1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ај провери на вреќата, па пиши го составот.
    Или еве да ти олеснам работа, немора да го пишуваш составот, мене доволно ќе ми биде да ми го кажеш името на дехидратот, и која формула е, и ќе знам дали е квалитетен или не е квалитетен ;)
    И напиши како се вика третиот вид на дехидрат што си го купила пред 1 недела.

    Инаку не е убаво често да ме менуваат дехидратите, бидејќи за да се види комплетното дејство на еден дехидрат, потребно е да поминат најмалку 3 недели.
    За изметот, доволно е неколку дена да поминат од користењето на новиот дехидрат, за да се види дали е изметот во мала или голема количина, и дали е тврда или мека столицата ... а додека пак за длаката, дебелината и сличните ефекти, за да се види ефектот од новиот дехидрат, потребно е најмалку 3 недели секојдневно користење.

    Во врска со изметот, ако е во голема количина и мека столица ... тоа значи дека дехидратот не му одговара на организмот на кучето, и неможе добро да ја свари и да ги искористи состојките од дехидратот, па затоа ја исфрла во голема и мека столица.
    А доколку изметот е во мала количина и тврда столица, тоа значи дека кучето одлично го искористува дехидратот, и затоа исфрла многу малку измет кој што е во тврда столица.

    За јајцата веќе напишав, најдобро е да бидат варени, а ако се дава живо јајце, тогаш само жолчката.
    На страната 309 напишав колку пати неделно и давам јајца на мојата Доберманка, сврти на страната 309 и ќе го најдеш тој мој пост каде што објаснив за јајцата.

    А месо ако даваш 2 пати неделно, тоа е малку според мене.

    Јас секој ден давам месо.
    Особено во периодот кога имавме по 3 пати во неделата напорни физички тренинзи со Доберманката, по 1 кг. чисто пилешко бело месо јадеше, секој ден, и буквално секој мускул и се познаваше поради големата количина на протеини, која што е клучен фактор за создавањето на мускулната маса ... целото тело и е чист мускул ... pure power ;)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Белгиските Овчари (Малиноа) не се нешто премногу силни кучиња.

    Добро, тоа е гледано од мој аспект, бидејќи јас имам Доберман, и силата на Доберманот е неспоредливо многу поголема отколку на Белгиската Малиноа.
    Кога ќе те потегне Доберман, буквално полетуваш, и тешко е таа сила да ја исконтролираш.
    Еднаш стојам лабаво, си правам муабет, и нагло со сета сила ме потегна Доберманката (затоа што виде Стафорд и затоа нервозно изреагира) и јас буквално салто наназад ќе направев и ќе ми се исчашеше рамото за малку, од едно силно и нагло потегнување.
    А Малиноа исто така сум држела на поводник, и намерно го натерав да ме повлече со сета сила, и мене тоа влечење буквално ми изгледаше како да држам пердувче во рака, во споредба со моќта и мускулната сила на Доберманот.

    Бидејќи имам големо познавање во областа на кучешката психологија, дресирав од хоби, значи основни работи ... али сега немам толку слободно време за ова хоби.
    Со дресура се започнува од 3 месечна возраст, и тие тренинзи се еден вид на основа и траат по 10 - 15 минути дневно, затоа што на таа возраст од 3 месеци, кученцата немаат доволно концентрација и затоа се прават куси тренинзи.
    Но од 4 месечна возраст, веќе се започнува со сериозна дресура, која што е темел на карактерот на кучето.
    Од 2 - 6 месеци е клучен период за психичкиот развој на кучето, клучен.

    Обуката секогаш се врши во присуство на сопственикот, кучето никогаш не се раздвојува од сопственикот.
    Всушност улогата на дресерот не е да го издресира кучето, туку улогата на дресерот е да го издресира сопственикот ;) затоа што сопственикот ги прави сите грешки, и сопственикот е секогаш и за се' виновен.
    Никогаш не ја барајте вината во кучињата, туку секогаш барајте ја во сопствениците.
     
    На anuskaNESTLE, Ondula и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Доберман,првата што и ја купивме на лабрадорката е Morando Migliorcane croquettes Special Menu,не знам од каде ја донесе татко ми,ама многу ја сака.
    Сега последната што ја донесе беше 3 кг,Purina Pro Plan ,со препораки дека е навистина погодна за лабрадори и мислам дека од неа се подобри и влакното и целата состојба.
    Искрено,ретко им даваме ист вид на дехидрат,последниот пат им купивме Белсандо(мислам дека така се викаше),а неретко им купуваме Orlando Complete од Лидл,иако е евтина кучињата многу ја сакаат.
    ШТо мислиш,која е најдобра од овие?
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    MigliorCane и Orlando ти се ѓубриња, или што би рекла јас Next Level неквалитетни дехидрати ... дури и Royal Canin кој што не е квалитетен дехидрат, е сепак поквалитетен од овие ѓубрињава MigliorCane и Orlando.
    Под итно прекини да ги користиш овие 2 дехидрати, бидејќи единствено нешто што ќе постигнеш со ваквите неквалитетни дехидрати, ќе биде уништување на организмот на сопственото куче, ако си го сакаш кучето и ако се грижиш за неговото здравје, тогаш под итно прекини да ги користиш овие 2 дехидрати (MigliorCane и Orlando).

    Истиот случај како со mims-89, и она кога од ѓубрињата (Pedigree, Friskies, Chappi, Darling, Otto, Simba, Bono, Miglior Cane и сл.) премина на Royal Canin, кој што исто не е квалитетен, но сепак има подобри состојки од овие ѓубрињава во заградава што се напишани, веднаш се воочија позитивните резултати од поквалитетната исхрана.
    Затоа и ти си осетила разлика кога си почнала да користиш Purina ProPlan.

    A воопшто не е чудно што кучињата ги сакаат ѓубрињата дехидрати (во твојот случај MigliorCane и Orlando) ... а сега ќе ти кажам и зошто толку многу ги сакаат.
    Кучињата ги сакаат таквите дехидрати затоа што во нивниот состав има огромна количина на вештачки бои и мириси, и тие вештачки мириси ги привлекуваат кучињата како луди, и затоа ги обожаваат таквите ѓубриња дехидрати.
    А нормално бидејќи тоа се дехидрати за кокошки, бидејќи во составот најголем процент завземаат житариците, а месо воопшо нема во составот, и затоа мора да користат вештачки бои и мириси.

    Останатите 2 дехидрати што си ги користела се поквалитетни ... особено Belcando.
    Purina ProPlan е солиден ... неможам да кажам квалитетен, бидејќи сепак во составот содржи пченка и пченица, но сепак солиден, од аспект на тоа што има поголема количина на месо во составот.
    А додека пак Belcando ти е дефинитивно најквалитетен од сите овие 4 што си ги користела.

    Сепак ни Belcando не е најквалитетен дехидрат, има и поквалитетни дехидрати во составот од Belcando на Македонскиот пазар, како што се на пример Brit CarniLove, Brit Care, Farmina Natural & Delicious.
    Али сепак од овие 4 дехидрати што си ги користела, Belcando е најквалитетен.
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Ти благодарам за советите.Следно купување,Фармина.Секако се мислев да пробам како ќе им делува,сега немам сомневање.
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Али ако се одлучиш за Farmina, тоа единствено да биде Natural & Delicious ... али и цената е повисока, односно цената е во согласност со квалитетот на составот, вреќа од 12 кг. кошта околу 4.500 денари.

    Останатите линии од палетата на Farmina се премногу слаби во составот (особено Fun Dog, Ecopet и Charli).
    Има вкупно 9 линии (и плус уште една CaneBello се вика, али не е наведена на сајтот) значи вкупно 10 линии има палетата на Farmina, и единствена која што е Grain Free (не содржи житарици) е горе споменатата линија Natural & Delicious.

    За да ти биде појасно за што правам муабет, во врска со линиите на дехидратите од палетата на Farmina, посети го официјалниот сајт на Farmina на линков:
    http://www.farmina.com/?q=en/product-dog/view-line
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Мислев за она професионалното дресирање. Додека беше мало немав можност да го дресирам, го чуваме кај баба ми и дедо ми во двор, бидејки во стан не може и џабе ми е да го дресирам кога ќе одам 3 пати неделно кај нив. Инаку немам баш и почуствувано како други кучиња влечат бидејки поранешните ми беа мали улични кученца и во раце си ги носев цело време. :D Ова до сега го немам водено во парк, некогаш дедо ми го води. Јас го имам шетано само низ маало и на блискиот рид за да се истрча убаво па таму неможам да го воздржам иако е нормално мислам да се тегли на рид, слободно е и само трча нагоре-надолу по ридот. :D
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека на било која дресура треба сопственикот да биде присутен. Во спротивно, дресерот ќе го слуша, а сопственикот нема. Фактички, дресерот според мене не ги дресира кучињата, туку ги учи сопствениците и им кажува што прават грешно.

    Иначе, не мора да го носиш на дресер, купи од тие градниците со алката што им е напред, така да кога ќе тегне, да се сврти накај тебе и да разбере дека нема моќ со градникот. :D

    И учи го да седи, еве ја Беки моја, за неколку дена научи. Требаше само 5-6 пати да повторам и научи. Денес го совлада трикот врти се, но повеќе пати го повторив тоа. Исто така, важно е да го тренираш пред да јаде. Нема да се најаде од 5 зрнца дехидрирана храна се разбира. :D Кога се гладни кучињата, најмногу слушаат, тоа ми го кажа Беки. :rofl: Сакавме да почнеме само со дехидрат да ја храниме и добро, тој ден ја храневме со дехидратот само, ама најпослушна беше тој ден зошто гладна беше и чекаше пилешко мелено да и’ дадеме. :lol:

    Иначе, сакам да прашам, дали е нормално на кучињата да им бидат вкусни апчињата против глисти и апчињата со калциум? Беки го обожава апчињата, треба само да и’ го покажеме и таа го зема и го грицка како нормална храна... дури и уште бараше... да не има оштетен вкус и сл. :rofl: Ги распрашав другиве сопственици и кажуваат дека нивните кучиња никогаш не би јаделе апче од мерак...
    Го имал некој искусено мојов проблем и дали воопшто би можело да е проблем? (апчињата ги чуваме на недофатливо место за куче)
     
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Да, нормално е. Мојата Астра си ги јаде без проблем апчињата со калциум и витаминските, но оние за глисти мораме да и ги ставеме во парче шунка најчесто, онака не ги сака.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Замолувам некоја феминка детално да ми објасни околу тоа како да се справам во случај на тровање на мачка?
    Имам чуено дека треба да се даде прегорен шеќер со млеко во шприц.. А
    ма сепак никој ми нема објаснето околу оваа постпка, или било која друга до крај! :!:
    ..Во смисол, дали млекото треба да биде загреано или студено, (и идеална температура на загреаност)?
    Потоа, колку да е прегорен шеќерот и во колкава количина да биде истиот, зошто не сакам во такви ситуации да направам полошо, па да им дадам премногу шеќер и ослепам, а притоа да не го повратат! :|

    Ве молам одете и во најситните детали додека објаснувате, навистина ми е потребно да знам како да им помогнам во вакви ситуации, макар и само да се сомневам дека се затруени.
    Благодарам. :)
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    ^Јас колку што знам, може и со млеко и масло. Тоа ќе ја надразни мачката да поврати. За ова со прегорен шеќер и млеко, не сум чула. Не знам ова колку ќе ти помогне, но за секој случај пишувам.
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Маслото да биде загреано треба? И колку?
    Од шприц се дава, така? :?:
    Опиши ми подетално ако можеш те молам.
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Δ
    Не секогаш е паметно да тераш мачка да поврати ако сметаш само дека има изедено нешто отровно. Со некои тровења можеш и полошо да и направиш, ако веќе сама има повратено, или ако има изедено отров пред повеќе од два саата, и ако не знаеш за каква субстанца станува збор.
    Ако сомневаш тровење кај мачка или имаш видено да изеде нешто сумливо, знаеш што и колку конзумирала, или не знаеш, прв чекор е да се јавиш за совет кај ветеринар со информациите кои ги имаш. Доколку ветеринарот рече да предизвикаш повраќање, се работи за време тука, и секако после повраќањето ја носиш на вет, но најбезбеден начин за мачката во домашни услови да се предизвика повраќање е со три процентен хидроген пероксид(од аптека за луѓе). Со шприц во уста по 5мл за секои 2.5 килограми тежина и стимулација со масажа на стомакот мачката треба да поврати во наредните 15тина минути.

    Во ветеринарна ординација се користи друг метод да се предизвика повраќање.
     
    На Papillon.Papi и Valerin им се допаѓа ова.
  14. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162

    Doberman, јас на моето куче давам само Ројал Канин зашто мислев дека е најдобра.Но имам слушнато не само од тебе туку и од други дека не ја бивало. Видов дека си спомнала неколку храни но сепак да те прашам која е најскапа и најквалитетна од сите? (станува збор за мало куче од 4 кила) :)
     
  15. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    го пребарав форумот,и не најдов посоодветна тема од оваа за да прашам за мојот шарпланинец.... многу сум загрижена,минативе 3-4дена во огромни топки му отпаѓа крзното.... фала богу не останува гола кожата,ама сепак... алармантно ми е..... дали е нормално митарење или некоја болест е... читав за демодикоза не ми делува поврзано... претежно во задниот дел на телото му отпага а напред си е ок....инаку,стар е година и 4 месеци... ве молам за некаков совет...........
     
  16. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Па уствари сите даваат Ројал Канин затоа што слушнале дека е најдобра ... али разликата е огромна помеѓу слушање на муабети и читање на состав ;)
    Муабетите можат да бидат лажни, али тоа што е напишано од позади на вреќата во составот, е тоа неможе да биде лажно.
    Затоа не верувајте на муабети, туку читајте си состав, и крај на приказната.

    Моментално најквалитетен дехидрат во Македонија е Brit CarniLove.
    А правилото дека тоа што е најскапо е најквалитетно, тоа правило не важи кај дехидратите ;)
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Само да им покажам нешто на оние што чуваат кучиња врзани на ланец:
    [​IMG]
    Тие тоа не го заслужуваат! Кучињата се социјални животни кои треба да бидат израснати во чопор, не во беда и робство! :!:
     
    На macamaca24, anuskaNESTLE и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Здраво, имам машко лабрадорче 2ипол месеции го чувам дома.. Но ми прави многу беља (кине и гризе се што ќе стигне и нас по дома исто а му купив играчки но изгледа ние сме му поинтересни) и станува многу агресивно. Пред некој ден го изнесов надвор да го прошетам и отпрвин се тегнеше а потоа одеше по мене.. ама, додека го шетам "шавре" насекаде околу мене се плетка околу нозе, не оде право и ме фаќа срам од луѓето, сите си ги шетаат мирно кучињата а моево како мува без глава. :D
    Ако некој има искуство и има познавање за оваа раса да ми даде некој совет за некои прашања на пример: Дане е можеби мало уште сега да го шетам? и
    Предлози како да ме слуша и да не ме гризе мене и домашните по раце и нозе? :?:
     
  19. mihaelamika

    mihaelamika Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Јас имама малтешка пудла, малтезер. Но кога на интернет ке писам maltese ми искача мало кутренце ситно а ова моево големко е има ли разлика од нмалтешка пудла до малтезер ? :$
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    :rofl: На ниеден пост вака не сум се смеела. Малтешка пудла или Малтезер. :rofl: Малтешка пудла НЕ ПОСТОИ! И не се сите Малтезери со иста висина. Женките треба да бидат 18,3-22,9 цм, а мажјаците 20,9-25,4 цм.
    И информирај се повеќе пред да земаш куче, гледам не знаеш ни која раса ти е кучето. :D Исто така, претпоставувам дека не ти личи кучето на малтезер зошто му е кратко шишано крзното (ако му е кратко шишано крзното). Малтезерите кои се дотерувани за на Кинолошки натпревари мора да имаат долго влакно, да им се влече по земјата, а Малтезерите како твојот, имаат Puppy Cut.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.