Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ти ги напишав во приватна порака телефоните од двајцата фризери, Тошко и Пепи.
     
  2. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Доберманке еве ме и мене. Пак да си прашам нешто :D
    Кутрево мое изминативе 2 дена мочка на секои 30 минути??? Незнам што му бидна, мочкаше на 3-4 саати.
    Друга работа, му тече предсемена ко што ми кажа ти, ама многу му тече и мн грдо мириса.
    Му ги ишишав влакненцата околу ку*ето :D морав не ме карај, му се лепеа и му се закоравуваа, после ни со млака вода, ни со влажна марамица не се вади. Норманло е толку мн да му тече или што му е???
     
  3. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Мочкање на секои 30 минути е премногу често, сигурно е под стрес, или некоја друга причина, во последниве денови штом толку многу често мочка, доколку се е во ред со кучето тогаш не би требало да мочка на секои 30 минути, а стресот придонесува за почесто мочкање.
    Како што кажа ти сега е 7 месечен, така да сега влегува во пубертет и почнуваат да му работат хормоните и затоа така почесто му тече предсемената течност.
    Но ако премногу му тече, тогаш консултирај се со ветеринар.
     
  4. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    Ти во никој случај не си добила Малтешка пудла на подарок, бидејќи таква раса Малтешка пудла не постои.
    Ти си добила на подарок куче од расата Bichon Maltese (Малтезер) :!:
    Малтезерот спаѓа во групата на Бишони и има вкупно 6 видови на Бишони, а Малтезерот е еден од тие 6 видови на Бишони.
    А Пудлата си е друга раса и нема никаква врска со Бишоните.


    Доберман.. ова мене ме зачуди сега.. т.е. ме збуни.. јас имам исто куче малтезер.. на ветринар.. ми викаат што е викам малтезер ми викаат а малтешка.. и сите ја третираат.. расава како малтешка пудла.. ме збуни сега ова.. отворив слики на гоог.. и тоа е тоа моето куче.. хахаха.. збунка... :/// настана... :с
    иначе фала за броевите.. после ревакцина ќе го однесам :)))
     
  5. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да да, претпоставував дека мојот одговор околу името на расата ќе ги збуни повеќето членови. :D
    Значи сега ќе ви објаснам за расава, за да разјасниме и расчистиме околу името. :!:

    Расата „Малтешка пудла„ и Малтезер (на англиски Bichon Maltese) е всушност истата раса.
    Сега знам дека тотално ве збунив :lol:
    Но името Малтешка пудла како раса НЕ ПОСТОИ туку расата правилно се вика Малтезер и во ниту едно Педигре не пишува Малтешка пудла туку во педигрето си пишува Bichon Maltese (Малтезер) и името на расата во Кинолошкиот сојуз е заведено како Bichon Maltese.
    Како што кажав Малтезерот спаѓа во групата на Бишони (Bichon), и има вкупно 6 видови на Бишони
    1) Bichon Maltese (Бишон Малтезер)
    2) Bichon a poil Frise (Бишон Фрис)
    3) Bichon Bolognese (Бишон Болонесе)
    4) Bichon Havanese (Бишон Хаванесе)
    5) Bichon Lowchen (Бишон Ловчен)
    6) Bichon Coton de Tulear (Бишон Котон де Тулеар)


    А Пудлата си е друга раса и нема никаква врска со Бишоните и затоа Малтешка Пудла е погрешно.
    И нема никакви поделби кај Пудлите, Пудлите си се Пудли и тие се разликуваат само по бојата и големината, такада и Француска Пудла е погрешно да се каже бидејќи иако Пудлата потекнува од Франција, матичната земја не се става во името на расата туку само се кажува името на расата, а тоа е Пудла (а не Пудлица).

    Нашиот народ е многу слабо информиран и затоа нема доволно познавање за расите, а криви се и оние кои што ги продаваат кучињата под името Малтешка пудла, а криви се и ветеринарите.
    Ти alison убаво си го прашала ветеринарот што е Малтезер а што Малтешка пудла и ветеринарот требал да ти објасни дека Малтешка пудла како раса не постои и дека тоа име е погрешно бидејќи расата се вика Малтезер, мислам нема устата да му падне на ветеринарот ако ти објасни, туку ги мрзи да објаснуваат и си тераат како нив им е полесно.

    Епа сега мислам дека ви разјаснив и за Бишоните и за Пудлата, и мислам дека повеќе нема да има забуни околу името на расата. :)

    И еве една страна за 6-те видови на Бишони
    http://www.bichonworld.com/bichon-breeds.html
     
  6. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    даа мене сеа ми е појасно зашто ме збуни.. иначе мене мелита ми кажа дека си е малтезер а не малтешка пудла.. ама нвм.. ја не обрнав мн внимание.. иначе сите овие бишони се преслатки ама ова малтезерче си е најубаво хаха.. иначе доберман.. може ли или тука или во лична да ми пишеш од каде да набавам куче..? мислам кои др у скопјево исто продаваат кучиња.. ако не ја најдам расата од кај мелита да знам од каде да нарачам..
     
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    А што уште едно кученце ќе зимаш, од која раса?
    Сега ќе ти пишам уште неколку телефони во ПП од луѓе кои што носат здрави и проверени кутриња, али ако зимаш уште едно кутре НЕ ти препорачувам да земеш од Мелита.
    А во секој случај најдобро е ти сама лично да си купиш кутре.
    Кажи ми што раса бараш, за да ти кажам дали има моментално легло во МК од таа раса што ја бараш.
     
  8. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    иначе доберман забележав дека кучето ми има по пет прста.. и на рацете и на нозете дали претставува тоа некаков проблем?
     
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Пет прста(нокти) имаат сите кучиња на предните нозе, по 4 на шепите, а петтиот прст(нокт) се наоѓа малку погоре.
    А на задните нозе дали ќе имаат 5 прста(нокти) зависи од расата, но Малтезерот мислам дека нема петти прст(нокт) на задните нозе.
     
  10. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    епа моево има и на раце и на нозе.. на ветринар забележаа и ми викаат дека ништо не е опасно само ако сум сакала да го носам на изложби ќе требало да ги оперираат и толку.. :)
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, петтиот прст не претставува опасност бидејќи како што кажав некои раси имаат 5 прста а некои не.
    На пример Доберманот има 5 прста и стандардот на расата Доберман дозволува да има 5 прста на задните нозе, но Малтезерот несмее да има 5 прста бидејќи стандардот на расата не дозволува да има 5 прсти и тоа на изложбите се смета за дискфалификациона маана.
     
    На alison му/ѝ се допаѓа ова.
  12. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    сакам да земам куче од раста пинч но пред да го земам сака да се посеветувам со некој што е поискусен,барав на нет али неможам да најдам незнам зошто може не му е правилно името :^) ....така да ако некој чувал или знае некој што чувал нека ми пише...ме интересира дали прават мн бељи и дали лесно можат да се дресират???
     
  13. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8

    пинч има братучедми и е мн некако немирно мн скока по луге.. такво е ко лудо.. јас ич не го сакам. подоброо чивава земи си.. нз.. пинчот мене лично не ми се свиѓа и знам дека кога го караше он овој мн беше бесен и правеше бељи.. а за дресирање незнам..
     
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Пиши на google miniature pinscher и ќе ти даде се за нив
     
  15. I.Love.You

    I.Love.You Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    39
    Домашни миленичиња

    да не знае случајно некој зашо ми повраќа кучето секогаш кога ќе се вози во кола ?
    пробав се..и да не му давам јадење пред да се вози но пак повраќа само шлајм..жал ми е..се мачи...
    иначе има 5 ипол месеци.. :( :worried:
     
  16. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    е фала ви многууу....најдов се што ме интересираше за негооо :)
     
  17. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Кучето не се вика Пинч, туку правилното име на расата е Пинчер.
    Секое куче од било која раса може лесно да се дресира доколку го искористиш правилниот „рецепт„ за дресура.
    Ако не го воспиташ ќе прави бељи, но ако го воспиташ нема да прави бељи.
    Значи правењето на бељи не зависи од расата, туку зависи од воспитувањето.

    Еве и нешто поопширно за Пинчерот.
    http://mk.wikipedia.org/wiki/Џуџест_пинчер
     
  18. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Едноставно организмот на некои кучиња не поднесува возење во кола и затоа повраќа.
    А можеби повраќа затоа што сеуште е мало, има само 5 ипол месеци.
    Ако повраќа тогаш не го вози во кола.
    И ќе ги замолам сите што сакаат да ме прашаат нешто во врска со грижата за нивните домашни миленици да не прашуваат во темаta „Домашни миленичиња„ туку нека прашуваат во темата „Грижа за домашните миленици„.
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    јас имам пинч ;) и да дифтарчиња се, прават бељи ама не до тој степен да не се издржува ;)
    јас имам од кафеавиот, малце е покрупна за разлика од црните пинчеви!
    црните пинчеви се дури и побесни!
    инаку многу лае да знаеш :lol: Kој и да помине надвор лае!
    ама слатки се ко бебиња, ти ја бараат целата љубов и внимание, сакаат со тебе да спијат, сакаат многу љубов, многу мечиња и такви играчки, сакаат да шетаат надвор многу,мноооогу сакаат да си играш со нив, да ги галиш, и не сакаат да седат сами во никој случај :)
    е сега доколку ти ова можеш да му го пружиш тогаш да,земи си!
     
  20. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    320
    Домашни миленичиња

    девојки мојата мачка почна да се пораѓа од вчера вечер и првото маче се роди мртво.сеуште не е породена целосно но кога и да отидам да ја видам мјаука утре ја носам на ветеринар иначе ова и е прва рожба. :worried: како поминала вашата мачка на првиот пораѓај