Јас од Џамбо земав поводници, ланчиња, чешли, кревет, играчки и сл. Не му ја знам возраста за да ти кажам колку пати на ден треба да го храниш. Но, по милионити пат го поставувам редоследов: -3 недели до 1 месец- на секои 2 саата -2 до 3 месеца- 5 пати на ден -4 до 5 месеца- 3 пати на ден -над 1 година- 2 пати на ден Ако се дава еден оброк дневно, има ризик од надувување на стомакот. За да се чешла, ти треба само фурминатор. Во македонија го продаваат за 1500 денари, но во АлиЕкспрес го имаш за 500 денари. Само фурминатор помага, обичен чешел-не. Прочитај погоре во постов за фурминаторот што напишав.
Да,фурминаторот го користам и јас скоро година и е супер,навистина помага и многу влакна вади. Можеш да нарачаш од интернет има по огласи,по 1500 е се незнам дали и во пет-шоповите има ако има мислам дека се поскапи,сепак не сум баш информирана за цените таму.Друго можеш и омега три,да му земеш и јајце двапати неделно,можеш да почнеш да му даваш и секако варено да е.
Пред саат и пол, стигна фурминаторот од Али Експрес. Презадоволна сум, ја чешлав Беки цал саат. За џабе пари, 570 денари само, а тука се 1500.
Те молам ако имаш линк од селерот? Фала... Твоето куче има епилепсија. Ист таков напад добива кучето на мој другар, кој е ветеринар и во моменти на напад му дава на кучето соодветна доза дијазепам. Секако не е препорачливо да му даваш без консултација со стручно лице. Не мора да значи дека кучето ќе има пократок век, но секако нападите ќе се случуваат...
http://m.aliexpress.com/item/894170936.html Малите фурминатори се околу 300 денари со 2 долари доплата. Јас го земав најголемиот што е над 400 денари, со доплата 570 беше. Ти го носат пакетот до дома и многу е пректично.
Девојки, пред неколку дена вдомив маченце кое го најдов на улица, и на носето има како некое темно кафеаво струпче, како пред паѓање да му е, не знам како да го опишам. Не знам од кога му е на носето, но го следам деновиве и не му се шири. Чачнав на интернет ама не најдов ништо поконкретно, ќе постирам слика во спојлер, доколку некоја од вас имала ваква ситуација, молам за одговор. Фала. Спојлер
Јас ви пишав во темава еднаш за епилепсија пролистајте ќе најдете.На дечко ми кучето имаше и живееше 13 год, тоа не одредува колку ќе му биде животнот век.
Zdravo na site, imam zlaten retriver skoro 1god star vekje 2 dena ochite mu se crveni isto kako so mozhe da se javi i kaj nas kaj lugjeto. Dali ima nekoj od site vas iskustvo so vakvo neshto da spodeli iskustvo da kazhe barem so da pravam dali da go nosam prav na veterinar ili ? Fala Vi odnapred
па мислам дека не е нешто сериозно плакни му ги очите камилица (чај)и јас имав вака слично со моето куче ама него му отекоа му беа црвени и го чешаа го миев со камилица и за неколку дена помина
На моево буце изметот последните неколку дена и е жолтеникав, па поркокалиев така нешто. Екстремно светол. Имам ли потреба од грижа?
Дечки имам голем проблем ,имам кане корсо и фати болви нема со сто не пробав , неопетроид , некои раствори од ветеринарна ми даваа ,ампула се се стававаме и не си одат пустите!!! Изгледа дека имаме голем двор и сегде се раширени и неможам да ги унистам затоа што гнидите се отпорни на тие средства. Прееска бев до земјоделска и купив Етиол го испрскав подрумот боксот и некои места кои сто можам да му ги забранам да оди и ми кажаа дека ги убивало и гнидите и се и дека немора пак да прскам , па сакам да прасам дали некој го прскал и кучето со етиол??? Страв ми е да не го отрујам или да не му ја остетам кожата висе преку глава ми се 3 месеци се расправам со болви ако можам со етиол да го напрскам па и гниди и болви и врагови се нека цркнат
Не смееш со тоа да го прскаш, отровно е. Инаку како ампули не му помагаат, вие сигурно не ставате редовно или ги користите погрешно.Моето со ампула 2 месеци е раат без болви.
Ќе си земеш фронтлајн ампули и ќе го решиш проблемот одма. Неможе од ампула да не му помине, сигурно ти продаваат некои разредени ампули затоа што кога ќе ја ставиш ампулата болвите умираат во рок од неколку саати, нема шанси да преживеат. Амплуата ги уништува, а после тоа месец два кучето е раат. Начинот на аплицирање е едноставен, кај вратот одозгора и малку подоле по должината на рбетот. Дури и да се лижне (што е невозможно на тој дел од телото) не се токсични за кучињата овие ампули. Околу 600 денари чини една ампула, а ќе земеш во зависност од тежината на кучето. Ако си од Скопје ги има во пет шопот во Рамстор. Не се зезај со други средства нема ништо да ти помогне, а можеш и да му наштетиш на кучето.
Девојки ве молам за помош!! Моето куче е старо 3-4 месеци. Во последно време оди некако свиткано во пределот на стомакот, како да има грчеви. Заприметив во изметот дека има глисти, а претходно му имам дадено 2 апчиња против истите затоа што ветеринар ми кажа дека ако со едно не успее да ги исфрли сите по една до две недели да му дадам друго, но гледам дека уште се мачи со нив кутрото. Дали е можно да е тоа од глистите или се работи за нешто друго? И ве молам за совет со што друго може да го спасам од глисти?
И мојава на 4 месеци имаше грчеви во стомакот. Исто така и дијареа имаше. И' дававме јаглен, медицински по два на ден. Не знам колку ќе помогне оджва, но најдобро е да контактираш со ветеринар.
Imam melez pinc 3ipol meseci e pa mislam da mu davam kupecka hrana koja e najdobra ve molama kazete mi
Има и М. Твоето куче беше лабрадор, ако не грешам... можеш да избереш меѓу М и Л, јас имам куче со среден раст и земав Л зошто поголема работа ми врши. Имаш опција за да го купиш производот, но пред да кликнеш таму, избираш М или Л. После кликаш на таа опција и го пополнуваш формуларот. (Те прашува за Адреса, место и сл) За пинч мискот можеш да земеш од Брит храна, најмногу ја препорачувам од купечките. Но, мислам дека е подобро да му се готви храна, не само што е ефтино, туку и сигурност за здравје на кучето. Стави пилешко без коски, ориз и моркови во тенџере, свари ги и имаш вкусен оброк за твоето куче. Гарант ќе ја сака таквата храна, зошто не сум видела куче да не сака месо. Исто така можеш да му готвиш и со говедско или јагнешко и гледај различни меса во неделата да даваш. (Пример: понеделник: оброци со говедско; вторник: оброци со пилешко; среда: оброци со јагнешко; четврток: оброци со свинско) Но можеш и еден или 2 вида на месо да даваш во текот на неделата.
Ве молам за помош,итно ми е!! Имам мало маченце,и ноќва побагнало од кај мајка му,го најдовме надвор како леже на земја,парализирано беше..Го извиткав со стари алишта да се затопли и му дадов топло млеко,пиеше но неможи да стани на таа страна што лежело само на таа паѓа.. Грев ми е да го гледам како се обидува да стани а не може.. Како да му помогнам?Се плашам дека ќе умре..
Однеси го на ветеринар. Јас се сомневам дека има слаба циркулација на крвта, особено на страната на која што лежело зошто ладно било. Но, може би грешам, па те советувам да го однесеш кај некој добар ветеринар од твојот град и да ти каѓе точно.