Веројатно во храната, питбуло сака јадење. Дали го носеше на ветеринар? дали има некој здравствен проблем? ако се е во ред со кучето, а се уште е мало тогаш треба да го раниш повеќе и да го трчаш за да се развија и да ја троши енергијата.
И jас ваквата храна не jа чувам отворена повеќе од два дена. Сакав друго да кажам, прочитај за храната на Whiskas, многу негативни коментари има.
Ајде веќе да се разрешам Имам хрчак(женско) лани во март кога ја купив била трудна и ми роди малечки ама веќе не ги чувам и сега татко ми вика да ја спариме пак бидејќи ќе и се продолжел животот,ама ја несакам да ја мачам Озбило ќе и се продолжи lifeот??
Имам малтезер машко 7ипол месеци.Случајно дојде еден другар на брат ми и имал исто како моево али женско и сака да ги пари. Не сум информирана за тоа на колку години треба да се пари, али моево сеуште незнае дека треба да крене нога за мочање . Може ли некој совет? На колку месеци може да се пари или можам и утре да им го дадам па да ми го вратат али незнам дали знае да се пари Доколку знаете пишете
Се сложувам со 1209, сега е уште бебе. Женките дури и покасно ја достигнуваат половата зрелост. Некаде кај 3-4 години.
Како само лаже кучево. Ми подава шепа да правиме здраво, оп, одденаш ми ја гриза раката. Претеризам е. Рацете ми се запчаник од неа. Како да ја одвикнам од ова??
Тоа е зошто не сака да и се држи шепата... провери ја да не е повредена од нешто... или пак нешто и` е скршено....
Па, изгледа е разгалена малку... повеќе... Карај ја секогаш кога ќе те касне, ако треба и удри ја ама не многу јако... онака колку за заплашување. Треба да знае дека ти си главната во домот.
Нема врска ова со повреда. Да е повреда ќе се забележи. Нема да може кутрето да оди убаво ако го боли шепата. Јас мислам дека тоа му е дел од играта. Најверојатно така му е интересно. Имам забележано такви реакции кај кучето на дечко ми. Многу е паметна, ама баш тоа што и' збориш да не го прави, таа тоа ќе го направи. А знае дека не треба така. Кога ќе види дека си многу сериозна и кога убаво ќе ја искараш тогаш одма се поправа и прави така како што треба. Се' додека не и' свикаш, се' и' е игра. Така и твоето. Најверојатно треба малку построго да пристапиш на моменти, не секогаш, ама на моменти треба.
http://www.kupimilenik.mk/vest/363/...bie-vashiot-milenik-Zadolzhitelno-prochitajte Им имате ли дадено нешто од ова на вашите миленици?
Бидејќи имам лозници во двор се случи лани додека беше мала да јаде од паднатите гроздови, сепак брзо реагирав и не дозволив да се повтори. Среќа до сега ништо не се случило, знам дека содржи премногу шеќер грозјето кој не е добар за милениците. Друго од набројаниве продукти ништо не и давам и не сум и дала намерно, и давам само храна која е наменета за кучиња и коски свиснки, говедски зависи кога имаме нешто такво за јадење, друга домашна храна и остатоци од ручек зибегнувам да и давам, поради зачините, солта итн што воопшто не е здраво за миленикот. Строго само храна за кучиња, ни лебови ни ништо друго.
Јас моето го имам однесено на лозје кај нас, чисто колку да се истрчка, и се изнајади грозје, до душа уште не беше втасано тогаш, значи не толку благо, ама ништо не и се случи. Исто така дома еднаш додека имавме гости со дечко ми испаднавме да ги испратиме до кола, а она демек спиеше на креветот и додека да се вратиме си фанала ресани од маса, и јадеше, имаше две у тањир и ги изедила. А јас сама да и дадам благо никако, па побогу не сакам пред време да ми замине душава моја, и така 15 години да земеме ако живее ми се премалку, а не па и сама да и ги скратам годините. Не ги сфаќам тие што им даваат на милениците благо со оправдување - па греота е, гледај како ме гледа - ЧИТАЈ МАЈКА МИ! Се карам нонстоп со неа, и на питбулот дома што го чуваме секоја недела по едно чокалтце Атлантис, или малку торта да лизне, ми вика од машко да проба, жено ќе ослепе или не дај Боже ќе легне болно после шо ќе праиш, леле знам ама греота ми е кога ме гледа така со очите! Не луѓе, ако сака и нека се валка од тага, благо никако. Па и овој се научил и мене ме моле за благо, манијак невиден за благо е, ќебап остава за благо да јаде. Ама од мене никогаш нема да добие, па што сака нека праве. Јас од сите тие работи што не треба да се дават, грешам само малку кај солта, пошто нормално јас готвам јадење со сол, и зачини, и често знаеме да и дадеме и на неа од тоа да си апне, или од водата готвена суво лебче и мевце да и надробам, ама ќе гледам да прекинам со тоа, зачини никако а сол чат пат од нашето готвено, не верувам дека ќе и смета, од залче-две. Мимс алал да ти е шо си го научила само на негова храна, мене тоа ми е најголем пропуст што ја разгалив, и плаче и вие ако не проба од нашата храна, па се луте и може цел ден ништо да не јаде, ако сака салама, биршла или дропче. Сами сме си криви, нема оправдание. Сува храна некогаш со сила и ја буткам или и ја ронам во конзерва храна, колку за витамини да проба и пролив да не ја фате само од конзерви. Имам и едно прашање кога сум веќе тука - Дали кучињата женски затруднуваат само кога имаат менструација, или може и додека немаат, а се со куче - да затрудни? Има ли правило тука, што се знае точно или може и додека нема менструација да затрудне? Мојава е веќе годинка, и ја гледам дека многу провоцира како се врте се прче пред мажкаци, ама а дојде ред овој да и се намести, оваа му скока и му го јаде ушето и го рже, не се дава сепак толку лесно.
Анушка мора да има прво добиено. Незнам дали си приметила ама кога не им е периодот немаат вагина или како и да се вика кај кучињата, а кога ќе добијат ко да им излегува надвор како да се изразам се отвараат (леле што ми е со зборовиве) Ако нема добиено нема шанси да се спари, дури и ако и се качува друго куче неможе ништо да се случи така да немај гајле. Одкако ќе добие да знаеш дека од 9тиот до 11тиот ден се најплодни и тогаш е идеалното време за парење, а треба да има минимум година ипол кучето пред да биде подготвено за парење (женката) кај мажјаците е после две години. Иначе и моето е алчно за домашна храна, ма се што и да јадеме не гледа ко да не јадела ништо во животот ама никако не и давам, порано стварно и мене ми беше жал и ќе и дадев смоки, чипс што и да јадам освен благо и после јадеше трева и повраќаше, од тогаш ништо не и давам што не е безбедно за неа па ако сака нека се лигави цел ден. Мораш цврсто!
Кај кучињата женките два пати годишно добиваат циклус, на +/- 6 месеци (се случува и на 9 месеци, ама ретко). Има неколку фази од нивниот циклус колку што имам читано, а онаа фаза за парење е обично 7 дена откако ќе почне крварењето. Некогаш се случува уште да крвари, ама да е почнат периодот за парење. Само што, многу послабо е крварењето и тогаш посветла е крвта, розеникава, а може и кафенкаста. Тогаш е ризичниот период, до душа, ние кога не сакаме да ја париме нашава, ја пазиме од почеток на циклусот. Затоа што, имам читано дека некогаш крварењето почнува ден-два подоцна, па не можеш точно да пресметаш. Кога ќе почнат да ти се собираат кучиња пред двор - знаеш дека дошло време И нели тогаш испуштаат миризба, која ние луѓето не ја чувствуваме, ама очигледно има големи размери, затоа што мислам дека од Велес ми доаѓаат кучиња Вака кога нема циклус, нема гајле. Само што, чудно ми е тоа што викаш дека провоцира Обично тогаш не сакаат мажјаци ниту да ги душкаат, мојава рже на се што ќе и се приближи
Не може да затруднат, нема ни да бидат со куче ако не се во циклус. Ова што ти го опишуваш мене ми личи на игра, а не сексуално провоцирање. Кога женката е спремна за парење стои мирна и дига опаш, не си игра со мажјакот. Се парат, се лепат, се одлепуваат, вие правите мекици. Ако до сега немала ниеднаш циклус, да речеме дека е ок, иако до кај 9 месец најкасно веќе првиот циклус би требало да го има. Ако сеуште нема циклус и после година и некој месец, тогаш нешто не е во ред. А кога е право време за парење може да испитате ако и земат брис од дундето, или убаво ти кажале, најточно е природното, кога ќе ти се соберат зетовци у двор. Јас имам читано дека правото време е околу 10-13 ден, али не верувам во тоа, бившиот имаше две кучки (без мене) и едната се пареше скоро секогаш на 12ти ден од почеток на циклусот, другата многу покасно, некаде може на 17-18. Нема правила.
Ме изнасмеавте сите со коментарите. Инаку да се разбереме, она имаше прва менструација пред пола година некаде, точно на 6,7 месеци и дојде. Сега кај и да е, очекувам да и дојде пак, пошто пола година некаде помина од тогаш, а сега е она година стара, значи се си е океј. И Ана, незнаеш жено јас како сум се извадила од памет во 4 сабајле еднаш, штом спомна кучиња идење дома по неа по мирисот нели, да ти кажам што ми се случило. Кога ја имаше менструацијата, јас читав на нет се, да видам шо како и е, пошто прв пат имам куче женско. И една вечер, си легнавме да спиеме, и она многу ретко обично станува навечер накај 4,5 да оде да мочка, ама ете таа вечер и се преоди. Јас знам само што легнав тогаш, вода пиев, бев до вц, тропав нешто и легнав, а неа па сум ја разбудила, а јас само што завлеков, само што задремав, и еве ја скокна на нашиот кревет кај мене и дечко ми, ме лиже по лицето, и ајдеееее, онака ко у сон, пошто јас а задремам, како у сон ми е се, и отклучувам вратата да излезе она надвор, а светло не запалив, не сакав да се расонам, само внатре светеше, и како ја отварам едната врата, и останува уште мрежата после надворешната врата, и кога гледам, ами што да гледам, куче огромно седе пред врата, буквално, очи у очи се гледаме, кога се дандалосав, кога писнав, аааааааааааа, уф, уф, си го тегнам ушете од уплав да не фатам. Значи има многу скали додека да дојдеш до кај нас доле, кучињата човече по темно навеечер, денски, нонстоп идеа, како ја осеќаа, немам зборови, ами за шетање да не кажувам, строго со каиш, и тогаш ми е многу жал, пошто јас неа секој ден ја пуштам саат, саат и пол без каишка да се изнатрчка убаво со други кутриња на едно заградено место кај што се збираме од маало, и тогаш тие недели кога има, само на каиш е, и ептен е грејна, ама што да и правам, мала е за парење, едвај годинка е. А инаку не провоцира кога има добиена, туку сега, а сега нема добиено, затоа прашав, ако случајно почне нешто со некое куче, дали и кога нема добиено може да затрудне. А кога има добиено, исто и она е агресивна, се врте и рже, ама дека е малечка и ситна, поголемите кучиња може во ќош да ми ја силуваат. Се зезам, нема шанси, тек кога 2 години ќе наполне, може да ја спарам. Размислував за стерилизација, ама не, греота ми е, сакам да ги осете благодетите на сексот, , душичка е, и на нив им е во природа да го искусат тоа и сексот да им е дел од животот, сакам да си има нормален живот, и да си има повише мажи. А да не зборам, дека едвај чекам да ја бидам дебела трудна, како топка ќе е, ем ситно ем големо во мешето. Па и тие малите кутренца, ќе приумрам кога ќе дојде ред до тоа. А по колку малечки раѓаат, има ли правило? Знам дека и ти имаш женско и дека ја париш, по колку раѓала, и колку пати ја имаш спарено до сега? Ти правела ли некогаш проблем да не сака да се спаре, и колку време обично трае тоа. И после колку време си се врати во нормала, пошто нели преслаби се после пораѓај, исто како мачките, иако јадат многу и само лежат. И дали паѓа у депресија откако и ги раздавате малите?