1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Лајтнинг, почекај уште 20 дена, сега се многу мали за да се одвојат од мајка им.
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.607
    Пол:
    Женски

    Абе ние дома го чуваме и само на прошетки пред зграда е надвор и секоја недела обично кај баба ми во двор го пуштаме да трча, ама тој не обожава да биде надвор многу, па кога ние влегуваме дома тој протрчува малку и веднаш квичи да влезе, така да нема можност да ги среди така ноктите.Инаку тој нема проблем со насилно однесување за ништо друго и коска од уста да му земеш не гриза и затоа ова многу ме живцира, не ми е јасно зошто се плаши толку, а онака кога му ги држам нозете пр ако му ги бришам од кога го шетам нема проблем и го фаќам на нокти не мрда, ама што ја види клештата, ау, страшно.А за паметен е паметен веројатно тешко ќе успеам да го истренирам ова...Сепак фала на советот.
     
  3. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Не знаев во која тема да го поставам прашањево, па оваа ми се чини најсоосветна. Дали имате искуство со Флугоцид маста и дали знаете каде може да се купи? Знам дека ја има по ветернарни амбуланти меѓутоа во последно време ја нема, а итно ми треба. Па доколку сте купувале во скоро време и знаете каде можам да ја најдам, би била благодарна ако ми пишете :) :hai:
     
  4. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Ми треба помош за куче.. На ветеринар ми рекоа дека апчиња за глисти се даваат на три месеци. На вториот месец откако му дадов апче во изметот забележав доста голема глиста. Се посоветував со ветеринар и ми рече дека можи и порано да му дадам апче. Му дадов и почна да ги исфрла глистите.. Е сега проблемот е што и по повеќе од една недела од апчето сеуште има глисти во изметот, а то не ми изгледа баш нормално.. Дали му се случило на некој истото? Дали пак да му дадам апче или е штетно толку набрзо? Што да направам ?
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Што куче имаш и колку кг е?
    И како тоа апче за глисти на 3 месеци?! :^) Искрено, јас би се размислила дали би се вратила пак кај тој ветеринар.
    Апче за глисти се дава секој месец, без одлагање. Ова е Устав за против глисти!
    Ако кучето е помалку тешко од 10кг, се дава пола апче, а ако е потешко се дава цело, значи секој месец, обавезно.

    Нормално дека ќе има уште глисти кога грејното е полно, не требало да чекаш да помине толку време, ако тоа е грешка на ветеринарот, толку е стручен и добар очигледно, значи за да скрос се исчисти сега кутрето, одма да му дадеш уште едно цело, ако веќе не си му дала, не е штетно напротив, ќе се исчисти одма стомакот, греота, се маче кутрето, сигурно има грчеви и го боле мешето, ццццц, кој се не е ветеринар денеска. :@

    Пиши како е утре состојбата, ако не му имаш дадено сеуште апче, одма утре сабајле цело на гладно дади му го, така е најдобро да се даваат овие апчиња, и треба да ги исфрле сите.
    Не треба да се чека ич, пошто се полошо ќе биде, душа тоа, нема глас да викне како му е, а очигледно ни салам ветеринар да каже како му е.
     
  6. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Здраво на сите, ве молам за помош. Имам папагал ТИГРИЦА старо е 3 месеци, кај мене е 1 месец. Вчера беше многу тивко и цел ден го преспа, имаше ретка столица (црно-бело со водичка), се јавив на ветеринар и ми рече да му дадам МЕДИЦИНСКИ ЈАГЛЕН, АД КАПКИ И АНДОЛ сето тоа растворено во вода и со шприц да му давам на 2 часа. Му давав и денес е малку поживо но не е како порано. Денес каките му се зелено-бело и сосем малку водичка, но ме плаши зошто не ми е расположено, неможам да приметам дали јаде, бидејќи го гледам стои и кцка од просото но како да ги собира во клунчето и по некое време се ке ги исфрли. Да напоменам дека не му давам ништо друго освен просо и внимавам да не е на промаја. Се извинувам за долгиот пост и ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ, СПОДЕЛЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ.
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Такво е времето... и моето така правеше кога беше вакво времето. Не го пуштај да лета, нека седи во кафез, нека одмара. Стави му крпа на кафезот за да му биде потемно и ќе се одмара повеќе. :)
     
  8. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Papilon многу ти благодарам, ми олесни малку. Денес по препорака на ветеринар му давав витамин Ц и парацетамол сосема малку растворено во вода, и после ФЛАЖИЛ антибиотик па ќе видам како ќе биде. Дај боже да е до времето. Твоето колку време беше млитаво?
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Се додека не почнавме да му даваме овошја. Не му давај антибиотици, витамин Ц во вид на апчиња или капки, давај му јаболки. Не е убаво да се хранат птиците со вештачки производи, а во јаболкото има и витамин Ц и уште многу здрави витамини за неговиот раст. И, гледај јаболкото да не биде ГМО. Тоа се гледа според големината на овошјето. Ако овошјето е големо 90% е ГМО, а ако е мало многу мали шанси има да е ГМО.
     
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.756
    Допаѓања:
    2.061
    Девојки итно ми треба помош за маче.
    Цел ден повраќа.. се што ќе јади го повраќа, сношти имаше изедено две јајца денес сабајлето ги повратило. Два пати денес се помочка а не можи да оди по голема нужда и испушта крв :(
    Многу сум загрижена кажете ми дури да одам на ветеринар како да му помогнам.
    Домашно маче е, не излегува никаде од дома не шета. Што можи да му биде? ;(
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јајцата му ги дадовте вие? Живи, варени..? Живи јајца може да предизвикаат проблеми.
    Состојбата не е добра и најбрзо што можете обратете се кај ветеринар, не чекајте затоа што симптомите се за итна реакција.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Дали изгледа болно мачето? Во смисла да нема сила, да мјаука за што изгледа без причина, да се крие од вас ако обично не го прави тоа или ако го погалиш по стомакот дали реагира? Доколку се однесува нормално освен што исповраќа се што изеде, тогаш шансите се дека не му е животот во опасност. Сепак, преглед кај ветеринар е најдобро да утврди за што се работи. Ако папса, итно на ветеринар.

    Велиш не може да оди по голема нужда и испушта крв. Се напрега само? Како запек да има? Оти ако има запек испуштањето крв не е нешто необично, од напорот пукаат крвни капилари. Некогаш и пролив кога имаат испуштаат крв оти се напрегаат и од тоа. Крв само по себе во изметот на мачки не мора да значи итен случај, како кај луѓе. Очигледно нешто не е во ред со стомакот, или има изедено нешто што не треба, или е паразит, може да има едноставно воспаление на цревата, или бактериска инфекција. Домашен третман за тоа што повраќа, пази го да не дехидрира е најважното за да не му се оштетат бубрезите, редовно треба да пие вода, а штом оди да мочка значи пие редовно. Јадење не му давај 12 саата(ништо му да биде гладно а ќе му одморат стомакот и цревата) и тогаш почни да му даваш редовно ама по малку варено пилешко месо или варена плескавица. Тоа е едноставна храна и не им е тешка на стомакот да ја сварат лесно. Ако тоа не го поврати тогаш продолжи наредниот ден со што му е секојдневната диета, ако уште повраќа, тука веќе за доброто на мачето ветеринар не ти бега.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.089
    Допаѓања:
    101.772
    Пол:
    Женски
    Machkite vo periodot mnogu se vo mnogu golema opasnost, moze.da.stradaat od Panleukopenija, Rinotrahit i Fip. Vnimavajte i na imunoloshkiot sistem mnogu, dokolku dojde do dehidracija na organizmot moze da se pojavi i zoltica. Trk na veterinar.
     
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас имам еден проблем шо ќе ме полуде.
    Значи додека го шетам моето кутре, нонстоп квиче, не нонстоп, ама често квичка така, како пред мочкање шо праве или кога сака да влезе кај нас у соба.
    Значи незнам шо и значе тоа, веќе ќе ме полуде, не ни имам желба да а шетам, пошто само исппушта некои звуци, како да бара нешто или незнам.
    Јас мислам дека пошто пред 1 месец имаше менструација, може и до тоа да е, да сака да се пари, да има желба некоја? Може ли? Или па пошто дома кога си одам иде она со мене, и со питбулот се нонстоп заедно, си играт, спијат заедно, па плаче по друштво? Ама па зошто кога а шетам да квиче, нели треба да е најсреќна? Го зимам каивчето за шетање, она скока од радост, се врте у кругови, и си го подава главчето сама да и го ставам каивчето, ете незнам што може да и е, некој да ми помогне шо се разбира или имал ваков проблем?
     
  15. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Да не и е многу стегнато каивчето?Па да ја стега? Купи и градник многу подобро е за неа отколку типично ремче.
    Дали ја облакаш?Да не и студи?
     
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Не е до тоа, каивчето и е супер, има мало главче, а големо и меко каивче, и има долга длака, зимото ја облекував, сега веќе нема потреба, до нешто друго е, а не можам да сфатам што. :worried:
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.089
    Допаѓања:
    101.772
    Пол:
    Женски
    Proveri ja krlezi i bolvi da ne ima, nadvor tie zdivuvaat i sigurno gi cesa mnogu, dopolnitelno toa. Dopolnitelno toa, a i periodot na parenje ako i e oseka potreba sirototo.
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам за што побрз одговор.Во меѓувреме ако успеам ќе го консултурам и ветеринарот.
    Многу сум исплашена.Сега се вратив од кафе,само што влегов дома,ја видов кучката како се дави,а потоа почна да исфрла белузлава плунка.Два пати исфрли и престана.Ме асоцира на беснило,ама ја вакцинирав.Инаку за 10 дена полни 8 месеци,женка е,мал раст...

    Не гледам пак да се лигави.
    ПОМОШ????
    Што може да и биде,има ли простор да паника?????? ;( ;( ;(
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Беснило да е нема шанси, не се фаќа туку така беснило, а од пред неколку години не е регистриран случај на беснило во Македонија. Мислам дека треба да се едуцирате малку околу беснилото, а не секој ваков случај да го етикетирате како беснило, затоа што беснилото е доста сериозна работа. Беснило се фаќа долку кучето било во близок контакт со диво животно, а во Скопје незнам кај ќе најде диво животно, башка што се вакцинираат и дивите животни по планините...
    Нема врска, без паника, претпоставувам дека и е нешто како шлајм, или ако со го лижела телото или каснала нешто друго па сега сака да го поврати и се искашлува. Не би требало да е нешто сериозно, ако се повтори консултирај се со ветеринар.
    Јас да прашам дали ви се случило да забележите на телото на кучето нешто слично на првут во коса. Вчера го чешлав кучето и забележав како по целото тело има бели ронки од кожата исто како првут. Видов дека има и шампони против такви појави, сепак би сакала некој ако има искуство да ми каже што да купам или направам или најпрво да се обратам до ветеринар.... :^)
     
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Фала многу,еве добра е сега.
    И да,не живее во Скопје.
    Многу се испаничив.

    Со каков шампон ја бањаш моментално?Да не и е од тоа?