Не верувам дека е од шампонот последен пат ми е бањата во еден салон во Центар ама тоа беше пред повеќе од 4 месеци така да не верувам дека сега би и се појавило тоа после толкав период.
Ја имам забележано истата појава кај моето куче, а го бањам со специјален благ шампон, наменет за мали кучиња Пинчар е и нема долги влакна, ама одма после бањање има изразено првут, кој го снемува во рок од еден до два дена. Јас претпоставувам дека им е нежна кожата и се иритира од шампоните, или од температурата на водата, имам приметено дека зимно време кога го бањам со само малку потопла вода, првутот е поизразен. Внимавај на шампоните и температурата на водата при бањање, а доколку е алармантно, најдобро е да се обратиш на ветеринар. Само да прашам, постојат шампони за кучиња наменети за тој проблем? Барав ама не сретнав нигде.....
Јас во пет шоп најдов шампон наменет против перутање на кожата кај кучињата ама незнаев дали да го земам, сакав прво да слушнам мислење.
Да ве прашам,на зајачицава со што да и го четкам крзното и колку пати неделно? Досега тоа го правев со обичен мал чешел што не го користев,ама да не треба со нешто посебно? И уште едно прашање,дали треба со нешто да ја чистам?Зошто кога ја земав од пет шопот ми рекоа дека зајците не требало да се бањаат.
На сите им препорачувам да ги чешлаат милениците со фурминатор. Така полесно се справуваш со митарењето и со чистењето. Зајците не треба да се бањаат често зошто самите можат да се избањаат. (исто како мачките) Единствено ако зајакот е превалкан, тогаш може да се избања. Само не го бањај целосно, туку на местото каде што е валкана, во спротивно може да добие инфаркт. Сушењето фаќа многу време зошто крзното на зајците е густо. (и да е кратко влакното) Се надевам помогнав.
Цената зависи од големината на кучето .За големи кучиња е околу 2,000. Јас мојот го земав од пет шопот доле во рамстор,ама во секој добро снабден има. Јас да прашам,некое искуство со ташни за кучиња и цена отприлика. Сакам поквалитетна бидејќи се работи за подарок.
Пампон за кучиња со проблематична кожа,односно перитење има од трикси,кои се доста добри шампони и имаат за секакви намени.Околу 260 денари се и ги има скоро во секој пет-шоп. Доста се квалитетни и можеш да пробаш конкретно со тој шампон. Зошто не го бањаш често(пред четири месеци последно си го бањала рече)така да најчестата причина-пречесто бањање на куче тука не е опфатена,сигурно е од шампонот што го бањале во фризерскиот салон.
Имам едно прашање.Брат му на кученцето мое го зеде една моја другарка.Уште од земањето не беше арно почна да криви од ноџето,му се направи двоен капак на окцето и имаше епилептични напади... Пред неколку дена и почина од срцева инфекција за која немаше појма дека ја има,така и кажал ветеринарот.Исто така и рекол дека инфекцијата би требало да ја добил од мајка му или татко му што значи и мојот е потенцијален носител на истата.Се јавив кај ветеринар,моментално не можи да го види не бил тука,а не знам за некој поспремен од него а мене пусти страв не ме остава рајат,не го оставам да спие кутричкото од страв да не му се случи нешто...И уште нешто да прашам дали епилепсијата е наследна?
Прашај ветеринар какви испитувања можат да се спроведат врз твоето куче (мислам на крвна слика и слично што може да даде некакви резултати). Инаку јас имам куче што (најверојатно) имаше 2-3 епилептични напади, а неговите браќа и сестри се ок, исто и мајката и таткото. Не мора да значи дека е наследна болест, но како шо читав по интернетов, понекогаш и генетиката игра некоја улога.. Ма да не треба да те плаши ништо доколку твоето куче се однесува нормално - нормално јаде и спие, доколку не се крие и не му е страв, доколку стабилно и урамнотежено се движи и доколку му се примени НА ВРЕМЕ сите вакцини. Јас сумљам дека на моево куче му се случуваа такви напади дека ден-два му ја закаснавме вакцината (погрешно не известија за денот на раѓање), а во меѓувреме и го однесовме во природа пред да прими вакцина.. не знам, не мора да значи дека е тоа, ама во мојов случај нема нешто друго на што би се сомневала.. Така да за да можеш и ти да спиеш раат и да го оставиш кученцето да одмора консултирај се сепак со ветеринар и види што може да се испита. Поздрав
Немојте да се чудите зошто вашето милениче се однесува чудно, може тоа да биде од исхраната. Еве која храна може да биде лоша, дури и смртоносна за вашите миленици: #1 Чоколади Ние можеме да ги обожаваме и да ги конзумираме чоколадите, но тоа не е причина да ги даваме на нашите миленици. Чоколадните супстанци содржат метилскантини кој во помали количини може да предизвикаат повраќање, но во прекумерни количини дури и смрт. #2 Семки од кајсија Тоа е уште еден вид кој е многу користен за човековото тело, но ризичен за вашето милениче. Подалеку од нив! #3 Алкохол Многу штетен и за луѓето и за животните. Никогаш не им давајте на милениците. Симптомите се исти како кај луѓето, повраќање, потешкотии во дишење, па дури и кома. #4 Авокадо Супер здраво за луѓето, но не и за животните. Содржи супстанца персин. Слична на отров за кучиња #5 Грозје и суво грозје Многу штетни за шивотните. Додека јадете пазете да не ви падне некое на земја #6 Кафе Кафето содржи кофеин и тебромин. Супстанци кој се опасни за животните. Му штетат на срцето #7 Лук Животните стануваат исклучително уморни и неможат да завршат ниедна задача зададена од сопственикот. #8 Гуми за џвакање Содржат многу шеќер штетен за непцата, содржи сустанца Xylitol која и тоа како е штетна. Гумата за џвакање може да предизвика блокади во хранопроводот и дебелото црево. #9 Сол Јадење премногу сол може да предизвика прекумерна жед и мокрење и да доведе до натриум јонски труење во домашни миленици. Симптоми се: повраќање, дијареа, депресија, треперење, зголемена телесна температура, и напади. #10 Луто Некои луѓе сакаат, но верувајте, животните не!
Пишав порано за епилепсијата, прелистај ќе најдеш.Не е наследна, туку се добива од некоја траума која ја добило кога било ептен мало или сл. пр. дечко ми ми има кажано дека неговото го гризнала мајка му како мало и демек од тоа му било.Инфекцијата не мора да значи дека ја има и твоето, ќе го проверат на ветеринар и ќе видат што како е.Не му се грижи толку веројатно штом досега е добро, ќе биде здраво и живо.
Го однесов на ветеринар,му направија крвна слика,се си е во ред нема ништо никаква инфекција но вет.ми рече ако сакам да му земам некои апчиња што се давале превентивно 2 пати годишно,но нема никаков проблем па не сакам и него да го трујам со апчиња.Само малку ми е подебеличок и ми рече да го ставам на режим а кутричкиот си сака да си подлапни па ете полека полека се навикнуваме.Му намалив на 2 оброци дневно и помалку му давам па ќе видиме како ќе биди малку ми е омалаксан сега не е толку весел ама ќе се навикни,морам за негово добро е.
Девојки значи вчера мојов мачоор стана татко. Мачката се омачи кај мене и има 3 малечки во кутијата. Ме интересира да прашам, каква им е исхраната, грижата, кога цицаат и после колку време може да почнат со лесна исхрана?? Во главно, ме интересира целата грижа околу новородени мачиња. Истава мачка лани ми се омачи со 4 мачиња меѓутоа не ги сакаше и не ги доеше асално и после тоа умреа едно по друго сите. Не би сакала истото и со овие да се случи
Ако овој пат мачката води нормална грижа за малите, тогаш твое е само на возрасните мачки да им обезбедиш редовна и добра храна и свежа вода. Мачињата само ќе цицаат и ништо друго не треба, а после 1 месец ќе може да почнат да јадат и друга храна покрај тоа што уште ќе ги дои мачката. Еве повеќе инфо од мене во овој пост (нешто дополнително тука).
дали на некое од вашите мачина му се има појавено паразитска-бактерија народски кашана како краста која се одразува со рани на одреден дел од телото и опаѓање на крзното и како дејствувавте?
Денес купивме куче и поима немам што да му правам. Првин беше мирно, но по некое време почна да цивка, едвај заспа. Ко опседнато е. И многу се чеша, изгледа болви има, па го иритира тоа. Што да му ставам да умрат болвите? Неподносливо е...
Во ветринарните има ампули за крлежи и болви (А и сега баш треба да се прскаат за крлежите),многу помагаат,јас имам 2 и двете ги ''мачкам'' со ампулите,ништо страшно само се нанесуваат на кожичката и малце се протријува и толку,траат 3месеца,а пред да се нанесат треба да се избањкате...А тоа што многу цифка,можда е зашо е малечко?(Ако е малечко) и му недостасува мајка му или домаќините каде што е било пред да го земете,вртај се околу него,чешкај го,играј го,ке му помине само да си има забава нешто