До кога бе моево мачориште ќе ги работи сите мачки у маало и ќе доаѓа претепан затоа што рипа на зафатени??? До кога им е периодов на парење на мачкивеее, не можам цело време по ветеринари да го носам претепан душичка е греота
Па кастрирај го, срценце! Што се мачиш по сто пати да го носиш таму претепан, кога може само да го кастрираат и сите маки му се готови.
Луѓе дајте помогните со некој совет. Дали е нормално кученце со повеќе од 2 месеци постојано да си игра со гризање на ногавиците од нашите панталони? Еве денес ми направи дупка на тренерките. Се обидуваме и со карање, па дури и со весник ударање по газето, ама ништо не помага, само почне посилно да гриза и да рже. Како можеме да го одвикнеме од таа лоша навика? Се потрудивме и со трошење на енергија и повеќе игра, како фрлање топка и такви работи, ќе си игра и одеднаш пак ќе се закачи за нашите панталони.
Вики, еве видеа што ги најдов на нет, можеби ќе ти помогнат: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Kjk84OkzcI http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... dKiaKSEilg http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 77--cCHPyU
Те сфаќам како ти е. И јас ја имам истата мака. Моето кога го земавме имаше 4 месеци (сега 6) и ми ја искина јакната, ме влечеше. Најверојатно твоето е помало па ги стига ногавиците. Инаку сега немаме проблем за јакната, ама нема шанси да оставиме нешто во двор, се што ќе најде го гриза и растура низ цел двор. Сите влечки ги изеде, и што е најзагрижувачко му се случува да ми ги мириса влечките што ги носам и пробува да ги гризне. Ракавици ако види на рака одма скока, ја гризе, зема и бега. Без проблем влечка метли и ги јаде. Јас тоа па ич не разбирам, како и зошто ги јаде? Ако ми верувате најде пепелник (стаклен), го зема во уста и го џвакаше. Ко ненормална трчав низ дрвор да ги соберам остатоците и да и ги извадам од уста делчињата. Се јавив одма кај ветеринарот, ми рече само устата да и ја прегледам да не е пресечена. Секој ден се плашев да не и биде нешто. Стакло јадеше ! И не можам да ја контролирам со поводник, премногу влече. Затоа и избегавам надвор да ја шетам туку ја трчам низ двор. Ама не е тоа решение, кога сега со 20 кила е бесна, што ќе биде со 30. На вет. кога ја носев можеше филм да се сними, никако да се качи во кола, а таму па се тегнеше на улица. Малку опширно и јас си го кажав проблемот, ама јас размислувам за дресура од некој поискусен. И така планираме за месец, два да ја носиме на поспецифична дресура, па ваљда нема да е проблем да поработи малку и на ова, и тоа што поскоро. Греота е цело време да е во бокс, покрај толкав двор и да ја пуштам само два пати на ден. Ама додека да најдеме решение така ќе е. Ако има некој совет нека кажува. вики-дете се надевам и кај тебе проблемот ќе се реши за скоро, а штом е 2месеци кучето обрни што повеќе внимание додека е помало
Јас мислам дека делумно проблемот е и во нас. Премногу ги разгалуваме, не можеме да одолееме на тие очиња па секогаш се им дозволуваме. Не е на арно ова, па сега се трудам да бидам малку построга иако срцето ми се кине. Ги следам емисиите на Цезар одвреме навреме, и сега се трудам да ги применувам и неговите совети. Човекот е тој кој што треба да доминира и кучето треба да се научи дека зависи од нас. Инаку и јас го имам проблемот со поводник, не можеме да се научиме да одиме. Но, за разлика од твоето моето само седне и несака да мрдне, па ајде се лажиме со храна, се молиме, тоа некој да не гледа по улиците ќе не прогласи за луди, ама џабе, по инат куче немам видено. Инаку за среќа немаме проблем со други предмети, мета му се нашите ногавици и раце, а и да напоменам дека навистина е чудно куче, воопшто не сака да се гали. За професионален дресер не сакам ни да помислам, не од друга причина, туку затоа што ни нема, затоа што јас мака мачам со ветеринари, во моето место ниеден нема што си ја знае работата, се треба ти да ги гонеш, еве веќе ќе дојде време и за ревакцинација а јас сеуште се гонам со него да ја достави книшката за вакцинации. Премногу сум револтирана од нив.
Претпоставувам дека не си од Скопје штом имаш проблеми и со ветеринарот. На youtube има премногу клипчиња за дресура, посебно ми се допаѓа дечкото од првиот линк на папилон, убаво објаснува, па ако имаш повеќе време и нерви ќе можеш и сама да успееш. Почни што поскоро, додека е помало. Ако е помала раса мислам дека ќе е и полесно.
Германски овчар е, со дресура почнав веќе и ја совладавме командата седи, ама сега со лежи тешко ни оди, но не се откажуваме. Инаку се информирам од следниов линк: http://www.nemackiovcar.com/nauci_me.php И морам да кажам дека и покрај тоа што е многу тврдоглаво куче, навистина лесно и брзо ја совлада командата седи.
па знам и за тоа размислував ама некако и тоа ми е жал и не знам што да направам. А плачам кога ќе ми дојде со ушињата разгризано, раскрвавено, давено ... по се изгледа ќе морам да го кастрирам
Срценце јас имам друг проблем со мачоров мој, ги собира сите мачори во дворот, геј е . Ама нема што да му правам.
И нашето куче имаше епилепсија..и истотака кога првпат на шестмесечна возраст му се случи нападот помисливме дека е труење од отров, но кога по неколку месеци повторно доби напад сфатив дека се работи за епилепсија.. Јас му давав Б-комплекс по 1 таблета на ден ,по препорака на ветеринарот, но тоа не му помогна да не ги добива нападите кои за среќа и не беа многу чести.. Ветеринарот ни кажа кога ќе зачестат нападите на пр. секоја недела да ги добива ќе се почне со терапија..која претпоставувам е иста како и за епилепсијата на луѓето, но тоа во договор со ветеринарот ќе треба . Мачно е да го гледаш кутрето додека има напад , верувај знам како ти е но самиот напад не му го загрозува животот,само придржувајте го да лежи на земја додека трае нападот, за да не си направи некоја повреда на коските додека се тресе .. Инаку и на јутуб можеш да најдеш како изгледа напад на епилепсија кај кучиња, и можеш да споредиш дали и кај твоето кутре се работи за истото
И моето мачорче собраше мачори во двор... (додека го имавме во двор) после внатре го внесувавме, но умре, се отру... инаку, тоа на некои мачори им е период да не чувствуваат потреба за барање женска или одбележување територии. Тоа е обично кај помирните мачорчиња, а оние бунтовниците не. Нема што да го жалиш, ок ќе си биде се, само без тестиси. Ќе му помогнеш да не се враќа дома како од фронт.
Што мислите од кога е најдобро да почнам со дресура ? Барон утре полни 2месеца п.с може да ми предложите и најдобри видеа каде што може да гледам
Сега е најдобро да се почне сега. Еве видеа: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... PH5d-VD16w http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... QrLG2eVHtk http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... aG-y2tFBFE http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... _X13V54idk Овие најлесно ги разбирам.
Па не го однесовме оти се случи вечерта во 23.30 часот и во Њујорк да бевме немаше да најдиме ветеринар .. Иначе сега е ок, ја потврдија дијагнозата, ми кажаа дека нема лечење и дека постојат некои потешки лекови за ублажување на симптомите (во стил на дијазепам) што не планираме да му ги даваме, дури и двајцата ветеринари со кои се консултирав рекоа да не се третира никако поинаку освен со некои природни лекови како чаеви, затоа што само може да му се наштети на бубрези и други органи, бидејќи не постои излекување за таквата состојба. Исто кажаа дека нема да влијае на должината на животот, само дека ќе се појавуваат напади од време на време. Жално е што постојат вакви состојби.. и уште повеќе што тие не знаат што всушност им се случува во моментот
многу е безвеза кога не постои начин да му помогниш... дали вашето кученце е сеуште живо или порано го чувавте? ова ми е најмилото куче од сите што сме ги чувале досега и не ми се верува дека баш него најде ова да му се случи како трето дете ни е дома, се не разбира, скрос е воспитано и слуша се како човек, само што не знае да зборни.. ќе прашам јас уште некој ветеринар ќе барам утре да го види и да ми кажи ова во врска со витамините дали и јас да му давам Б комплекс, пошто ништо не ми спомнаа досега овие со кои се консултирав.. најмногу ми е страв да не добива напади кога не го гледаме, затоа што го чуваме надвор (куќата му е ставена во бокс) и има повеќе простор... ако е пред нас ќе го смириме, ама страв ми е да не се повреди додека е сам надвор.. :/
Ве молам да ми кажете што да направам со мачето мое.Постојано кива.Сигурно е нешто настинато.Почнав да му давам аналгин и парацетамол во млекото но уште ќива.Испушта звуци како да има заглавена коска во грло.Ве молам за одговор жал ми е да го гледам вака
Дали го пуштате надвор да јаде се што ќе најде? Дали сте му давале пилешки коски или некои остри,шупливи коски? Можно ли е да голтнало некој предмет од по дома,ако имате оставено? Ако има голтнато нешто од горенаведеното,а изминало подолго време,тешко дека ќе било живо. Но,можно е да е обична настинка,па ако не помине за брзо време со апченца(аналгин никако,само парацетамол),тогаш утре однеси го на ветеринар.
Искрено незнаев каде да постирам вакво прашање а да не отварам тема па решив тука..Дали некој знае дали има во МК и каде има ежиња за купување? Не само обични ежиња, туку вакви, африкански еж(african pygmy hedgehog)?
Ма оди надвор, во лето вријат по дворовите. Шала на старна. Можеш да набавиш, но незнам колку здраво ќе ти биде. Во македонија многу ретко да најдеш вакви ежиња. И јас сакам, искрено, но немам услови за чување, па ова лето ќе направам скривалиште за ежиња и таму ќе се засолнуваат.