Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :D леле ме насмеавте!
    и мојава рчи некад, и многу прди :lol: :lol: :lol: ама оние подмукли, и под јорган корне!
    :rofl:
    некад ме нервира,поготово кога е лоша и кога ме гребе :@ ама само кога ќе ги погледнам тие очиња готово толку е :P паѓам на нив!
    прегеска татко ми се враќа, таа трча да му скокне и тој вика
    и после како да не ја сакаш :D
    е това а :)
     
  2. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    хаххахах кога седам на пц позади мене доага креветот на кој спијам. Седам пред некој ден, зачитана на форумов, а он спие на кревет. По некое време слушам хрчи исто како човек да има во собава и да ми спие на кревет.
    Најинтересен ми е што спие на грб и кога сонува прета со сите 4 у воздух.
    А за квичење секоја вечер го слушам, мн ми е смешен :)
    Најцврсто спие околу 5 саат, тогаш можам да го гушкам и галам колку сакам, не се помрднува, а не па да се разбуди :)
     
  3. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, кучињата смеат да пијат чај, а најдобар чај за нив е од нане.
    Мед не би препорачала, сепак е благ, но може да се зема во сосем мали количини.

    Ај сега лека ноќ, 3 саат е ќе си легнам, а утре ќе продолжам да ви одговарам на прашањата, за денеска толку од мене, поздрав
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    а што кученце имаш??? :) и колкаво е???
    доберман добра ноќ, и фала на убавите совети :)
     
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Неможам да ставам слика во моментов незнам зошто...
    Еве линк можеш да го видиш моето најмило суштество. Инаку е златен ретривер, на 22 ри ке прави 7 месеци.
    http://forum.femina.mk/dom/domasni-milenicinja-t306/380.html#p363816
    Доберман, добра ноќ!
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Доберман ми треба твое мислење и совет, секако :)
    Денес приметив, кучето спиеше кај мене на кревет и кога стана гледам болва. Ја фатив едвај, се бркавме на јорган :D стварно скокаше и ја фрлив надвор.
    Кажи ми што да му ставам или да го избањам кучево со нешто против болви и крлежи???
    Фати и крлеж пред некое време, му го извадив ама му остана како топче.
    И дали мене можат да ми наштетат болвите???
    Ми препорачаа за кучето, ампула да му ја ставам меѓу предните нозе на грбот, ке се растворела низ цело тело и нема да фати ни крлеж ни болва 6 месеци. Колку се ефикасни овие ампули дали знаеш???
    Бај д веј, Фала ти многу
     
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Баш сега во овој период ќе почнат да се појавуваат крлежите, тие се појавуваат на влажно и топличко-сончево време, а баш овој период е таков.
    И сите членови на форумов сакам да ги предупредам да им стават ампули на своите миленици бидејќи кај и да е сега ќе почнат да се појавуваат крлежите.
    Болвите неможат да ти наштетат, но крлежите можат.
    Ретриверот избањај го со ампула „Неостомосан„ , таа е ампула од 5 или 10 милилитри и се раствара во 5 литри млака вода и кучето се кваси по целото тело и после се бриши со пешкир и го оставаш да се исуши (значи треба да се исуши со водата од ампулата, нетреба да го пребањуваш).
    Таа ампула Неостомосан делува моментално и ги убива крлежите и болвите.
    А после 2 дена (48 часа) стави му ампула „Фронтлајн„ и таа ампула ќе го штити од болви и крлежи во наредните 3 месеци.
    А за таква ампула што штити од болви и крлежи 6 месеци не сум чула и мислам дека нема таква ампула.
    Ампулите се поефикасни од каивчињата и прашоците, затоа најдобро е да му ставиш ампула Фронтлајн ( Frontline ).
    Исто така и ампулите Protector се многу ефикасни како и Frontline.
     
  8. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Па најверојатно за таа ампула и мислеле. Ми рекоа, после бањање да му ја ставам да се разнесе самата насекаде по кожата и од неа бегале и болви и крлежи. Ке барам таква ко што ми кажа ти на ветеринар и ке му ја ставам.
    Од прилика колку чини ампулата, ете и тоа да си прашам :D :D :D
     
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Таа ампула Неостомосан што делува моментално кошта околу 250/300 денари, другата ампула Фронтлајн или Протектор што траат 3 месеци , тие коштаат во зависност од килажата на кучето, а ти бидејќи имаш Златен ретривер стар 7 месеци, неговата тежина сигурно не надминува 20 килограми, така да земи си ампула за кучиња до 20 кг. и тоа ќе кошта околу 600 денари.

    Инаку да напоменам таа ампула Неостомосан што делува моментално, таа делува само моментално и не го заштитува кучето во наредниот период, затоа после Неостомосанот мора после 2 дена од бањањето (за да во тој период од 2 дена добро да се исуши кожата) мора да ставиш и ампула Фронтлајн или Протектор за да го штити од фаќање болви или крлежи во наредните 3 месеци.
     
  10. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    А Доберман дали таа ампула може да се користи и за мачки зошто мачоров мој сеуште прави мачиња низ маалово ?
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ампулата Неостомосан се користи за моментално усмртување на крлежите и болвите и може да се користи и за кучиња и за мачиња.
    А инаку таа ампула не служи за спречување на парење, туку служи само за превенција од болви и крлежи.
    Доколку несакаш мачорот да се пари и да ти го нема со денови , има 2 решениа : Или кастрирајте го или давајте му хормонски инекции.
     
  12. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185

    Зборот ми беше шета и се пика во секакви дворови.Добро разбрав за што се работи а и при парење со уличните мачки ми е страв да не му се пренесат болви. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  13. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    читав погоре дека станува збор за ампуливе против болви..крлежи и вошки..
    дали да му земам и јас на моево.. таква ампула.. или не.. ?
    дали има некава врска тоа што не го шетам уште .. претпоставувам не треба зашто дома нема што да фати хахаха.. ама ако да си прашам.... :)
    или после вторава вакцина.. да го направам тоа?
    втора вакцина треба да прима некаде 28ми мислам или 29ти..
    првата ја прими на 8ми.. и ми кажаа за 21 ден.. како иде тоа..
     
  14. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Леле срце тоа, бебуле е уште.
    Алисон кучево го чувам дома, месец дена, пред тоа беше во двор во бокс, ама жал ми беше што не е со мене и пак си го земав дома :)
    Во овие месец дена како е дома, го пуштам надвор на 3 мин само за вршење голема или мала нужда, инаку дома трчаме и лудуваме.
    Крлеж фати пред 2 недели, значи во тие 3 мин додека е надвор, душка низ тревата и му се закачил баш на муцето. Денес ја приметив болвата исто му се закачила додека беше кратко време надвор.
    Ако не го изнесуваш воопшто надвор, нема од кај да фати. Мислам да почекаш уште малце ама Доберман ке ти каже најубаво :)

    Значи не постои прашање, барем во врска со животинки, а да не го знаеш одговорот.
    Доберманке, БРАВО !!!!!!!!
     
  15. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    аха.. епа и затоа не го изнесувам.. а и да не ми се разболи..
    иначе можно ли е од храната да го боли стомак и да кака пролиф и да му биде некако како жолто-зелено.. мн чудна боја.. нз од што може да му биде.. храната не му ја мешав со вода.. сува му ја давав..
    од што може да му биде,? можно ли е од времево.. ?
     
  16. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Кажуваш дека му даваш убава храна. Не би требало да му биде од храната, ако му даваш само тоа и вода, ко што кажа.
    Однеси го на ветеринар, ке ти дадат прашок еден да го раствараш со вода и треба неколку пати во денот да му даваш. Ако тоа не помогне, дај му линекс против пролив. Мене така ми кажаа кутрево мое кога имаше пролив.
    Инаку Доберман, пред некој ден нели правевме муабет за кучиња внесување во бус.
    Во петокот на автобуска ми доаѓа една жена и ми вика, анкета од јсп правиме, како сте задоволни од јавниот превоз? хахахах и викам, пиши дека ич не сум задоволна, неможам кучето да го качам во бус. Ми кажа дека не сум првата што се пожалила за истото. Да се надеваме дека ќе биде дозволено наскоро, да се возиме во бус со нашиве кутренца :D
     
  17. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8

    да му ја давам храната ројал и ок е.. пред некој ден му ја сменив.. мислам ја купив од др место.. ама истата.. и не верувам да е од тоа.. :/ иначе се имав јавено на вет и ми кажаа да му дадам или линекс или ентерофурил.. и му дадов ова ентерофурил.. зашто е по благо.. линексот е по јак..
    му дадов цела капсула растворена со вода во шприц.. и ја испи.. сега спие.. ваљда ќе нема веке приолифф.. дај божеее...
     
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Што се секираш, не за џабе рекле ќе му помине ко на кутре :D
    Јас мн се притресував, како тебе, кога беше мало моево. Му купив црн леб, стар и сув, наместо обичен бел. Имаше пролив неколку дена и незнаев од што му е. Прекинав со лебот, претпоставував дека е од него зошто некогаш имаше црн пролив, и немаше веќе.
    Да не не му одговара храната можеби? Добра храна е, ама можеби неможе организмот да му ја прифати? Да купиш малку некоја друга храна, два дена да му даваш,па да видиш како ке реагира???
     
  19. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    нз.. му давав едно два три дена.. од она една жолта,. нз како се викаше има и у конзерва и како у кесички.. за еден оброк.. и ја јадеше ама после го префрлив пак на ова..
    со пилешко беше таа.. и со некој сос.. нз.. хахах :)) ако не пак да му земам таква.. нз..
    само да нема пролив зашто стршно ме нервираа.. тоаа.. :/ ;с
     
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Претпоставувам на оваа храна мислиш?
    Сум слушнала дека оваа храна кај нас не е добра, носат Ш класа. Некогаш и јас му купувам кесички или некоја конзерва од овие, зошто ги има во секоја продавница.
    Знам колку те нервира проливот :) јасно ми е, само ке му прекине, па ке си видиш раат :D
    Сакам да кажам, нема да бидеш пепелашка (ако кака дома) :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    • pedigre.jpg
      pedigre.jpg
      Големина на фајлот:
      9,2 KB
      Прегледи:
      342
    • hrana.jpg
      hrana.jpg
      Големина на фајлот:
      6,4 KB
      Прегледи:
      343