Нашава досега има родено вкупно 15 кутриња. Прв пат - 2 Втор пат - 3 Трет пат - 4 Четврти пат - 3 Петти пат - 3 Значи просечно по 3 Последен пат се окучи на 4ти декември минатата година, ама претходно ја немавме парено некое подолго време. Не знам дали дека сега е малку постара (7 години ќе полни месецов), ама имавме малку проблем околу окучувањето, затоа што долго време и требаше да се окучи. Прво роди само едно кутре, ние сите дома фрапирани, му се јавивме на ветеринарот, ама он ни рече дека ако во рок од 24 часа не роди барем уште едно, да го викнеме. Се исповадив од памет кога прочитав сешто на интернетов, почнувајќи од тоа дека нема шанси само едно кутре да роди, можно е некое од кутрињата да е заглавено внатре, па да умре, па инфекции... триста работи се изначитав. Ама за среќа истиот ден малку покасно роди уште две. Секое окучување е иста приказна - првите недели ги пази, ги мази малите, после веќе кога ќе почнат да одат, да и досаѓаат, не сака да ги види. Дури и љубоморна станува, затоа што ги храниме со шприц, па повеќе внимание им обрнуваме (башка дека мали, топчести, интересни, ги гњавиме ). Обично после месец ипол-два ги даваме кутрињата. Тогаш малку е тажна, ги бара каде се, ама многу брзо и поминува тоа. Откако ќе ги дадеме кутрињата, некој месец ќе и треба да си ја врати нормалната тежина и влакното. Овојпат повеќе ги задржавме кутрињата, и многу ја измалтретираа, стварно беше ептен ослабена и на некои делови од телото скроз беше соголена. И дававме пржени лепчиња со јајце, со тоа што во јајцето ја дробевме лушпата заради хранливите материи, и некои такви работи применувавме што ни ги препорача ветеринарот. После 2-2ипол месеци беше како нова. Сега е дури и здебелена, па ја шетаме повеќе. А за парењето - нашава не е многу пребирлива, никогаш не правела проблем
За нив нема благодети од сексот, можеш кој сакаш ветеринар да прашаш ќе ти потврди. И не го прави тоа само за да ти земе пари, тврдам. Прочитај и на интернет... Меѓутоа чим си спремна да го сносиш цел тој товар со мали кученца кои ако не се расни, искрено ќе биде проблем да се вдомат колку и да се слатки, тогаш слободно... Само не ја оставај и неспарена и нестерилизирана. А колку раѓаат, повеќето кучки имаат 8 до 10 цицки така да би требало да родат најмногу до таа бројка ама нема ни тука правила, може 1, може 5, може 10...
Нема врска тоа со расата. Еве ние чуваме нерасна женка, па никогаш сме немале проблем со вдомување. Последниов пат во оглас ги дадовме, ми се чини на пазар3 беше, и повеќе од 10 луѓе ми се јавија. Уште истиот ден ги земаа. Јас па пустата, заборавив со кој мејл сум се логирала, па стоеше огласот 2 дена и 2 дена ми ѕвонеше телефонот. А баш во истиот период се окучи женската на кучето на дечко ми, многу убави хаски се и двајцата, преубави кутриња испаднаа. Дечко ми зема едно женско, со намуртена фацка, едно кафено и едно плаво око, преубава. Јас попрво ги вдомив кутрињата, отколку тој неговата хаска со педигре. Освен ако не планираш расното куче да го подариш, а не да го продадеш, помали шанси имаш да го вдомиш. Особено како што народов нема пари. А земи предвид дека хаските и не се којзнае колку скапи. Инаку Анушка, ако се одлучиш за стерилизација, што порано - тоа подобро. Затоа што ние сакавме пред некоја година да ја стерилизираме и ветеринарот ни рече дека најдобро е да се направи тоа кога е помала. Инаку ако се направи покасно, после стерилизацијата кучињата станувале подебели и потромави.
Моево е мало кученце. 2 месеци е. Дома имаме уште едно на роднинице и мачка имаат они. И надвор кога се и двете се душкаат со мачката. Дали може некоја зараза да се пренесе? Ако може тогаш мачето ќе го фрлам во контињер. Или во отпад.
^А што ако твоето куче му пренесе зараза на мачето? Треба твоите роднини истото тоа што го кажа ти да му го сторат на твоето куче? Што ако ти му пренесеш зараза на кучето? Алал да им е на ваквите "љубители" на животни...жално за милениците, кутри животинчиња. Особено не ги сфаќам оние кои сакаат мачки, а мразат кучиња и обратно или сеедно за кое и да е топлокрвно, нештеточинско животно да станува збор. Ѕверски сакаат да наштетат и да уништат невино суштество што не го сакаат. Памет, осет, човечност... = 0.
Спојлер Алал да ти е, душа од човек си, ти завидувам на убавите дела кои ги планираш, само продолжи така, има светла иднина во тебе. Женски едно прашање. На моето маченце околу муцето почна да му се суши и лупи кожичето вчера, па денес го однесов на ветеринар. Докторката ми рече дека се габички, и ми рече да мачкам со Канестен. Земав Канестен и го намачкав еве пред малце, ама дека околу муцето му е, го чепка и сака да го лиже, има ли некаква опасност? Го надгледувам додека да впие маста да не ја осеќа веќе, ама.. Исто така, дали некој имал искуство со габички кај маче, прочитав некаде дека може да се пренесат и на човек, па ме фати паника.
Еден совет до тие што чуваат бели МАЛТЕЗЕРИ да не им даваат храна што содржи зеленчук бидејки им потемнува влакното. Земете со телешко или др. но не со зеленчук!!!!!!
Моево е мало кученце. 2 месеци е. Дома имаме уште едно на роднинице и мачка имаат они. И надвор кога се и двете се душкаат со мачката. Дали може некоја зараза да се пренесе?
Спојлер Точно така Мarick14, можеш и ти и јас, и било кое куче и било која мачка и животно, може и ти да фатиш зараза од животно, човек...секој секого може со нешто и на некој начин да зарази. Значи одговорот на твоето прашање е може, иако општо е поретко. Многу поверојатно е да куче да зарази куче, мачка-мачка, човек-човек итн. И сега што? Ти ќе го фрлиш мачето или роднините кучето? Како и да е ставот и односот не ти се на место, мислам дека бев јасна во претходниот пост. Грижа за миленици подразбира и грижа за нивното здравје. Треба да си водите сметка да немаат заразни или било какви други опасни болести, затоа што некои болести може и на луѓе да се пренесат. Ако те интересира конкретно што можат меѓусебно да си пренесат кучиња и мачки, еве една статија со објаснување.
Мачките повеќе пренесуваат болести затоа што повеќе се движат, јадат глувци кои се едни од најголемите преносители на болести дане збориме за контејнери. Сепак ако е кучето вакцинирано нема да може да фати ништо, најопасната работа што може да ја фати од мачката е мачја куга која може да биде и смртоносно посебно затоа што твоето куче е сеуште мало и ако не е вакцинирано постои таа опасност, само незнам како се пренесува и дали секоја мачка е носител. Како и да не неможеш само така да ја фрлиш мачката подобро најдете и друг дом или држи ги на дистанца!
Од една страна е така mims, но има и други аспекти. На пример има мачки кои живеат внатре, не излегуваат надвор, немаат контакт со глувци, не одат по контејнери..а истовремено живеат со куче. Кучето оди надвор, сопствениците го шетаат, има контакт со други кучиња, евентуално мачки, може да закачи некој паразит, да стапне во нешто нечисто и кога ќе дојде дома да го изложи на опасност од зараза и мачето. Во случајов на Мarick14 не можеме да претпоставиме дали воопшто некое од миленичињата боледува од нешто, па да им се земе грев било на мачето или на кучињата. Затоа треба да се води сметка за здравјето на милениците, информирајте се како да ги заштитите и не би требало да има посериозен проблем.
Девојки имам огромен проблем Моето маче последнава недела е во контакт со нас домашните а ние сме сите настинати и со температура.Се плашам дали е можно да го префати од нас? И му се случува да кивне неколку пати во денот
Читам и пробувам да се воздржам, ама не можам. Значи самоиницијативно и свесно ќе ја преземеш судбината на мачето кое некој го чува и храни во свои раце и ќе го фрлиш во отпад? Најсериозно? Знаеш дека ќе има мали шанси да преживее, т.е ќе го убиеш. Нема само твоето куче право на живот, имаат и сите останати живи суштества на овој свет. Мали се шансите да се пренесат зарази, а ако твоето куче ги има примено сите вакцини, нема никаква опасност. Ти препорачувам друг пат да седнеш и да размислиш убаво како да решиш одреден проблем, се работи за живо суштество. Наместо да размислиш како да му помогнеш, размислуваш да се отарасиш од него.....без коментар ме остави, буквално!
Настинки, грип и сл. работи од кои боледуваат луѓето обично не ги загрозуваат мачките. Повеќе различни работи можат да предизвикаат кивање. Да не настинало од промаја или евентуално да не се поклопува со некој друг причинител за кивањето..а може и да не е страшно и да престане. Следете го однесувањето и кивањето, ако има промени во расположението, апетитот или ако кивањето зачести и трае подолг период, обратете се кај ветеринар задолжително. Најскоро да оздравете сите!
Со ампула. Однеси го на ветеринар и ќе ти објаснат се'. Само не чекај, да не ти се наполни со паразити па после да биде полошо.
Ова го има одсекогаш, ама не ми е текнало да прашам. Кога се спремам да излезам некаде прво ми ги одврзува патиките, а потоа се врти околу мене сѐ со цел да ме замота со ланецот кој ја држи врзана. За крај скокнува врз мене како да ме гушка. Дали го прави ова бидејќи не сака да ја оставам сама или?