Сосем те разбирам како е мака да мачиш со (неспособни) ветеринари. Не губи време и веднаш барај друго мислење. Не требало да ја удара вакцината штом е кучето болно, а уште пак после да му шиба антибиотици и други лекарства. И децата кога се болни не се вакцинираат. Мислам, тоа и обичен човек го знае, а не пак лице на кое тоа му е струка. Но, важни се парите кои ќе ги земе. Инаку парацетамол не се дава кај кучиња, постои опасност од токсикоза, аналгинот е побезбеден. Молете го со повеќе вода и кисело млеко, тие помагаат во спуштањето на температурата и веднаш кај друг ветеринар и друго мислење и не заборавај да спомнеш дека скоро ја има примено вакцината за беснило.
Здраво нова сум на форумов и барам совет и помош, Имам две мачиња ги зедов пред 10 дена и се беше во ред во првите 5-6 дена, е од тогаш навака едното маче има пролив и никако не му престанува, му давав вода од ориз со ориз, му држев 24 часовен пост т.е. не му дававме ништо да јаде, сега го наранив со малку пилешко сварено во вода и набрзу од кога го изеде веднаш имаше пролив. Некој совет за тоа како вие сте им помогнале на вашите мачиња во вака ситуација Фала однапред
Давај му дехидрат, сува храна за мали мачиња. Ни под разно да му даваш млеко, од тоа најчесто добиваат дијареа. После сувата храна давај му вода зошто храната е солена и брзо се оценува мачето.
млеко им давав само првиот ден кога ги зедов, од тогаш ги ранам со сува храна, ама мачето сеедно има пролив. Денес го носам на ветеринар да видиме шо ќе каже. Дали е можно да има внатрешни паразити, оти не се прочистени ?
Нам ни истече рокот за ампулата,3 месеци поминаа. Да и ставам ли друга? Кога се шетаме нонстоп трчка по треви,ми е страв да не фати некој крлеж.
Стави штом се поминале 3 месеци, сега е топло па има крлежи по тревите. Најдобро е да и ставиш сега и барем ќе си бидеш сигурна цело лето.
Каква е таа ампула што трае 3 месеци? Мене ми кажаа дека подолго од 1 месец неможе да држи една ампула па каква сака нека е. Фронтлајн што ги спомнав претходно штитат 1 месец од кржели и 2 месеци од болви и други паразитчиња, а пазете Фронтлајнот важат за најдобри! Стави пак ампула обавезно, крлежите се насекаде и се многу опасни како за миленикот така и за тебе. Јас за секој случај ставам ампула се до Октомври, па еднаш и во Ноември ми се случи да закачи крлеж така да ништо не се знае.
Zemav Pinc 2 nedeli malo e sto treba da go hranam kupecka ili domasno kazete mi sto da mu davama i nabrojte ja hranata samo pobrzo odgovorete mi
Pa go zemav vcera mu davam mleko jas inaku ne e slepo.Mislam deka nema potreba jas mu davam mleko.Ako ne bide sto ce se desi ?
Sakam da kazam deka ne e slepo i jas mu davam mleko.Dali ima vrska deka so e 2nedeli i nee kaj majkamu ?
На колкав период ги бањате кучињата? Ние порано ја бањавме секоја недела, некогаш и двапати во неделата. А еве околу 12тина дена не сме ја бањале. Утре конечно ќе ја бањаме. Вие?
Вака, земав едно маче пред околу месец дена, пораснато е сега малку има околу 2 месеци па и повеќе меѓутоа забележувам дека е многу агресивно. Сака да се игра, но не дава никој ни да го погали. Веднаш започнува да каса и да гребе. Дали постои начин на кој би можела да го смирам?
Секако дека има врска. Не е воопшто добро што толку мало си го одвоила од мајка му. Млекото кое што ти му го даваш и млекото од мајката не е исто. Нејзиното млеко содржи антитела кои му се потребни на кученцето-бебе, бидејќи неговиот имун систем сеуште не е развиен, па така нејзиното млеко го штити од разни инфекции и други заболувања. Истото е и кај нас луѓето. Друго нешто кое што го имам читано е дека доколку кученцето остане доволен период кај мајката се оформува емоционално и овие кучиња се подобри миленици понатаму. Обично се одвојуваат на месец ипол или два месеца.
Чувам пинч веќе 3 години. Во последно време поклекнува на задните ножиња како да неможи да оди и така во место седи.Што можи да биди? или ветеринар е чарето...
Итно ги вдомувам двете мачиња, доколку некој е заинтересиран нека ми пише во инбокс, или нека ѕвони тука: 078 427 053 !
Здраво ) Не знам што да правам, скренав... Имам маченце 4 месеци старо со различни очи, сино и зелено. Во последниве неколку дена му течат солзи цело време. Нема други симптоми никакви... јаде, трча, си игра, беснее. Дали можеби знаете што му е? Некој да се има соочено со ова и да ми каже.