1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
     

    Прикачени фајлови:

  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Добар дехидрат, но не би рекла дека е добар колку Брит Карнилав или Фармина (Natural and Delicious). Квалитетните храни имаат 32,0% протеини, а оваа храна има само 25,0% протеини. Првата состојка не знам што значи, но се сомневам дека е житарица некоја... ќе видам на преведувач ако сум грешка ќе редактирам. Втората состојка се сомневам дека е месо, зошто на сите дехидрати е напишано на сличен начин. Што е грешно кај таа состојка е тоа што пишува дека 20% е некакво месо, другите 5% не ги знаеме што тука е сомничаво тоа. Предпоследниот производ е житарица што е уште еден доказ за тоа дека храната не е толку добра.

    Брит Карнилав е без житарици и е убаво објаснето какво месо е користено. Не ти кажувам веднаш да се префрлиш на таа храна и да земеш 12 кг од веднаш, но ако сакаш да смениш на подобра храна, земи прво пола кило за да видиш дали ќе ја сака. Ако не ја сака, остани си на сегашнава, не е лоша колку Педигри или Чапи. Може да се каже дека е степен подобра од Ројал Канин. Исто така можеш да земеш Фармина од формулата горе во заградата.

    Значи овој пат за храната само нагаѓав и препознавав некои зборови чисто од што знам како се распоредени состојките на дехидратите.
     
    На supergirl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Ne e losa hrana ova romeo, a i epten eftina ja nacekavme, 12 kg za 720 den, znaci 1kg 60 denari
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Епа, Брит Карнилав е 1700 денари 12 кг, но се исплати според мене зошто многу луѓе кои ја пробале на нивнитд кучиња се задоволни. Јас за моето имам Брит од формулата Puppy all breed-Lamb and rice и супер расте. Пробај ја Брит Карнилав ако сакаш и види дали ќе има промени на уште подобро. И заборавив да ти кажам, можеш да препознаеш квалитетна храна по изметот на кучето. Ако изметот му е во мала количина и цврст тогаш состојките од храната се правилно искористени, ако е потечен и е во поголеми количини, тоа е знак дека во храната се ставени премногу житарици, а житариците обично влегуваат и излегуваат кај кучињата зошто самиот желудник на кучето не може да ги сварижитариците, па затоа влегуваат и излегуваат.
     
  5. BabaRada

    BabaRada Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Девојки каде има тема за зајчиња, неможев да најдам и во паника сум...еве го мојов проблем -
    Пријател на татко ми му дал бебе зајче (мајката ги отфрлила сите ги газела и несакала да ги дои) ако го опраиме демек Ок :worried: има 2-3 дена дали и толку, уште е келавко и слепо многу ми е жал...Се што знаете за бебе зајче би ми било од корист...читав дека замена за мајчиното млеко би било козјо или мачешко...но незнам каде би молзела мачка во моментов :) Му давам разредено кравјо млеко, со капалка по неколку капки на секои 2-3 саати. спие на топло во кутија со кебенце...Помош девојки, ви благодарам однапред на сите
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Добро правиш ако го прифаќа млекото.
    Продолжи така.
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.042
    На мачката моjа и е диjагностициран гингивитис, воспаление на непцата во многу рана фаза. Ветеринарот ми даде антибиотик за отечената усна и ми кажа со путер да и ги премачкувам воспалените непца.

    Арно ама, jас си отворив гугл и прочитав дека треба ветеринарот да ми закаже стоматолошки преглед за мачката во текот на кој ќе и дадат анестезиjа и ќе проверат дали има џебови, расипани корени и слично, ама овоj ветеринаров ништо од тоа не спомена. Незнам дали да и давам антибиотик или да jа однесам каj друг.

    Ако некоја од вас има слично искуство, ве молам споделете!
     
  8. BabaRada

    BabaRada Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    А да и ги намачкаш со Гингивал маст..на база на камилица е не верувам дека може да и штети...неколку пати на ден...само не и давај после ни да пие ни да јаде пола саат. ПОздрав
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Keti-26

    Keti-26 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    Девојки јас на голема мака сум..маченцево мое не го држат ампулите против болви.Последен пат ставивме пред месец/месец ипол и од тогаш не е бањат. Си шетка и надвор ама логично ампулата треба да го држи. Вчера се вративме од одмор и го гледаме пак целиот се чеша и има болвички .Под итно го однесов во пет шопот таму да му стават ампула да не случајно јас не правилно му ја ставам. Го мереа таму и ми рекоа дека сега треба да му ставиме цела ампула, затоа што имал килажа за голема апмула. Му ја ставија но од тогаш поминаа повеќе од 12 саати а тој уште се чеша. Му најдов болви но беа како полумртви...треба ли да чекам уште време за да делува целосно ампулава. има ли некој некое слично искуство? Можеби не му делуваат него. Ми рекоа дека било индивидуално..незнам што да правам.. неможам да го гледам како се чешка постојано. Помагајте ве молаам!!! :sweat:
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Ампулата трае 1 месец и нормално е да фати болви ако не сте му ставиле нова ампула по 1 месец. И за да делува ампулата потребни се 2 дена (48 саати) за да влезе во крвта на мачето. Јас мислам дека подобро би било да сте го избањале мачето со шампон за мачки и да му ја ставите ампулата. Така болвите ќе бидат ошеметени и нема да касаат многу. Но, не е важно веќе, има ампула. Не очекувај дека веднаш ќе делува ампулата, не е магична. :D А, да како што повеќе ги користиме ампулите, така надворешните паразити (вошките, болвите, крлежите) се навикнуваат на нив и се повеќе се смалува рокот на траење. Но, ампулата е најсигурна и најдобро делува, затоа немаме друг избор...
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски

    А редовно ли им ставате на милениците? :wasntme:
    Мојата сега е годинка,и ставав оваа пролет и лето
    вчера ставивме уште една
    ,да продолжам ли и зимно време или нема потреба?
    Многу контрадикторни мислења слушам насекаде,од сопственици па се до ветеринари и сопственици на пет шопови....
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Јас редовно и ставам. :wasntme: :D Не сакам да ги слушам моите дома како врискаат дека фатила една болва, а замислете каква прашина се крева ако фати крлеж. :rofl: Зимно време не планирам да ставам, нема потреба од тоа. Ама во есен, пролет и лето ДА!! :!: Мојата еднаш фати крлеж, но го извадив.

    И до сите тие што сакаат да ставаат неопитроид на куче. Јас на почетокот ставав на моето и пак вриеше од болви, ноодкога ставам ампули, нема и затоа кажувам дека е подоба ампулата.
     
  13. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Би замолила некоја феминка која го има носено своето куче на дресер да ми пише како се движат цените, чисто да имам некоја претстава, конкретно нашиот проблем е агресивноста
     
  14. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    32.964
    Пол:
    Женски
    Девојки, да ве прашам нешто. Пред некој ден, некои дечишта ми го истепале кутренцето. Значи, едвај оди. Има рани по целото тело. Во моментов неможам да го однесам на ветеринар од лични причини. За 1 недела ќе можам. Но, до тогаш што да му правам? :worried: Неможам да го гледам вакво. Неможе ни да јаде, ни да оди. Ве молам за помош.
     
  15. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски

    Боже господе, како може деца да се способни до толку да повредат едно суштество??? Знаеш поточно кои се децата? Во тој случај најдобро е прво да преземеш нешто, разговарај со нив или со нивните родители, ако еднаш го направиле тоа, ќе го направат повторно. Потоа можеш да ја објавиш приказната на страната на Анима Мунди, може некој ќе биде во можност и порано да го однесе на ветеринар и да му биде пружена прва помош. Те советувам ова да го направиш уште веднаш, ако е многу тепано може да има внатрешни повреди и да биде кобно по неговиот живот. Не ми се верува што прочитав, те молам известувај не за состојбата на кученцето
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    32.964
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се веруваше кога го видов. Плачев на цел глас.
    Ти благодарам многу за подршката, ќе пробам да го сторам тоа. Ќе ве известувам за се.
     
  17. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Не е проблем, ќе направиме се што можеме да биде добро кученцето. Моментално и јас не сум финансиски во можност да платам на ветеринар, инаку без размислување ќе го однесев и лично. Но знам дека кога ќе објавиш на страната ќе има некој кој ќе биде во можност да му помогне, сепак приказната е потресна. Која возраст е кученцето? Мала раса е? Да не заборавам, направи и слики од моменталната состојба на кучето и објави ги со приказната. Верувам дека се е до воспитувањето на децата, но последно нешто што треба да му падне на памет на мало дете е за се иживува врз животни..и се додека истото поминува неказнето нема да прекине. Сигурно е и многу уплашено....душиче :( Почна барем малку да прима храна и вода?
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Да беше голем раст ќе им се спротивставело кучето. Децата само на оние помалите кутриња се нафрлаат, големите не смеат да ги чепнат зошто големи кучиња се и се свесни за нивната сила. А, малите ништо не можат да направат... Еве, да пробаа да нападнат возрасен Ердел Териер (ги земам за пример зошто во лик се како кукли, а во душа Добермани) ќе се одбранеше.

    И Квин, не го кревај во раце, можеш да му изместиш нешто...
     
  19. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    32.964
    Пол:
    Женски
    Мала раса е. 2 годинки е. За тоа и го нападнале.
    Папи не го кревам во раци, таму каде што си леже му носам вода и нешто да касне, но подобар е сега. Се напи малце вода и касна, барем не е со празен стомак. Уплашено е многу. ;(
     
  20. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    душичка посакувам подобро да оздрави но штом веке каснал и се напил вода сигурно е подобро позз и известувај не