Еве ќе ја послушам Имелда. Јас моето почнав да го тренирам да оди на поводник од точно 2 месеца. Ветеринарот кога дојде да ја вакцинира (тоа беше кога Беки наполни 3 месеци) ни кажа да почнеме да ја тренираме на поводник. Што значи дека нормално би било да оди на поводник од 3 месеци. Добро, да не го тупам со ова. Моментално моето куче воопшто не тегне на поводникот (имам поводник што се издолжува, многумина кажуваат дека тие поводници ги поттикнуваат кучињата да тегнат, ама за мене тоа не важи), но предходно тегнеше, не напред, туку назад. Имаш два начина да го решиш проблемов. Да купиш градник за кучиња со предна алка или на секое шетање да го повлечеш назад кучето и да му кажеш „нога„. И на мојата и` се имаше случено да потегне кога е возбудена, на пример кога одевме кај нејзиниот другар (куче-Чау Чау), ја потегнав, кажав „нога„ и почна да оди нормално, до мојата нога. Телефонот ме зезаше и едитувам. За гризењето на луѓе: Беки премногу касаше, сега помалку и понежно. Секогаш кога ќе ме каснеше, викав „ауч!“ или „не касај!“ и ја тепнував по муцето. А, ако се обидува да каса додека трае играта, запри ја играта, дај му до знаење дека касањето за тебе не е игра и тебе не ти се допаѓа касањето. Кај Беки многу често се случуваше да се буни кога ќе ја искарав и да ми лае, но за тоа си добиваше воспитна по газето. Останатите кучиња од чопорот НЕ СМЕАТ да пуштат глас на алфата, ако дозволиш да те гризе и да ти лае тој е алфата. За глодање работи: Секогаш кога ќе се обиде да глода нешто што ти не сакаш да глода, кратко и сторго викни му „не“ и оддалечи го од тој предмет/место. За да ги глода играчките, земи некоја салама, намачкај ја играчката со салама, а кутрето ќе го сака мирисот и вкусот на играчката и ќе ја глода играчката. П.С. Еве слика како изгледа тој градникот што ти го спомнав погоре: Додека барав по гугл, најдов и вакво нешто: Со тој „градник“ гарант нема да ти влече кучето. Ако биде доволно упорно, ќе научи на задни нозе да оди.
Може да ми кажете колку чинат тие ампулите против болви и крлежи? И дали имаат одредена возраст кога треба да се почне со ставање од истите?
Фала ти на советот, ќе го пробам тоа со "нога" Веќе почна да ме слуша за касањето и не е толку бесно.. додека да го научам да го шетам го пуштам по дворот да истроши малце енергија. Инаку имам таков градник, со него го шетам ама многу е тврдоглаво, кога го тегнам се врте во круг легнува па се тркала, ужаси А најтрагично што мене ми е жал да то тегнам по многу. Единствено што помага е некој пред него да трча и да го вика за да оди нормално.. И да прашам уште нешто, нели дека лабрадорите се водни кучиња сакаме да го однесеме да плива ама незнам, дане е уште мал за тоа? Јас ја земав 300 и ветеринарот ми кажа дека кучето треба да е над 2 кг.
Јас ја купив од ветеринар 500 ден, ми рече француска била. Ама му немаме најдено ни една болва или крлеж на кучето, а надвор го чуваме.
Imini, како за прво пливање, земете му коритце, наполнете го со вода и запознајте го. Не го пикајте веднаш во водата, туку фрлете му ја омилената играчка и тој ќе сака да ја фати. Или пак влези со нозете во коритото и покажи му дека водата е забавна. После без тој да одбива да влезе во вода, пушти го и играј со него во водата. Кога ќе се внесе во играта, излези. Така постепено, од корито од дома, во некоја рекичка, па езеро на крај. И немој да бидеш сигурна дека ќе ја сака водата, некои лабрадори не сакаат вода.
Ај ве молам кој знае да ми каже дали семките од тиква (лупени од Natura) се здрави и добри за куче? Јас секој ден јадам како ужинка такви и кутрето буквално ме демнее со поглед, како опседната е по нив, па вчера и денес по малку и дадов и одма ги јаде и бара уште.
оф јас си имам проблем со пинчарот мој. Ич несака заби да мие и секогаш ја гризе четката, па со маки и тегнење ги миеме едвај. Кажете решение?
Anuska, јас на мојата сум и` дала еднаш… но, не знам колку е сигурно да се даваат многу семки на кучето.. на нет прочитав дека се штетни, но чичко ми кажа дека ништо не им е на кучињата од семки. Според мене, давај и`, но не често. Неколку пати во година. Оцкензи, ако неќе со четка, од пет шоп купи му стапчиња за чистење на забите (не знам точно како се викаа). Кучето го глода стапчето и си ги мие забите истовремено. Ова многу сопственици го прават (според мене), а и најлесно и ефикасно е.
Дентални коски има во петшоповите, а низ маркети имам видено на Педигри за чистење на забите ко стапчиња во паковање жолто се околу 100 денари чинат, незнам колку има внатре.
Околу 100 денари се... сега ќе ти покажам слики од денталите (така се викаат) да знаеш какви да бараш.
На претходните страници прочитав некои мислења за дехиратите и за тоа како Педигре е многу лоша храна. Го прочитав објаснувањето на Доберман како да се препознае добар дехидрат и составот на педигре : Житарици (вклучувајќи 4% ориз) Месо и животински преработки (вклучувајќи 14% пилешко) Масла и масти (вклучуваќи 0.25% рибино, 0.2% сончогледово) Екстракти од растителни протеини, Преработка од зеленчуково потекло (вклучувајќи 2.5% пулпа од шеќерна репка, Минерали. Еве тука пишува за потеклото на месото и другите состојки. Има житарици но прочитав дека житариците се потребни на малите кученца (моето е мало) додека за големите не се потребни. Може сум грешка ама еве ме бунеше ова па да си прашам
Од житарици потребен е само оризот. Еден сопственик ми кажа дека квалитетните дехидрати имаат 33% протеини. Исто така забележав дека нема точно кажано од каде доаѓаат протеините, туку само е напоменато дека има 14% пилешко. Нема кажано кои животински преработки ги има, што е сумљиво. На вреќата Брит Кеар што ја имам дома, наведено е точно од каде доаѓаат сите протеини. Јас мислам дека повеќе се исплати да се потрошат парите на Брит одколку на екстремно скапа ѓубре храна како Ројал Канин, Педигри и тн.
Ние ќе си се пофалиме со новиот градник, поводник и новото ланче. Супер оди со градникот, голем и е малку, но го ставaм на првите 2 алики (пред тоа за спојување (не знам како се вика)) и таман и’ е. Ќе може да го носи и кога ќе порасне зошто се шири.
Го имаше истово споменувано во темата „Што направи Кинолошкиот Сојуз“ или „Што направија кинолошките натпревари“. Сега луѓе размислете си дали сакате да земете англиски булдог и цел живот да му мине како тортура и нормално да си умре од болест, а не од старост. Сите овие изменети раси имаат генетски проблеми што се сосема „нормални“ кон Кинолозите. За убав изглед ќе убијат... а велат сакаат кучиња.. шипки варени сакаат. Исто така Шар Пеито и Чау Чауто се изменети. Порано, Чау Чауто било без брчки, витко, а денес нормално е да се ниски, набиени и кожата да им ги покрива очите. Кај Шар Пеито изменети се сличните карактеристики како од Чау Чауто. Порано биле Bone-Mouth (ги има и денес, ама многу ретко), тие се со брчки на главата само. А, овие класичните денешни се катастрофа! Кожата од сите страни виси-ТОА НЕ Е НОРМАЛНО СПОРЕД МЕНЕ! И, што имам да кажам за видеото. Ако земам мешавина (не расно куче) не знам колкава ќе му биде висината, можеби сакам мало куче, во стан да го чувам, ама ова ќе порасне. Ако земам од улица нема да знам колкаво е, нема да знам каква храна да му давам за соодветен раст и нема да знам кога да го однесам за вакцина. Затоа земав Ердел Териер. Тие се едни од најотпорните раси на кучиња. (освен тоа што можат да имаат дисплазија на колковите како секое куче со голема тежина или висина) Ерделите не претрпеле никакви промени и имаат помалку проблеми со здравјето. (не си ја фалам расата, не ни планирав да земам Ердел)
Хм... Можда е глупо прашањево, но... Нормално ли е ако кучето има... Спојлер дијареа? Вчера и денес забележав дека има тоа што има... Мајка ми овие неколку дена и` даваше месо за ручек (неспржено), па можно ли е од тоа да и е?
Како бе живо ли месо и даваше?Не се дава живо месо на куче, има бактерии, а плус може да стане агресивно.Треба да се вари, секако дека можно е да му е од тоа.Однеси го уште денес, нема што да чекаш до утре, како превентива можеш да му дадеш медицински јаглен, таблета.Колку е старо кучето?