Серазбира дека ја знам Хепи Дог, непостои дехидрат што го има во Македонија, а јас да не го знам Буквално сите ги знам, од најквалитетните па се до најнеквалитетните, сите на Македонскиот пазар ги знам. Бекландо и Хилс, се солидни дехидрати. Хилсот е за нијанса поискомерцијализиран од Белкандото. Но сепак како што веќе кажав, не е се' во комерцијалата и рекламата, тоа не треба да не интересира колку е изрекламирана и позната храната, туку вистинската работа што треба да не интересира е да се сврти вреќата и да се прочита составот. Така што, и покрај тоа што Хилс е поискомерцијализирана и изрекламирана од Белкандо ... сепак предност давам на Белкандо во однос на составот ... сепак и Бекландо и Хилс неможат да се споредат со Brit CarniLove во поглед на составот. Хепи Дог, е понеквалитетна ... во споредба со Белкандо и Хилс. Но сепак ако го споредиме Хепи Дог со ѓубрињата Педигре, Фрискис, Дарлинг, Чапи и сл. тогаш Хепи Дог е многу поквалитетен од нив. Значи битно е со што го споредуваш Хепи Дог, ако го споредиш со ѓубрињата од класата на Педигре и сл. тогаш Хепи Дог е поквалитетен од нив. Но ако го споредиш со еве да речеме Белкандо и Хилс бидејќи веќе ги спомна нив, тогаш е понеквалитетен. Значи сума сумарум, Хепи Дог ти е средна класа дехидрат според составот. Составот што си ми го напишала, е многу слаб. Премал процент на месо (15%), безразлика што на прво место во составот е наведено месото, сепак 15% е премалку ... заразлика од Brit CarniLove - Lamb & Wild Boar кој што има 50% месо во составот
Е, па за хрчак е полесно. Земи го во соба и тие воопшто нема да го гледаат или да се гадат од него. Но да знаеш дека многу кратко живеат хрчаците. Јас порано чував 2 хрчаци и двата ми умреа од грип зошто ги галев и кога бев болна и сум им пренела. Затоа знај дека се премногу осетливи. Не смеат на промаја исто така. Треба да му земеш голем кафез со спратови и внатре да има вертикално тркало за да трча, пожелно е да биде пластично и затворено (без простори како ова: Или ова: Може да си го заглави ноџето и да го скржи, затоа, земи му вакво: Или вакво: Ти препорачувам да земеш како последново, најбезбедно е според мене. Друго, земи му топка за трчање: Така ќе може да трча наоколу без да прави лом. Хрчаците се енергетични животни кои навечер се најмногу активни, затоа ти препорачувам да земеш ваков кафез: Јас за моите хрчаци имав огромен кафез на 4-5 спрата но не ставав многу играчки за хрчаци во него. Значи земи кафез на кој може да се монтираат цевки за да оди по нив. Треба да има легло, темна куќичка. Ако имаш повеќе простор во собата ваков кафез можеш да му купиш: Хрчаците се најмногу 300 денари, најмалку 200. Можда се поефтини сега, зошто јас моите ги имав на 5 години. Играчките исто така можеш сама да му ги правиш, јас направив на едниот мој хрчак надградба на кафезот со кутија. И на почеток рачунај дека ќе се плаши и за да те запознае, треба да земеш во раката малку храничка, можеш морковче, зелка или краставица и да ја ставиш раката во кафезот. Така ќе види дека ништо не можеш да му направиш, т.е ништо не може да му направи твојата рака и полека ќе почнува да верува во тебе.
Хрчак и не е многу тешко да се чува. Т.е. не е воопшто ако го сакаш и има простор низ дома. потребна ти е само соба или ходник во кој немаш дупки за да шета и толку. За храна на 24 часа му се става, се купува од Пет шоповите, не е многу скапа 100/200 ден. Така некако се движи цената, а трае месеци. Ќе му броиш по 5 зрнца од се`. Исто ќе му ставаш многу мали парчиња свеж зеленчук или пак некои овошки. Треба да внимаваш да не претераш со храната, зашто он ја собира во уста и ја носи во куќичката. Си чува залихи. Пилевина исто така можеш да му купиш и таа не е многу скапа, тука некаде до 250 ден. е, не ме фаќај за збор со центе не стојам добро. Пилевината ми кажаа на една недела да му ја менувам, ама јас ја менувам на 3-4 дена, бидејќи пие доста вода и мокри често, па мириса. Се вадат решетките од кафезот и се мие пластиката со сјај, шампон и темелно се плакне. Се полни после со пилевина нова и тоа. Кафезот обичен на 2 спрата со скаали е 700 ден. Доволен е, додека другите со лавиринти и 300 чуда се 1000ка. Дење спијат, навечер се активни. Ќе внимаваш на храната која ќе му ја даваш. Има одредена храна која не смее да ја јаде. Пр. лубеница, може да го фати дијареа, другото е умерено. имаш на интеренет се` што те интересира. На ветеринар се носи на 6 месеци или на година, бидејќи треба да прими вакцина против парализа. Исто и прегледот дали беше 300 ден. Тука се сите цени и измешани ми се. Во однос на хигиена, не се бања, не смее вода во ушите да му влезе. Интересни се, на почеток исплашени и може и да не сака да излегува, ама со храна ќе го залажуваш. Најслатко е кога ќе стане од спиење и ќе почне да се прозева и тегне. Тоа се тие моменти. Можеш и одма да му купиш топка во која се става и трча во неа (во претходниот пост има слика од неа). Мене ми бега онаму каде што не го пуштам и ми се има пикнато помеѓу два кревети, позади плакар ми има избегано и сл. Иначе ќе си научи едно патче и по тоа ќе си иде постојано. Кај мене ќе го пуштам од ходник и трча до соба по истиот пат, постојано. Интересни животни, само мал животен век имаат.
Извинете уште нешто ќе прашам,ама немој да ми се смеете Сите хрчаци се исти поголемина или има разни видови? Има една другарка хрчак(и кај неа прв пат видов) голем беше колку една дланка. А на слики имам гледано како поголмеки да изгледаат? Дали е до сликите или јас не сум нешто во ред?
Леле Папилон сликичкиве, аааааааа колку се слатки. Посакав да си купам и ја. Леле колку е смешно да ти трча низ дома со таа топката. Готово идам и јас да си купам, кафезиве се закон со тие цевките. Ме изнасмеа
Да, многу видови на хрчаци има. Тој што го има другарка ти сигурно бил Сирискиот хрчак. Нема друг хрчак кој би можел да биде толку голем. Други хрчаци што ги знам се Џуџестите, тие се многу слатки, и ако би земала хрчак, би земала таков. Слика би ти покажала, ама од телефон сум моментално и проблематичен ми е телефонот. Прогуглај Dwarf Hamster и ќе најдеш слики. Многу се мали и слатки. Друг вид што знам е Сибирскиот Хрчак. Тие се поотпорни од ладното и се малку поголеми од Џуџестите Хрчаци. Сибирските хрчаци можат да бидат сиви со потемно сива линија на грбот. Има и бели со светлосива линија на грбот. Најчести во Македонија се Сириските хрчаци, но можат да се најдат и Сибирските. Џуџестите се едни од најретките. За сега толку раси на хрчаци ми текнуваат.. А, да, барај по огласи, немој да земеш од пет шоп зошто некои пет шопови продаваат болни хрчаци. Побарај по огласниците како Реклама5, Пазар3. Edit: Еве слики од хрчаците: Сибирски: Џуџест: Теди: Исто така има и долговлакнести Теди Хрчаци што се чести тука: Тие се сите што ги знам. Edit: Еве ти страна која што има повеќе раси на хрчаци, тука ти е објаснето како да се грижиш за нив: http://pethamstercare.com/types-of-hamsters/
Кои се тие 2 вида на дехидрат што и ги давате на Лабрадорката ? Напишете го составот на дехидратите што ги користите, за да ви кажам дали се квалитетни или не се. Доколку дехидратите се со слаб и неквалитетен состав, никогаш нема да ја зајакнете, и никогаш нема да качи маса. Лепчиња пржени со јајца не се даваат на куче. Од неколку пати давање на месо и ориз нема да се видат резултатите ... потребно е подолг период, најмалку 5 - 7 дена, константно секој ден да јаде месо и ориз, за да се забележат резултати. А со месо и ориз најбрзо се забележуваат резултатите. Со нитуеден дехидрат, па макар и најквалитетниот на свет, нема да постигнете толку брзи резултати во качувањето на маса, колку што можете да постигнете со месо и ориз. За Лабрадорка која што има кученца, направи и го следниот оброк, со следнава количина: Околу 800 гр./1 кг. пилешко месо + 200/250 гр. ориз + 100/150 гр. зеленчук (најдобро морков + пиперка). Нека јаде 5 - 7 дена, секој ден ваков оброк, со точно оваа количина што ти ја напишав, и за кус период ќе имаш совршена Лабрадорка
Доберман сакав да те прашам колку може на кучето да му се даваат јајца, мислам на количински?Моето многу ги сака, варени и цели, тој си игра со нив и потоа ги крши и јаде, јас гледам барем еднаш во неделата да му давам по 2, ама се мислам немој да му е тоа многу или малку...знам дека е здраво ама не знам која количина е здрава. Исто така за зеленчук кога јаде, знам дека е здраво ама пр ако изеде една пиперка или една краставица веднаш го фаќа дијареа, не знам во што е проблемот?
Јас конкретно на мојата Доберманка, и давам по 1 варено јајце, во понеделник, среда, и петок. Значи, јаде 3 варени јајца во 1 недела, со по 1 ден пауза ... освен кога јаде варено јајце во петок, па правиме 2 дена пауза (сабота и недела). Ова е најидеална количина, и најидеално временски распределена, за куче од околу 40 кг. За помало куче, на пример може во понеделник и четврток, по 1 варено јајце. Исто може и жива жолчка од јајце, одлична е за крзното. А жива белка не се дава, исто и пржени јајца не се даваат. Значи или варено јајце, или жива жолчка. А за зеленчукот, очигледно не му поднесува организмот зеленчук, па затоа од него добива дијареа.
Да ги прашам тие што имаат поголеми и посилни кучиња, каква маска и поводник му купувате? Моево порасна и со странци е многу лошо, не можам да го воздржам. Еднаш во парк го скина поводникот кога се затрча по една мачка, а и маските ги кине за 2 секунди (пластичните). Еве сега гледам имало железни маски и поводници што се закопчуваат на стомак (преку нозе нешто беше) тие поиздржливи ли се? Веќе ме е страв да го водам во парк на прошетка, вчера за малку ќе им рипнеше на едни луѓе. Вие какви поводници и маски користите за кучињата со поголем раст?
Јас немам големо куче. (но, ќе порасне голема) Планирам да земам ваква маска: Не може да ја искине зошто е од кожа и метал. А, тоа што сакаш да го земеш ти за да го шеташ твоето куче се вика градник. Според мене издржливи градници за кучиња се овие: Издржливи повидници се овие: Од текстил се, но многу се дебели и не верувам дека би можело твоето куче да скине таков поводник.
Не знам што се случи. Пред три дена ја зебележав, од десната страна кај устата имаше црвенило... Се исплашив, но моите не беа дома цел ден, па не можев да ја однесам на лекар. Вчера беше уште поголемо црвенилото, му кажав на тато, но тој не знаеше што е и ми рече да почекам, можеби е од водата, бидејќи има некои проблеми со хлор, ова она. Денес сеуште и стои. Иначе и јас имав исто такво пред некој месец и сега пак ми се појави. Можно е да е од водата или некоја друга алергија е? Да ја носам на лекар?
И треба да ти биде страв. Бидејќи можеш да налеташ на погрешна личност, која што буквално ќе те изгори. Помина времето кога сите ќутеа и ништо не превземаа за последиците од агресивните кучиња, сега и за најмала предизвикана физичка или психичка штета, има да те тужи и да те изгори, доколку пресудата биде во корист на тужителот. Јас веќе еднаш искусив такво нешто, мојата Доберманка беше нападната од Американски Стафордски Териер, и замалку нападот можеше да има страшни последици, доколку јас не изреагирав смирено и професионално. Кретенот (газдата на Стафордот) имаше огромна среќа што целата ситуација се случи внатре во паркчето за кучиња. Да беше надвор од паркот за кучиња, буквално ќе банкнотираше од пари давање за отштети и тужби. Си има закони бе луѓе, неможе јас да си искочам да си го шетам кучето, и некоја друга неваспитана џукела да ми го осакати моето куче за век и векова ... епа можда кај некој друг би прошла лесно таа ситуација, ама кај мене не, секој ќе си ги сноси своите одговорности и последици, и тоа дебело. Иначе не зборев за тебе Ondula конкретно, туку општо зборев за тоа дека доколку некое куче ми го нападне моето куче, ќе си сноси дебели последици газдата, барем за мој случај зборам ... за други луѓе како би изреагирале, незнам, а не ме ни интересира. За твоето куче, ќе си купиш кожен поводник и кожен ам, како на сликите погоре што ги стави Папи. А за маска, кожа во комбинација со метал е најдобро. Што раса е ?
Доберман, колку што памтам од пред 5-6 месеци, Германски Овчар е. Ако сум грешка нека ме поправи, ама се сеќавам дека имаше ставено слика од Германски Овчар на Слики од вашите миленици. Едит: Заборавив да прашам. Беки денес имаше дијареа, но после дијареата уште пострашно- КРВ. Густа крв! Дедо ми кажа дека и’ дал леб денес, ама многу малку... не верувам дека би можело да стане до толку лошо од парче леб колку малиот прст... Утре ќе дојде ветеринар да ја прегледа и да ја вакцинира. (и’ дадовме апче против глисти) Нема промени во однесувањето, како секогаш, кога е свежо надвор е активна, кога е топло, спие кај нас на плочките.
Доберман и Папи фала за советите, уште утре ќе одам да барам такви маска и поводник. Белгиски овчар е, 9 месеци е, но многу силен, некогаш кога ќе се затрча по удолница дури ни дедо ми не може да го задржи. Инаку Доберман имав прочитано дека си дресер, па да те прашам на која возраст е најдобро да се прати на дресирање и како оди целиот процес (колку ќе биде раздвоено од нас, на кој команди се учи, добри и лоши страни на дресирањето и слично) ?
Ондула си требала да го издресираш уште од мало да не влече кога е на ланец и да ти оди до нога па и без ланец да не смее да мрдне од тебе. Сега ќе мораш со градик кожен најдобро, не купувај метални тие се повеќе за кучиња со кратко влакно. Да ве прашам за маски нели беше само за одредени раси на кучиња задолжително или сега е за сите? Јас моето не го ни носам накај парк и накај центар поради уличните кучиња и поради тоа што ми е страв од отров, а моево е со јазикот и главата до земја цел живот. И моето е големо ама воопшто не ме тегне кога шетаме, а и често ја шетам без ланец и си стои до мене освен ако не и дозволам да оди подалеку, а дури и да отиде ме чека. Ја научив така што кога ја шетав не и го отпуштав поводникот до крај туку секогаш нејзиниот чекор да е заедно со мојот, а кога ќе потегнеше гласно и викав СТОЈ! А за да ме чека и за да не оди далеку од мене и бегав и ја терав да ме брка, и се криев и ја терав да ме бара, и сега секогаш кога шета малку подалеку од мене се врти да види каде сум, дали и се кријам и дали треба да ме брка и да ме бара и си стои во близина каде што сум јас секогаш. Иако многу сака да брка мачки не оди да ги брка додека не и дозволам, не смее да ги брка мачките само некогаш кога ќе видам дека мачката е далеку и дека е безбедна во некој двор и дозволувам да се затрча и да и се исполни желбата малку. Исто и со други кучиња, малку е плашлива и никогаш не им се приближува прва на кучињата, секогаш дозволува они да и се приближат и да ја надушкаат па после се впушта во игра доколу оцени дека може. Игра и со стафорди, и со шарпланинци и со се, сите ги сака
За куче кое тегли, и е посебно силно, каишите во фигура на 8 се најефективни. И брзо се ставаат на кучето и најмалку дискомфорт и за него. Силно куче со градник за водење нема да го додржиш така лесно, кога целата сила му е во рамената. Изгледа вака. Поголемиот прстен околу вратот, помалиот околу носот.
^Ги мразам ланчињава... кога ќе тегне се дави. Овие ланчиња дури се забранети во некои земји, како Швајцарија. Јас верувам дека кучето може да биде издресирано на добар начин, не со насилство. Безвезно е, некои кучиња и да ги дави тоа, тегнат, како кучето на чичко ми. Јазикот му посинуваше. (иако не носеше вакви ланчиња-поводници) А, оние со запци па, уууфф... најмногу ме нервираат! Да не може кучето да ужива во една прошетка. Не го сфаќај ова како да те напаѓам, само го кажувам моето мислење.
Не ги дави, затегнува кај носот и им ја врти муцката на страна кога теглат, а не го сакаат тоа. И јас сум за дресура отколку поправање на однесување покасно, но кога веќе имаш возрасно силно куче, градникот нема да го сопре. Мал раст на куче да, ама земи поголем ретривер на пример, со градник отиде и ти со него. Овие каши ги користиме во центар на RSPCA кога водиме кучиња на прошетки за евалуација. Каишите за околу врат што се чокер, веројатно на нив мислиш, или оние со запци не ги ни коментирам, тоа не требало воопшто да стигне на продажба како опција.
Па, ако е така има и такви градници. Кожнен градник и да се обиде кучето да тегне, автоматски ќе се сврти кон сопственикот. Ако ланчево може да издржи еден Мастиф, не знам како не може да издржи еден Белгиски Малино. Едит: На групата за сопственици на Ердели имаше една што беше презадоволна и од овој градник: Го сними кучето, како влечело порано и сега како не влече. Ерделите се снажни кучиња исто така и еве доказ дека може градник на силни кучиња.