пречка за живот, за жал почина пред некој ден но живееше 12 години и не почина од тоа.
    Само бидете со него кога ќе добие напад додека да му помине и тоа е тоа.
    На ветеринар може да го однесеш некаде по Скопје, сигурно ќе испитаат, но нема лек за тоа, исто како и кај луѓето, онака кучето ќе си биде нормално, освен кога ќе добива напади, но кратко траат и не предизвикуваат некое оштетување.
    Не грижете се, сигурно е болно додека го гледаш тие неколку минути, но нема да му го скрати векот :)
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.