Не сака да ја оставиш сама и сака да ја водиш со тебе.Kај мене се исти кога сум пред врата, го земаат ланецот и сакаат да ѓи шетам
И порано бев пишувала за овој "проблем". Еве сега пак се појави и е почест од порано. Имено моето куче обожава да се врти во круг и да си ја лови опашката и не се смирува додека не ја улови, не не рецка и никако не можеме да го одвратеме од таа идеја. Сега може некој ќе рече ништо страшно и обична кучешка игра, но страшно е, бидејќи тоа не бира место за таа негова игра, па така да често се случува да се удри во ѕид или во некој друг предмет кој му е во непосредна близина. Тоа го прави и кога си играме со него, и кога јаде, најчесто коски, и кога мирно си седе, па одеднаш ќе му текне да ја лови. Значи секогаш. Многу сум загрижена да не се повреди. Дали има некој идеја како да го одвратеме од таа негова игра?
И моето си ја брка опашката,ама најчесто кога му е досадно.И кога беше по мало,сега веќе не толку често. Колку е старо кученцето?Дур се мали се смотани ептен,се маваат по се и сешто,моето дневно главата во ѕид си ја маваше обавезно неколку пати уз игра,ќе се збуни и ќе се чукне.Или пак ако е постаро,случајно да не има крлеж или нешто друго на опавчето што многу го нервира и чеша па поради тоа го прави бркањето.. Иначе јас за неколку дена за првпат ќе идам на одмор со моето куче,па дали може некој совет да ми дадете на што да обрнам внимание,што да понесам ,какви лекарства и апчиња и слично со оглед на тоа што идам надвор од државава за првпат со него и искрено ми е страв како ќе се снајдеме,сепак море,плажа,сонце и гужви..
Го спаривме нашиот малтезер на 7 месеци и откога се случи тоа куево ми е многу чудно како да е тажно и цел ден спие Депресивност ли е што ли му е Ако знаете посоветувајте ме
Е женка де или муже? Ако е женка, ако е трудна е нормално да спие повеќе, ако има лажна бременост тие се исто симптоми депресија, неволност итн... Ако е мажјак, заљубен ви е и не се шалам. Живеам во иста куќа со братучедка ми, она има пинч што е буквално заљубен во една пудличка. Цел ден е скиснат, само кога го шетаат заедно со другарка и што ја чува пудличката у паркчето тука у маало трчка и е весел Мене ми е многу смешно, али и жалничко е од друга страна, ама тоа е.
И јас се согласувам IvanovskaM. Ако е машко, заљубен е. Најсериозно. И навистина можат да се заљубат до висок степен. Спојлер Кога ја пареше дечко ми неговата женка, после неколку дена му се јавува сопственикот на мажјакот и вели овој падна во депресија. Ја бара цел ден. Ни сака да јаде, ни сака да шета, ни сака да игра. Цел ден дреме. Тажен е. Смешно е ама така функционираат. Ист случај имав јас со моето кутре. Имав женка, мешанче беше, ама мал раст, комшиите до мене имаа исто такво машко. Ама баш исто беше. И тоа мешанче. Една година беше постаро од моево. По цел ден беа заедно. По цел ден буквално. Или кај нас или кај нив. И се спарија, имавме и кутриња. И на крај моево ми го удри кола. Другото после една недела умре од тага. Најсериозно. Цела недела ја бараше, цела недела цивкаше, како да плаче и комшиите ни кажаа дека починало. Од тага. Не ни се веруваше. И многу ни беше жал на сите. Ама ќе му помине брзо, не е ништо страшно.
Михаела абе како толку мало го имате спарено, значи твоето е уште бебе, машките кучиња дури на 2 години достигнуваат полова зрелост, ајде и на 1,5 да го париш, ама 7 месеци?Зошто не се распрашате прво убаво, разговарајте со ветеринар. Еве што пишува на страна од ветеринари ‘‘Препорачливо е женките да се парат на возраст после 14 месеци , додека мажјаците нешто покасно односно после 18 месеци, во спротивно може да настане деформитет кај кучињата, а малото машко кутре не може да ја оплоди женката “ Така да можеби не е депресивно и заљубено, туку од тоа што го имате ептен рано спарено.
На кучево му се појави како црвено топче на окото и му ставивме капки па да видиме дали ке му се смири да му се јавиме ли на ветеринатор или некој од вас знае?
Сите ветеринарници се затворени, му вртиме на докторот не се јавува, бевме до неговата куќа али не е дома.Оково му е исто капки Прокулин незнам што да правам. Можно ли е да го има изгребано некоја мачка или?
Не не се сите вертеринари затворени. Ако си од Скопје амбулантата во Автокоманда работи 24 часа, а ако не си можеш да се јавиш на информации ќе ти дадат број ќе те поврзат и ќе прашаш. Ај прокулинот се обични капки за прочистување на окото не верувам дека ќе му наштетат на кучето, ама ќе направите поголема глупост нареден пат што може да има тешко последици. Затоа не се оправдувајте дека не сте можеле да најдете ветеринар!
Имам пинчерка за некој месец 2 години ке направи .Пред две недели донесе на свет две преубави пуфчиња Прво кучење и е така да немам многу искуство .Откако ја земав си јаде сува храна строго ,ама сега е мноооогу пребирлива . Дајте некој совет околу исхраната ,што да ја хранам како да ја појачам малце ? Фала однапред .
Јас искрено тебе би те фрлила во отпад. И за таму си. Ми се гади од вакви... Некој ова да им го направи да моиве мачки, жив би го задавила. Кој си ти, од каде ти тоа право да решаваш за нечиј живот. Нема ли совеста да те мачи кога ќе го фрлиш тоа живо суштество!? Нема ли да мисиш што ќе биде со него? Зошто? За твоето куче да не се зарази!? Нема ли да помислиш како ќе им биде на луѓето чија е мачката!? Жал ми е и за кучето и за мачката што живеат во близина на вакво створење. Кога го прочитав постот мислев дека се шегуваш, но сфатив дека постојат вакви луѓе... И повеќе немој ни да си помислил да му сториш нешто на мачето!!!
Јас на шала го кажав тоа. Јас незнам како може толку сериозно да го сфатиш. Сигурно е дека не сум давал 300 евра за да го фрлам. ilent: :roll: Свашта по интернетов....
Дали куче ако е премало се бања? ме интересира бидејки дечко ми зема новороденче куче чувар и се мислиме дали треба да го бањаме?
А јас никако не разбирам како можеш воопшто да се шегуваш за такво нешто. Ооо, па ти би го фрлил и тоа одма, да не даваше 300 евра. Нели? Јас која сум огромен љубител на животни, особено на мачки, на крај памет не би ми текнало да се шегувам за тоа. Имаш право, свашта има на светов. Секакви луѓе.
Мислам дека нема проблем, но при тоа внимавајте на главчето и ушињата и на топло место да се чува, бидејќи не им е развиен терморегулаторниот систем, па да не измрзне во текот на ноќта. Моја препорака е само со вода да го измиете, да не употребувате шампон.
Девојки пред некој ден собрав едно мало маченце од улица, старо е месец отприлика и си го вдомив, сега во тек се вакцинации, ампули против паразити глисти и слично. Но друго ме интересира Не ми е јасен делот која е најдобра храна за мачки. Дали домашна, купечка или не знам што. Сакам најздраво што можам да го хранам па што ми препорачувате? Некаде прочитав дека не треба мачки да се хранат со човечка храна, па му купивме една сува храна за мачки Whiѕkas junior и му ја мешаме со млекце, ја сака но има многу дијареа откога почна да ја јаде, па не знам дали воопшто да продолжам со таа. Што препорачувате?
Najubavo e da jade kupecka hrana bidejki e bogata so vitamini. Ne preporacuvaat domasna hrana. Jas pocnav so friskas so vodicka malce natopena dodeka ne pocna samo cisto hranicka da jade. Koja i hrana da ti ja preporacaat, ne mora da znaci deka maceto ke saka da ti ja jade. Treba da probas nekolku pa da vidis ono za koja ke odluci Inace diareata moze da mu e i od mlekoto. Taka da ako mozes izbegni go za da vidis dali ke mu se popravi stolicata.