1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Ljupka-Emi

    Ljupka-Emi Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    I jas istoto prasanje go postavuvav pred godina dena, posto i moeto mace ne se galese, osven glava so glava, i samo kasase po race i noze i grebese. Togas prebaruvav i po forumi, i po sve i ne najdov resenie.
    Sega ima 1 godina i 4 meseci i plus ja kastrirav i ne se smiri. Sega ne kasa tolku mnogu osven koga ke se zaigra epten, ne grebe veke ali seuste nejke da se gali, osobeno ne so drugi luge i celo vreme saka da si igra. Takov mu e karakterot na maceto i ne mozes da go smenis treba da se pomiris so toa :) Edinstveno ti preporacuvam poveke da si igras so nego za da se izmoruva i koga ke go napravi toa grizanje, kasanje da mu svikas posilno NE. I ne mu davaj da si igra so tvoite race, jes da toa e tesko.
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Прво да знаеш дека бојата на очите нема врска со солзите ;) . Најверојатно се работи за некаква инфекција. Јас немам лично искуство, но имам слушнато дека им ги чистат очите со памукче натопено во изладен чај од камилица, но ако се обратиш кај ветеринар можеби ќе ти препорача и некои специјални капки за да го средите проблемот.
     
  3. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Мачето одвај дише го фаќам кај грлото има како топчиња како да му помогнам само леже и кашла..
     
  4. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Devojki citav na net deka trebalo da im se mijat zabite na kucinata, mu kazav na tatko mi toj mi vika nemam dr rabota zabite ce mu gi mijam :^) Pa sakam da ve prasam dali vie im gi mijate zabite ?
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Има специјални пасти за заби за кучиња во пет шоповите. Јас сакам да почнам да ги мијам забите на моето куче зошто здивот и´ труе. Ако немаш време за да ги миеш забите на кучето, тогаш купувај коски за глодање.
     
  6. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Se izvinuvam ne te svativ bas naj, kakvi se tie koski za glodanje. vsusnost pojasni mi go zborot glodanje
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.040
    [​IMG]

    Еве како изгледаат. Кучето ги гризе и со тоа ги чисти забите.

    Мачките своите мали ги дојат 2 месеци, после тоа можеш да го земеш, освен во случај доколку мајка му нема млеко, тогаш ти ќе треба да се погрижиш за него.

    На ветеринар под итно. Се надевам дека уште е живо...
     
  8. Pencitita

    Pencitita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Imam edno prasanje. Pred 5 dena si kupiv kucence od rasata Tibetski Terier, prv pat cuvam kuce i mnogu panicam... Kucenceto ima tecna stolica, a treba da mu dadam apce protiv glisti no prvo treba da mu se stabilizira stolicata. Da ne znaete sto da prevzemam, kakov vid na hrana da mu davam?
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Давај му дехидрат (сува храна). Јас од друг форум што читав, би ти препорачала да земеш Brit - CarniLove.
    [​IMG]
    И јас земав куче пред неколку недели, Ердел Териер. Ги немав овие проблеми, па ќе ти кажам како ја хранев мојата. На почетокот ја хранев на 3 саати зошто беше месец дена. Кога наполни 2 месеца почнавме да ја храниме 5 пати на ден. Ја храниме со варено мелено месо од кокошка комбинирано со сува храна. Како додатоци и’ даваме морков (ако ние јадеме). Некои кучиња обожаваат моркови. (мојата јаде се’, така да немам проблеми со недојаденост)
    Исто така, од другиот форум научив како се гледа квалитетна и не квалитетна дехидрирана храна. Квалитетната храна во состојките има месо како прво наведено од состојките. Тие што имаат било што друго НЕ СЕ КВАЛИТЕТНИ. И не ги слушај продавачките што ти предложуваат, не знаат тие.
    Исто така, не му давај:
    -Ројал Канин
    -Педигри
    -Боно
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Зошто не се препорачува Ројал и останативе храни што го наброја? Јас немам куче ама сепак ме интересира зашто секаде се препорачува оваа храна како најдобра. Иако и јас сум била скептик кога се работи за нешто што е префорсирано. :)
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Тие храни се најпрепорачувани од продавачите зошто се скапи и многу популарни. Сопствениците на кучиња кои не знаат толку многу за кучешките дехидрати (и воопшто храните), мислат дека тие храни се најквалитетни зошто се славни.

    И СЕКОГАШ читајте го составот на храната пред да ја купите. :!:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Го приметувам мачето доста често примижува со очињата, и делува како да му солзат скоро 85% од времето. Дали знаете отприлика за што се работи, јас во понеделник секако ќе го носам на ветеринар, ама ме интересира и сега на што би можело да асоцираат симптомиве? :|

    Се утепав од читање по нет, уште малце ќе почнам и на хебрејски текстови напишани да наоѓам, па ме интересира дали може да е почетна фаза на глауком? Инаку, белката му е бела, очињата големина, зеници и слично му се во ред, е сега ме загрижува тоа што примижува и трепка со едното многу?

    :(
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    На моето мачорче му се случи ова пред некој месец. И јас овде прашував. И исто вака како што опишуваш. Прво едното окце, па после некој ден и другото, најверојатно самиот си пренесе зашто се лижат нели постојано. Јас го однесов на ветеринар, ми кажа за што точно се работи, некоја блага инфекција, ја кажа постручно ама не ми текнува точно називот ама не било ништо страшно и ми кажа дека тоа му го пренесле некои други мачки. А баш тој период многу мачори се вртеа во двор кај мене и забележав дека и на нив очите им се такви. Лошо било ако не се лекува на време, тогаш можело да дојде и до загуба на видот. Ама тоа е веќе краен резултат ако ти го оставиш така една година на пример и му се влоши многу ситуацијата. Има многу улични мачиња такви.

    Мене ветеринарот ме советуваше прво да пробаме неколку дена со камилица за да не му дава за џабе капки, масти, само ќе го измалтретиравме, па ако нема подобрување рече ќе му даде соодветна терапија. Секој ден по четири, пет пати му ги измивав очињата со чисто памукче и камилица. Ако имаш или ако можеш да најдеш набрана, исушена камилица уште подобро, ако не, и кесичките ќе ти завршат работа. Јас му варев малку секое утро (не е убаво да престојува чајот од претходниот ден, затоа секое утро му варев), колку за еден филџан и неколку пати во текот на денот убаво го чистев со камилицата. Едно памукче за едното окце, друго памукче за другото окце, за да не му ја префрлаш инфекцијата. Ама убаво натопи го памукот за да му влезе и внатре во окцето, ништо не му е, и чајот ладен, односно не целосно ладен туку на собна температура, никако топол. Јас борби водев со моево, кога ќе ме видеше со филџанот и памукот му се темнеше сирото. Ич не сакаше. Ама моево и така си е малку дивтар, не сака ич да го допираат па затоа се бунеше, твоето ако е помирно може и нема да ти прави проблеми. Инаку во рок од два, три дена очињата му беа солза чисти. Се јавив на ветеринарот, му кажав, ми рече да продолжам уште неколку дена за секој случај да не го повтори и толку. Од тогаш не сме имале никаков проблем.

    Мислам дека и кај твоето се работи за истиот проблем ама секако однеси си го ти на ветеринар зашто сепак јас само претпоставувам и не можам со сигурност да ти кажам. Иако ти можеш да пробаш со камилицата до понеделник, не може да има штета, само може да му помогне. :)
     
    На Twinkles и anabel-a им се допаѓа ова.
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ух, фала ти многу на одговорот, некако ме утеши дека можно е да се работи и за поблага инфекција.
    Јас еве сега пак му ги прегледав очињата, и сега и белката му е црвена и стварно ми е тешко да го гледам вака. :( До понеделник ќе се мрднам осеќам. Го измив со млака водичка кај очињата пред 10 мин, сега ќе му сварам камилица, па до после и со тоа ќе го поминам.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Папилон Папи, Ројал Канин е една од најквалитетните храни во Европа со највиско ниво на протеини и месо во нив, а без житарици. Да не зборам за гранулатите колку специјално ги прават за секоја раса на куче посебно исто и хранливите материи во храната и какви состојки употребуваат во храната. Мислам дека луѓето не јадат толку квалитетно месо како тоа што го користат во храната. Баш Ројал не се многу комерцијализирани како Педигри да речеме. Брит е исто така популарна и привлечна храна исто една од најдобрите храни за миленици како и Фармина која е број еден во Америка. Знаеме дека повеќето храни содржат само житарици и адитиви со вкус на месо а хранливост имаат нула.
    Што мислите за конзервираната храна за миленици на МИК Свети Николе? Како што видов содржат поголем процент на место од овие странскиве.
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ројал Канин не е квалитетна храна. Главната состојка е ориз. Само ветеринарната РК е со подобра композиција дизајнирана за миленици со специфични проблеми, која може само ветеринарна установа да ти ја продаде, и не е ни приближно иста со онаа на рафт, затоа и прославена лажно онаа РК храна од пет шоп, додека композициски на хартија не е ништо подобра од Педигри, Бејкерс, Пурина, Укануба...и слични форсирани со реклами а полни се жито, пченка и компир.

    Моите ги хранам со Орден Грејнџ(Arden Grange). Месото во неа е од стандард на човечка конзумација. Не црева, копита и кожа да бројат во месо како други брендови. Подобро од таа би било само ако ги хранам сурово. Немам толкав замрзнувач :^)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Imelda poznavam covek sto bil vo fabrikata na Rojal I videl so sto I kako se pravi. A ako toa ne se smeta za nekoj znacaen dokaz za kvalitetot na hranata nitu pak kritikite za istata togas razlika mozat da primetat tie sto go hranele milenikot so random hrana pa potoa pocnale so Rojal. Razlika se gleda mnogu brzo I toa vo krznoto, razvienosta, izmetot I energijata, koe sekako nemoze da se dobie od oriz ili drugi zitarki.
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас се водам по етикетката за тоа што има и во кои количини во јадењето. Тоа не можат да го манипулираат, оти е под закони за стандард. Стојам зад ветеринарната Ројал Канин, сум имала миленици на кои им требала специфична диета да им подобри функција на бубрези, и делувало со самата храна, но никако не стојам и позади онаа Ројал што се продава во пет шоп како што реков, ради лажната реклама на ветеринарната Ројал канин. Полна е жито, пченка и компири, а контентот од месото е црева,копита и рскавци. И не го кријат фактот, по лепенката, кој сака да ја прочита, пишува композиција. Неодамна присвоив куче со многу проблеми во однесување, агресивност. Хрането со Бејкерс пред да дојде кај мене. Го сменив режимот на исхрана, однесувањето се подобри видливо, пред да воспоставам и тренинг плус. Кондицијата на крзното на панагон.

    Не сакам да ги оцрнувам Ројал Канин. Ама едноставно се добри во храна на рецепт. Таму трошат пара, маркетинг, од таму собираат придонес. Ама ми смета дека се богатат од лажната реклама на Ројал Канин жито и комприри од храна од пет шоп. Порадо би дала Бејкерс, поевтино е а исто жито е.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ајде после ќе ја напишам содржината што ја пишува на етикетата сега не сум во можност. Да не лупам на памет, а баш ме заинтересира. Па ќе продискутираме после, ќе напишам и за тоа во фабриката што ми го кажаа. :)
     
  20. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Тој проблем ќе го решиш многу едноставно, претпоставувам дека скока и на тебе кога ќе се вратиш од некаде. Лекот е во тоа што кога ќе скокне, т.е кога ќе се исправи на задните нозе нежно со ногата згазни го на неговите задни нозе, и не го гали туку биди рамнодушна. Повтори го тоа неколку пати за да му влезе потсесно дека ќе почувствува болка ако го направи тоа и ќе се одвикне. Само немој сега да кажеш многу го сакам жал ми е. Дури и да го однесеш кај дресер да го одвикне од таа навика истото ќе му го направи.
    Да повторам, кога ќе скокне со предните нозе на тебе, полека згазни го на еда од задните нозе, и не го гали, бидејки ако го галиш тој тоа ќе го свати како извинување. Така ќе научи дека доколку го прави тоа ќе почувствува болка и нема галење. Секогаш кога ќе дојде без да скокне погали го за да свати каде добива награда а каде казна.