1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Денес не апна оса т.е ние ја ставивме во уста од што сме стрвни многу :D па си го доби .. 3 инекции :( многууу беше жален,мирен,со усни како на памела андерсон :lol: скоро цел ден али сега се помина и се по старо гомни насекаде ;( ве молам помош ... не помага ни тепање ни ништо дали оти е мал(скоро 3 месеци) сеуште?
     
  2. Venera.13

    Venera.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво, бидејќи незнам каде да го поставам прашањето се надевам дека нема да претставува проблем што овде ќе си прашам. Би сакала да ми објасни некој (доколку знае) колку чинат авионски карти за миленици и преку која агенција може да се набават (поточно ме интересира за пат до Германија , за мачка и морско прасе). Ви благодарам однапред :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    како да приметам дали мојата мачка е смачна?
     
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    И моето куче лапна оса и душиче ептен квичеше ,ама на вет. Не му ставија инекции среќа дека не бил алергичен и само му спадна оточето.

    Само со награди(бисквити или слично има секакви работи со разлучни вкусови,види по пет шоповите) ќе го научиш за какањето,кога ќе се искака кај што треба .нека не те фаќа паника ќе научи се,уште е мало.

    А кога ќе направи беља со весниче никако со рака тепање,нежно колку да се исплаши.
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ако многу се гали, така јас мојата ја приметував. Исто и кога ќе престанат мачорите да трчаат по неа, тогаш со сигурност е сачна. Но, мене не ми беше гајле дали е или не, зошто таа секогаш се снаоѓаше за кај да се породи, а мислам дека тоа сите мачки го прават. Не се грижи, што и да направи твојата мачка е исправно. Мојата кога прв пат се омачи, роди 3, и дек беше свесна дека нема да може да исчува 3 мачиња, најслабото го одбиваше. И мене ми беше жал, но јас си ја сакам мојата мачка и ќе правам се за неа да и биде полесно, а следен пат да биде искусна и да ги израсне сите мачиња од леглото. :)
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    На нас ни е супер,одамна немам пишано.
    Си ручкаме добро,јадеме се,понекогаш пребираме ама добро. :)
    Вакцините си ги примивме,и штом наполнивме 6 одма против беснило ставивме.
    Сега за 4 дена одиме на 7 месеци.

    Ама сакав да прашам за крлежи,болви такви работи.
    За внатрешни паразити нели секој месец таблетки и давав,сега од 6 месеци на 3 треба.
    А за крлежи и болви има нешто?? :?: :?:
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Има ремчиња или ампули за заштита кои траат одредено време, па пак се ставаат по некој месец. Посебно бидете внимателни за превенција на пролет да се обезбедите.
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    А малку подетално да ми објасниш што кога се става,како??

    Инаку,си чекам уште една бебушка сега,2 месеци,да ја причувам некој ден. :)
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ампулите се најефикасни и ти ги препорачувам ампулите како најдобра превенција за паразити.
    Може се поскапи ама една ампула дејствував три месеци,макар што јас му ставам на два месеци,оти некако незнам не дека не е безбедно,ама мислам дека дејсвото е ослабено(а не е,ама јас кога запнам нешто |( ).
    Фронтлаин би ти ги препорачала,околу 500-600 денари се најефтините т.е.за кучиња до 10 кг.
    Како замена можеш и протектор да користеш.
    Јас протектор користам овој период,кога не вријат многу крлежи,ама сепак сакам да е заштитено кучето и во овој период,пред почеток на пролетта,зошто е многу поевтин од фронтлаинот.
    Побарај видеа на јутјуб како се аплицира.
    Обрати поовеќе внимание околу вратот,задниот дел од грбот,и стомачето,каде е најголо местото.
     
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Сега ампулите се даваат на 2-3 месеци,ама ова фронталаин/протектор (што е :wasntme: )???
    Му пишав на ветеринарот прееска,имале ампули.
    Ама јас каснам малку изгледа,ама не разбрав за ампуливе. :( :(
    Мојава е 7 месеци сеа.
     
  11. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Женски ми треба помош :(

    Имам мал самојед, стар 40 дена... но, бидејќи претходно е чувано во мнооогу лоши услови, преполно е со болви :(. Дали на толку мало кученце смеам да му ставам некое средство/ампула против болви и какво?
    Инаку во ветеринарна аптека ни рекоа со домашен/селски сапун да го избањаме против болви. Денеска го бањавме ама уште има многу. Залепени му се една до друга низ целото тело :(

    Ви благодарам.
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Браво што си го спасила кутрето! :clap:
    Прво, земи чешел за отстранување на вошки, зошто не ми се верува дека во Македонија има вакви чешли:
    [​IMG]
    Чешелот се вика „Ниска“.
    [​IMG]
    Во аптеките го има, за деца е.
    После, во чаша со топла вода, стави сјај за миење садови и потони го чешелот во чашата. Кога ќе го исчешлаш кутрето, болвите ќе почнат да умираат од сјајот за миење садови. Ако ова ти е покомплицирано, потури го кутрето со вода и сјај, па исчешлај го.
    Се надевам дека ќе помогне ова. :hug:
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    може е глупо прашањето али пак ке си прашам :)
    денес кај нас врне и го преместив куценцето зад куќа под тераса за да не го врне ,инаку го чувам на тревникот али еве од утрово од кога го преместив не прекинува да квиче , цело времееее .Мислев да не е гладен ,жеден ама не е до тоа што може да е ?? а џабе го преместив и онака не седе под тераса на дождот е :( незнам што да правам ..
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Несака да биде сам и се плаши од дождот. Неможете барем малку да го внесете внатре дур не престане да врне? :?: Пред да се селиме, мојата мачка надвор живееше и ја внесувавме внатре да седи на одредени места, како во ходникот или во одреден дел од дневната.
     
  15. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски

    внатре не иде во предвид се ке направе лом ,а нe бива ни така да го учам еве ако врне а нема никој дома :D ке му направам кукиќа и нека седе како сака :lol:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Некој поупатен да ми објасни за демодикоза кај куче. Знам дека има многу статии на интернет за оваа болест, но некако немам целосна доверба, а и ветеринарот не ми е некако сигурен.
    Ве молам ако знае некој нека ми објасни. Ова беше многу неочекувано, забележавме дека му паѓа влакното и шок ме мавна кога кажа ветеринарот што му е. :(
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Прво прашање е дали ветеринарот има направено тест под микроскоп за да заклучи дека е демодикоза. оти велиш ветеринарот не ти е сигурен. Лесен тест, селотејп на кожата и под микроскоп јасно се гледа сигурноста за ова а не од око, оти и некои алергиски реакции и габични инфекции наликуваат на демодикоза. Секое куче има демодекс паразити на кожата, но паднат имунитет е причината да дојде до масовна инфестација која се манифестира со ќелави места на крзното. Доколку е дијагнозирано со тест и е демодикоза, некои работи зависат за третман од тоа колку е старо кучето. Ако е младо куче, под 18 месеци, и ако само на мали места му има опаѓано влакното, само по себе ќе му помине и со терапија и без, се додека е здраво, и јаде добра храна, му се појача имунолошкиот систем и самиот организам ја надвладее инфестацијата.
    Доколку кучето е постаро, треба да се најде причина зошто одеднаш му е опаднат имунитетот. Крвна слика треба за да се провери функцијата на црн дроб и бубрези.

    Во секој случај, постојат шампони и топични кремови што ќе му помогнат на кучето, доколку се расчеша по местата ќе му требаат антибиотици, ама најважното е да се лекува причината која го има доведено имунитетот на кучето во прашање.
     
    На Sweetheart87 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.607
    Пол:
    Женски
    Moeто кутре имаше нешто слично на ова ти што го опишуваш, само што кај него на едно место под муцето му беа опаднати влакната и имаше рана, црвена, крвава и загноета, тој си ја расчешал и додека ние да забележиме ептен му беше иритирана и тоа за краток период, зошто прво беше мала раничка и мислевме нешто се има убиено.Потоа му стававме една маст од ветеринар што ни ја даде и не помина и на крај го прскавме со еден спреј, син(од тој што ставаат за дезинфекција, пример при операција) искрено поим неам како се вика, ама му помогна и за малку време му зарасна раната и влакната му никнаа повторно.Е сега ние му ја преврзувавме за да не се чеша и тој беше многу мирен цело време, значи само што му ставиме завој тој легнуваше и буквално само со очи мрдаше, дали се чудеше што му е или си правеше филм дека е болен многу поим неам, ама беше смеи.

    Него јас наминав друго да прашам.Ние имаме многу мака со моето што не можеме да му ги скратиме ноктиве.Абе ржи, мрда, гребе, гриза, нема шанса значи.Успевам секогаш со живи маки еден до два нокти да му исечам.Имаме грицкалка специјална и знам како треба да му ги скратам, ама не ми успева.А веќе му се долги и сам си ги гриза, му сметаат се гледа, а и многу не гребе со нив.Тука кај нас нема специјални центри за средување на миленици, па да го носам да му ги кратат, па затоа секој совет би ми бил добредојден од оние кои знаат како.
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Тоа е проблем во однесување што не дава да му се сечат ноктите, и нема некој набрзина начин за решавање. Најверојатно по нет ќе најдеш тренинзи за тоа кои би се состоиле од мали чекори да дозволи без борба да му држеш шепа две секунди и еве ти дропче кути, па три секунди -дропче, па пет па десет, таргет по тренинг обично е триесет, да почне да асоцира дека нешто добро го чека ако го држиш кај ноктите, па повториш со другата шепа, па задна лево, задна десно, и конечно и да можеш со клештата во друга рака, да ја гледа ама без да сечеш, ама да го повториш истото чекор по чекор како од почеток, без брзање и враќање чекор назад секогаш кога заржи или реагира негативно, многу трпение и работа е да промениш однесување, за сечење без борење муабет е после месеци интензивен тренинг. Напорно е. Моментално работам на свое куче за друг проблем во однесување и нон стоп и се жалам на женава која ме советува, оти толку е тешко и фрустрирачки да повторуваш нешто секој ден по сто пати(не буквално) и да се држиш ригорозно до план, а колку попаметно кучето пак уште потешко е да смениш проблем со однесување.

    Полесната варијанта е комплетно затворена корпа на муцката за да не апе и еден така посилен батка да го стисне па ти сечи. Нема да му се допаѓа ама нема да ве гребе. Го трчаш ли по бетон/асфалт? Тоа помага да им се сами стругаат ноктите и да нема потреба од редовно кратење.
     
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    сакам да земам кутре. братучедот на еден другар има три, но вели дека се многу мали за да ми даде едно. имаат по 25-6 дена. мало ли е или пак можам да го посвојам? :)