1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Јас да се пофалам дека конечно се научивме да одиме во вц каде што треба :)
    Дефинитивно треба многу труд,техниката ми беше оваа:
    Кученцето си седи во куќарката врзано во салонот дома.На секој 2 часа земав храничка во мене,го одврзував и го носев а со мене обавезно имаше и водичка оти сетив дека сака да си се напие пред да оди во вц. :) Исто како што имате кажано погоре вистина е дека после оброк најчесто оди и скоро секогаш во исто време му давам за јадење,т.е во 9 сабајле во 3 попладне и во 8/9 навечер.Вечерата му ја давам после прошетката и јади оди во вц и си легнува спие,буквалноо цела вечер.Сега оди едно 5-6 пати на мочкање и 2 пати кака во просек и цивка кога му се оди во вц.
    Уште да се научиме како да не касаме,гртиме,влечиме пачавици,тегниме блузи од плакар и се ќе биде во ред :lol:
     
  2. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Никако вакцината за беснило не треба да му се дава пред шестиот месец.
    Само после шести месец,тоа ќе ви го каже ветеринарот кога ќе му кажете дека сакате вакцина и ќе ве предупреди за последиците и за тоа дека вакцината пред шестиот месец нема да има никаков ефект.
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ако вистината ве вреѓа тогаш слободно вреѓајте се. Незнам што лошо прочитавте во мојот пост па го сфативте негативно наместо да се чукнете малце по глава и да си ги преземете обврските како што треба. Кога ќе земеш миленик во истиот момент стануваш и одговорен за неговиот живот, а тоа не е играчка.
    Сепак излегува дека добро сум го напишала така како што сум го напишала штом одма отиде да си го вакцинираш кучето.
    Буквално е исто ко да родиш бебе и да не го носиш на вакцина, да не му даваш да цица наместо тоа да му даваш сок, и да го оставиш по цел ден само да се снаоѓа да преживее.
    Мило ми е што на било каков начин допрев барем малку па тоа можеби и ќе ве натера да се однесувате како што ви доликува. (ова не се однесува само на члениките погоре туку на сите кои се неодговорни и свесно или несвесно ги загрозуваат животите на нивните миленици) А јас не се плашам од критики, ако има нешто тука сум за да ги прочитам. ;)
     
    На imelda и BeautyAndTheBeast им се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Епа, еве ќе те критикувам дека не ми се допаѓа како го кажа тоа погоре и дека би можела да бидеш пољубезна.
     
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    32.921
    Пол:
    Женски
    Мојата Лина најмногу си ја сакам.Понекогаш кога сум сама и на неа и зборувам,колку да ми е по лесно. А таа каков поглед ми фрла.. :rofl: Еднаш во неделата обавезно а бањам.Си има нејзин чешел,крпи,играчки. :) Исто како бебенце.
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мислев на критика во смисла на некоја забелешка за моите совити како точни или неточни, или критики во тоа како јас се грижам за миленикот, а не критика за мојот начин на изразување... Зошто очекувате бе само да ве тапкаат по рамо и да ви се лигават. Верувај дека нема по фин начин да се каже тоа што јас го кажав, друга форма е лично да отидам кај некој дома и да го фатам за коса. Многу ми е гајле дали ви се допаѓа напишаното или не, не е пишано со лоша намера, али сфаќајте како сакате. Многу е полесно за да се оправдаш себе да ги набедуваш другите...
     
    На Daydream, anuskaNESTLE и Marossa им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да ве разберам...
    Кога ќе ви посочат некоја грешка испаѓа дека сте многу чувствителни, ама за домашниот миленик па баш и не сте.
    Papillon.Papi, јас не знам зошто за секоја критика во било која тема пишуваш дека сме се расправале. Читам и во други теми каде што има некоја дискусија, веднаш пишуваш дека сме се карале, па уште и даде предлог во лп да сме си реплицирале. За тоа е форумот, за дискусија, за дебата, на крај краева па и за некој да ти мавне вербален шамар за да се освестиш.
    Конкретно за темава - факт е дека некои луѓе не се свесни за тоа колку голема обврска е чување на домашно милениче, мислат дека е плишана играчка за сликање. Мимс имаше само најдобри намери, гледаш на крајот се испостави дека била во право. И не бидете до толку осетливи за начинот на кој го кажала тоа. Ко божем кој знае колку навредлив пост напишала. Во животот никој нема да ве тинтра како што вас ќе ви одговара. А ова најдобронамерно ви го кажувам.
     
    На sofijanoka, Daydream, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Нема што да се вреѓате бре, убаво Мимс ви кажува. Значи земањето миленик не е исто што и купување нова играчка, живо суштество е, потполно зависно од вашата добра волја. Вакцините се добри за миленикот, за вас и за околината, незнам што поише од ова да ви се каже.
    А за исхраната, стварно значи...
    Денес по интернетов има буквално се што те интересира, значи и не мора консултации со ветеринар за се и сешто (за битни прашања, особено здравствени проблеми секогаш!) најди слободно време и прогуглај. Ем веднаш ќе добиеш одговор, ем ќе прочиташ искуства и проверени совети. Леб па и млеко на мало куче е рај за паразити, пореметена столица и анемија. Куче после 5 недели може да јаде варено и пасирано месои обарени овошје и зеленчук.
    Мене од такт ме вади ваквото однесување, значи исхраната на миленикот е битен дел кој мора да се финансира а не да се храни со несоодветна храна, нарочито остатоци од вашите оброци. Кучешката храна кошта, дехидрирана или домашно зготвена сеедно, но сите знаеме со колку средства располагаме и дали може да одвоиме финансии и за миленикот.
    Ветеринари има разни, исто како и во секоја друга професија, само треба да го пронајдате најдобриот. Јас сум презадоволна од Др. Диме и неговиот тим, навистина се максимално посветени на професијата.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Јас сум сретнувала и посмирени дискусии, незнам какви се вашите. Мимс, ретко тоа некој да го прифати за критика. Повеќето би го прифатиле како навреда. Ок, во ред си, убаво кажа дека не се играчки милениците, тоа го знае секој што чува миленик, но како би се почувствувале ако некој им каже дека си го убиваат миленичето и тоа на оној твојот нечин. Мене не ми се допадна како им се изрази на нив, зошто сум осетила на моја кожа како е кога некој ми кажува дека сум мала, наивна и неискусна. Незнам дали ти си го осетила тоа, но обиди се да ја разбереш возбуденоста кај нив, обиди се да разбереш дека тие сакаат да им направат на нивните миленици да им биде убаво во новиот дом. Добро, си земаа лекција тие, но зошто на таков начин? Зошто со заплашување дека ако биле во друга земја со "Animal cops" ќе бидат казнети...?
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Папилон, ако искрено планираш уште 10 пати да ја прашаш и да и кажиш тоа на Мимс, имаш лична порака, немојте ве молам да полните теми, кои и така не се прегледни со прашања поставени 100 пати само оти пола и повише ги мрзе да листаат страни.
    Значи ти ако имаш нешто против начинот на изразување на Мимс, имаш копче за лична порака, пиши и слободно, марак што 5 феминки се сложија со неа, и ти упорно ја тупиш искрено, е ај сега па мене сврти ми се за критиката.
    Значи една работа ви е јасна, милениците сите ние ги сакаме, за тоа сите се разбираме, сите им посакуваме најдобро, но има некои основни работи, значи најосновни, за кои срамно е да не знаеш и да не се информираш а уште па повеќе на своја рака да правиш нешто што би му штетело на истиот миленик.
    Немојте, значи немојте ве молам да се жалите што не ви се свиѓа, што не, темата не е за тоа, а Мимс е секогаш тука да даде критика, дури и по 10 пати ако треба, ете јас редовно ве читам, ама јас искрено изгубив нерви читајќи како за едно нешто се прашува 20 страни по ред, како да мочкало кутрето надвор, ле ле, ле ле, сврти некоја страна и ете ви 10 мислења за тоа, ама не, мора да прашаш одново, ок ајде, и сепак кога некој ќе одговори или насочи, па зошто така одговоил, ај ви се молам, смирете ја топката, и нема потреба со коментари на истата ситуација после мојов, било што било, на кој му се свиѓа ок, нека примене, на кој не - нека скролне, а кој има забелешка - ете ви лп.

    И сега едно прашање од мене до феминките кои имаат женски кутриња.
    Кутрето ми има 8 и пол месеци, и за прв пат пред 2 дена и дојде менструација.
    Е сега, прв пат у живот се сретнувам со вакво нешто, пошто секогаш сме чувале машки кучиња.
    Прочитав на интернет дека околу 20 дена им трае, но ме интересира како вие се справувате дома со нив, дали и ставате гаќички, па кога и ги вадите, или па колку им тече и колку им трае, и ме интересира дали треба нешто плус да и давам, некои витамини, нешто, пошто сепак нели крваре.
    Мојата Луси крвари ептен малку, неколку ситни капки у текот на цел ден, ама сепак, незнам дали чувствува некоја болка или па како и е.
    И од каде ги купувате гаќичките и колку пари се?
    Моментално моево носе импровизирани розеви гаќички, дури и симпатични и стојат, но само за по дома ова, кога ја пуштам надвор во двор, или на шетање, и ги вадам.
    И утре си одам дома, а таму дома чуваме машки питбул, кој е спремен, најспремен у живот за првото парење, му бараме женка моментално, манекенот на дада он, а ова моево мало пуфле е со мензис, ќе има смеи, овој ќе сака да и се каче, очите треба 300 на час да ни се отворени, пошто ако бидне нешто позади наши очи, само Бог знае што мелези тоа ќе бидат, од пит и териер. :rofl: Се зезам, се зезам, нема шанса нешто такво да дозволиме, ама да се насмејме де.
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Анушке менструацијата кај кучките не е воопшто болна или захтевна, не и треба ништо посебно, немај гајле. За гаќички, јас на мојата и облакав мои постари и ги врзував над опашот со ластиче да не и паѓаат, со влошка на нив, али мојава е стока од 60 и кусур кила па точни и беа, пробај и ти импровизирај со стари гаќи или па напрај и некои од стари ствари. Ма да, ако не ти се качува по кревети и ако не и тече многу, а не ти е проблем и гадно не мора да носи, само забришувај ја често со влажна или тоалетна. Мојава крвари баш ко жена, дури и има и протекувано влошката неколку пати. За купување незнам и дали кај нас воопшто има вакво нешто, не сум сретнала по пет-шоповиве, али никогаш не сум барала така да тоа некој друг да ти каже. Мој совет ти е да не фрлаш пари туку да пробаш да се снајдеш и онака само по дома ќе ги носи, за во двор и шетање не и требаат.
    Незнам кога добила, во принцип кај кучките овулацијата е од 9 до 11 ден откако добила, значи иако крварат тогаш се најплодни, така да ако во овие денови се заедно со мужјакот добро пазете ги, тој кога ќе ја намириса нема да ја остаи на раат, а ако е она дружељубива можда и ќе му се мести и ќе го предизвикува.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Forever18

    Forever18 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Дали може да се фати тенија од мачка или некоја др заразна болест??
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да може, исто како и од куче. За да си се заштитите и Вие и Вашите најмили миленичиња, одржувајте хигиена на високо ниво, наједноставно е превентивно и редовно да ги прочистувајте нив од внатрешни + надворешни паразити и нема да имате проблем или потреба од страв и грижа. ;)
     
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Можеби малку ми е глупаво прашањето, но дали може да се спречи периодот на парење кај мачките/кучињата? Мислам дали постои некој друг начин освен стерилизација?
     
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не е воопшто глупаво прашањето ;) .
    За кај кучињата не сум многу информирана, па нека даде одговор некој друг. Кај мачките постои ама тоа е само одложување на одреден период т.е. не е трајно. Зависи и дали мачката е во моментот баш во период за парење или не е, а и во двата случаи има начин.
     
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Така и мислев, привремено да се спречи. Би ти била благодарна ако знаеш да ми ги објасниш начините и во двата случа. Дали е со давање на таблети?
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Мене другарка пред некое време ме извести дека на мачорите кога ќе им дојде период на парење им давале апчиња кои содржат женски хормони. Јас искрено се запрепастив. Демек ми вика дај му ти на твоето кога ќе дојде тој период и нема да имаш гајле, бајче ќе биде. Јас мачорот мој го сакам и го чувам повеќе од самата себе и нема шанси да го клукам со хормонски бомби само зашто мене така ми текнало. За да бидам 100% сигурна во ова веднаш го прашав и ветеринарот кој се грижи за моево мачорче, кој патем е личност што најмногу на свет ги сака животните и е ветеринар во права смисла на зборот, и секако знаев што ќе ми каже, он никако не одобрува такво нешто. И ми даде убав пример, вели ај размисли што се случува со билдреките кога пијат машки хормони, изгледаат како мажи и цел организам им се пореметува, епа исто може да се случи и со твоето мачорче. Така што мој совет е подобро земи кастрирај го отколку вакви работи.

    Штознам, ние дома мачорот го сметаме за дел од семејството и нема шанси да дозволиме да си играме со неговото здравје. Па гледано според тоа никако не можам да сфатам како некои сопственици не ги интересира што и како му даваат на своето милениче и како сето тоа би влијаело на него.

    За кај кучињата не знам и не можам ништо да зборам во врска со ова ама верувам дека и за нив има вакви "финти" па многу несовесни "љубители и сопственици на миленици" си експериментираат.
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Daydream значи тоа апсолутно не е во ред и не може туку така да се даваат хормони на своја рака, па уште и женски хормони на мачор. :o Само ќе го споделам она што го знам, без зборување на памет и со некакви "финти" и експерименти.
    Прво секако ветеринарите препорачуваат ако не планирате парење, најдобро е мачката да се стерилизира (мачорите се кастрираат).
    Но има сопственици кои контролирано и повремено сакаат да си ги спарат мачките (најчесто расни). Затоа постои начин и таа терапија се дава исклучиво во консултација со стручен ветеринар и во строго определена доза и времетраење како што ќе каже ветеринарот (конкретно зборувам за женки!, за мачори не знам дали постои).
    Има инекција која се дава помеѓу два периоди, односно кога мачката не е во период за парење и со неа се одложува неколку месеци.
    Во друг случај кога мачката е веќе во период, тогаш има таблети кои се даваат неколку дена и периодот ќе се прекине и се се враќа во нормала (додека не дојде повторно период).
    Ова не е долгорочно решение, но не е ни ептен страшно да се примени понекогаш ако веќе е некој сигурен дека сака да се пари мачето понатаму.
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Sunfemina те сфаќам целосно. Знам и јас за тоа во врска со женките, тоа е веќе друго и секако си е со консултација на ветеринар. Јас зборев конкретно за мажјаците, во врска со апчињата кои им ги даваат. Се сетив на тоа зашто viki-dete прашала за таблети, па помислив дека е за ова што јас напишав. :)

    Како и да е, според мене најубаво е кастрација или стерилизација.
     
  20. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Чувам 2 мачки и една кучка. Имам прочитано некаде дека постојале некакви таблети. Па чисто информативно прашав, секако дека не сакам да им наштетам.
    Во секој случај фала ви на одговорите :*