Здраво на сите, јас и другарками зедовме мачиња од кај комшиите нејзини,едно за нејзе и едно за мене, имаат околy 1 месец, малечки се, е сега проблемот е тоа што мачето кај другарками е помало по раст од неговото братче и главчето цело време го држи на страна,значи не право, ќе го носат на ветеринар наредниве денови, па од што можи така да ја држи главата? А инаку послабо јади од моево, но си јади не велам не, а и веселко е, благодарам однапред
Здраво, да ве прашам за совет. Моето куче има проблем со ставање на ланчето на вратот, секој пат кога ќе се доближеме до него со ланчето веднаш бега, а насилно несакам да го ставам бидејќи може да апе и понатаки кога ќе порасне нема да можеме да го ставиме на сила, тој ќе биде посилен од нас (лабрадор е, 4 месеци). Како да го навикнам да го носе? Инаку кога е ставено воопшто нема проблем, не пробува да го ваде не е нервозно се е во ред ама ддека го ставиме, маки..
имам мало кученце и сега сакам да го избањам ама ми е страв да не умре..е сега да го банјам со потопла вода или млака и дали одма да го исушам или не?
Можеш да го избањаш ако е над 6 недели. Треба да пазиш во ушите да не му влезе вода зошто може инфекција да добие. Бањај го со шампон за кучиња, никако со сапун или шампон за луѓе зошто може да добие првут и да се чеша. Кога ќе го избањаш, не го суши со фен, туку внеси го внатре и со пешкир наменет за него триј го. Со чешел за кучиња чешлај му го крзното контра растот за да се исуши крзното побрзо. Водата да е млака, поладна од таа што нас ни е таман за бањање. Дадете му го ланчето да го помириса и да види дека не претставува опасност. После почни да го галиш кучето со ланчето и полека стави му го. Не му го вадете, зошто може да избе, а без ланче не би можеле да го препознаете.
Добро е душичката, благодарам што се сети да прашаш. Го однесов на ветеринар, ми рече дека бил повреден многу повеќе од што замислував дека ќе ми кажат, но сепак ветеринарот ми кажа да земам некои апчиња од аптека, и тој му стави инекција. Сега е многу подобро. Си јаде и си пие.
Многу ми е мило што е подобро Ајде нека се опорави што побрзо и никогаш повеќе да не му се повтори истото
Многу малечки сте ги зеле, мачињата обично се спремни за вдомување од 7-8ма недела натака. А тоа што е помало во раст не треба да ве загрижува секогаш во леглото има некое поситно За проблемот со главчето незнам што да кажам можеби дека е мало неможе да го држи сеуште стабилно, но за тоа најдобро е да се праша ветеринар
Го однесоа на ветеринар, прими една инекција и ја исправи скроз главата, сега е се во ред, ветеринарот рече можно е болва да му се пикнала во ушете па затоа така, но сега е добро срце златно, сепак ти благодарам за одговорот
Кој ќе ми каже отсега дека животните не не' разбираат со цигла по глава ќе го мавам! Мачкава моја си имаше три малечки, 8 ипол недели стари, две машки и едно женско, и прееска татко ми ги зема женското и едното машко да ги носи на некој пријател што ќе ги чува, зошто каде ние дома со 4 мачки и плус возрасен шарпланинец. И едно добар пола саат пред татко ми да излезе мачкава се вознемири, почна да трча од маче до маче и да ги лиже, да мјаука, да се врти околу нас, ја виде кутијата која ја спремивме за малите и почна да ја гризе... и откако татко ми излезе со двете малечки ова што остана седна до мене скроз збунето, се најде одеднаш само, а мачката се склопчи без звук да испушти, со еден толку тажен поглед, абе срцево ми препукна. Инаку мачката ми е 10 месеци стара и ова и беше прво легло, а толку многу се грижеше за нив и ги пазеше...
Обично хималајските и персиските мачки премногу се приврзуваат за малечките, а и малечките за нив. Затоа, мачињата треба да се одвојуваат од мајките на 12-13 недели. Мојата мачка кога прв пат имаше мачиња, не беше толку приврзана, дури едно умре зошто го угушила... а 3 беа само... и 2те останати ги дадовме на 8 недели, а како да немала мачиња се однесуваше... но, после тоа, почнуваше да разбира што значи да се биде мајка и беше многу заштитнички настроена... Добро, дозволуваше луѓе да ги креваат во раце и галат. Но, сега е стелиризирана и немам проблеми со мали мачиња веќе... и со нејзиното однесување, се разбира. А, да, стелиризацијата не помага да се помири мајчинскиот инстинкт. Мојата мачка со задоволство би посвоила некое маче... за жал нема млеко за да го храни...
Здраво. Имам папагал од оние поголемите, и е див. Дали некој знае како да го скротам, да не бега, да не се плаши, туку да можам да го фатам, да го држам, да стои на мене... Благодарам однапред.
Не, мојава е обична, домашна кратковлакнеста мачка, не е од тие „поегзотични“ сорти. Сама ни дојде во двор уште малечка, еден месец дали имаше, и оттогаш си ја чуваме. Ги дадовме уште на 8 ипол недели мачињата поради тоа што иако уште цицаа, сепак почнаа да се осамостојуваат, јадат секаква тврда храна, не се зависни од мачката а и човекот што ги зема ќе се грижи како што треба за нив, ќе ги храни, дома ќе ги чува, така да обезбедени се. Ама таа сепак ептен ми беше тажна, и неколку дена потоа цело време кружеше околу куќа и мјаукаше, ги бараше... Еве ја сега до мене на тросед си спие со едното малечко што го задржавме, си го гушнала и се склопчила, срценце. И ние планираме да ја стерилизираме, ама да ти кажам мене искрено ми е страв, не сме ние US или UK да има некои најсјани служби за животни, и колку се кај нас стручни ветеринарите, а сепак се работи за операција... никако не можам да се наканам да ја однесеме.
Ако си од Скопје, можам да ти препорачам ветеринар. Тој ја стелиризираше мојата мачка. Најдобар хирург за животни е, а и навистина одлично се грижи за пациентите животни. Кај него ти гарантирам безбедна стелиризација. Повеќе инфо- ЛП.
Здраво,имам папагал нимфа и го хранам само со купечка храна ,но сакам да му дадам нешто природно овошје или зеленчук. Што би ми препорачале???
сакам да прашам бидејки мојот папагал е постојано сведнат кон тањирот сo храна и само јаде има ли некоја за количина на храна (ограничување) или се става онолку колку што собира чинивчето? Ве молам за брз одговор
Се става колку што собира чинивчето и храната се менува секој ден. Папагалите знаат колку им е доволно, кога ќе се почувствуваат нахранети, ќе се тргнат од тоа место. И, да те прашам, кога го зема папагалот и од каде го зема?