Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    мојата хаска е скоро 5 месеци и цело време кога врне дожд го имам приметено дека квиче ,дали се плаши од дождот или што може да е? Најаден е ,има вода ... иначе го чувам надвор си има куќичка ,а он кога врне пак стое надвор :worried: како да го научам да влегува во куќата ??
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Сигурно е премногу педантен, па не сака да му биде мокро крзното. :wasntme: :lol:
    Шала на страна...
    Кога ќе биде гладен стави му ја храната во куќичката и ќе влезе. Барем се надевам дека ќе влезе... ако не влезе тогаш сменете му ја куќичката... незнам што друго да ти предложам. Ајде, можеби останатите ќе имаат идеја ако план А не функционира. :D :tmi:
    Сигурно е премногу педантен, па не сака да му биде мокро крзното. :wasntme: :lol:
     
  3. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    И моето на дожд седи надвор иако сум пробала и со храна во куќичката и се :?: . Но најверојатно излегува од куќичката само кога има некој надвор бидејки сум приметила и во 3 сабајле да излезам надвор и тоа излегува од куќата без разлика дали е дожд или снег, никогаш не е во куќичката кога има некој надвор. Така да не се грижи сигурно кога вас ве гледа надвор и тоа излегува. :)
    А за квичењето исто е нормално дожд е вода паѓа, а обично кучињата не сакаат вода. А и мало е па сигурно сеуште му е чудно. :D
     
  4. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Имам малмутче веќе 8 месеци, до 6 месеци го чувавме дома и еве сега се учиме да биде врзан надвор до куќичката но некако тешко оди, понекогаш е многу мирен но некогаш кога почнува да лае, цело маало ечи од него, може ли да ми кажите како да го научам да не лае моето кученце, исто така сакам да прашам кој е најдобар шампон или спреј за остранување на крлежи и болви, оти сиромавиот беше една недела кај баба на село е целиот е полн со крлежи колку бомбони, подоцна ќе го однесиме на ветеринар, но сакам и консултација од форумов, ако некој се има соочено со истиот проблем :)
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не можеш да го научиш да не лае. Тоа е куче, тоа му е природата и си лае. Ај ти пробај да не збориш... Можеш? Не можеш. Така и тоа, на таков начин си искажува што си има да си каже. :)

    Лае затоа што сте го оставиле надвор, а претходно бил навикнат внатре. Штом не можете да го чувате внатре тогаш барем нека не биде врзан надвор. Или па ако немате ограда во дворот барем ставете му долг ланец за да може слободно да си шета низ дворот. Некако направи за да се чувствува послободен. А и шетањето тука многу влијае. Ти ако го оставаш цел ден врзано надвор и не го ни шеташ, кучето почнува да збеснува зашто му треба слобода, му треба да се истрча. Ако веќе мора да биде врзано надвор тогаш барем два пати во денот треба да го шеташ.

    А за болвите и крлежите мој совет е веднаш да го однесеш на ветеринар. Знам дека се ставаат ампули ама тоа е превентивно за да не фати крлежи и болви, а твоево веќе ги има паразитиве така што најверојатно ќе треба нешто појако да му се стави за да се исчисти целосно. Тоа мора ветеринар да ти каже и да те посоветува, јас не сум стручна за тоа. Ама не чекајте, носете го веднаш. Тоа и за вас е премногу опасно, не дај Боже да почнат тоа крлежите да се размножуваат и да пукаат, цел двор може да ви се наполни. Премногу е опасно тоа.
     
    На nonamefanatic му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mihaelamika

    mihaelamika Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    ПОМОШ ФЕМИНКИИИИ!
    Имам малтезер (малтешка пудла) и има 7 месеци. Незнам колку треба да јаде и дали мора само кучешка храна? Моево јаде како за 6 луѓе, а доколку не му дадеш те гледа со тажен поглед и почнува да завива :lol: Пишете во ЛП или тука :D
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Прво, запознај си ја убаво расата што ја чуваш... малтешка пудла е кикс... :D
    Малтезерите се раса која припаѓа на групата бишони. Има француски бишони т.н. Бишон Фризе и Малтезери. (тие два вида бишони ги има во Македонија)

    За исхраната е доволно да јаде 3 пати на ден. (ако сум грешка, поправете ме) Може да јаде месо зготвено без сол и зачини, кучешка храна (дехидрирана и во конзерва) и ориз. (се разбира без зачини или сол) Не смее да пие млеко и не смее да јаде копан од кокошка или риба. Исто така, овој период растат лалиња што се жив отров за кучињата и ти препорачувам (ако имате во двор) да ги преместите на не дофатливо место за кучето или фрлете ги.
    Воздржувајте се на неговиот/нејзиниот поглед ако сакате подолго да живее и да биде подолго со вас без да ви прави проблеми. :)
     
  8. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Девојки еден совет ако може..

    Чувам мачор,нема година дена уште,и по се изгледа дека е затруено. 2 дена нема јадено и пиено скоро ништо,цело е малаксано и повраќа. Бев во ветеринарна аптека на консултација и ми дадоа едни црни таблети,медицински ќумур.Арно ама,не можам да го натерам да го испие,одбива,пробував безброј пати.

    Да го однесам директно на ветеринар,па да пробаат нешто со инекции,или да продолжам со таблетиве ?
    Некое искуство ?
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    И јас требаше да давам на мојата мачка апчиња кога ја стерилизиравме. ѝ го виткавме апчето во саламче и јадеше. Но, незнам колку е сигурно така, па вака:

    1. Стиснете му го крајот на вилицата и устата на мачорот ќе се отвори;
    2. Пикнете го апчето во устата на мачорот;
    3. Држете ја цврсто затворена муцката на мачорот со рацете додека не видите како го проголтува апчето.

    И мислам дека зборуваш за медицински јаглен. :)
     
  10. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Да,медицински јаглен.Ќумур по наше Кумановски. :D
    Јас го толчев апчето и со ептен малце млеко,колку да може да го испие.Ама не оди никако.
    Ќе пробам како тебе.Фала. Поздрав
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    И, не му давај млеко, ни под разно. Ги згојува мачките и предизвикува дијабетес.
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Гледаш дека нешто не е ок и прашуваш дали да го носиш на ветеринар или да продолжиш со таблети кои можеби немаат врска со проблемот??? Плус па се сомневаш дека се работи за труење...

    Па добро што чекаше до сега? Зошто не го однесе на ветеринар? Гледаш како се мачи и си прашуваш по форуми дали на ветеринар да го носиш... Значи навистина сте некогаш несовесни. Како сакаш сфати ме ама ова не во ред. Јас мачорот мој го гледам како бебе, секој ден гледам колку јаде, дали вода се напил, колку се напил, одам по него надвор кога ќе излезе зашто ми е страв некој нешто да не му фрли, пратам како се однесува, дали е весел, дали не е, да не спие многу, му го гледам телото случајно да не е повреден нешто... А ти чекаш два дена, мачето ништо нема јадено, ќе ти дехидрира без вода и храна, повраќа, а ти уште прашуваш дали да го носиш на ветеринар... :x

    Не знам, или сум јас премногу поврзана со мачорот мој па го третирам како дете и мислам дека сите така треба или вие па ич не се замарате и тоа е ок. Или моево не е во ред или вашето, нешто има.
     
    На Lella, The.Pink.Angel, sunfemina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    не се породи незнам што е проблемот искрвари целата валјда ги изгубила мачињата...
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Како така „ги изгубила мачињата?!?! Под итно на ветеринар! :!: :!: :!:
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Сакам да ги прашам оние што чуваат куче, што му даваат од овошје и зеленчук и дали свежо или варено?
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Можеби ова ќе ти помогне околу изборот.
     
  18. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Кученцето мое од вчера го боли ногата :(
    Не бев дома,тој беше излезен надвор низ двор вечерта кога се прибрав си легна у кочнишка и си спиеше,а утрово коа станавме почна да цивка и си ја дига десната предна нога,неможе да се врти додека спие,не оди,мирен е мнооогу ( а порано не даваше да го милуваат,да го земаат во раце ржеше,лаеше,а сега ништо не прави само гледа со очињата ) го носев на ветринар,а од вентринарот ни В во него нема,инекции ке ставал тој скршена била,а нема врска не му е ниту скршена ниту напукната туку напред му е отечена го фаќав јас него за нога и знам дека не му е напукната или скршена,не сака ниту да јаде ниту вода да пие ... :x :doh:
    Некој совет ??? ;(
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Барај второ мислење. Однеси го на друг ветеринар. Што побрзо, тоа подобро. Штом не си сигурна во дијагнозата не чекај. Може да има трајна последица доколку не се реагира брзо. :)
     
  20. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Ајде ајде,не припадај многу и не осудувај веднаш!Вртев на ветеринар и ми рече да продолжам со таблетите,тоа е причина зошто не го однесов.