Какви беа условите во кафезот на папагалите? Обично неухранетите папагали јадат многу кога имаат храна...
Здраво феминки Јас имам самоед куче, го имам подолго време и сакам да прочитам некои совети за тие што чуваат такви влакнести, мекички, мили кученца И покрај тоа што читам на интернет за нив, добро би било и вие да кажете нешто бидејќи имате искуство. Поздраав
Самоедите се едни од најтврдоглавите кучиња. Хипоалергични се, но премногу се митарат и треба да се чешлаат на 3 дена за да се одржи мекоста и волуменот на крзното. Од храна најдобро е дехидрат да се дава. НЕ ОД РОЈАЛ КАНИН, ЧАМПИ, ПЕДИГРИ, ДАРЛИНГ И СЛИЧНИ НЕКВАЛИТЕТНИ ХРАНИ. Најдобри се производите на Брит, и тоа од суперпремиум дехидратите како Brit-Care-Puppy All Breed (за кутриња до 1 година) и Brit- Carnilove (grain free) (за кучиња над една година). Еве како треба да се храни куче: -3 недели до 2 месеца- на секои 2 саати -2 до 3 месеца- 5 пати на ден -3 месеца до 1 година- 3 пати на ден - Над 1 година- 2 пати на ден. Самоједите чинат околу 300 евра со Педигре (што е посигурно и гарантирано е здравје кај кутрето) И пред да земеш куче, размисли, дали си способна да издржиш 15 години, и дали ќе можеш да се будиш рано наутро за да го прошташ кучето. Дали покрај лошите временски услови можеш да го прошеташ барем 15 минути колку да изврши нужда. И кучињата се социјални животни, треба да бидеш сигурна дека тоа куче ќе го дели просторот со вас, а не врзано на ланец, зошто кучињата не припаѓаат таму.
За митарење вистина е многу се митарат, го чешлав летово и мислам дека овца стрижев, ама добро е сеа му се обнови крзното е пак мекичко Ова ми е втор самоед што го чувам, имам голем двор, само навечер е во кавез иначе цел ден е пуштено. А каде можам да ја најдам таа храна и даи можеби знаеш колку чини таа Brit CarniLove (grain free) ? Фала, поздрав П.с ако го немав мојов самоед, сигурно би имала како твоето куче, едно од омилените ми е. Има многу слата фаца
Не знам дали ова е соодветна тема ама имам еден гооолем проблем со моето миленче веќе 3 пати му се случува да се вкочани, да почне да се тресе и сега последниов пат дури и пена низ устата му се појави за малку ќе полудев да не го изгубам!!!! Сето ова трае до 5 минути и после како ништо да не се случило, прашавме ветеринар и вели дека тоа е некоја болест сто не се лечи и не се знае до кога ќе живее. а не сакам ни да помислам на тоа премногу сме поврзани сите дома, а нема кутре кое ќе може да го замени... Дали некој имал вакво искуство со своето миленче или знае некој за што поточно станува збор? ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ
Не знам, али најпаметно ти e му направиш комплет испитувања и ќе дознаеш за што се работи(можеби е и отров што делува споро) ...Се надевам дека ќе му биде подобро
твоето куче има епилепсија кога ке почне да се треси веднаш стави му ладна крпа(водена) и ке се смири ама најубаво е да го прегледа ветеринар и ке ти каже за што поточно се работи но мислам дека е тоа истот се случи со кче на мој пријател и неговиот доктор му го кажа тоа со крпата позз и пиши што си направила
Па бевме веднаш на ветеринар и истото го кажа он, дека е болест што не се лечи и не се знае до кога ќе живее, најмногу тоа ме повреди а фала за советот со крпата, ама се надевам дека нема да се повтори и ќе нема потреба да го применам тоа!!! Фала ти многу сепак!!!
нема врска тоа дека не се знае колку ке живее и дали ке живее (да не се лечи) но кучево кое го доживеа истото прв пат му се случи на 2-2,5 год значи до тогаш немаше никакви знаци на болеста и сега ене го како нов П.С крпата се завиткува околу врат да ти кажам зошто прееска заборавив за секој случај не дај боже позз секое најдобро
вака ако е нимфа треба да не го допираш и да не го пушташ од кафез 20-21 ден додека не се привикне на собата и да ти биде ставен во ќош за полесно да ја научи просторијата после 20 дена пушти го ке лета низ соба и полека полека ке ти се доближува и ке се научи да иди кај тебе и нема да те каса барем таков е мојот си лета по цел ден е надвор незнае што е кафез само оди јади и пак лета и само се разбркуваат низ соби со кучево по дома цел ден циркузи
па исто и моево има 2 год. и му се случи 3 пати до сега ама сега се недевам ќе биде подобро и уште еднаш фала ти
нема проблем мислам дека се ке биде ОК нема место за паники тоа е стресен момент за чуварот на миленикот и не е лесно да се заборави на истото сепак за да бидеш поспокојна однеси го на ветеринар некој подобар и ке ти кажи дали ти требаат лекови за него и слично и мислам дека ке биде подобро
Вчера ми дојде во двор куче улично, решивме да го чуваме. Проблемот е што никогаш не сум чувала куче и не знам ништо за тоа. Еден комшија го исчешла, му дадов да јаде по се изгледа беше многу гладно се изеде. Имам неколку прашања Колку пати на ден треба да јаде? (среден раст е) Број од некој ветеринар Продавница со нормални цени да му купам ланче за водење, чешел ваљда е неопходен има долги влакна.
Има некој начин да се спречи кучето да се митари? Или само да го чешлам и нема да пушта толку влакна?