Но внатре во окото е Како и да е, утре треба да дојде ветеринар па ќе го прашам, белким ќе знае што е.
Размислувам за кастрација на кучево но има 7 месеци.Кога сме дома ни скока по нозете и веројатно мисли дека се пари. И навечер збеснува. На колку месеци мозе да се напраави кастација,колку чини и дали ќе биде помирен?
Можете да му направите, би требало да е околу 2 000 денари се на се. За помирен, нема да ви рипа по нозе, ама темпераментот не се менува со кастрација. Имај во предвид дека сеуште не е возрасен.
Ние го кастриравме нашето на годинка и уште непарено,не се промени ништо кај него, освен шо се здебели малку, ама порано беше слаб, не јадеше баш поради таа причина.Инаку весел си е пак, нормален, игра, шета.Има еден проблем, што не знам дали е поради кастрација ама плашлив е повеќе од порано, од други кучиња и од луѓе што не ги знае, ја нема таа самодоверба како пред кастрација, еве сега се обидуваме малку да го тренираме, д не биде плашлив, зошто станува агресивен поради страв.Не бил никогаш ни тепан ни малтретиран, мада ние претпоставуваме дека си има некоја мала траума од непознати луѓе поради тоа што ветеринарот кој го кастрираше дојде го зеде од дома и ние не бевме со него кога го кастрираше, му верувам на ветеринарот, сигурно му нема сторено ништо лошо, ама тој се има наплашено дека ние го пуштивме со непознат човек и тој му сторил нешто што го болело и веројатно тоа му е траумата.Мене многу ми е криво што не бев со него и некако осеќам вина дека поради нас е ваков, затоа вие кога ќе го однесете никако немојте сам да го оставате додека не заспе од анестезија. После кастрација ќе биде зашеметен, ќе му стои отокот 3-4 дена ќе биде болно и за гледање, ама него не го боли зошто ветеринарот доаѓа и му удира антибиотик против болка секој ден.Конците сами ќе испаднат и тоа само ќе се повлече.На почеток ќе изгледа како уште да има јајца ама тоа е оток и потоа ќе се исуши и наполно ќе го снема.Кога ќе го донесете дома ставете го на ладно место(нашето цело време лежеше на плочки) нека има вода и храна до него, да не мора да се движи, не му дозволувајте да си ја лижи раната, набљудувајте го и цело време нека има со него некој дома.Може ќе ви даде ветеринарот нешто да го мачкате може и не, се зависи од ветеринарот.Галете го од време на време за да го утешите, ама не го ѓњавете во никој случај, нема да сака некој ден да јаде, ама хранете го од рака.После 4-5 дена до недела најдоцна ќе биде истото старо кутре, без рана и весело и среќно. А за помирен веројатно да, нема да ви рипа и нема да завива цела ноќ под прозор, ама ако е онака весел, рипа и трча и е активен ќе си продолжи да биде. Цената кај нас беше 1500 ама зависи од каде си и во каква ветеринарна ќе го однесеш.
Браво за гестот и од мене што си го згрижила мачето...Јас кога го земав моето маче ми беше кажано дека веќе само јаде, али кога пробав не знаеше ни да лиже млекце од тацничка, а камоли нешто да јаде...Треба да бидеш стрплива и со шприц да го храниш...Дури и јас прстот го брцкав во млекото и му давав да го лиже. Со сила ќе му даваш со шприц и ќе пробуваш секој пат и во канче да му ставаш, да видиш да не почне и самото да си јаде. Бидејќи сега моево маче има повреда и пак мака мачиме со јадењето пошто не сака да јаде, ветеринарот ми кажа да му спремам 100мл млеко, 1 јајце и 1 лажица мед, сето тоа измешано и да му го давам со шприц. Тоа било храна што се давало на мачиња кои биле оставени од мајката како замена за млекото на мајката и кое било многу хранливо. Можеш да пробаш и со ова наместо со лактовит.
Абе греота е немојте, остај го барем еднаш да се спари па кастрирајте го. Така збеснува сега и се качува затоа што тоа им е некој вид на пубертет на кучињата околу година кога ќе направи ќе биде полово здрел и тогаш ќе може да се пари.
Утрово забележав дека на мачоров мој десното окце многу му солзи. Не му е затворено ни најмалку, значи најнормално си функционира. Го гледав детално да видам да не е повреден нешто, ама не е. Го пратев до сега да видам дали убаво гледа на тоа око, си гледа супер. Го допрев неколку пати да му го исчистам со памукче да не случајно го боли, ама не реагираше никако, значи не го боли. Само му солзи. Не премногу ама сепак му е повеќе влажно од потребното. Од што може да е? Сакав да вртам на ветеринарот, ама викам ај да не паничам за џабе, прво тука да пишам, и така веќе секој трет ден за секоја глупост му вртам на човекот. Срам ме фати. Знае ли некој од што може да биде и како да му го чистам, со што? Да паничам или не?
Женски имам едно прашање. Мачето го носев на ветеринар во Понеделникот, да го проверат чисто ради реда дали е здраво. Се е во ред, и столицата и напредувањето и исхраната, ама јас сум згрешила во проценката, ветеринарот ми кажа дека мачето има околу 25 дена, значи нема ни еден месец. Ми рече дека на 30 дена треба да го однесам за вакцинација против глисти, нели тоа превентивно им е, ама ме интересира некоја од вас досега го носела ли, и исто така колку чини вакцинацијата, да си знам вака однапред. Исто така ме интересира дали да чекам точно до еден месец или да го носам порано, ме фаќа страв да не ми фане нешто глистички ова она.. Пошто ми расте и некако станува силно, па шетка и љубопитно е, да не испуштам некој симптом за глистиве оти знам дека се чести кај малите мачиња, особено сирачиња како моево. Фала.
Денес бебушот мој е многу нервозен. Видов преска дека водата не ѝ е чиста, ја сменив и ја ставив до неа бидејќи ми изгледаше жедна. Таа, ни јазик да исплази, ни ништо. Веднаш се фати да гризе. Лавица на дада. Го гризе ли кутивчето со вода, го гризе. Никако да се тргне. Ја галам, и мене ме гризе. А па за игра да не спомнувам... Воопшто не сака да си игра, само да гризе. А вчера сѐ беше океј... Што ли може да ѝ се случува? И како да е во болки, ептен тивка...
Сега малку ме збуни. Вакцинација против глисти нема колку што знам јас. Сигурно не сте се сфатиле со ветеринарот. Има апче против глисти од кое се дава само четвртина и после една недела од апчето се става првата вакцина ама врска си немам за што беше таа вакцина. Еве гледам на книшката од мачоров мој ама не разбирам што вакцина е првата. Не е битно, битно убаво ти кажал ветеринарот, на еден месец, а може и малку покасно не е страшно, се става првата вакцина. Ама пред тоа мора да се даде апче против глисти, зашто вакцина не смеело да се става ако не е прочистено мачето, мене така ми кажа ветеринарот. За цената на вакцината навистина не ми текнува точно, ама мислам дека околу 300 денари беше, ако не и нешто повеќе. Ама не ме држи за збор зашто одамна беше кога моево примаше прва вакцина па имам заборавено. А апчето е многу ефтино, 50 денари е.
Јави се на ветеринар,мачките често фаќаат очни инфекции што ако не се санираат на време доаѓа до губење на окото. Консултирај ветеринар ќе ти каже како да го чистиш и со што да го мачкаш.
Мимс полошо е да го пари па потоа да го кастрира, а машките кучиња полова зрелост посигнуваат дури на 2 години , една година е многу мало.И не е греота, погреота е да ги остават после кутренцата да нема кој да ги вдоми, ако не планираат да има потомство кутрето, подобро е за него.Тоа не е мачење, тоа ним не им е потреба од задоволство туку само нагон кој тие мора да го задоволат.Тие не уживаат во половиот чин.Тие само се мачат, а + ако еднаш го спари нема спас, може да бега од дома, да го тепаат, да го касаат други кучиња и најлошо да се изгуби или да го згазат.На кучето на дедо ми се деси тоа, сега одвај го прибираат дома, си наоѓа начин да избега и го нема со недели, а кога се враќа е слабо, искасано и жално.Тоа не се случуваше пред да го спарат со една женка од маало. Сите ветеринари препорачуваат да се кастрираат или стерилизираат ако не се планира да се размножува, така се намалуваат шансите од рак на тестисите и на матката мислам не се намалуваат туку исчезнуваат, а во случај да не се пари а има нагон многу е можно да се добие рак. Не е греота имајте го тоа во предвид, така само му помагате на вашео милениче, во никој случај не го казнувате или мачите.
Имам хрчак и често пати го слушам како да ика уствари како да квика (квик квик праве) Дали тоа е нормално кај хрчаците или можеби нешто ми е болничко
Ми треба совет за папагалче, нимфа. Како да го одвикнам од многу јадење? Многу, премногу јаде и од неговата храна (просо со некои витамини) и од тоа ние што јадеме и чипсови, смоки, манџи, овошје и зеленчук лебот му е омилен. Сум пробала многу пати да не му давам ама полудува, квичи не може да се смири. Исто и изметот на периоди му е преголем, иако изгледа нормално (бојата и течноста). Инаку е многу приврзан за мене, се правиме заедно, во кафез не влегува ич и многу ми е жал мислам дека сега не му смета тоа што многу јаде, ама мислам дека покасно ќе се покаже некој негативен ефект.
Дома чуваме питбул, кој веќе ни е 2 години скоро. До сега не се парел, но е страшно напален и здивен, не често ами некогаш чисто колку да си ја проба среќата пробува да му се каче на ова моево малото ама оваа му бега и го рже, што е неверојатно смешно кога ќе ги видиш и споредиш ама знам дека големиот ни се маче. Е сега, пошто сеуште брат ми му бара женка за парење, а јас нонстоп се карам со него што побргу да најде, пошто е очаен овој, сакав да прашам, може ли работите да тргнат надвор од контрола, пошто слушнав дека во некои случаи може да не сакаат да се спарат кучињата и да почнат да се тепат? И дали ако во брзо време не се паре, пошто гледам дека се маче ептен и дека му влијае тоа, може да има некои последици или па да се разболе? Пошто погоре прочитав рак на тестиси и одма паника ме мава.
Пак јас . Мачево ми е сеуште на Лактовит скоро месец старо нели, чат-пат на пасирана пилешка храна за бебенца мачиња, и таа многу му се допаѓа, си јаде нормално и си мочка често, но поминаа околу 40h од кога последен пат какаше сонцево, до пред тоа одеше и по 3-4 пати во денот. Почнува да ме загрижува, читав некаде дека ако повеќе од три дена ако не се искака да го носам на ветеринар, ама како сме тргнати паника ме фаќа, да ѕвонам или?!