1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667

    Добро бе ти со цел памт ли прашуваш тука дали да го носиш на доктор? Го удрила кола, сама кажуваш дека е повредено, си заклучила дека најверојатно и ногата му е скршена, или во секој случај повредена а ти цел ден од вчера го гледаш дека се маче и седиш дома. А како планираш да јаде кога вилицата му е повредена како шо кажа и сама. Го боле со шо да јаде? Или почекај сама нека му оздраве исто како и ногата, ако до тогаш неумре од глад.
    НОСИ ГО МАЧЕТО НА ДОКТОР!
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Однеси го кај Диме, ул. Антон Панов, блиску домот за деца без родители. Немам друг коментар за ова... да прашаш дали да го носиш мачето на вет? Ти издржи ја неговата болка да те видам.
     
  3. elimonkey

    elimonkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    7
    dobro nemora da me napagate , jas prvpat cuvam machka i neam nikakvo iskustvo ,prvpat mi se deshava ova ..
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Абе ова и најпростиот неискусен сопственик на мачки не би го направил, не знам како уште наоѓаш време да прашуваш по форуми! Тебе ако ти се скрши ногата, да те снимаат ќе одиш, или ќе прашуваш по форуми како што сега правиш? :x
    Го однесе мачето на ветеринар барем?
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Стварно прашањето не ти требаше. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Marick14, еве ти листа на овошја и зеленчуци кои кучињата ги обожаваат:

    -Јаболки (содржи антиоксиданти и го прават кучето имуно)
    -Спанаќ (содржи калциум)
    -Тикви (ако има дијареа, може да му се даде за да престане)
    -Грашок (нема калории и не го здебелува кучето)
    -Лубеница (освен вода, за хидрација можеш да му даваш и лубеница)
    -Моркови (добри се за орална хигиена и не мораш да купуваш дентали и сл.)
    -Бобинки (корисни се и за кучињата и за луѓето)
    -Круши (корисни се за срцето)

    Едит:

    Видов рецепт за награда за куче, без готвење.

    Ти треба:

    -1 морков
    -Путер од кикирики

    Приготвување:

    -Го сецкаш морковот на парчиња кругови
    -Парчињата ги преливаш со путер од кикирики
    -Ги замрзнуваш

    Резултат:

    [​IMG]

    Имаш верзија и со јаболко:

    [​IMG]

    Гледај јаболкото да му го даваш БЕЗ семки.
     
  7. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Imam ednogodisen sarplaninec, vcera bidejki nemav vreme da mu dadam od varenoto meso, mu dadov 2-3 pati po edna raka od kuceskata kupecka hrana, pa deneska sabajle mu dadov jogurt so leb da se osvezi od zeskovo, no nesaka da jade :sweat: Mu gi kupiv omilenite smoki i si gi izede no jogurtot ne mue ni cepnat, dali e mozno od zeskovo da nesaka da jadi? I dali smokite se stetni za kucinajata?
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Може не му се допаѓа јогуртот.
    Не го присилувај, ако смоките се штетни за нас тогаш и за него се штетни. Не претерувај со смоки, може му е топло, па како и на нас луѓето што не ни се јаде кога е топло така и него.
     
    На supergirl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Прво гледам дека абер немaaт луѓево од грижа за животни... прво со мачето, сега со кучето.. на шарпланинец една рака дехидрат да му се дава не е нормално! Чивавите не ги хранат со толку храна! После, смоки си му давала... бог да чува.. ако ги сака не значи дека се добри за него! Па леб... од лебот дијареа добиваат кучињата и може после да си.имаат проблеми со желудникот.. и се разбира, на крај умираат!

    Дехидратот 100% не му се допаѓа. Земи некој друг, квалитетен како Брит Карнилав. За тој дехидрат сум сигурна дека е добар.

    И кажи ми, ти ќе се нахраниш од смоки? Се разбира дека не! Епа ако ни кучето не се нахранува со смоки, тогаш не му се потребни смоките..

    Навистина, некои луѓе не информирани се за ништо, а, миленици земаат... подобро да не си земала! Тортури им правиш на кутрите животинки...
     
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Само со сува храна ги храните мачињата или им давате нешто плус? Не знам дали е убаво само со тоа да ја хранам, или да и дадам нешто повеќе, некогаш да и сменам?
    Знам му ја потопам со кисело млеко некогаш, а некогаш и му купувам од тие во кесиче, обично од риба.
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Не биди толку остра. Моево само манџи сака. Викам ај ќе го одвикнам од запршка :swear: и му давам готова кучешка храна.
    3 дена ама ни зрнце, па си реков, ај пак манџа оти ќе умре од глад. Како што е бел целиот е запршка (многу е штетна) по мустаќите и брадата.
    И што да правам сега?!
    Ама и ветеринарот ми вика, не се секирај 1-2 дена нема да ја сака ама после ќе пројаде, чекав 3 дена не бре како магаре на мост.
    Кога го земав ја јадеше храната на мачорот (за инат), сега ни таа не ја сака.
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Не можам да поднесам кога некој ништо не знае за животни, а зема..
    Значи не си му го погодувала дехидратот. А, ако до толку не сака, не го труј со запршки, готви му! Јас на моето му варам пилешко месо без коски (мелено пилешко) и ориз. Нема оправдание за хранење со нездрава храна на кучето! Домашно готвена храна може да му се дава, без зачини. Лесен е рецептот, во исто тенџере ставаш да се вари мелено пилешко, морков и ориз (не мора да биде чистен). Ако за тоа немаш време, немаш време ни за куче!
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Абе не буквално запршки, ни за нас не правиме, ама ете си сака готвено и лепче.
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Кажав зошто е штетен лебот. Немој леб.
    И сакав да те прашам, каков му е изметот? Зошто изметот кажува многу за исхраната. Цврст му е или помек?
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Супер си е нема проблем, да приметев нешто правец ветеринар.
    Ама сега кога го носев за увцето баш го прашав за исхраната.
    Ќе се повторам сега од предходниот пост. Тој ми кажа да се поинатам, дури и храна некаква ми продаде, ама пак не ја јадеше и жал ми беше, па си го нахранив по мое.
    Не ми е прво милениче буквално цел живот сум со животни.
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Прашав дали изметот му е цврст. Не прашав дали е супер. Супер- не знам на кој начин мислиш. Готви му по тој рецептот што ти го кажав. Од сабајле, навечер и на ручек вари му ориз, мелено пилешко и морков. Многу е поефтино од дехидрати и посигурно е. Советувам за доброто на вашето.куче, не за да го трошам времето тука и на крај да си продолжите со.неправилна исхрана.
    Не оправдувам неправилна исхрана кај кучињата!
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  17. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Zlatna nesakam da se karam no najprvin poubo informiraj se za ishranata, znaci rekov deka mu dadov 2-3 pati po edna raka od kuceskata hrana, zatoa sto ako mu dades povekje mozi da go poduja vo stomaceto i da si ima problemi posle, taa bila ista kako sojata, vo stomakot na kuceto omeknuva i e ko meso, jas nemislev samo so smoki da go naranam tuku deka mu se omileni si rekov malku da se zasiti, i da sekako deka se javivme kaj veterinar, i ti NEMAS PRAVO da me sporeduvas so slucajot za maceto zatoa sto taja pokraj povredite koi gi imase maceto prasuvase dali da go nosi na veterinar a mojot slucaj e daleku od toa.. jas nemam voopsto griza za zivotnite? Hahah ne bi rekla, ako e bolno mozam i da ne zaspijam so denovi, i ako imas problem so nervite nemora ovde da se isturas, pozz ae
    P.S. Pocna da si jade najnormalno kako i sekogas
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Сребрена, шарпланинец не може да се нахрани ни со толку. Јас моето 4 месечно кутре го нахранувам со толку. Доволно сум информирана за исхраната. Цела чинија би требало да му биде полна за да го нахраниш, а јас колку што можам да споредам со хранилката на моето куче, тоа не е ни половина. Може да му се подуе стомакот, но ако изеде 2 чинии. Освен подувување на стомакот запознаена сум со болеста bloat која многу тешко се лекува. Ако кучето јадело и трча веднаш штом ќе се најаде, цревото му се изместува под желудникот и никаква храна не може да пристапи до желудникот за да биде сварена, затоа ти можеш од тоа да го пазиш, од подувување, не. Болеста што ти ја спомнав е многу честа кајДалматинците, Германските доги и други раси од среден до голем раст. И баш ме интересира кој дехидрат му го даваш што толку се разбираш од исхрана кај кучињата.
     
  19. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Znaci imame zboruvano i so veterinar vo vrska so negovata ishrana, toj ima godina i 5 meseci i prilicno e podebel vo odnos od normalnoto da recam, pa izgleda zatoa samo po edna raka, a inaku kupeckata hrana se vika romeo, high premium od germanija mu ja kupivme, i normalno e tvoe malo 4 mesecno kuce da jadi povekje od nasiot zatoa sto toa sega rasti i bas ima potreba povekje od hrana, a i nz dali si informirana kucinjata nad 1 god se hranat ednas vo denot, procitaj i na internet ako sakas
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано на интернет и ми имаат кажувано искусни сопственици и.ветеринари дека куче над една година се храни 2 пати на ден. Еве ти распоред за како кучињата треба да јадат додека растат.

    -3 недели до 2 месеца- на секои 2-3 саати
    -2-4 месеца- 5 пати на ден
    -4 месеци до 1 година- 3 пати на ден
    - Над 1 година- 2 пати на ден.

    И те молам кажи ми го составот на тој дехидрат. Да ги споредам со една друга храна.