да на оваа храна мислам ) хахаха ја јадеше.. ама после си продолжив да му давам ројал.. нз.. ке му купам некоја др.. ама мислам дека сеа од апчето ке биде боље.. а еднаш дневно да му дадам апче или двапати? иначе дома ми кака.. и моча ама на пелена.. ок лесно е за чистење.. само ме нервира.. се надевам дека коа ке почнам да го шетам ке кака и мочка надвор.. ))
Тие ампули се наменети за кутриња НАД 3 месечна возраст. Али ти нема потреба да му ставаш ампула бидејќи нели сеуште нема примено ревакцина и несмее да излегува надвор, така да нема од каде да ти вати болва или крлеж. Ревакцината се става 21 или 28 дена (во зависност од производителот) по примањето на првата вакцина. Значи ако ветеринарот ти рекол да го однесеш на ревакцина по 21 ден, значи ти треба да го однесеш на 29 март на ревакцина. После примањето на ревакцината почекај уште 1 недела и ќе можеш да го шеткаш и тогаш ќе му ставиш ампула.
Баш ми е мило што си се пожалила а и други луѓе што се пожалиле на анкетата заради тоа што не не пуштаат со кучиња во автобус. Се надевам дека ќе се превземе нешто. Или ако не даваат во автобус, барем нека направат такси за кучиња. Инаку во врска со храната што и ја дава alison на нејзиното Малтезерче, alison избегнувај да даваш третокласна храна на твоето кутре. Таа Pedigree (во жолта амбалажа што се продава) воопшто не е квалитетна и честопати ствара проблеми. Ројал канинот што му го даваш на кутрето е одлична храна, но ете некојпат се случува да неможат сите организми да ја поднесат, па затоа како алтернативни исто така многу квалитетни и добри храни би ти ги препорачала Eukanuba , Purina ProPlan , Bosch , Belcando .... Ако не му одговара Ројалот на кутрето тогаш пробај со некоја од горенаведениве храни. Исто така до сите членови сакам да се обратам и да им кажам да ја избегнуваат конзервираната храна и онаа во кесички со сос, бидејќи содржи многу вештачки материи и само 4% месо. Мнооогу подобро е да му дадете на вашето куче една порција варен ориз со пилешко месо отколку да му купувате конзервирана храна која во себе нема никаква хранлива вредност и тие парченца месо всушност не се ни месо бидејќи нивниот состав е само минимални 4% месо.
Хехе, епа да, скоро и да непостои прашање а јас да не го знам одговорот во врска со кучињата. Имам познавање и од акваристика, хрчачиња, папагалчиња, желчиња, мачиња.... Али кучињата ми се на врвот и најмногу знам за нив. А гледам дека и форумов стекна доверба во мене и сите чекате јас да ви дадам одговор и сите прво мене ме прашувате за мислење, а мене баш ми е мило што имате доверба во мене а и самите членови гледаат дека советиве што ги давам се професионални.
Доберман мене баш обратно ми е со хранава за кучиња, кога му давам Ројал Канин испушта многу гасови а од Педигрето ништо, мислам на сувата храна, конзервирана не давам, и во што е лоша Педигрето ако може да ми кажеш... Исто имам купувано и од една германска храна, во кам маркетите се продава во голема вреќа Амиго пишува на неа само не го знам производителот, кучето ја обожаваше таа храна има и житарки во неа, мене ми беше малку сумлива во квалитетот заради ниската цела 800 ден за 10 килограми, па не зимав таква повеќе, ама кучето многу ја сакаше, ако знаеш нешто за таа храна напиши (неможам да најдам слика на нет, зелена е опаковката) И уште нешто... сериозно би го пикнале кучето во автобус? За луѓе нема место уште па и кучиња фалат, јас сум против тоа
И јас сум против тоа кучињата да се возат во автобус. Уште тоа фали кај нас. Има пример во Лотус специјално такси за кучиња, ама како што ми кажаа е доста поскапо Иначе јас сум слушнала лоши зборови за Педигре храната. На моето сум му менувала многу, ама има една сега што многу си ја сака, мешавина е има говетско, телешко, јагнешко, риба и не е скапа, а он си ја сака. И му даваме такви зрнца за доручек. А за вечера оној главниот оброк е домашна храна. И сметам дека треба секое куче да јаде домашна храна, како што за нас луѓето нема поубаво од домашна храна така и за кучињата верувам. Е сега не му се дава се, свинско избегнуваме освен ако е некое чисто место, пилешки коски никако, ама затоа стекче си обожава, манџи секакви сака, помфрит не му даваме зашто го повраќа, риба туна сака многу, а ако јадеме ние некоја дома му чистиме од коски и таа си ја јаде, јаде ориз, макарони, пире, најинтересно обожава сарма таа му е деликатес Најчесто чисто месо му сечкаме на парченца, лепче дробиме, го преливаме со топла вода оставаме да постои 5-10 минути да омекне тоа, некогаш му ставаме и пивски квасец во храната и тоа како чорбичка си го јаде
аха.. па и на 29ти ке одам и значи после недела дена можам да го шетам .. и да му земам ампула.. а и ке има веке 3 месеца иначе за хранава да се надоврзам.. он ја јаде.. ама незнам дали е можно од неа да му се ствара пролиф.. :/ а за оризот ме интересира како само да му го сварам и да ставам малку сол и толку или без ништо само варен..? и за останатата домашна храна.. дали нешто би му штетеоло што е зачинета,.? или нема никаква врска.?
Алисон јас на моето му готвам речиси секој ден. Му варам ориз со секаков зеленчук внатре- морков, компир, пашканат, некогаш брокула, зависи што има во фрижидер, тоа ставам го јаде со лепче. Му правам и палента, ја јаде измешана со јогурт и јајце варено. Му варам и гриз, ама не го сака мн мн. Му правам бисквити, најдов рецепта за нив на нет, баш за кучиња. Немој многу зачинета храна, јас му ставам само пола лажичка вегета, што и да му готвам. Ми кажаа дека ориз е мн здраво да јаде.
Педигрето е многу слаба во составот, има многу мал процент на месо и хранливи материи во неа и содржи многу вештачка боја. Знам за која храна правиш муабет таа што се продава во КАМ маркетите. Таа е па уште полоша и од Педигрето, нели Амиго се вика 10 кг зелена вреќа со кафеаво куче од расата Ирски сетер на вреќета насликано. Дури не е ни 800 денари, цената е околу 650 денари за 10 кг. Значи јас секогаш препорачувам доколку ги храните кучињата со сува кучешка храна (зрнцата) да им купувате квалитетна што содржи добар процент на месо и хранливи материи. А доколку неможете да си ја дозволите квалитетната храна, бидејќи нормално е поскапа, тогаш домашно готвената храна е далеку подобар избор од ефтините суви храни за кучиња како што се Педигре, Фрискис, Дарлинг ,Чапи, Амиго.... Инаку во врска со автобусиве, да јас се согласувам кучиња да се превезуваат во автобус, или барем нека се направи крајот на автобусот за кучиња, бидејќи не секој може да си дозволи секој ден да плаќа такси само заради тоа што не го пуштаат во автобус со куче. Што се однесува до мене, јас дали 5 пати во мојот живот сум влегла во автобус, си имам своја кола или во ретки случаи користам такси.
Можеби организмот на кутрето неможе да ја прифати храната, тоа што Ројал канинот е квалитетен не значи дека на сите кучиња им одговара, па затоа ти напишав кои останати квалитетни храни да му ги даваш и види која од нив најмногу ќе му одговара. Во оризот можеш да ставиш сосем малку сол. Значи вака, мал милион пати имам кажано на форумите, али пак ќе повторам. Под домашна храна се подразбира, храна специјално спремена за кучињата, значи без премногу зачини. Многу луѓе под домашна храна подразбираат давање на храната што останала од ручекот, епа ако кучињата ви личат на канти за отпадок давајте им го вашиот преостанат ручек кој што е наменет за фрлање во канта. Таквата храна што ние ја јадеме за ручек не е добра за кучињата бидејќи содржи зачини (иако тие зачини за нас луѓето се во нормална количина, таа количина на зачини за кучињата е преголема). Таквата нездрава исхрана за кучињата, ќе имаат последици на старост, како на пример намален вид и проблеми со бубрезите а се е тоа предизвикана од многу зачинетата храна. Затоа ако давате домашна храна правете ја специјално за кучињата, а не го давајте вашиот ручек кој што е наменет за во канта.
Доберман ние неколку пати само му имаме зготвено стекче и орисче само за него, на прсти да избројам Обично правиме јадење за + уште еден и тоа му го даваме на кучето. Или бидејки татко ми работи во хотел па тоа што останува од кујна исклучиво чисто месо му го даваат и со лепче како што кажав му го даваме. Иначе дома ич не сме по зачините освен сол и тоа јадаме речиси несолено, вегета и бибер. Баш разговарав со ветеринари и им кажав со што го храниме, со тоа што ние јадеме, и сите ни рекоа дека тоа е и подобро од чисто готова храна. Искрено немам јас средства да му правам посебно нему храна секој ден. Повеќето луѓе немаат услови за најскапа купечка храна, па да му готвиш специјално храна, па маникири, педикири, бањања, специјални апчиња шампони бла бла... А сами знаеме дека има кучиња кои јаделе баш канта, отпадоци од јадења, па живееле 15 години. Има кучиња чувани, мазени пазени кои живееле прекратко. Не е секогаш храната причина за болести. Нормално треба да се знае што може а што неможе да јаде кучето, не даваме се што јадеме, нели не смее пилешки коски, пример кај мене помфрит, салами не, презачинето, ама манџи, ориз, риба, месо, сарми, полнети пиперки, мусаки, тестенини... се тоа мав прави. Секој сам си одбира како ќе го храни кучето, али не осудувам никогаш за тоа како го хранат некои кучето, битно е да не е гладно и жедно. Некои луѓе обожаваат кучиња и издвојуваат малку од нивниот леб и одвојуваат малку од нивната вечера за кучето. Има многу поважни работи од тоа дали ќе јаде храна од 50 евра или компир манџа да речеме. Битно е да е сакано и чувано кучето.
^ rossonerka мојот пост воопшто не се однесуваше за тебе , бидејќи таков впечаток добив, како да сакаш да ми објасниш зошто го храните со домашна храна. Нормално секој ќе си го храни своето куче како што си сака и немора мене да ме послуша, јас само кажав што е добро за здравјето на кучето. Значи јас општо зборам за луѓето што им даваат од храната што е наменета за ручек, таквата храна е презачинета за кучињата. Инаку во врска со скапата храна кажав јас зашто неа ја препорачувам, поскапата храна е поквалитетна и содржи поголем процент на месо и хранливи материи во неа заразлика од ефтините храни што скоро и да немаат месо и хранливи состојки во нивниот состав. Да, се сложувам со тебе дека храната не е пресудна за болести , но сепак придонесува за тие болести.
утре ќе одам.. до рам.. има таму на ројал..храна и има исто уште еден вид за кученца од 2 до 10 месеца.. и мислам дали да зеам на пр. пола кило за да пробам.. дали ќе ја јаде .. па да му ја мешам.. зашто јас искрено несакам да го научам да ми јаде домашна храна.. а и моите не сакаат... мислам дека е во секој случај подобро да си го хранам со кучешката храна.. ако треба и секој ден ке му ја мешам ке му давам најизменична.. ама нз.. не би сакала да ми се научи..и понекогаш.. да му давам.. нешто така лесно.. од зготвената храна.. а доберман каде можам да најдам.. на нет.. или сл. на пример рецпти како да му спремам.. ? а и денес.. приметив.. дека е мн пораснат и разбира.. јас и братми јадевме од мц.. и он дојде застана до нас и не гледа и сака .. хахаха а имаше у тањирчето храна. а каде можам да ја најдам оваа другава храна што ми кажа дека е подобра.? од каде да купам/? во која продавница за кучиња? ))
Мислам дека во Рамстор ги нема квалитетните храни што ти ги набројав. Подобро оди во Фауна центар (се наоѓа кај мечос пица , блиску до соборниот храм). Таму има голем избор на храни. Може да му земеш 1 кило колку за проба, али сепак немој многу често да ги менуваш храните. И не е добро баш да му даваш само кучешка храна, јас на мојата Пудла секогаш и давам 2 пати неделно домашна готвена храна. За рецепти нема некоја посебна филозофија, ти кажав што од домашна храна смееш да му даваш и да не биде премогу зачинета.
Домашни миленичиња Ние досега кутрето го шишавме сами, ама сега сакаме да ја однесеме на некој фризер. Барав на интернет фризери за кучиња и најдов повеќе, ама сакав прво овде да прашам дали некој од вас веќе го носи своето куче на фризер и како сте задоволни. Ме интересира и отприлика колку се движи цената ако имате информации. Само не ми е јасно како ќе се справи со мојава пекинејзерка дива, ама вреди да пробаме Ако имате било какви информации, ве молам пишете. Однапред благодарам
Домашни миленичиња И јас треба моето да го шишам, па ми предложија да ја однесам во Тафталиџе (каде поточно незнам) А за цената само за шишање би требало да е до 600ден,а доколку сакаш да го бањаат уште 400ден и се на се околу 1000 ден
Домашни миленичиња 600? Јас пак очекував околу 800-900 да е. Една комшика го шишаше за толку пари кучето, ама тоа пред неколку години, сега сама го шиша, па не можеше бројот да го најде за да ми го даде. Ама како и да е- си најдов поефтина варијанта Ако најдеш контакт телефон за во Тафталиџе, пиши ми го