lightning123 Нормално е кутрето да цивка ,прв пат е разделено од мајката ,нови луѓе,нова средина сето тоа е голем стрес за него.Гледај денес/утре што повеќе да бидеш со него ,да осети љубов и топлина ,за два дена ке се врати во нормала . Што се однесува до ампулите баш ме интересира ,какви се тие ампули што штитат 3 месеца ? Jас колку што сум информирана ,а прилично сум, знам дека ампулата штити месец од болви, месец ипол од крлежи . И околу бањањето кучето треба да биде СУВО кога ке ја ставиш ампулата ,што значи 3 дена минимум пред тоа да не биде бањато .
Ампулите би требало да се продаваат во секоја вертинарна,во нешто ко епрувета пластично се сместени,а внатре течноста е сина по боја,јас имам 2 кученца лабрадор и пикинезер и редовно ги мачкам,сабајлето ке се избањкаме убаво,со многу сапуница и ке се потшишнеме,а вечер пред спикање ги ставаме ампулите и кома Инаку траат 3 месеци,али третиот и не траат баш најдобро така да некаде 2-2ипол месеци им е рокот,ама по-задоволна сум кога одам да ги прскаат со специјални течности и траат некаде 4 месеци,после 4месеци се прскаат пак само со друга течност,тоа доаѓа како терапија,сега го практикувам тоа некаде 200денари е за пикинезер,а за лабрадорот дека е поголем околу 300 и сум по-задоволна,а и може после пак да си се бањкаме,а со ампулите 3месеца ке трпиме без шлапкање у вода и ке бидеме ногу гадниии ...Ампулите се претежно за мали кученца
Ампули има и во пет-шоповите ,јас лично претпочитам сама да си ја купам и да си видам рок на траење и кој бренд е . Сите ампули функционираат на ист принцип ,го имаат отровот тако звани фипронил,ама сепак има разлика од ампула до ампула.Kао што има разлика од југо до мерцедес (најпрост пример) .
Па фрли го од тараса ако ти е неподносливо! Што сте земале куче ако не знаете да се грижите за него? Ај остај тоа, не знае секој, ама прва работа што треба да ја направиш особено ако купуваш куче треба да го однесеш на ветеринар да видиш во каква здравствена состојба е и да побараш совети во врска со исхраната и грижата за кучето. Мислам даваш пари за куче, а не знаеш што си купила ако не го однесеш на ветеринар, можам да замислам во какви услови го чувале тие од кои што сте го купиле ако има болви. Си купила куче, а не играчка, нормално е да цивка и да џавка, неможе само да спие и да е безгласно, мало е, му треба време да се навикне на нов дом и дека е одвоено од семејството. Треба трпение, љубов, желба и многу време за да се издресира куче, треба да му посветиш внимание да биде сакано, треба да му овозможиш среќен живот на кучето ако веќе си го земала на своја одговорност.
Би сакала совет од некого кој е запознат со "материјата".Се двоумиме меѓу шит-цу и малтезер...која раса е помирна,помалку лае и помалку ќе страда ако извесен дел од денот е сама во стан?
Ние редовно ставаме од ампулите, некаде од овој период па се до крајот на септември, се паѓа 2-3 ампули да потрошиме.Дејството треба да е 3 месеци правилно, ама никогаш не трае толку, моето најмногу 2ипол месеци е заштитено.Зависи од марката на ампулата и од тоа колку го бањате.Нема веза тоа дека не треба да се бања, зошто ампулата влегува во организмот и испушта некоја супстанца која ги одбива паразитите, ние го бањаме додека има ампула и уште дејствува.Препорачувам да купите и шампон против болви и крлежи и прд да му ја ставите ампулата да го избањате со него зошто оние кои ги има веќе на него нема да умрат од неа.Како и да е, безбедна е и практична.
Јас моето кутре утре ќе го бањам, ама со обичен шампон, баш и не е обичен Лореал , ама само оти сме дома, а шампонот нејзин против болви у Ск е, а морам утре да ја избањам пошто поручек ќе дојде ветеринар да ја прегледа, да и ставе ампула. Сакав да ве прашам дали вие некогаш сами дома ги потстрижувате вашите кутриња? Моето е црно и мало, мешанче од териер е, ама со долно влакно на некои места, скоро секаде, и јас сама ја потстружувам позади за да не се подмочува, но се некако криво ја фаќам, и изгледа малку како окубена на тоа место, а никогаш не ми остануваат пари да ја однесам да ја ишишаат како шо треба. Ако некој знае да ми помогне и да ми олесни како да ја потшишам супер ќе биде, крајно благодарна ќе ви бидам, а ако не, секако еве сега уклучувам јутуб да видам некои видеа да не има за домашен фризерај. И уште едно прашање, дали вреде од Грција да купам ланче против болви, т.е тоа е цела трака замотано, се купува само така, и ти сам дома сечиш колкаво и е вратчето, и има за многу долго време да и го менуваш тоа, ми рекоа многу ефикасно било, со тоа ременче, немало потреба од ампули и спрејови, па ако некој има искуство и со ова, нека пише.
Анушка,барем ако имаш некое Бекутанче такво нешто избањкај го,или земи само една кесичка од тие малите што се,нека е Ph неутрален. А,инаку мене вчера ми рече недела дена да не го бањам,и да не го галам на вратот кај што му ја стави. Веројатно важи истото и за градникот или?? Како да ја шетам,баш таму и се закопчува....
Не беше тоа планирано, изненадување за роденденот на сестра ми било. Јас досега не сум чувала милениче, така што не знам како правилно да се грижам за него.. Но, некако појдов по патот. Го проверивме, нема ниту болви, ниту крлежи. Имало некои лепенки закачено за задната нога, па од тоа го чешало. На колку месеци треба првпат да се вакцинира? Сега има 1месец и 20 дена, да не е премало?
И двете раси се супер,но сепак сум повеќе за малтезер. Секое куче што е само во стан ќе плаче,ако нема некој да седи со него боље ич не ни земај само мака ќе си видиш ќе лае многу.Сеа за оставање по 2 саати да не е многу и може да издржи.Си бара внимание секое куче и не сакаат сами да седат. Не си играј сакаш егзема да му направиш?Иди купи шампон за кучиња не го малтретирај со шампон кој што е премногу натрупан и со мириси и воопшто не одговара на куче. Уште денес однеси го на ветеринар да го провери,ако не можеш денес однеси го најбрзо што можеш,зашто време му е за вакцина мислам дека.И дали е прочистено?
Анушка, ние сами си го шишаме, џукелче е ама мајка му е пудла па нашето е на нејзе метнато и има долги кадрави влакна, јас сама не можам да го шишам, ама татко ми пошто е строг со него и тоа седи мирно, со голема ножичка и со чешел го крати.Финтата е само да седи мирно и да не мрда, јас еднаш го сецнав така од што ми бегаше, ама твоето ако се пали на шетање, стави му го каивчето и ќе седи мирно.Го фаќаш крзното го потеглуваш нагоре и шишаш. А за бањање и јас би ти препорачала да не го бањаш со обичен, туку земи бекутан, моето со бекутан го бањам кога ќе снема од неговиот и нема проблем.Со друг можеш да му ја оштетиш кожата.
Кучињата не се бањаат со шампони што ние луѓето се бањаме!..Оние Wash & Go или незнам кој таму,штетни се за крзното и за нивната кожа,премногу миризливи и јаќи,ке имаат првут низ цело тело,а влакната ке им станат суви и оштетени...Може со бекутан или шампон за миленици од ветринарните
Не ја избањав оти ветеринарот не е во Мкд, дури следната недела кога ќе си дојдеме пак, ќе ја прегледа и ќе и ставе ампула. Да, таман е за шампонот, и јас синоќа си размислив, како бе со Лореал, па тој е за фарбана коса си викам, со кој ум така одлучив , и ете ми се погоди да ветеринарот не дојде. Таман и во Ск, ќе си ја избањам со нејзиниот шампон и ќе ја ишишаме малку со ножици само, а да дојде лето, со машинка, имам таква баш, дечко ми ја користеше за него се додека не му купив јас професионална за роденден, па таа другата така стое и ќе купам само сечила ако треба и според 10 изгледани видеа на јутуб, ваљда ќе ја ишишам убаво, колку да не и жешко кога ќе дојде лето, па после секако пак ќе си пораснат. А за тоа ланчето против болви, никој ли ништо не знае? Ај ве молам распрашајте се дали е ефикасно пошто оваа недела ќе одам за Грција да знам дали вреде да го земам.
Сте им давале на кучињата спанаќ некогаш? Ми остана од ручек спанаќ со ориз па се мислам дали да и дадам, моево иако јаде се незнам дали смеат да јадат и спанаќ?
Зависи што раса е,јас на мојот пикинезер буквално СЕ му давам да јаде,а на лабрадорот готвено,конзервирано НЕ он си ја јаде само сувата храна за миленици Во овој случај нема ништо да му биде ако еднаш јаде,само зависи некој кучиња на одредени овошја и зеленчуци вршењето нужда им е потешко(ги фаќа запек)
Ирски сетер е моето. Јаде се, освен сеа благо и солени и зачинети јадење многу нормално дека не и давам тоа, досега намала ников проблем со храната што ја јаде, абе и марули јаде не е нормална
Еве една листа со продукти кои се означени како безбедни или токсични за кучињата. Се надевам дека ќе ви помогне, а спанаќот е наведен како безбеден ама секако не во преголеми количини.
Може да ми пратите некој линк со листа на токсична храна за мачките? Знам дека апчиња за луѓе несмее, sunfemina имаше постирано (мислам дека) во темава за колку се штетни. Никако да најдам линк за штетни продукти за мачките...