Какви се овие Eukanuba & Science Plan храни за кучиња? Ги најдов во Бугарија во трговските. Ги имаше тие две и Ројал Канин.
Па велиш дека не било пржено, какво тогаш?Ако е варено и печено без зачини е океј, пржено не се дава. Сигурно и е од тоа, не е убаво да јаде пржено месо, па уште и секој ден, посебно ако е свинско.Премногу е мрсно и затоа има дијареа.
До сега имам користено само од оваа , да ми предложи Папи некоја подобра? И каде да најдам од оваа? Спојлер Патем,на krka e.
Мит е дека ако даваш на куче живо месо ќе стане агресивно. Познавам многу луѓе што си ги хранат кучињата по метод сурова храна, со живо месо и имаат помалку проблеми со однесување. Хранење од друга страна со неквалитетен дехидрат, е ист ефект како кога себе се храниш со мекдоналдс секој ден. Знаеме сите дека деца хранети со џанк храна не се баш мирни. Да ми беше практично, поточно да имав од оние големите замрзнувачи и да му најдам место каде да го бутнам уште од утре би ги префрлила моите исклучиво на сурово, вака им давам само кога сум земала за некој ден. Не сакам да постирам туѓи слики, ама на другарка видливо стар десет годишен златен ретривер, почна да го храни сурово пред неколку месеци, денес изгледа како 4-5 годишно куче, само за крзното и мобилност има видлива разлика, а нема проблеми во однесувањето ниту од порано ниту сега. Ако кучето е веќе агресивно и брани храна со ржење, живото месо ќе го брани повеќе, оти е оптималната вкусна храна. Кучето со кое јас имав проблеми ржеше и на дехидрати откако му ги дадам, а веќе му давам и месо без да ржи, ама долг процес на тренинг поминавме со неговиот инстинкт да брани храна и што претходниот сопственик му го дозволил тоа однесување.
Добро може тоа е мит, ама зошто јас имам читано дека има бактерии во месото, посебно во свинското кое може да им наштети?Дали е дезинформација или?Оти моето не е агресивно кон храна, занчи ли тоа дека можам да го хранам со сурово место?
Кучињата се природно имуни од бактерија во месо, за разлика од нас. А живо свинско месо не се дава на куче. Не е до бактерија работа, туку е потенцијалната зараза со паразит на кој не ми текнува, и високото ниво на витамин А, кој ние можеме да го разградиме лесно но на кучињата им фали тој ензим, исто како што не може да јадат чоколадо. Ако свинското е зготвено, веќе процесот на разградување е почнат(така ми имаат мене објаснето други чувари што хранат сурово, колку е точно не знам, не сум буричкала по статии ама и по петшоп нема храна каде главното месо е свинско па има нешто). Инаку можеш да му даваш сурово пилешко и телешко без проблем. Само знаеш нели нагло да не ја мењаш диетата, мешај му со што друго обично го храниш, или онака за награда ако му даваш да касне е во ред.
Аха епа јас сум чула нешто ама не сум дочула, веројатно се работи за свинско, дедо ми ми има објаснувано за свинското се разбира и јас сум помислила дека за сите.Како и да е фала ти.Инаку јас скоро никогаш со свинско не го хранам, туку пилешко претежно, варено и обично го оставам да не се свари скроз, ама ептен живо му немам давано, ќе почнам.
Не ѝ давам јас свинско никогаш. Додуша ни ние не го јадеме. Само јагнешко, пилешко и риба без коски ѝ даваме од месото. Ние најчесто го печеме месото, па речиси секогаш е печено. Утре ќе ја однесам ветернар, па ќе видиме што ќе ни кажат. Како и да е, ви благодарам за одговорите.
Околу 400 денари и се доста ефикасни! За возраста не знам точно, првиот пат кога ставив ампула на моето куче имаше 4 месеци.
Здраво... Имам мачор 5-6 месеци е стар... Вчера одеднаш ко да се омалакса. Цело време до сеа спиеше, лежеше, не се помрдна. Од устата му течат лиги, а поврати и неколку пати. Повратеното беше ко жолто со ко пена од пиво. Во комшии имам ветринар и го однесовме и рече не е затруено, и му стави вода со шприц за да му се испере желудникот... Еве го гледам сега мачето устата му е разлигавена ушта и уште лежи... Не сака ни да јаде ни да пие... Прочистено е од глисти. Се плашам да не умре, ве молам кажете ми што се случува, што да направам...
Јас мислам дека нема ограничување за тоа колкаво е кучето, ама сепак да си прашаш, бидејки ако е многу мало, сепак мислам дека целата ампула не треба да се стави
Дали може да почнам да му давам од конзервираната храна за кучиња? Месо што е... Има 5 месеци. До сега само зрна и јогурт му давав. А и плус, вчера првпат го шетав низ населба. Добро поминавме, само што почна да се уморува малку.
Колку се апчињата против глисти?Пред зграда има едно мало кутре, не знам од каде се појави, ама ете го хранам 2-3 пати зошто си седи таму цело време, но на допир му го осеќам мешето тврдо му е многу и издуванко сигурно има глисти.Не знам колку е старо, ама изгледа нема повеќе од 3-4 месеци, на моето ветеринарот му даваше и тој не обезбедува со нив, па не знам која цена се.Многу сакам да го згрижам некаде, ептен е мило, малку е плашливо, ама веселко е.Кај мене не можам имам веќе едно и немам место за друго, дали можеби некој сака кутре?
Не му давај конзервирана храна, продолжи со дехидрати, можеш да ги потквасуваш со вода. Апчињата се 50-60 денари. Огласи го по фб страниве како на Анима Мунди, ААПЖ, а можеш и по огласниците (Пазар3, Реклама5, Врапче, Огласник24).
Zdravo na site, denes dobiv na poklon malo mace angorce, no jas imam dvegodisen obicen domasen macor, pa sega prasanjeto mi e dali e mozno poradi malovo mace, postariot da ne napusti, odnosno nikogas povekje da ne se vrati, eve sega izleze pa mie strav da ne ne si dojdi Mnogu mi znaci toa mace najmnogu si go sakam nemozam ednostavno bez nego P.S. izvinete sto pisuvav na latinica, od telefon sum uklucena
Ќе се чувствува осамено и тажно.Зборувај му,посвети му малку повеќе внимание и ќе се навикне со тек на време.
Eve go sega se vrati fala ti za odgovorot kje se potrudam za poveke vnimanie da mu obrnam, a dali e mozno da go udavi pomalovo bidejki i toa e macorce?