Јаболки и круши, па може и банани. Моите ги обожаваа! [/q секое овошје, зеленчук треба да е излупен и добро измиено мозеш јаболко, морков, краставица, брокула, ориз варен без масло и сол, цвекло, праска, кајсија, лубеница пченка, јагоди итн секоја птица е сама за себе мозе и да не јаде нешто од тука мојте ова го јадат највеке затоа ти пишав мозес и шпагети варени али секако само во вода уфф моите се дават во тоа али не претерувај со овошјата и зеленчукот мозе да има пролив се препорачува 3 пати неделно
не се согласувам со ова моите зенски папагали. машките не толку се дават во јадење а нешто се готви дома џафкаат викаат и на нив да им дадам нон стоп бараат за јадење така си ги научив ама и стрвни се и нормално досадно е само зрна да јадеш
да ве прашам што смеат да јадат мачките освен нели сува храна конзерви дали смеат варени јајца палента некој зеленчук освен морков итн
Јас и' давам на мојата мачка палента некогаш. Зеленчуци и овошја мрази. Може дехидратот да и' се комбинира со јогурт, паштета или туна (но гледај многу ретко да и' даваш туна зошто може да предизвика зависност, а туната ги дебелее мачките само) Наведените оброци се за ручек. Од сабајле давај и' кисело млеко или јогурт со леб и дехидрат. Јас вака ја хранам мојата мачка и не е здебелена, но зависи каква мачка е. Ако е поактивна и ја троши енергијата, тогаш исхранава ќе биде супер за неа.
Луѓе јас не знам што да правам, има пред зграда едно кутре, ви кажував за него, го храниме од зграда сите и се врити овде.Деновиве забележале комшиите, а и јас сега дека не е добро, не сака да јаде, само гледа да легне и не се радува како порано.На очите има гурли и му се сиво-плави како кај слепите кутриња, не му беа такви.Му дал некој комшија некое апче ветеринар што му го препорачал и јас му дадов активен јаглен сега, ама страв ми е да не е почетна фаза на слепило, оти не знам што ќе му правиме во тој случај, никој не сака да го земе дома, а надвор во таа состојба нема да преживее, ве молам некој совет или искуство.Или уште подобро ако има некој што ќе сака привремено да го згрижи додека да утврдиме што му е и го излечеме, потоа пак ќе го чуваме ние пред зграда.
Прво однеси го на преглед. Така ќе знаеш што му е. После постирај по фауна групите, ако сакаш и јас ќе помогнам само прати некоја слика. Ако објавиш може некој ќе ти каже и што му е и дали е озбилно. Исто од таму може да најде некој топол дом доживотно.
Е да го однесам ама денес и утре не работат јас од понеделник одам на факс настрана и нема веќе да сум тука.Еве сега му симнав сува храна и јогурт, јадеше и пиеше вода, му ги измив очите со камилица и му ги исчистив, ама едвај не дава да го фаќаат.Ќе го сликам утре и ќе го постирам, ќе ти пратам и тебе слика.Фала Папи.
Има дежурни ветеринарни мислам дека... или пак јави се кај др. Диме, тој кај мене доаѓа на посета за преглед на Беки. Ќе редактирам и ќе пишам број од дежурна ветеринарна. Edit: 02 3240785 Универзитетска клиника на факултетот за Ветеринарна Медицина, се наога во населба Автокоманда, на истиот влез каде што се влегува и за ветеринарната болница, со таа разлика што не се свртува лево,туку се продолжува право. (Овде има дежурни, а мислам дека и вет станицата на Диме работи во Сабота. Сум ги носела папагалите ако точно се сеќавам)
Papi abe toa se vo red no jas ne sum od Sk, inaku znam kaj e ova, studiram vo blizina.A inaku ke mu se javam da vidam sto ke mi kaze.
Тогаш на кајгана во темава имаш броеви од ветеринарни: http://forum.kajgana.com/threads/%D0%9A ... %B8.64926/
Луѓе ми треба помош стварно сега. Ве молам без судење, без навреди, без кривење оти доста ми беше од сето то денес. Имам лабрадор стар 2 години. Јас сум крива знам, тој е неверојатно разгален. Го зедов во момент кога тој мене ми беше поќе потребен од јас него. Бев во депресивна состојба одев на психолог тој беше мало кученце и се му беше дозволено оти ми беше единствената радост во животот! И сега не е повеќе малечко кученце, а е се уште така разгалено. Кога си игра ме каса силно цела сум сина со модринки на рацете. Многу е силен и хиперактивен. И тоа е така бидејќи ретко го шетам. А ретко го шетам бидејќи кога ќе го шетам трга ко будало и да не види куче машко посебно му се пушта да го каса! Јас имам буквално 46 кила. Значи не можам да го тргнам ни да се докажам како „алфа“ во пактот на таков начин! Се обидвам да го тренирам во двор, ама е премногу хиперактивен за да ме слуша надвор од дворот. Денес играјќи толку силно ме касна стварно се уплашив... И секако откако викнав се уплаши и тој се тргна и се ама не е тоа начин. Незнам како да почнам да го шетам повеќе за да ја вади цела таа енергија, кога не можам да го контролирам надвор? Размислувам да го кастрирам. Знам дека тоа ни половично нема да ги реши сите овие проблеми, но ми велат дека ќе биде барем за нијанса посмирен и барем да можам така да го научам на некои основни навики. Ве молам дали некој има искуство со кастрација? Или некој друг совет... Многу го сакам и се би напрајла за него само не знам како, а немам пари да го пуштам на професионално тренирање или такви работи за жал
Јас за другото не можам да ти кажам ама за кастрацијата ќе ти појаснам.Моето го кастриравме од причина што не сакавме да го париме и тоа воопшто не го промени своето однесување кон нас домашните, не значи дека е посмирено или сл. ама е плашливо и кога е во околина со други кучиња помлади и поактивни им ржи и се сили од страв, исто е и со луѓе, непознати не дозволува да го галат, ниту да му се приближат.Така да кастрацијата нема да го промени неговото однесување, може ќе го смири малку, ама тоа ќе продолжи со вас да се однесува како алфа.
Ако се обиде да те касне, тепни го по носот и искарај го, гласно но смирено. Дивјачкото однесување е поради тоа што на кучето не му се поставени граници. Кога ќе збеснува со двете раце фати му ја огрлицата и насочи му ја главата кон твојата и карај го. Гласно но смирено исто така. Не го тргај погледот од неговите очи, а кога ќе почне да гледа на страна или се обидува да се оттргне, тогаш значи дека ти се покорил. Но не е само тоа. Ако се обиде да те касне во стоечка поза, фати му ја огрлицата и легни го на земја. Не му дозволувај да стане и карај го. Кога ќе се опушти, пушти го. Пронг и Чоук огрлици да не земаш, а никако па електричните. Така ништо не постигаш освен тортура врз сопственото куче. ако ова не помага, тогаш однеси го кај експерт за дресура на кучиња и ќе те насочи како да го дресираш. Во дресурите со експерт мора и ти да учевствуваш во спротивно, експертот ќе го смета за алфата.
Тој игра во моментите кога каса и доколку јас пример го карам или тепнам по носето тој уште повеќе почнува зошто си мисли дека му возвраќам на играта! И ова до пред некое време не беше толку изразено сега почнав да се плашам да не ме повреди. За дресура кажав дека немам пари 200-300 евра. Доколку би имала уште од мал би го пуштила да се научи. Сега треба некако сама да пробам да го шетам повеќе макар што е премногу премнооооооооооогу тешко и незнам од каде да почнам да го учам. Пример тој знае само СЕДИ и здраво со рачето да ми направи. Од наредби. Исто знае и НЕ дека не треба да прави така. Ама само што ќе излезиме од дворот и тотално на игнор сум никако не можам да го привлечам неговото внимание. И храна носам со мене се обидвам така да го привлечам вниманието ама никако... Ќе пробам да сум построга со него психички. Незнам како да станам алфа. Свесна сум дека во ваква врска помеѓу куче и сопственик, сопственикот мора да е алфа. Иначе вака ќе прави како Марли. Јас во секој случај ќе се потрудам полека полека да го научам. Ама се мислам за кастрацијата. И не само заради ова туку не сакам да се пари. Бидејќи кога го купив настана грешка небитно и не добив педигре, а не сакам да се пари со скитници.
Епа, ако знае "не" тогаш лесно ќе го истренираш. Секогаш кога ќе се обиде да те касне викни му "Не". И кога ќе игра и почне да каса, прекини ја играта и дај му некоја играчка или коска за глодање. Ако не слуша на "Не" потегни го долу за огрлицата да легне на страна и држи го. Ќе го издресираш лесно, само верувај и биди сигурна во себе, не се нервирај кога го тренираш зошто кучињата го осеќаат тоа. Беки мене како ме зезаше... а сум нервозна и ја карам поради бељата, таа пд инат капак ќе ставеше, ќе се измочаше на паркетот. Среќа што не чуваш Ердел, туку Лабрадор. И доволни се тие трикови, Лабрадорите основните најмногу можат да ги научат (има исклучоци). Ехе, јас така да се однесувам со Беки, по 2 години во лудница ќе одам. Многу е покомплицорано да се справиш со Ердел. Затоа, не се вознемирувај, ако слуша команди, блиску си до алфа статусот.
Ох фала ми даде надеж „Не“ слуша само кога сака.. Знај што значи кога ќе му речам не, а сепак некогаш прави такви работи. Од денес почнав да применувам повеќе работи вчера што истражував и сега се надевам на најдобар исход. Сепак мислам дека ќе одам до крај и со кастрирањето од здравствени причини. Само да се смири малце и ќе бидам најсреќа оти го сакам најмногу и не сакам да направи нешто лошо скраја било ...
Ахх Сандра Лабрадор е и за жал ти нема спас. Премногу е касно за дресирање ама како и да е јас сум многу против тие тортури врз кучињата. Освен основните команди на кои можеш да го научиш кучето друго не поддржувам затоа што дресерите се многу агресивни кон кучињата, употребуваат огрлици и палки со струја и такви работи од кои ми се Сепак зависи кои дресери, јас познавам неколку што дресираат кучиња за полиција, а и приватно се занимаваат со тоа, а на ваков суров начин ги дресираат кучињата. Дечко ми го има истиот проблем, мажјак е веќе 5 години има и никако не успеа да го научи да не тегне кога се шета, да не скока и да не гризе кога игра значи буквално истиот проблем. Кај него е супер тоа што може да го пушти сам да се шета и секогаш е околу него само да игра со стапче, а не дај боже да види друго куче тогаш е крај, големите мажјаци ги напаѓа, а со други нема гајле. Секаде влече да мирисне да душне ама нема шанси да го додржиш ни со градник ни со обичен околувратник значи ко вол тегне. Едвај го шетаме. Обично после 6-7 години се смируваат, кастрацијата нема да помогне ништо ама гледај барем еднаш да го спариш ради него дека е греота. Ние се надевавме дека после парењето ќе се смири малку ама не уште позбуделан стана Дома е бубалче, се слуша, мирен е ептен, али надвор е ужас, ко никад во живот да не е изнесен се однесува, а од мал е шетан прешетан по 100 пати на ден го шетаме... Се пробавме и награди и казни и ќотек (со весник не вистински ќотек) и карање и ништо ама ништо не помага, џабе е се. За разлика од тоа женските кучиња конкретно Лабрадори ама и за сите раси важи тоа, попаметни се, попослушни, полесни за дресува, поприврзани и полојални кон газдите. И сите мажјаци Лабрадори што ги знам исто се однесуваат најверојатно затоа што сопствениците ги земале од љубов да ги чуваат, а не да ги дресираат да бидат роботи, таков им е карактерот, темпераментни се и тоа е тоа. Најверојатно е тешко да издресираш Лабрадор и освен основните команди не се обидувале луѓето да го научат повеќе, абе тоа ти е вечно дете. Се што ти кажаа до сега имаме применето па и повеќе од тоа, стигнав до тоа и Цезар да го гледам да видам да не каже нешто како да се справиме со алфа куче ама ништо не помага. Ќе си го потрпиш уште неколку години ќе се смири сам, души се бе, јас ги сакам такви будали бидејќи моето е премногу мирно
Вака да кажам за кутрето за кое барав дом и совет.Се испостави дека состојбата му е од настинка и висока температура, ударило на очите и затоа добило привремено слепило, ќе го боцкаат во среда и ќе му препишат терапија, ветеринарот само тогаш имал термин, бидејки само тој е најстручен ќе го почекаме, оти не ми се ризикува со други, рече дека до тогаш нема да му се случи ништо, само да го храниме и да му даваме вода.Рече дека со тек на време ќе му се стабилизира состојбата и ќе си го врати видот.Сакам да ве прашам дали некој имал слична ситуација со негов миленик и дали можам до среда да превземам нешто на своја рака, да му олеснам?
Хаха и јас Цезар го отепав од гледање на јутјуб. Знам дека му е таков карактерот ама стварно малце е надвор од контрола. Многу ме каса. Вервај цела сина сум по рацете ќе си помислат дома кузнај шо ми прават хаха. Сега баш го шетав абе шооо си дојдов дома жива вода без душа. И раце и нозе ме болат Мене не ми смета толку ќе се справам некако ама домашните ми викаат му лае на гости му скока ги лижи ги тргачи, буквално дете е! И најинтересно ми е шо дома ме слуша ептен! Седи, не, дојди, мирен. Слуша. А излезиме надвор толку од него. Тотален игнор ми мава и трга како магаре јас по него се влечкам незнам колку смешно изгледам. А за парење не можам ни да најдам женка. Посебно пошто спомнав погоре немам педигле за Марли. И мислам дека ќе се решам сепак за кастрација ама не веднаш. Ќе се учиме сега некако ете неколку дена го учам секој ден на некои команди па гледам почнува да чактисва шо му зборам... Само се надевам дека нема полошо да стане.
Можеш да го париш и со Златен Ретривер или со црн или кафен Лабрадор, сеедно е. Златни Ретривери барем има еден куп, пушти оглас ќе се најде нешто