Сакам да чувам кокер шпаниел и сакам некој со искуство да ми каже све во однос на расата. На пример ме интересира дали се митарат многу, дали можат да седат сами дома (неколку часа), дали да земам машко или женско.. и многу други работи кои нигде не ги пишува, само луѓе што чуваат или чувале знаат. Благодарам однапред
Како да ја овикнам постојано да оди по мене? Денес му избега на тато, па заедно отидовме на гости. Не можам ни да прошетам без неа, не ми дозволува. Дури и кога ги изнесувам отпадоците с до контејнерот доаѓа со мене и ме чека. Досадна ми станува веќе. Имам свои работи, не можам постојано со неа.
Лајт, тренирај ја да седи на едно место и да те слуша. Т е, само ти најлесно можеш да ја истренираш за да не доаѓа по тебе. Кажи и седи и оддалечи се. Така повторувај и додека не сфати што бараш од неа, прави го тоа.
Имам проблем. Мачорот сакаат да ми го попедерчат. Ама луѓе најсериозно. Не знам што се случува всушност. Пред точно два дена дојде кај мене во двор еден стар мачор. Го знам, многу е гаден, никаков, невакциниран, небањат, може и болви има, го чуваат едни комшии може 6, 7 години ако не и повеќе. И сега што се случува, сака да го пари мојов мачор. Моево е машко, уште е младо, има само осум месеци. Ама сака да го пари. Еве веќе два дена стариов мачор е кај мене во двор и ден и ноќ, цело време е тука, ама баш, баш цело време. Се враќам од искачање, тука, моите сабајле за на работа излегуваат, тој тука, сабајле станувам, тука, навечер, тука. Цело време го чека мојов. И прво не знаевме што е работата и на ветеринарот се јавивме, тој вели му покажувал доминација, стариов на малиов. Ама мене луѓе ова не ми изгледа за покажување доминација. Буквално прави како да сака да го пари. Го фаќа за кожата на задната страна од вратот и му се качува од позади. Исто како кога се парат, а моево се брани и пушта нокти, овој другиов бега. Ама па и мојов пушта нокти само кога ќе дојде до крајна фаза, а пред тоа си седи, си лежи, го гледа, којзнае дали воопшто знае што му прави стариов. Ова старово дртало на стари години се пореметил. Господе боже. Еве и сега додека го пишувам постов ги слушам пред врата. Не можам да сфатам. А ме нервира стариов, како да му кажам дека е машко. Глупав мачор. Е сега не знам дали има некаква врска ама мојов е сијамски мачор, ама мислам дека тоа нема врска. Не се парел до сега, не испуштал низ дома никакви мириси, не покажувал дека сака да се пари, па овој затоа да не мисли дека е женско. Кој го знае што мисли со тоа старата глава. Навистина не знам што да мислам, ама ова веќе на нерви ми оди, ако има некој одговор на ова ве молам пишете ми, или пак ако имал некој слична ситуација. Заборавив да кажам уште нешто. Стариов не само што го чека цело време во двор туку и мјаука како, кога сакаат да се парат. Испушта некои звуци. Ме разбирате мислам. Го вика всушност.
Јас имав маче ама умре Се грижев за него секогаш му давав да јаде го бањав но првиот пат кога го избањав раците цели ми беа гребени од него,но еден ветринар ми кажа со нараквици да го бањам
Имам хрчаче ,го чувам 1 година и 2 месеци ,да е живо и здраво срце тоа А претходно за роденден ми купија и...трагедија не сакам да зборувам..
Не знам дали е соодветна темава, ама сакам да кажам дека го учам мачево да прави здраво. Да ја подаде раката. (Имаше видео за ова, не можам да го најдам) Вака: Ви треба едно штракало, да штракнете со него. Има посебни, но не мора такви. Можете да користите што било, само да направи некој звук, краток и јасен. Јас користам острилка што има како капаче за затварање со него штракам. Значи ја подавам раката кон него, му ја земам едната шепа и му ја пуштам. Тогаш штракнувам со штракалото, и му давам нешто да јаде. Чисто малку, само залче. На пр. парче компир, саламче, мевце, ама малечки. И му викам бравоо, ама со ист тон. Така повеќе пати. Околу десетина пати до дваесет на ден. Денес му е четврт ден, уште не сум го „истренирала“ денес. А видов веќе дека кога ќе штракнам се врти и чека нешто да му дадам. Еве го видеото инаку, го најдов. http://www.youtube.com/watch?v=74T3ZQ4j ... ZpmT3WsqmK Изгледа толку лесно. Само моево уште да беше вака мирно Кога ќе ја намириса храната полудава начисто. Ај ако го научам ќе снимам и ќе покажам.
^ Ехее, па ти како брзаш. Прво научи го да седи, после такви работи. И тоа штракало се вика кликер. Кога животните ќе слушнат дека кликерот го прави звукот очекуваат награда. (ако така направиш на првиот кликер тренинг) И тие за награда (нели условен рефлекс, но не значи дека тоа важи само кај мучињата) ќе направат тоа што сакаш. Мојава на пример, е мирна, но кога е мирна се подразбира лежење како отепана. Многу ретко седи. (мрзла)
Девојки само што видов дека мачето има крлеж на увото. Кажете што треба да правам? Во моментов имам неопетроид дома и му ставив малку. Знам дека треба ампула, ама што сега со крлежот? Или број од дежурен ветеринар ако имате. Исто и на газето прееска забележав како крв, ама не видов убаво, не знае да постои мирно за да можам да видам нешто. Ако знаете што може да биде или што да правам ве молам да ми кажете
Јас на моите мачиња сама им г вадев крлежите. Ама целосни. Вака треба: -Земи пинцета и алкохол; -Намачкај го крлежот со алкохол и тој ќе се ошемети малку; -Фати го со пинцетата и врти ОБРАТНО од сказалките на часовникот. Крлежот ќе отпушти. Кога ќе отпушти стави го во чашка алкохол или смачкај го. Се надевам дека помогнав, со среќа!
Ќе паднам од столов Денеска и јас го имам буквално истиот проблем, ќе се мрднам, незнам веќе што да направам. Вака, имам една голема мачка која се омачи пред 3 недели, а од претходното легло чувам уште две мачинња, бидејќи тешко оди со вдомувањето, кои сега веќе имаат по 8 месеци (едното е машко, другото женско). Е сега во доворов се создадоа 3 огромни мачоришта, кои сакаат да ја спарат малава женска мачка, и скокаат по неа како што им иде целиот процес, ама па истото му го прават и на мачорчево, како да го силуваат, како што рече дејдрим сакаат да го попедерчат, и многу ми е језиво да гледам, без врска е, цел ден стражарам во двор, ама многу се упорни никако да се повлечат. Дури и ја затворив женкава внатре, пошо не сакам и од неа да имам уште мали мачиња, не за друго, бидејќи потоа никој не сака да ги вдоми. Затоа планирам и да ги носам на кастрација кај Налетоски, па ако има некој искуство таму да ми каже колку кошта кај нив тој зафат?
Знам, знам, знам... Не се секирај, и без седење оди работава. А да го научам да седи мирно додека во близина има саламче... не иде во предвид Со штракалово (знам дека се вика кликер ама штракало ми е поинтересно) стварно функционира, уште од вториот-третиот ден кога ќе штракнам се врти да му дадам нешто. И многу лесно ми оди, почна да го крева рачето веќе. Единствена потешкотија ми е нели ќе дојдат и другите мачки, а не можам на едно да му дадам, на другите не. Затоа ми треба повеќе јадење, за сите да има.
Добро е, значи не сме единствени. Кај мене ситуацијата се смири, сама од себе. Стариов го нема веќе два дена, се откажа. Може си нашол друга жртва. Што сака нека прави, само нека биде подалеку од мојов лепотан. Мојов е многу гален, свилен, мазен, па ми беше страв да не му направи некоја лузна, зашто "жустро" беше. Ама извлече глава... и помина без трауми. Само малку лошо е кај тебе што имаш и женка па ќе доаѓаат по неа цело време, ама биди трпелива, тоа е, нема што да им правиш, ќе дежураш малку надвор и толку.
^^ Daydream дали си 100000000% сигурна дека не е женка? Мене ми се случи еднаш тоа, имав скроз црна мачка и бев сигурна дека е мачор додека не почнаа да ја бркаат мачори и да се пари... Многу глупава ситуација ама кога го земав ми рекоа мачорче е, јас го погледнав ама беше мало немаше големи тестиси и си реков ок мачор е чим така викаат... ама не беше. На 8 месеци мачорот би бил веќе во пубертет и нема да му скокаат други мачори туку ќе го тепаат. Инаку јас имам носено 3 мачки и 1 мачор на различни места и секаде била иста цената, не сум однела до сега кај Налетоски ама цените се тука негде сигурно. За женки беше 2 000, за мачор 1500.
Да, 100% сум сигурна дека е машко. А прво одма и јас такво нешто си помислив на дел од секунда. Зафрканција дома ни беше ова, зашто имавме во комшии таков случај со куче, мислеа машко е, па на крај после цели две години излезе дека е женско, ама пудлица беше, сиротото цело во коса беше и не се забележуваше ништо. Циркузи цел комшилук бевме, сите зачудени. Како и да е, машко е 100%. Не чувам прв пат мачор, а плус носен е на ветеринар преку 20 пати. Првиот пат кога се носи, ветеринарот го проверува детално, за пол, да не има кила, тежина, возраст итн. Се' тоа го запишува кога му вади книшка. И не верувам да сме утнале и ние и ветеринарот. И мислам... јасно е што е што и како изгледа, не можеш да згрешиш.
ЛЕЛЕЕЕЕЕЕ немој благо никако, кучињата не смеат благо да јадат, од тоа ги губат сетилата, зарем ветеринарот не те предупредил... Точно е дека обожаваат благо но не е здраво за нив да јадат благо затоа внимавај![/quote Да не треба да и даваш бидејќи ќе го изгуби слухот!
Imam kuce potocno kucka Vcera rodi 4 prekrasni kucenca, no ova i e prvpat. Vikaat prvite kucinja se frlaat dali navistina e taka ve molam pomognete mi posto ne sakam da gi frlam greota se
Кој идиот ти го кажал ова?!?!? Ни под разно! Тоа се нечии животи, треба да се чуваат! Животот е скап, па дури и да е животински! А, тој „човек“ што ти го кажал тоа сигурно филмови во глава правел... Луди луѓе постојат на светов...
Ене и мојана ќе роди уште малку,па не планирам да ги фрлам. И на братучетка ми роди пред некое време за прв пат,ене го кученцето пораснато ништо не му е. Бабини деветини се тоа,ако си ги сакаш чувај ги,или пак дај ги на некого,не ги фрлај.
Глупости невидени. Инаку и јас имам слушнато за тоа ама не верувам бидејки, кучето што го чуваме е од прво легло, па еве го 4 и пол месеци е и се е во најдобар ред. Не верувај во се што ќе слушнеш, тоа некој веројатно си правел приказни па другите му поверувале.