Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Еве листа со забранети продукти за мачките. Надополнета листа има и тука, а јас би додала и за мачиња и кучиња внимателно со давање на готвени јадења и манџи кои содржат зачини, запршки, кромид, лук, додатоци и сл. или се расипани од долго стоење.
     
    На Papillon.Papi и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. Gremleenka

    Gremleenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Ве молам за совет. Во моето маало има многу кучиња за кои се грижам и ги хранам и денеска забележав дека на едно од кучињата му се многу црвени очите, крвјосани. Викендов не бев тука, не знам дали тоа трае од петокот, затоа што последно тогаш го видов ама немаше ништо или денес се случило нешто.
    Дали некој знае од што може да е тоа така, што можам да направам освенда го однесам на ветеринар затоа што навистина немам можност за тоа, а греотка е кученцето така. Инаку не забележувам некои дополнителни промени кај него, си јаде нормално, се радува, скока кога ќе ја види храната.

    Многу би ви била благодарна доколку ми дадете некој совет.
     
  3. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28

    Доколку не се сложува со мачињата од нив му е :lol: Ние (пикинезерчо мој) имаме вечен проблем со мачките кои многу сакаат да не грепкаат по очињата,дури недела дена се лечевме оти ни течеше крв од очињата :( Однеси го на ветринар,затоа што може посериозно да стане-како например инфекција или недајбоже голема повреда на окото и губење на видот ако не се спречи тоа црвенило :)

    Инаку јас имам едно прашање,за изложба на кучиња-Имате некоја страна/форум/сајт кај шо излегуваат датумите и местата на одржување на изложбите?? :)
     
    На Gremleenka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Тука ги имаш сите потребни информации за изложби. :)
    http://ksm.org.mk/
     
    На UltrasGirlMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Дајте ми совет, имам куче пекинезер, помалку од годинка има.
    Околу 80 % е пуштена, мн малку ја врзуваме. Сега имам проблем почна да им се пушта на луѓе во нозе, им се сипува, ја карам и веднаш ја врзувам. Што да превземам, како да и ја искоренам таа навика.
     
  6. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Го имам и јас истиот проблем,не е до тоа што не е под ланец па сега оти е пуштена им се пушта во нозе на гостите,сите што ги познавам скоро сите пикинезери се исти,едноставно кога некој ке дојди земи ја во раце и кога ке седнат тогаш пушти ја да им се израдува,или пак предвреме извести ги...Пикинезерите така им се радуваат на луѓето,а ние не само што им се плеткаме туку и им скокаме по нозе,па не ни одбегнува и хулахопка да скиниме или нозе да изгребеме...А ако не бидува ни така,под ланец додека има гости!! :!: :D :lol:
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Луѓенца ај една мала помош ако знае некој од вас. Чувам папагалче тигрица и од вчера вечерта нешто како болно да е. Не јаде, не свири, само седи во едно место и спие :( Дане знае некој што да му дадам ?
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Однеси го на ветеринар, ќе ти каже кои капки да му ги даваш. Знам, зошто и мојот папагал така правеше. Од променливото време е и тоа го чувствува. Давај му повеќе јаболки и круши. (капките се ставаат во водата негова и се капнуваат околу 5 или повеќе капки, ќе ти каже ветеринарот, јас точно не знам зошто одамна беше тоа)
     
  9. Gremleenka

    Gremleenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Се самоцитирам за да споделам што направив јас, па ете можеби некогаш ќе биде од корист мојот совет на некоја феминка.
    Бидејќи кучето е големко ниту еден таксист не сакаше да го качи во кола, дури ни во гепекот. Па така морав да се јавам во ветеринарна станица и им кажав за проблемот. Оттаму ми кажаа дека овој период тоа често се случува кај кучињата и мачките затоа што се јавуваат алергии и ме советуваа да му ги мијам очите со чај од камилица, нормално нели изладен и ако не се повлече црвенилото по 3 дена да им се јавам пак. Но за среќа, црвенилото се повлекува, кутрето е добро :)
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Проблемот е што папагалчињата имаат многу слаби срца,па ако може некако да се јавиш и да добиеш совет преку телефон а да не го носиш уште поубаво.Може да ти умре од стресот,инфаркт ги мава ептен..
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Јас кога го носев моето (со кола го носев) го држев кафезот во раце и ги извадив сите работи од кафезот што не се прицврстени за кафезот. И ништо не се случи, го однесовме на вет и го вративме назад. :)
     
  12. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Среќа,изгледа твоето јако е :lol: .Јас тоа што го чував,што го преместував од детска во дневна ми се онесвестуваше од страв а не па на вет да го носам :lol: :lol: :)
    Исто Tamarce гледај да е топло времето да не е многу ладно,да не го пресече времево ,ептен се нежни.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Се јавив на ветеринар, ми рече да сум му давала по малце парацетамол со вода помешан, па се надевам дека ке му помине :)
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Кој ветеринар ти го кажал ова? :^) Под хитно да си ја фрли дипломата во канта! Или незнаел што да ти каже само за да те откачи, или ти си го измисли ова, или докторот нема појма од животот. АПЧИЊА НАМЕНЕТИ ЗА ЛУЃЕ НЕСМЕАТ ДА СЕ ДАВААТ НА ЖИВОТНИ!
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    А каде може да ги купам овие капки што ги спомнавте погоре. Ги има ли во пет шоповите или само кај ветеринарите ?
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Се сетив на капките. Во аптека ги купив јас, за домашни птици се наменети (живина) но и за папагали помагаат. Побарај им капки за живина, ќе ти ги дадат, нема други. :hai:
     
  17. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Hellpppppppp :tmi: Моето кученце (пикинезер) последниве 2-3 дена се расшетува низ маало,не знам сигурно каде оди,али мислам дека иде кај кучката шо пред пола година ги паревме...Го прашав човекот,а тој ми вика ''ее да,го видов тука пред продавница беше али незнам кај отишол'' |( Не сме врзани на ланец никогаш освен кога се шетаме,цело маало го знае и си шетка,значи не е под ланец никогаш секогаш е слободно пуштен и го нема цела вечер,а утредента си иде целиот мокар :^)
    Што да направам за да го одвикнам да не иде кај кучката :?: Газдите на кучката не реагираат очигледно е дека ме лажат,а јас не сакам да го држам под ланец,стар е а и многу нервозен (9 години) и незнам што да правам,страв ми е да не го затворат или да го отрујат таму ;( :sweat:
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Мислам дека му е дојдено времето за кастрација ако е 9 години. Веќе нема потреба да се пари. (според мене) Ако не сакаш, ризикувај... :?:
     
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Каков парацетамол бре читам и се чудам.На моја другарка и умре кучето од парацетамол,зашто парацетамолот предизвикува потење,а кучињата и мачките немаат потни жлезди,и им предизвикува срцев удар тоа ветеринар ми го има кажано.Така да ПАРАЦЕТАМОЛ НА КУЧИЊА И МАЧКИ Н-И-К-А-К-О
    Луѓе во 2011 читав сте збореле за фризерски салони за кучиња :D Сакам и моево да го однесам,има ли некој што си го носи кучето во ваков салон?Кој е најдобар,ако може да ми препорачате и цена од прилика? :)
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Јас знам за еден фризерски салон, во Капиштец, во Т.Ц. Беверли. Фризерскиот салон е Астор, на приземје е.