Да можам, на ваквите како тебе би им забранила да чуваат миленици. Имате среќа што живеете во Македонија, да сте некаде настрана каде што има ригорозни закони за животните ќе видиш дали вака ќе правиш и ќе збориш. Ќе трчаш да го однесеш на ветеринар. А и тој ветеринарот што преку телефон ти кажал дијагноза, а притоа нит видел, нит знае што му се случува на мачето исто така треба лиценцата да му се одземе. Срамота. Како не ви е жал јас не знам. Само се прашувам кога и кај нас ќе дојдат некои закони (а ќе дојдат, кога-тогаш), па да ве удрат по џебот, да ви се заканува затвор, па да видите после како ќе ја смените политиката. После ти ќе припаѓуваш.
Шшшш... има и побетер... ова не е ништо за разлика од тоа што сум го видела.. а мачето сигурно е затруено од некое цвеќе од двор или дома. Ако беше затруено од човек, до сега ќе беше мртво. Единствено може да изело расипана риба.
Јас ваквите ситуации не ги делам на "бетер" и "побетер", за мене секоја несекојдневна реакција на миленичето е аларм за нешто. Како што мене кога ме боли глава значи нешто, така и миленичето кога не јаде доволно во текот на денот има нешто што му претставува болка или мачнина и треба да се реагира. Зарем треба да се чека да легне и да се однесува безживотно па за да реагираме? Сте се научиле, за секоја ваква реакција на животното, одма "отруено е". Од каде знаете? И тие можат да фатат скоро исти болести како нас луѓето, може се' да му биде, ама затоа треба на ветеринар да се однесе. Како и да е, очигледно некако различно ги гледаме работите. За мене животните се исто како луѓето, ама баш исто. И кога чувам милениче го чувам исто како дете, ако мислам да не се замарам, подобро да не го купувам. И тоа "шшшш" некако не личи да го кажеш или напишеш на видно постар од тебе.
Кутренцето мое се плаши од вода... Едвај ја бањаме по тројца. Не ја бањаме во длабоко, само до грбот да и е потопено телоо, ставаме шампон, протрлуваме, ја изнесуваме од мијалникот, ја поливаме со вода, ја бришеме со чиста крпа и готово. Незнам што ѝ е проблемот. Од првиот пат како ја бањавме, постојано така. Дури и ако има истурено вода на скалите не поминува сѐ додека не се целосно исуши. Со страв ги гледа мокрите места. Ако некаде во дворот е мокро, а се брза, обиколува одоздолу за да стигне на посакуваното место. Што е проблемот? Што да направам за да не се плаши?
Супер ја бањате, само треба да знаеш дека сѐ е до карактерот на самото куче. Некои кучиња се плашат од вода повеќе од мачките... на пример, џабе ти е да имаш португалско водно куче кое се плаши од вода, а ти треба за лов... Јас сакав да ја бањам мојата мачка, но се премислив зошто видов дека можело и со влажни марамици... ТИ НЕ ГО БАЊАЈ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ, КУЧЕ Е ТОА. И мојот план за како да ја внесам во када без да се буни беше со тоа што и нејзината омилена играчка ќе ја однесам со неа, така да ќе обрнува повеќе внимание на играчката одколку на водата. (така го надмина и стравот од влегување во бањата) Лесно е. Само донеси нешто што ќе ѝ го одвлече вниманието повеќе од водата. Се надевам дека помага советов.
Тоа што сакав да ти кажам е да се смириш малку... не е вредно да се замараш за вакви работи по форуми. И јас само претпоставував, не мора веднаш да се избувнува. Смири живци, не е тешко тоа за тебе. (за мене е потешко кога се нервирам, ама се трудам) И не се милениците како деца. Еве ако маче е многу мало, во кенгур или количка да се носи треба? Животните бараат многу поразлични работи од нас, што значи дека не треба да се третираат како луѓе. И на форумов не се сите еднакви? После, денешната младина дискриминирала...
Дејдрим дај па и ти не се потресувај, маче е голема работа ако умре! Како лежерно си го напиша тоа, ко да не се работи за живо суштество, абе мене ми е повеќе жал цвеќе ако ми овене одколку на неа за мачето. Прво немој тука да лажеш и да не мавташ дека си била на ветеринар и дека тој ти рекол цело време да му даваш активен јаглен, тоа се дава само еднаш колку да поврати миленичето тоа што изело, ако има потреба и повеќе пати се дава, ама само додека не се исповрати. Нема шанси тоа да ти го дал ветеринар како лек затоа што тоа не е лек, а ти незнаеш ни што е тоа ни за што се користи ама битно му даваш секој ден на мачето. Срам да ти е, не заслужуваш никој да зависи од тебе! Се надевам дека еден ден ќе се воведе зоо полиција и во оваа смотана земја каде што за се најглупо има закон, а за тоа што треба нема. Знаат да ти пишат казна ако шеташ миленик по трева низ парк, ама незнаат да казнат човек што убива или не се грижи како што треба за миленк! И да биде уште по трагично ќе навлезам и во политика, на никој од партииве не им текна да вметнат нешто такво во кампањите битно знаеа да си се исповреѓаат како што им доликува. Одвратна средина!
Откога го купивме малтезерот мајка ми почна да кива и и тече носот па пие апче Лоратадин за алергија. А пред да го купиме кучево ни рекоа дека не прави алергии. Можно ли е да е од него?
Можно е ама и не мора да значи. Татко ми пред неколку години излезе алергичен на папагалчето (односно на пердувите од папагалчето) кое го чувавме околу 8 години. Претходно ништо не му беше и одеднаш алергија. Пред еден месец исто повторно на татко ми му се појави пак алергија. Докторот се сомневаше дека можеби е алергичен на мачорчето што го чуваме веќе 7 месеци. Кажа дека е многу веројатно и на животни многу луѓе биле алергични. Фала му на Бога излезе дека не е од тоа. Како и да е, најдобро е мајка ти да си направи алерго тест и ќе знаете на што е алергична и дали воопшто се работи за алергија. Можеби е алергична на полен. Не мора да значи дека е од кутрето. Ама мора тест да се направи за да знаете, без тест ни доктор не може да ви каже за која алергија се работи.
Му купив на кученцето некоја ампула против болви,вошки и габички..Ме интересира колку е безбедно да биди околу нас,да не се испотруеме сите и колку е безбедно да лижни од тоа доколку по грешка му прснам кај муцето или ако лижни од водата што го прскам. Се чешаше цело време на едно исто место и изгледа има некоја инфекција габична на кожичката. А да,течноста мириса на газија..
Ампулата се става само по должината на рбетот, од причина што кучето не може да се лиже. Од кога ќе се ставе 24 часа не треба да се бања. Како е тоа изгледа ? Види убаво дали има некои промени на тоа место, како што е поретко крзно, промени на боја на кожа, првут итн. Доколку има веднаш на ветеринар, поубаво е навреме да се открие.
Нема ништо на кожата.Нема ни црвенило ни првут и ветеринарот не знае што му е и ова е како превенција.Јас го искапив вчера како за беља за денес да го однесам на вет. и сега кога можам пак да го искапам а ми рекоа по 5 дена пак да го напрскам.Значи ампулата е растворена во 1.5 литар вода и турена во прскалка.Затоа ми е шубе да не прсни некаде погрешно и да му оди во муцето...Ништо незнаат да објаснат како што треба...
Офф, ова што го кажуваш мене не ми изгледа на ампула, а нема ни да имаш подолготрајно дејство, ампулите се од 400 денари па нагоре и се ставаат по должината на `рбетот и кучето цел месец си е раат. Вака со ова ако го прскаш по цело тело секако дека постои опасност да се лижне и да си наштети, ако е отров што може да убие болва и крлеж тогаш може и на кучето нешто да му се случи...
Даваат некоја течност од ветеринарната да го избањаш, па да го испрскаш тоа е 100 денара некаде, зависи колку течност ти треба.И после неколку дена се става ампулата која како што има погоре споменато се става по рбетот од главата до почетокот на опашката. Ампулата е до 500 денари за најголеми кучиња. Течноста е да ги одстраниш паразитите кои веќе се таму на кожата, а подоцна ампулата е да не можат да се прикачуваат на кожата некое време. Не ја поднесуваат.
Го оставив зајакот надвор и лежеше,играше не е важно и сега видов дека се изгребал на нешто или се исекол зошто има крв на шепата.Не знам што да правам да го оставам или да го измијам,нешто??
Jaс одамна се мислам да ве прашам и секогаш заборавам...како се грижите за оралната хигиена кај вашите кутриња?Му ги четкате забите и ако да со што?
Јас давам од тие коските за дентално чистење,на Пурина. Ама незнам дали би требало да почнам со четкање или нема потреба?
И јас му давам коски за чистење,да го четкам нема шанси да ми застани.Од овие сум задоволна исто како да не е кученце здивот воопшто не му мириса
А јас вака да си прашам. Вчера додека се шеткавме забележав еден дел од изметот и беше целосно жолт.Само еден дел. Станува збор за кутре инаку... Има ли простор за грижа? ^^ И од каде ги земате денталните коски?