1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Дали некоој можеби знае да ми каже зашто папагалчево почна да не лета, кога ке го пуштам ке почне да лета но многу ниско и веднаш паѓа, да нагласам и дека му расте ново опавче а старото му е како оштетено?
     

    Прикачени фајлови:

  2. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Храни го „со сила“ до тој степен додека го голта млекото. Ако почне да го плука или повраќа прекини. Фати го за вратчето ама нежно и шприцот или цуцлето бутни му го од страна кај што има малку послободен простор меѓу забите, значи не од напред како што тоа само би цицало од мама. Ветеринарот може да ти помогне ова поубаво да ти го објасни и да му даде малце инфузија ако мисли дека е дехидрирано, но штом мочка и цица колку толку - не би требало. Понуди му и најситно исецкано саламче или испасирана храна за мачки или најубаво течна храна за мали мачиња во ќесички се продава има во сите маркети. Ако има точно месец може и ќе знае да јаде само, а и да не знае сега за недела две најмногу ќе почне, така да биди трпелива, и огромно БРАВО за тоа што си го прибрала и се грижиш за него! И сега обрати внимание на тоа дали ќе се искака, сигурно нема одма бидејќи ништо и не јадело, но утре задутре веќе би требало да има малце барем измет!
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    ^ Фала ти многу за одговорот, малце ме смири. Јас сум чувала мачор, но мојот беше веќе 3-4 месеци кога го земав, ова е многу мало и првпат со вакво маче си имам работа. Го хранам од страна, се додека голта, голта многу по малце, а кога ќе почне да го плука млекцето престанувам да давам, оставам да се смири, па пак по малце додека скроз не го фатат црвци, после си легнува. После планирам еден шприц превриена водичка, да видам како ќе биде. Малецко е многу, а и доста намачено, па малце побавно напредува, ќе пробам и да му принесам во чинивче да видам дали ќе земе. Сега за сега си го научи креветчето, па кога и да го извадам оди натака, изгледа топличко му е и удобно :) Ме загрижува фактот дека одвај по еден шприц од 10мл пиеме, со сила... ама се надевам дека ќе се опорави. :)

    Редактирам бидејќи не го видов постот од sunfemina, ти благодарам и тебе. Ги следев твоиве постапки, тука ги прочитав уште вчера :lol: се изначитав и на интернет, значи, да не го мислам мачево, да пробам да го ранам на неколку саати и да не ме загрижува многу тоа што ми беснее така. Јас искрено очекував дека евентуално ќе огладне и ќе ја згриза цуцлата, ама сеуште нема таква реакција ѕверчево. :)
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    И на моето папагалче му се случувало ова. Му давав повеќе витамини, т.е јаболки и други овошја за да му порасне опавчето. И оставајте го подолго надвор од кафез.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    А има ли други симптоми, на пример повеќе да спие, изметот му е повеќе течен....?
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да направам апгрејд на ситуацијава ^_^ :rofl:
    Maченцево стана од спиење, му дадов да ручне, изручка повеќе, не ми одбиваше толку, па направивме пауза - попретавме, де, па пак му дадов, и не ми се спротистави многу, само главчето му го насочив кон шприцот и шмркнавме 3-4мл Лактовит без да се бориме :muscle: , и се измочкавме. Со оглед на околностите во кои било претходниве неколку недели, мачево испадна челично сега за сега, задоено било, но оставено, да е живо и здраво само, цел ден не мрднав од собава :devil:
     
    На Lella, IvanovskaM и sunfemina им се допаѓа ова.
  7. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    За спиењето не сум приметила баш, ама изметот да периодов му е повеке течен и има по светла боја.
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Следи го во наредниов ден како се однесува, имаш веќе прв симптом дека е болно, уште и ако многу спие, те советувам веднаш да му земеш антибиотик и витамини од некој ветеринар. Многу се чуствителни овие папагалчиња, тешко се изборуваат сами и со најобична настинка.
    Ти го кажувам ова од искуство, а сомнително ми беше уште веднаш тоа со нелетањето, зашто птиците во птинцип можат да летаат и без опашка (сум видела кај многу гулаби), ако е се во ред со крилата.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mihaelamika

    mihaelamika Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Јас имам малтезер. Многу ми се прља и секоја сабота го бањам, дали може тоа да му штети на здравјето?
     
  10. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Секој ден кучето си седи врзано во двор (на долг ланец), но денес не беше расположена за играње кога излегов. Едвај поигравме и влегов внатре.По десетина минути слушнав детски гласови надвор. Излегов, тоа да биле другарите на брат ми. Ја тепале господата. А таа ни дужна, ни крива. Ги испокарав, седнав до неа и веќе не ми верува. Ми р'жи, не сака да игра или да се гали, кога ѝ ја сменив водата ме грабна за нога да ме јаде. Ќе можам ли да ја вратам нејзината доверба? :(
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Па, давај и` храна, повеќе кучешки бисквити и работи што ги сака. Жал ми е за тоа што и` се случило. :( Незнам друг начин за да ти помогнам...
     
  12. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Пробав, не успева. Дури и ме изгриза по рацете... :(
     
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Заборавив да напоменам дека треба многу време и трпение за тоа... :tmi:
    Исто така, кога ќе се обиде да те касне, ти остро кажи не и стани на нозе пред неа. Така ќе има до знаење дека ти си алфата, а не таа. И не се плаши ако таа тргнува да те касне, а најмалку да се плашиш да не те касне кога одиш накај неа. Кога ќе биде добра за било што, ти награди ја со омиленото нејзино јадење.
     
  14. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Да, па само што го потрошивме омиленото кучешко јадење... Полека се смирува, малку ми дозволува да ја галам, иако веќе не си играме. Кога татко ми дојде да ја однесе внатре таа ми се качи на нозете исправена, па би требало тоа да е добар знак. Инаку кај нас нема алфа, бета, едно сме. Не сме се скарале до сега, а ни таа никогаш се нема обидено да се покаже алфата. :)
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ^Кога ќе ги видиш пак другарите на брат ти, јаките тепачи и фраери викни ме да ги претепам! :@
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Океј, муабетот со маченцето шо е, имам еден проблем.
    Вчера, мачево си беше се океј, си мочкаше неколку пати, си какаше, еднаш со стимулирање какаше, еднаш самото успеало, ама денес цел ден само еднаш се измочка онака океј, еднаш половично, и никако да се искака. Си јаде најнормално, се посилно и поживо станува, ама не сака за жива глава да се искака.
    Нормално ли е тоа шо му се дешава? Ако не, некој ако има број од дежурен ветеринар шо би работел денес, пошто недела е веќе, да му ѕвонам утре од сабајле?

    Фала многу.
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Би требало веднаш да почнете со таков тренинг, зошто кога ќе порасне ќе се чувствува доминантна и ќе ги каса сите членови од семејството...
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас денес стандард си ја шетав,и кога одам обично на тоа место,така поодалечено од центарот е,ја пуштам да си се истрча.Арно ама,денес наиде една жена со две мали деца,и оваа кога почна да трча и агресивно да им лае,не што се усрамив,едвај ја сопрев.После исто и на другите патем што ги сретна.
    А инаку до сега секогаш си е примерна,никогаш не лаела така на човек,толку агресивно,дури до 5 месеци можам да кажам дека воопшто и не лаеше.

    Што и е,како да ја смирам? :(
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    На другарка ми кучето така прави. Тоа значи дека се возбудува и сака да трча со нив, да ги брка. Тоа е вообичаена игра кај кучињата. Но, кога чувствува дека е врзана, таа почнува да лае по нив за да може да ги избрка со тоа што ќе лае.
     
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Беше претерано агресивно,пуштена беше,слободно трчаше.