Анушке абе не се секирај тоа за ракот не значи 100% дека е така, тоа може да се случи кога кучето со години не се пари, а има нагони, дури и кај човек се јавуват проблеми, а не пак кај животно.Твоето само што достигнало полова зрелост, нема ништо да му се случи.Мене искрено повеќе ме плаши агресивноста, сигурно е мирно вашето, ама таквите кучиња знаат малку повеќе да се агресивни во период за парење.Јас многу сакам пит бул, немој да ме сфатиш погрешно, ама еве и со комшивката под мене си правам муабет зошто и тие имаат и тој стварно ептен е мирен и гален и послушен, ама сега дека сака да се пари знае и да заржи чат-пат.Така да не за болести нема да фати, ама бидете малку построги и претпазливи да не стане ептен напнат.
Jas kolku sto znam nema vakcinacija za glisti, tuku mu davaat apce i toa mu go delat mislam deka 1/8 ka. Apceto go ima i po pet shopovi i mislam deka kosta nekoi 30 denari. Prvata vakcina na maceto mu se dava na 3 ili 4 meseci, treba da proveram vo kniskata pa da ti kazam tocno.
Jas veke ti pisav ednaska ama ne znam dali mi go procita postot eve povtorno go preprakam Браво за гестот и од мене што си го згрижила мачето...Јас кога го земав моето маче ми беше кажано дека веќе само јаде, али кога пробав не знаеше ни да лиже млекце од тацничка, а камоли нешто да јаде...Треба да бидеш стрплива и со шприц да го храниш...Дури и јас прстот го брцкав во млекото и му давав да го лиже. Со сила ќе му даваш со шприц и ќе пробуваш секој пат и во канче да му ставаш, да видиш да не почне и самото да си јаде. Бидејќи сега моево маче има повреда и пак мака мачиме со јадењето пошто не сака да јаде, ветеринарот ми кажа да му спремам 100мл млеко, 1 јајце и 1 лажица мед, сето тоа измешано и да му го давам со шприц. Тоа било храна што се давало на мачиња кои биле оставени од мајката како замена за млекото на мајката и кое било многу хранливо. Можеш да пробаш и со ова наместо со лактовит. Ne e strasno i ako poveke od 3 dena ne otide vo wc, jas citav deka maksimum do 5 dena moze i posle e alarmantno. Moeto mace ide ednas na den vo wc samo so cvrsta stolica. E sega dokolku maceto ima zapek probaj da mu dades malce parafinsko maslo, toa ja omeknuva stolicata i moze toa ke go natera da otide vo wc.
^ Да, се слушнав со ветеринарот утрово од кога пишав тука, место не ме држеше веќе, и ми рече да пробам два пати по три капки парафинско масло у размак од 3-4 саати, и чекам да се искака сега. За сите што имаат ваков проблем еве, препорака од ветеринар парафинско масло, и исто така, може и кравјо млеко после третата недела, односно кога навлегува во првиот месец, бидејќи се толерантни на лактоза но во овој период веќе имаат ензими за организмот да го прифати кравјото млеко, а сепак да го натера да се искака. Јас сум во исчекување
Мене ветеринар ми кажа дека може да се издеформира кучето доколку се кастрира пред да се спари. Односно може да се кастрираат додека не се полово здрели ама кога ќе ја достигнат таа зрелост подобро е барем еднаш да се спарат па после да се кастрираат. Затоа треба да се избере и вистинскиот термин за кастрација. А ова за болно дека им е парењето стварно прв пат слушам На машките им е потешко малку да поради тоа што мора да го сврти женката, мене ми е болно да гледам, а не па на мажјакот, ама женката незнаете каква блажена фаца имаше Секако ја поддржувам кастрацијата, тоа значи помалку невдомени кучиња.
Ај, однеси го на ветеринар или провери го составот на струготините... мислам дека не е добро тоа што го прави... Можеби има блага алергија, но сепак, однеси го да не биде нешто озбилно. Премногу кивање на е добро.
Абе не парењето фала богу дека им е блажено Мислев ако не се парат им е болно, а имаат нагон.А ете не сум знаела дека има тоа влијание, ние нашиот на годинка го кастриравме, неспарен.Може ова е така не знам, најдобро да си се распрашаат.
Девојки,мене ме интересира кој период им ставате на кучињата од оние ампулите против крлежи? Јас моиве ги имав прскано со еден специјален прашок,ама гледам не дејствува,па да им земам ампули да траат цело лето. И едното што е поголемо да му земам повеќе ампули или само една? Досега се со мали сме се расправале,мечкана дома не знам како да ја заштитам
На пролет и есен кога има најмногу штеточинки, заради ограничени финансии, инаку пожелно е секој втор месец. Инаку не, има различни ампули според килажата на кучето. Така да можеш да земеш и една најголема па да ти ја поделат за двете според килажа, така поевтино ќе те фати. Или една мала за помалото, голема за поголемото. Ќе ти објасни ветеринарот
1209 се распрашав убаво за кастрацијата затоа што дечко ми сакаше да го кастрира неговото, а само еднаш му е парено па според тоа што ми го кажаа го предомислив. После кастрација кучето ќе ти биде како роботче демек, само ќе јаде и по нужда ништо друго нема да го интересира, веќе нема да знае дали е машко или женско, нема да обележува територија и да душка на секој чекор кое куче поминало, зошто поминало, како поминало итн, нема да биде агресивно, ќе си го изгуби идентитетот и ќе биде плашливо, ова важи ко демек ако е веќе еднаш спарено па после тоа кастрирано, а ако се кастрираат како мали веќе ќе си живеат со тој факт и нема да се чувствуваат како роботчиња. За ампулите. Треба обавезно да се ставаат во период кога е топло, пролет лето, па и рана есен, тогаш се најподложни на болви и крлежи, во зима нема крлежи, ама ептен од друго куче да не си префати сепак се препорачува. Нема ампула што трае цело лето, сите траат по еден месец, а со оглед на тоа што ветеринариве си ги разредуваат со водичка нема да ти трае ни месец. Фронталјн мене ми се покажале како најдобри и тоа комбо, штитат еден месец од крлежи и два месеца од болви и не се токсични за миленикот и за човекот. Чинат околу 700 денари зависи од големината на кучето, јас ја купувам таа за до 40кг и чини 700 денари. За помалите треба да се поефтини, незнам. Болвите и крлежите се стварно опасни и верувај дека никакви прашоци и шампони не помагаат, крлежот буквално му ја цица крвта на миленикот и може да му го инфицира местото кај што цица и да го напуни со триста инфекции, а болвите се разможуваат толку многу и испуштаат ларви што ќе бидат насекаде околу тебе, и да не го чуваш дома кучетп во контакт со него ќе си ги пренесеш ларвите дома. Значи како што се опасни за миленикот така се и за човекот, знам дека цената е навистина висока за секој месец да се става ампула меѓутоа кога сте решени да се грижите за миленик направете го тоа до крај или пред да земете миленик бидете сигурно дека може да си го дозволите во финансиска смисла. Од Мај до Септември обавезно ампула. Оние каифчињата ми се исто без врска, за џабе фрлени пари кога од ништо не штитат. По ветеринариве може да се најдат и поефтини ампули обично некаде околу 400 денари за големо куче ама ви кажав ги разредуваат, не е нормално по недела дена да се закачи крлеж на веќе ставена ампула! Вака ќе си купиш Фронталјн од Пет Шоп и ќе си ја нанесеш дома сам, нема кој да ти ја меша и разредува. Има и други ампули по пет шопови ама пак е цената колу 400 денари мислам...
Епа Мимс не знам може е така, јас баш секаде дека сум читала пишува дека е подобро да не се спарени пред да се кастрираат.Моето не беше и еве сега тврдам дека е истото куче од порано, по цел ден само беснее по дома, рипа, трча, си игра, си јаде и спие нормално, весело е итн.Само е малку повеќе плашливо од луѓе и кучиња кои не ги знае.Ама не од сите, не знам по која политика си се води Баш ќе се распрашам за ова другото мислам дека на чичо ми кучињата се кастрирани откако се спарени и ќе прашам какви се, па ќе ти пишам.Инаку моето уште си бележи територија зошто на секое дрво и грмушче пред зграда мочнува и ако некое куче го виде во момент да моча пример на некое дрво, тој мора после на истото. Последно на моето му ставив една ампула од една друга фирма која досега не ја користевме ем поевтина беше за некои си 50 ден, ама за чудо доста ефикасна се покажа, еве од март ја има ни болва ни крлеж нема фатено, а во сабоата цел ден беше со кучето на дедо ми, а тоа има и не фати ни од него.Така да сега од таа ќе си зимам зошто на моето другите не му издржуваа ни месец.Инаку ние дома си ги ставаме не го носиме на ветеринар за тоа никогаш.Ќе си ја купиш од продавница за миленици има за различни килажи и ќе му ја ставите само има упатство, ништо страшно.
Не јади пред него И моиве се алчни за леб, но не им давам секој ден, тоа и не е препорачливо за нивниот желудник, може да им се залепи. Што се однесува до неговата храна, стави му во хранилката онолку колку што е доволно за еден ден, или пак ако пребрзо ја јаде тогаш подели ја на два дела, па другиот дел ставај му го попладне откако ќе видиш дека веќе изел се. Сепак птица е колку пати и да му даваш во денот, тој толку пати и ќе може се да изеде. Овошје и зеленчук обавезно понуди му, но другиве глупости ние што ги јадеме (пр. чипсови) гледај да не ги јадете пред него.
Zhenski vchera go nosev macheto na deglistiranje, i denes mi iskaka malce krvche i dijarea mi imashe,pomalku mi jade od voobichaeno i e mnogu istoshteno. Se javiv kaj veterinar i mi reche bilo normalno od apchenceto da ima vakov efekt, no me interesira dali nekoja od vas imala vakov problem so macheto posle deglistiranje i kolku vreme traele ovie side efekti. Se izvinuvam za latinicata, od telefon sum.
Луѓе јас веќе еднаш пишав и сега пак ќе побарам помош, ако некој има совет за мене или искуство ве молам пишете ми.Моето куче е многу плашливо од други кучиња и непознати луѓе.Значи не се плаши од сите, на некои што не ги знае им се прближува самоиницијативно, но пример од кучето на комшивката се плаши многу, а го знае од мало, тоа не е агресивно, баш е дружељубливо, паметно и мирно, ама мојот од него бега ко од ѓавол.Не знам што е проблемот, зошто уште како мало го дружевме со други купчиња и луѓе, а тоа сепак се плаши.Не е малтретирано никогаш и не е поради тоа.Јас сакам да му помогнам, жал ми е кога го гледам како место да си игра со други кучиња тоа бега, жал ми е кога е испалашен.Ве молам како да му помогнам.Исто и од луѓе од толку што се плаши станува благо агресивен понекогаш.
Јас имам ново кученце го зедов пред 2 недели. Има 50 дена. Лабрадорче е. Но многу как и мочка. Дали сите ко мали се такви?
Да, секој што чувал куче го искусил ова. Треба да го тренираш да врши нужда на место кое што ти ќе му го одредиш. Секогаш кога ќе сака да изврши нужда некаде, ти викни му и стави го на местото на кое што ти сакаш да врши нужда. Не го карај одкога завршило, така нема да го тренираш, туку ќе го заплашуваш само. Инаку советов не го измислив јас, во страните позади има една феминка која што го кажала ова. Јас само се сложувам и го применувам.
Маченцето почна да се навикнува на друга храна освен Лактовитот, па почнавме да јадеме пилешко и го обожава, му купувам вакво: Но ме интересира колку време може да го чувам во фрижидер пред да му земам друго. На пакетчето не приметив рок на траење, јас повеќе од два дена не го држам, ама ме интересира колку време стои?
imam pitbull 3 meseci , so drugarite zemavme od ista majka ama tie porasnaa moeto si ostana najmalo vo sto e problemot?