Луѓе си имам еден проблем,ако знае некој како да го решам(под услов да е решлив),решив да ја парам мојава кучка и ми донесоа дома машко за неа,ама оваа на него му се понаша,а на џукелите по улица им се мести.Има ли некое чааре да се здушкат?
Папилон горе доле е сличен составот што јас го напишав на Ројалот со оваа ти што ми ја прати. Освен што е повисока во протеини и содржи калинка. Плус читам дека содржи и грозје, а грозјето е токсична состојка за кучињата нели? И Фармина содржи калинка па е нешто по ефтина од Ројал. Што е тоа во Ројалот што ти не би го дала на своето куче? Која цена е Карни Лав и каде може да се најде? Друга работа, јас не се палам на реклаирана и форсирана скапа храна, тоа не ми причинува задоволство и јас бев скептик. На почетокот кучето го хранев со Педигри, Чапи некои рандом храни на мерење, може да се каже дека сите сум ги пробала. Арно ама имаше измени во изметот, проливи чуда и ти мисли се од што е зошто е и како е, потоа почна да и се појавува како првут по крзното и на очите како гурелки. На ветеринар тоа го комнтираа како обична, секојдневна појава, период, ќе помине ова она, никаков конкретен одговор се додека не го добив одговорот во пет шоп по некоја случајност. Отидов да купам шампон против перутање го кажав проблемот и ми рекоа дека е до исхраната односно ми го испофалија Ројалот. Купив 2-3 кила на мерење и одма се виде разлика. Сега веќе не ја менувам си купувам цела вреќа која од 15кг е наменета за 60 дена по 250 грама на ден и тоа е сосема доволно. Што значи дека за цената околу 4000 денари е пак е ок за 2 месеци. Мубетот не е дека е само лажно фалена, рекламирана и форсирана, треба сам да се увериш. Не дека оваа Карни Лав не е добра, напротив, по протеинска е од Ројалот ама зошто коментирате нешто што не знаете? Можеби е анти реклама тоа дека Ројалот не е добра храна? Сте се запрашале за тоа? Јас се уверив дека е добра, а аргумент дека не е добра треба да даде некој што ја користел за својот миленик па не бил задоволен, а не некој што само слушнал дека не е добра. Ти Папилон очиглено не го прочита составот што јас го напишав од Ројалот па само кажа дека не би сакала твоето куче да ги јаде тие состојки кои пак ги содржи и храната што ти ја напиша. Значи од Ројалот не би му дала да јаде, а од Карнито да, а истите состојки ги имаат.
Хохооо, скоро 2,5 години (од февруар 2012) од мојата последна активност и последен напишан пост на форумов Фемина. Навистина долг период, зарем не Ве читав на последниве 3 - 4 страни на темава, и едноставно Doberman неможеше да се воздржи, а да не реплицира на темава, бидејќи дискусијата околу дехидратите е врло занимлива за мене Прво, поздрав до mims-89, морав да те поздравам, бидејќи одамна се немам така смеено на некоја дискусија. Нема да околишам, ќе преминам директно на целта. Овој пост што сега ќе го напишам, не е наменет само како контра аргументирање на последните 4 - 5 постови на mims-89 што ги има напишано во темава за квалитетот на дехидратите. Туку овој пост е наменет за сите членови на форумов, и ќе има и општо едукативен карактер. Ќе ви го пренесам моето знаење за дехидратите, и ќе ве научам како да читате состав на дехидрат, и како да препознавате и правите разлика помеѓу квалитетен и неквалитетен дехидрат. И серазбира, најважното од се', како да не „паѓате“ на искомерцијализирани ѓубриња, кои што со своите маркетиншки трикови и трошење на огромни суми на пари за рекламирање, успеваат да ве измамат, и успеваат своите производи лажно да ги претстават на пазарот како ултра квалитетни, а уствари позади тој нивни лажно претставен „квалитет“ стои само името на брендот, и големиот кеш во позадина кој што е потрошен за рекламирање и промовирање преку кампањи, за да го создадат тоа „име“ ... тоа е факт, и никој неможе да го негира. Али да ја тргнеме на страна манипулацијата, и да преминеме на едукацијата Како прво, не ми е јасно како можете да го споредувате Royal Canin, со врвните Супер Премиум линии на компанијата Brit ... значи не зборам за обичните економски линии на Brit, туку зборам за Супер Премиум линиите на Brit, а тоа се Brit CarniLove и Brit Care. Royal Canin неможе да стои во иста реченица со Brit CarniLove, навистина смешно изгледа. А камо ли да се прават споредби ... едноставно е невкусно да се прават споредби на производи што се навистина квалитетни (Brit CarniLove) со производи кои што имаат само „име“, но не и квалитет (Royal Canin). Ова сега што го кажав, ќе го аргументирам со факти, и со детална анализа на составите на двата дехидрати (Brit CarniLove vs. Royal Canin), за да ви ја претставам реалноста, и воедно да ве научам како да читате состав на дехидрат. Прво и основно правило за одредување на квалитет на одреден дехидрат (дехидрат е кратенка за сува дехидрирана храна за кучиња), е тоа дека количината на процентот на протеини и масти, е речиси небитна Значи никогаш процентот на протеини и масти нека не ви биде репер за одредување на квалитет. А еве сега ќе ви ја откријам тајната зошто е тоа така. Мноооу е поважно од какво потекло доаѓаат тие протеини, бидејќи протеините можат да бидат од животинско и од растително потекло. Квалитетниот дехидрат секогаш содржи протеини од животинско потекло. Но тука има уште еден многу важен елемент, квалитетниот дехидрат, освен тоа што содржи протеини од животинско потекло, секогаш во декларацијата на составот се напишани точно од кое животно доаѓаат тие животински протеини. Ако не е наведено точно од кое животно доаѓаат протеините, тогаш е нешто мутно Бидејќи има огромна разлика ... не е исто ако протеинот доаѓа од чисто месо кое што е наведено во самиот состав на дехидратот од кое животно потекнува месото, и доколку протеинот доаѓа од отпад, буквално отпад, мелени коски, кожи, црева, изнутрици, и слични неквалитетни животински протеини. Значи освен тоа што во квалитетните дехидрати протеините се од животинско потекло, исто така мора да биде наведено од кое животно (месо) доаѓаат тие протеини. И за да препознаете дали некој дехидрат е квалитетен, секогаш кога ќе му го прочитате составот, во составот на прво место (значи најмалку на прво место, пожелно е и на второ, трето место) треба да има МЕСО, бидејќи кучињата се месождери, и најголемиот процент од исхраната на кучињата се базира на месо. Тоа е природата, и природниот начин на исхрана на кучињата. И мора месото да биде точно наведено од кое животно потекнува, и во колкава количина го има. Квалитетните дехидрати во својот состав немаат Пченка (Corn), Пченица (Wheat), брашно од пченка, брашно од пченица, соја. Бидејќи овие житарици (Пченка и Пченица), не само што немаат никаква корист во организмот на кучето, туку дури и се штетни, бидејќи го оптоваруваат варењето на храната, и се штетни за бубрезите. Воглавном тоа беше мојот дел од постот наменет за квалитетните дехидрати, и препознавање и одредување (односно читање) на составот на дехидратите. Сега малку да искоментирам за неквалитетните дехидрати, и да ви објаснам како да ги препознавате неквалитетните дехидрати. Намерно прво убаво ви објаснив за квалитетните дехидрати, за да можете да направите споредба со неквалитетните, и да видите колку уствари се очајни неквалитетните дехидрати во нивниот состав. Прв пример за неквалитетен дехидрат е Royal Canin (и сите дехидрати што имаат сличен состав на Royal Cain), а еве зошто е тоа така. Ќе го ставам во спојлер постот на mims-89 во кој што она го напиша составот на Royal Canin, за да не го проширувам ионака веќе големиов пост, и ќе направам детална анализа на составот, и со аргументи ќе потврдам дека Royal Canin нама квалитетен состав. На вас останува само да го отворите спојлерот, и да ја прочитате мојата анализа, и да научите кои состојки се неквалитетни, и да направите споредба со тоа што го напишав погоре, за тоа како треба да изгледа еден квалитетен дехидрат. Спојлер Ќе ја правам анализата детално и по ред: 1) Како прво Royal Canin има недефиниран животински протеин Пишува Дехидриран протеин од живинско месо ... од кое месо е тој протеин ? Никаде не е наведено, под живина се подразбираат многу видови на месо, а штом не е точно дефинирано и наведено од какво месо доаѓа протеинот, нешто е мутно може да биде од се' и сешто, а прашање е со каков квалитет е тоа месо штом не е наведено од кое животно потекнува. 2) Пченкарно брашно ... are you kidding me Пченката и пченкатното брашно е штетно за бубрезите на кучињата, значи не само што не е корисно како состојка во дехидратот, туку дури е и штетно и плус тоа безпотребно го оптоваруваат варењето на храната. 3) Масти од животинско потекло ... читај под точка 1 за протеините ... истото се однесува и за мастите, недефинирано потекло на мастите, од кое животно се мастите ? А во овој случај со мастите е и уште пострашно, ај за протеините барем пишуваше дека се од живина (колку толку кажуваат барем дека се од живина), али за мастиве не наведуваат од кое животно се. Што доколку мастите доаѓаат од свиња ? Тоа се масти кои што спаѓаат во групата на заситени масти, и се штетни, и можат да предизвикаат многу здравствени проблеми. 4) Дехидрирани протеини од свинско месо готово end of discussion. Свинското месо, и протеините од свинското месо, се многу штетни за кучињата! Предизвикуваат многу проблеми со кожата, и со здравјето на кучињата. 5) Пченица ... читај под точка 2 за Пченкарното брашно ... тотално некорисна состојка, и штетна, безпотребно го оптоварува организмот и варењето на храната. Мислам дека доволно беше, и со оваа детална анализа кажано е се' за „квалитетот“ на Royal Canin, па освен тоа што не е квалитетен, дури е и штетен ... поткрепено е со факти во анализата. Исто има и премала количина на витамини и минерали, ако ве интересира, и за нив ќе направам анализа, и ќе ви објаснам зошто реков премала количина. Сите витамини и минерали што ги има во составот на Royal Canin се во премала количина, и се недоволни, од сите витамини и минерали треба да има најмалку дупла количина, а не онаа премала што е наведена. А за Brit CarniLove во теков на денов ќе ја направам анализата, да не го ширам сега постов, ионака е огромен. А воедно и ќе отворам нова тема за овој пост, и за наредниот пост што ќе го напишам за анализата на Brit CarniLove, бидејќи е многу корисно, и ќе биде еден вид на упатство за одредување на квалитетот на дехидратите. И за крај, јас кога купувам вреќа, секогаш ја купувам поради тоа што го има внатре во вреќата, а не тоа поради тоа што го има надвор од вреќата (односно самата вреќа) - „името“ / брендот. Јас бирам квалитет, а не бирам бренд. За тоа ќе напишам во наредниот мој пост, кој што ќе се однесува на анализата на состојките во квалитетните дехидрати.
Доберман прво морам да ти се заблагодарам на долгиот пост и на опширното објаснување. Всушност јас и тоа барав од членките кои го оспоруваа квалитетот на Ројал, а очигледно никој од нив незнаеше да објасни и да каже зошто туку одговорот беше затоа што така слушнале. Јас напишав и дека името Ројал Канин не ми значи ништо посебно во животов ниту пак паѓам на маркетиншки трикови, всушност и никогаш не сум слушнала до сега некоја јака пропаганда за хранава, напишав како дојдов до тоа да купам и како му го подобри животот на мојот миленик, во смисла на крзното, изметот и другите проблеми. Никогаш посебно не сум ги анализирала храните додека Паилон Папи не ја наведе како лоша храна па на некој начин ме натера да видиме што е тоа што е толку лошо, а како што кажав до сега не се потруди никој да објасни освен тебе. Незнам што ти падна толку смешно во дискусијава кога составот на Ројалот е многу сличен со составот на Бритот од линкот што го постави Папилон нормално со некои плус минус работи. Како што напишав и претходно познавам човек што бил во фабриката на Ројал, а не работи за нив, така да секоја реклама тука може да се исклучи, чисто коментиравме за тоа како во хранава на Ројал употребуваат месо, конкретно пилешко и какви проверки им прават што смета дека и подобри се од оние што ги јадеме ние луѓето. Значи човеков нема врска со Ројал бил и низ други прехрамбени фабрики и за луѓе и за животни тоа му е работа. Тука значи отпаѓа муабетот дека најлошото месо го ставаат во храната. А и незнам што има толку лошо ако ставаат уши, црева, нозе, копита и незнам таму што, се е тоа месо нели? На месождер дај му цела кокошка со се пердуви ќе ја изеде. За пченката и пченицата нормално дека ми е јасно затоа и не смеат да јадат лебови и други работи што содржат висок процент на овие состојки, ама што е со грозјето што го содржи Брит? Во никој случај не го оспорувам квалитетот на Брит навистина добро објасни и си поедуцирана во врска со ова кога би бирала после ова би ја одбрала Брит и дефинитивно ќе ја земам нареден пат. Me интересира и што е ова Chondroitin sulphate .Само никој не ми кажа каде ја има и колку чини. Според ова со цените што го зборите треба да е по ефтина нели? Мислам подобро да отвориме тема за исхрана на кучиња.
Нема проблем. Ни одблиску Мимс, ни одблиску не е сличен составот на Royal Canin со составот на Brit CarniLove. Разликата е огромна, ќе видиш подоцна зошто е разликата огромна, откако ќе направам анализата за Brit CarniLove, исто детално како што ја направив анализата на Royal Canin. Уши, црева, нозе, копита ... не спаѓаат во месо, туку во отпадоци што треба да се фрлат во отпад, а не да се подметнат и наведат како месо во составот, само за да си зголемат и пополнат количина. Се знае што е месо, а што е нехранливо ѓубре за во отпад. Грозјето во мала количина не е штетно, а конкретно во Брит, грозјето не е во мала количина, туку е во микроскопска количина ... значи апсолутно не е штетно во таа количина што го има во составот на Брит. Chondroitin sulphate е Хондроитин сулфат, многу важна и корисна состојка. Хондроитинот е природна супстанца и го стимулира создавањето на главните компоненти за изградба на ‘рскавицата. Ја заштитува ‘рскавицата со тоа што помага во преземањето на водата и хранливите материи во ‘рскавицата, а истовремено ја инхибира активноста на ензимите кои ја оштетуваат. Brit е компанија која што има и економски линии на дехидрати, како што се Brit Astor и обичната Brit ... тие се неквалитетни и не ги препорачувам. Имаш и Премиум линија, која што е наречена Brit Premium, сини вреќи од 15 кг. тоа е средна класа. Моја огромна препорака за Супер Премиум линиите од Brit ... односно тоа се Brit CarniLove и Brit Care. Brit CarniLove и Brit Care можеш да ги најдеш во Пет Шопот Pet Suplies на Рузвелтова и во капиштец (во близина на ветеринарот Диме). Вреќите и на двете линии се по 12 кг. само што е разликата во квалитетот на составот. Brit Care е со малце послаб состав и вреќа 12 кг. кошта околу 3.200 / 3.300 денари. Brit CarniLove е со фантастичен состав, и вреќа 12 кг. кошта околу 4.500 денари.
Ете, токму ова е најголемиот проблем во Македонија. Никој не се интересира самостојно да истражи за квалитетот на одреден дехидрат, туку ги слушаат останатите луѓе што ќе кажат, и тие информации ги зимаат здраво за готово. Затоа и Ројал Канин важи за најквалитетна храна во Македонија, бидејќи никој не се заинтересирал да го прочита составот, и самиот да види какви неквалитетни и штетни состојки има во неговиот состав. Значи луѓе, се ви е на тацна сервирано, само треба да се потрудите да прочитате, и да се информирате. Доволно е да ја свртите вреќата отпозади и да и го прочитате составот ... али не, и тоа ви е тешко. Уствари не сте информирани кои се квалитетни, а кои се неквалитетни и штетни состојки, па дури и да го прочитате составот, повторно нема да разберете, бидејќи немате претстава како изгледа составот на еден квалитетен дехидрат, па затоа и незнаете да направите споредба помеѓу состојките на квалитетните и неквалитетните дехидрати. Сепак некои решаваат слепо да веруваат на муабетите на луѓето, но тоа си е веќе нивни проблем ... бидејќи во младоста на кучето нема така лесно да се осетат штетните последици од неквалитетната исхрана, али на старост и тоа како ќе се осетат, кога ќе почнат нагло да откажуваат органите, и еден куп други последици, благодарение на неквалитетната исхрана. Па кога ќе почнат да фрлаат еден тон пари за да го излечат и спасат кучето, и на крај толку многу пари ќе се изнадаваат за ветеринарните трошоци, што на крај ќе им испадне истата сума на пари да ја потрошат како цел живот да го хранеле кучето со квалитетни дехидрати, кој што серазбира дека се поскапи од неквалитетните дехидрати, но барем нема да му го упропастите животот на вашето милениче, и нема да се мачи на старост, благодарение на неквалитетната исхрана. Ете уште еден доказ дека прифаќате се' здраво за готово, без да се информирате. Значи не зборам конкретно за тебе Мимс, туку зборам општо за луѓето. Секогаш кога на некој ќе кажам дека Ројал Канин е неквалитетна храна, сите се чудат, и ме прашуваат како е можно Ројал Канин да е неквалитетна храна кога сите (под „сите“ се подразбира на продавачите во Пет Шоповите, ветеринарите, и општо луѓето) ја фалат ? Епа сега ќе ви кажам зошто е тоа така. Продавачите во Пет Шоповите и Ветеринарите ја фалат, бидејќи имаат ненормално висока заработка. За цените нема да коментирам јавно, бидејќи ќе ви се слоши од податоците за тоа колку многу ефтино ја набавуваат, и потоа ја продаваат во Пет Шоповите и Ветеринарните станици, по ненормално високи цени. Разликата во цена е огромна, најмалце е дупло поевтина набавната цена од онаа цена во Пет Шоповите и Ветеринрните станици. Затоа Ројал Канин е толку многу фалена, бидејќи ненормално голем кеш игра улога, и ненормално висока заработка, станува збор за суми од кои што ќе ви се помати умот И потоа доаѓаме до втората алка, а тоа е народот, кој што е неинформиран за составот на дехидратите, па затоа е и лесно да се манипулира со него Доволно е во Пет Шоп и Ветеринарна станица, да ти ја испофалат Ројал Канин, и да ти кажат колку е најдобра на свет, и тука веќе е крајот. Од човек на човек ќе се пренесува тој муабет ... и затоа денес стигнавме до тоа ниво Ројал Канин да го сметаат за најквалитетен дехидрат. Истото важи и за дехидратот Педигре, кој што е уште понеквалитетен од Ројал Канин, но исто така огромен кеш се врти околу него, и е најрекламираната и најпрепорачуваната храна од страна на Пет Шоповите и Ветеринарните станици, и затоа луѓето веруваат дека Педигре е многу квалитетен дехидрат. Искрено кога го пишував рефератот погоре, сакав да пишам дека има 2 типа на неквалитетен дехидрат и да објаснам за двата типа, али ептем ќе го раширев постот, кој што ионака е огромен, па се откажав од таа идеа, и објаснив и направив анализа само за Ројал Канинот. Е сега ќе ви кажам за двата типа на неквалитетни дехидрати За Ројал Канин и самите прочитавте во анализата колку е неквалитетен, и веќе имате претстава како изгледа составот на еден неквалитетен дехидрат како што е Ројал Канин. Али сега доаѓаме до интересниот дел Ројал Канин спаѓа во првиот тип на неквалитетни дехидрати, односно во оние подобрите. Али Педигре ви е дно дна неквалитетен дехидрат ... односно како што јас го нарекувам Next Level неквалитетен дехидрат. Значи незнам како да ви опишам колку е неквалитетен, кога го читам составот на Педигре, добивам мачнини во стомакот, буквално. И за жал не е Педигре единствен таков Next Level неквалитетен дехидрат, само што разликата е во тоа што е најрекламиран и најпрепорачуван, затоа е и најпознат. Останати Next Level неквалитетни дехидрати што ви препорачувам во широк лак да ги избегнувате се: Friskies, Darling, Chappi, Bono, Joly, Miglior Cane, FUN Dog, Apollo, Amigo, Otto, Premil ... и сите останати дехидрати кои што ќе ги сретнете во маркетите за луѓе (Vero, Tinex, KAM Market и др.).
Се е тоа супер да се знае и да се знае со што гоо храните миленичето, ама на прсти се бројат луѓето кои можат да си дозволат да го хранат миленикот со Брит Карни Лав, па и со Ројал бидејќи тука некаде се со цените нели. Сепак за нездравото хранење на милениците е високата цена на храните. Ројал е навистина скапа, а вие како коментиравте дека незнам колку заработувачка имале и колку била скапа храната што јас си помислив дека Бритот е дупо поефтина од Ројал. Сакаш да ми кажеш дека Брит немаат огромна заработувачка? Или можеби само кај нас им се толку високи цените поради царините? Покрај тоа што е скапа ти барем убаво напиша па излегува дека барем знаеш за што плаќаш толку, додека според напишаното Ројал не вреди за да има толку високи цени. Друго ме интересира Доберман како би го искоментирала ти тоа што го напишав за промените на моето куче одкако почнав да го хранам со Ројал? Ок, видовме и прочитавме сите што содржи и колку се штетни тие состојки, а јас неможам да си објаснам тогаш како при толку лоша храна влакното и се подобри, престана да и се перута кожата и изметот и се подобри... Ќе се префрлам малку и на домашна исхрана. Од домашна храна јас му давам на кучето варен ориз, морков, варено пилешко месо без коските, коски од свинско или говедско и јагнешки коски претходно обарени... Друго што би било ок, и што не е ок од ова? Исто сакам да те прашам и за конзервираната храна, со оглед на тоа што станува збор за Чапи, Ото, Педигри ... претпоставувам веќе што може да е во прашање.
Е сега доаѓаме до најинтересниот дел Во овој пост ќе објаснам за квалитетот и составот на квалитетните дехидрати. За да препознаете дали некој дехидрат е квалитетен, секогаш кога ќе му го прочитате составот, во составот на прво место (значи најмалку на прво место, пожелно е и на второ, трето место) треба да има МЕСО, бидејќи кучињата се месождери, и најголемиот процент од исхраната на кучињата се базира на месо. Тоа е природата, и природниот начин на исхрана на кучињата. И мора месото да биде точно наведено од кое животно потекнува, и во колкава количина го има. Квалитетните дехидрати во својот состав немаат житарици, односно: Пченка (Corn / Maize), Пченица (Wheat), брашно од пченка, брашно од пченица, соја, GMO. Единствена прифатлива и корисна житарица, која што смее да се користи во исхраната на кучињата е Оризот. Оризот е житарица со богат извор на скроб (сложен јаглехидрат), а сите добро знаеме дека јаглехидратите се извор на енергија. Исто така како замена на оризот, се користи компирот. Компирот е многу богат со скроб (сложен јаглехидрат). Има 2 типа на квалитетни дехидрати: 1) Првите се оние ѕверските, супериорните ... и незнам уште како да ги наречам, со фантастичен состав. Тие се Grain Free дехидрати ... нивниот состав се базира на МЕСО, и во нивниот состав нема житарици, што и самото име Grain Free го потврдува тоа. Во Grain Free дехидратите како извор на јаглехидрати се користи компирот. 2) Вториот тип на квалитетни дехидрати се оние кои што во составот како извор на јаглехидрати се користи оризот (корисна житарица). И кај овие дехидрати, исто така главната база е МЕСО, односно месото се наоѓа на прво место во составот. Како прво морам да кажам дека Македонија е прилично мал пазар, и изборот на квалитетни дехидрати слободно може да се изброи на прсти. Во Македонија, во моментов постојат само 3 Grain Free дехидрати, а тоа се: 1) Brit CarniLove 2) Farmina Natural & Delicius 3) Brit Care - Venison Затоа сега ќе направам анализа на составот на Brit CarniLove, кој што во моментов во Македонија според неговиот состав е најквалитетниот дехидрат, а воедно е Grain Free. Brit CarniLove е дехидрат, кој е најквалитетната линија од компанијата Brit. Содржи 4 вкусови: - Lamb & Wild Boar (Јагнешко и Дива свиња) - North Sea Fish & Turkey (Северна морска риба и Мисирка) - Salmon & White Fish (Лосос и Бела риба) - Chicken (Пилешко) Ќе направам анализа на вкусот Lamb & Wild Boar, бидејќи пред 3 дена купив вреќа со овој вкус. Како што велат ... 1 слика 1.000 зборови, затоа ќе поставам слики, во кои што ќе можете да го видите составот. COMPOSITION: Wild Boar Meat Meal 30%, Lamb Meat Meal 20%, Potato, Chicken Fat (naturally preserved with mixed tocopherols) 10%, Dried Apples (a source of fructo-oligosaccharides), Hydrolyzed Chicken Liver 3%, Salmon Oil 2%, Brewer's Yeast, Fruit & Herbal extract 300 mg./kg. (Grapes, Rosemary, Turmeric, Citrus fruit, and Cloves), Hydrolyzed Crustacean Shells (a source of Glucosamine), Chondroitin Sulphate, Hydrolyzed Yeasts (a source of Mannan-Oligosaccharides), Yucca Schidigera extract, Dried Cranberries extract 50 mg./kg., Pomegranate extract 50 mg./kg. ANALYTICAL CONSTITUENTS: Protein 38%, Fat 20%, Fiber 3,5%, Crude Ash 7%, Moisture 10%, Calcium 1,5%, Posphorus 1,1%, Metabolizable Energy 4.440 kcal/kg. NUTRITIONAL ADDITIVES: Vitamin A 20.000 I.U., Vitamin D3 1.500 I.U., Vitamin E (Alpha Tocopherol) 500 mg., E6 (Zinc) 83 mg., E1 (Iron) 72 mg., E5 (Manganese) 35 mg., E2 (Iodine) 0,65 mg., E4 (Copper) 14 mg., E8 (Selenium) 0,2 mg., Choline-Chloride 600 mg, Magnesium 35 mg. Или во превод ... тоа е дехидрат без конзервански и на потполно природна база, со вкупен процент од 65% месо и животински продукти Првите 2 состојки се: месо од дива свиња 30% (месото од дива свиња е многу квалитетно, не е како на обичната свиња) и месо од Јагне 20% ... значи веќе уште во првите 2 состојки имате месо со вкупен процент од 50% (30% + 20%) од составот на дехидратот. И уште поважно, тоа месо е Meat Meal, односно веќе е дехидрирано и извадена е количината на вода од месото, и во тие проценти добивате потполно чисто месо. Потоа на трето место во составот е компирот, кој што се користи како извор на скроб (сложен јаглехидрат) кој што е потребен за енергијата на кучето. На четврто место во составот е пилешката маст (природно приготвена со токоферол). За понатаму мислам дака нема потреба да преведувам, ќе си прочитате, ако имате нешто нејасно, прашај те. Исто така освен што има висок процент на Протеини (38%) и на Масти (20%), исто така има и многу висока енергетска вредност од 4.400 калории на 1 килограм дехидрат. И голема количина на витамини и минерали.
Мимс, дали сеуште сметаш дека Ројалот и Карнилавот ги содржат истите состојки, после моите 2 детални и опширни анализи и за Ројалот и за Карнилавот ? Овој твој пост ќе го поделам на неколку делови, за да бидат моите одговори попрегледни, и точно прецизно да се знае за кој дел од твојт пост одговарам Никој не рече дека кучето мора да го храните со најквалитетната храна во моментов Brit CarniLove, секако дека добро би било кога би можел секој да си приушти најквалитетна исхрана за своето куче, али па од друга страна нитуедно куче не заслужува да јаде такви дно дна дехидрати како што се Педигре и сличните. Ако некој нема пари да купи квалитетен дехидрат, тогаш многу подобро, а воедно и многу поздраво, е да му се готви на кучето. Доволно е да се свари пилешко месо, ориз и зеленчук ... и ќе добиете далеку поквалитетен и подобро избалансиран оброк, отколку да му купувате ефтини дно дна дехидрати. А на крај готвениот оброк (пилешко + ориз + зеленчук) цената исто ќе ви испадне како да сте купиле ефтин дно дна дехидрат ... или со други зборови, исто можете ефтино да поминете. Значи поентава ми е, или купете квалитетен дехидрат, или ако неможете да си приуштите квалитетен дехидрат, тогаш гответе, тоа е најдоброто за вашиот миленик. Во секој случај избегнувајте ги неквалитетните дехидрати. Јас зборев на глобално ниво, не за во Македонија. Чисто ќе ти направам една сликовита споредба за најдобро да ме разбереш, Ројал Канин ти е Кока Кола во светот на дехидратите Значи најпозната храна е Ројал Канин, а воедно е и многу стара компанија, и затоа нема човек кој што чува куче, а да не слушнал за Ројал Канин. Тоа се тие огромни суми на пари што ги спомнав уште во мојот прв пост, кога зборев за огромниот маркетинг и кампањи. Па од тука доаѓа и нивната огромна заработувачка, славни се, познати се, и затоа луѓето го купуваат Ројал Канин. Значи ова не го зборам за во Македонија, туку зборам за глобалното ниво, Ројал Канин е компанија со највисока заработувачка, огромни суми заработуваат. Ама имале совршена тактита, прво Ројал Канин трошеа високи суми за маркетинг и кампањи, па се прославија, си направија огромна база на муштерии, и сега имаат огромна заработувачка. А квалитет немаат, али имаат име, кое што успешно се продава на пазарот, уствари луѓето го плаќаат името Ројал Канин. А Брит како компанија, е многу понова, и не е толку многу прочуена. Затоа што Брит, наместо да троши милионски суми на маркетинг и кампањи, Брит се фокусираше на квалитетот. И ни одблиску немаат толкава заработувачка на глобално ниво, како што има Ројал Канин. Тоа веќе го објаснив. Тоа е затоа што од дно дна дехидратите (или јас како што ги нарекувам Next Level неквалитетни дехидрати), си преминала на поквалитетниот тип на неквалитетни дехидрати односно од првата категорија на неквалитетни дехидрати (Педигре, Чапи, Фрискис, Дарлинг и сл.), си преминала во втората категорија на неквалитетни дехидрати (Ројал Канин), односно вториве се со подобар состав од овие првиве. Затоа и имало разлика, и затоа се подобрило влакното, престанало да се перута, изметот се подобрил ... тоа се ефектите од поквалитетната исхрана Одлично е што ќе се префрлиш на домашната исхрана За добро избалансиран домашен оброк на кучето, потребни се 3 состојки: 1) Протеини - Месо (Пилешко, Телешко, Мисиркино, Риба ...) 2) Јаглехидрати - Ориз 3) Зеленчук - Морков, Пиперка, Брокула ... Исто и други продукти кои што се корисни и кучињата смеат да ги јадат се: Овошје (јаболкото е одлично), јогурт, кисело млеко, павлака, варено јајце, урда, сирење ... Во врска со коските, телешката коска е најдобра, а свинските и јагнешките зависи од кој дел од телото се, да не се кршат на остри парчиња е битно. А конзервираната храна е полна со конзерванси и е ептем неквалитетна. И самата можеш да се увериш во тоа, доколку го прочиташ составот ќе видиш дека огромен процент од составот е вода, а месо има ептем малку 4% / 5%, односно тоа не е ни месо, туку се преработки од месо ... јас просто се чудам како им успева да ги направат тие парчињата да изгледаат како да се месо
Девојки дали некоја од вас знае дали е безбедно Неопитроид прашакот против болви да се употребува доколку мачката е смачна?
Кога веќе е муабетот за храна,како да ја зајакнам лабрадорката моја? Има веќе 2 месеци откога ги роди кученцата и од тогаш целосно е изнемоштена и премногу слаба. И даваме храна за кучиња,два вида имаме,плус и пржев лепчиња со јајца и лушпата ја дробев за повеќе калциум,и месо и ориз и варев неколку пати.Џабе е се,ете ребрата и се гледаат дури,а и тие малите иако јадат цврста храна уште цицаат од неа. Не знам веќе што да и дадам...
Девојки, колку треба да трае од прилика 10 кг песок за мачки?? И како да ја одвикнам да не го прета толку силно и да ми праи плажи наоколу? И кај можам да најдам лопатка со рупи, оваа шо ја иам нема?
Имам куче мало, едвај еден месец е. Мало е ситно ептен а многу лошо. Не дава да го допреш одма лае и гриза. Пред малку ми откина кожа и ептен ми ја раскрвари раката, има мали заби, едвај му се познаваат ама многу боле кога гриза. Ептен е агресивно. Што да му правам и како да го воспитам? Понекогаш го ударам со весник кога е лошо, но не му помага тоа, само може да го раскине весникот.
Доберман вака како нај едуцирана во врска со храните ,би сакала да слушнам твое мислење за Белкандо и Хилс_ от како храни , а пред се за Хепи дог ( ако воопшто ја знаеш ) ? Jас мојата пинчерка ја хранев со Ројалот до година дена , ама не бев многу задоволна, забите и беа полни наслаги итн ... послем преминавме на Хепи дог (супер премиум палетата) Адулт мини . Прилично сум задоволна ,сега забите и се супер а и не и мириса воопшто здивчето . За длаката немам замерки отсекогаш и била супер . Пред да почнеме со Хепи дог ,сакав т.е пробав да ја хранам со Belcando fainest grain free ама не сакаше ни да ја помириса .Додека хепи дог_от си ја јадеше без проблем . Инаку еве состав за Хепи дог Мини бејби : Mесо од живина ( 15% ) ,пченкарно брашно ,оризово брашно (14,5 %) ,компир парченца,месен оброк ,живинска маст ,јунешка маст ,јагнешко месо (2,5%),рибино месо,хидролизиран црн дроб,шекерна репка,сушени цели јајца,јаболкова пулпа ( исушена 0,6% ),натриум хлорид,квасец (исушен),Калиум хлорид,јачмен (ферментиран 0,2%),алги,коприви,мудрец,коријандер,рузмарин ,мајчина душица ,Тасев корен ,месо од школки исушени 0,01%,Камилица ,див лук. Вкупно билки 0,14% . ( Според болдираново и тоа што ти го напиша значи не е нешто wow ,ама па многу ми е пребирливо кучево , само оваа храна ја јаде со сласт ) Edit : Marossa и јас побарав одговор за истово прашање ама никој не ме удостои . Така да ке ти кажам јас како ја хранев мојата . И додека беше бремена и сега си јаде по протеински дехидрат мини бејби & јуниор ,и давав млеко со јајце и малку мед ,калциум обавезно секој ден додека доеше .Сега веќе и снема млеко така да не ги дои а кутрињата се стари 52 дена .Уште кога наполнија месец почнав да им давам сува храна и без проблем си ја јадат . И тоа е тоа од време на време и давам мултивитамински таблети за кучиња ,дури и здебелена е ,што многу ме радува Брит карнилавот имаат палета и за мали раси така ?
Еве мое мислење за ова: Хепи Дог според мене не е баш најдобра зошто не е grain free што значи дека има житарици, а твоето куче е веќе возрасно и не му е потребен оризот и другите житарици (ма да само оризот се препорачува за мали кутриња). Јас имам 2 месечно кутре и почнав да го хранам со храна од Брит. Премногу сум задоволна, изметот и’ е цврст и во мали количини, што е знак дека храната се сварила и е искористена, а не излачена. За почеток, купи Карнилав од 1кг што е 300 денари (не сум сигурна), а после ако ја засака (не се сомневам дека нема да ја засака, состојките на храната, мислам дека и самата ги виде) купи повеќе. А, и Carnilove колку што знам е за сите раси на кучиња, ако сум грешка, поправете ме.
1 kg = 300 ден. ??? па не е воопшто скапа . А кажи ми гранулот каков е ? ( ситен ,медиум ,крупен ) ? Фала за одговорот
Па во споредба со другите дехидрати е, зошто тие се од 100 денари кило... но нема везе. Гранулите се од 1 цм. А, заборавив да ти кажам дека има повеќе вкусови на Карнилав: -Рибјо и Мисирка -Пилешко -Јагнешко и Дива свиња -Лосос и Бела Риба
Кучката ми доби денес има 1 год и 3 дена.Што да и врзувам да и ставам?Ич не сум упатена во тие работи..пелени некои да и купам?некоја поефтина варијанта?Ако и ставам гаќи со улошка да не ги искине ко што е смотана
Не знам од кој град си, но ако си од Скопје, во Џамбо кај одделот за миленици (на вториот кат, се разбира) имаш пелени за кучиња. Можеш да најдеш различни големини. Јас ко божем користев такви за моето куче кога мочаше на секаде, ама не ми помогнаа. Иначе јас си имав проблем со пелените, се ислизгуваа и се одлепуваа, па морав со целофан да и’ ги лепам. За гаќи со улошка не мислам дека е добра идеја зошто ако е игрива, може да фати да си игра со нив. Добро и со пелените ќе игра, ама пелените немаат ластик за да им се скине и да неможат да бидат употребливи. И извини ми, цената на пелените ја заборавив, пред 1 месец беше тоа...
Извинете ако сум офтопик,незнаев каде би можела да го сметам прашањево Јас имам еден проблем,сакам да чувам хрчак.Но, мајка ми не ми дозволува бидејќи има некоја фобија од глувци,а храчкот и бил многу сличен на глушец Татко ми и тој исто,му биле одвратни. И покажував слики,клипови колку се слатки и мили,но не сака да прифати :\ И кажав дека јас ќе му одржувам хигена,ќе го хранам буквално јас ќе се грижам за него. Како да ја убедам да ми дозволи да си земам едно толку малечко слатко суштество ?