Домашни миленичиња ллеелее срце море таа, а не е рано за пораѓај?? кај мене сите мачиња стрина ми ги пораѓала мислам со нејзина помош и сме енмале некој проблем, за ова стварно незнам знам дека ја пораѓаше со тоа што кога ќе се појави маченцето го повлечевуаше и ја смируваше мачката со зборови, потоа сама се лижеше затоа што може да го изгуби мирисот кон нејзините мали и да ги напушти, малку забегав со муабетот ама стварно нз како да и помогниш, душичка ме натажи!
Домашни миленичиња Биди со неа, не ја оставај. Ако гледаш дека почнува да ги раѓа и да искача маче, нежно потегни го и стави и го до муцето да го излиже сама мачето. Требало да се јавиш или да ја однесеш денес во некоја ветеринарна да не се мачи. Може и мачката да умре. Можеби само едно маче ке омачи, неможеш да знаеш. Само биди со неа, да не почне да крвари или сл. (НЕ ДАЈ БОЖЕ)
Јас пак за истиот проблем пишувам. Мачорчево има рана на вратот назад и со чешање ја прошири. Го мачкав со 3% хидроген и со кантарионово масло и раната е намалена, ама пак упорно се чеша па пак ќе се раскрвави и некако губам надез дека ќе исчезне сосема . Дали постои начин некако да се убрза заздравувањето?
мислам дека љубимицава моја има тврда столица,па сакам да прашам со праите кога имате ваков проблем со вашето куче? patem se nadevam deka vo ovaa tema spaga ovoj post ne em karajte ako gresam
Има тврда столица или запек? Не гледам во што е проблемот ако има тврда столица? , баш е добро тоа што има тврда столица.
Незнам дали го чуваш мачето во двор или внатре во домот со вас, но ако го чуваш внатре, тогаш почесто контролирај го и не му дозволувај да се чеша. Штом хидрогенот и кантарионовото масло споро даваат резултат, тогаш однеси го на ветеринар да ти дадат некоја маст за побрзо да му заздрави местото каде што има рана.
па вака не можам да утврдам што е работата само знам дека никогаш не кака кај ке стигни а сега пред скали во двор и тоа едвај и мали изметциња зато си помислив дека несто е во тоа проблемов
Епа кажи им на твоите другпат да не му даваат коски на кучето, а посебно НЕ пилешки коски. Знам многу кучиња што умреле токму од пилешките коски, бидејќи пилешките коски кога ги глода кучето, не се дробат туку тие остануваат остри како стакло, и на многу кучиња им се имаат распарано цревата. Ако веќе давате коски на кучето, тогаш нека бидат Телешки. Инаку од коските се добива многу тврда столица.
фала доберманце, знам тоа со коските го имам и искусено плачено имам ехееее ама фала боги се се заврши добро,тоа бесе дури беше мало а ова со столицата се реши позз
како што приметив несретнав ништо за воспитување на куценцата т.е за тоа каде да го изврсуват измето како да се науцат ја сеа тазе си зенмав куче и дома го чувам од расата џуџест пинчер и мајка ми самои писка што секаде врши нужда дај плс хелп како да го научам ?????
На местото кај што ќе се измочка ќе му ставиш весник и би требало таму да почне да си врши нужда И јас имам едно прашање....Ме интересира дали некој од вас има земено за вашите миленици чешалот Furminator,мене ми го испофалија демек ги вадел мртвите влакна и нормално дека бил многу добар.Е сега и цената е премногу добра едно 3000ден Па ако некој си го чешла миленикот со чешалов би замолила да ми објасни малце подобро? Еве како изгледа
Изгледа не си барала доволно, бидејќи јас на форумов во темите „Грижа за домашните миленици„ и „Домашни миленичиња„ имам навистина многу постови напишано во врска со воспитувањето и како да се научи кутрето да врши нужда на определеното место. Еве за да не се мачиш и да ги бараш моите постови низ форумов, ќе ископирам еден мој пост што го имам напишано за тоа како да се научи кутрето да врши нужда на определено место. На форумов се изначитав доста чудни и непрофесионални коментари околу тоа како да научиш мало кутре да не врши нужда дома. Луѓе незнам која ви е целта со весниците и да изигравате плашила. Ви треба само слободно време и трпение. Секое куче може да се примети кога сака да моча или кака (тоа е секогаш после јадење и после спиење). Само треба да го фатите моментот пред да клекне (или додека клекнува) и да го однесете на местото каде што треба да изврши нужда. Не го внесувајте внатре додека не изврши нужда надвор, па макар тоа и да трае 5 саати. Крај на муабетот. Неверувам дека ќе му треба повеќе од 4-5 дена да научи. Ако се измоча внатре а тоа го видите откако веќе завршило работа, нема поента да го карате, бидејќи нема да свати зошто го карате. Јас така само со упорност и голема контрола го научив моето кутре за 1 недела, без никакво удирање со весникот по газето.
За чешелот Фурминатор, едноставно немам зборови за да го опишам колку е ПРЕКРАСЕН Свака му част на човекот што го направил овој чешел Во живо се имам уверено во моќта на Фурминаторот и без текст ме остави, одлично го вади целото мртво влакно и подвлакно а притоа не го кине и оштетува здравото влакно, едноставно чешелот е фантастичен. Јас не го користам Фурминаторот, бидејќи јас имам Пудла, а Пудлите немаат подвлакно и немам потреба да го користам, и со обичен кучешки чешел и четка мојата Пудла си е секогаш средена. Но Фурминаторот ќе заврши одлична работа на оние луѓе кои што чуваат кучиња со подвлакно. Цената од 3.000 денари некако скапа ми изгледа , јас најдов на оглас Фурминатор за 1.200 денари, еве погледни го огласот http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/426362?searchID=1961109&Idx=1 Еве и едно видео преку кое ќе се види ефикасноста на Фурминаторот. http://www.youtube.com/watch?v=SPyVWbYwAUw
Полн погодок ќе биде за Лабрадор ретриверот, бидејќи Лабрадор ретриверите имаат многу густо подвлакно, а кога еден Лабрадор ретривер ќе го исчеткаш со Фурминаторот нема повеќе да има подвлако, а со тоа ќе се намали и паѓањето на мртвите влакна низ домот.
пак јас хихих...сакам да прашам имам пинч и има 1 месец и ја и дава да јадене се како на пр боранија,јогурт и лепце,пастета и вцера ја прејадов за грота мешето фул и беше хихи...и сеа сакм да прашам дали е добро тоа што и давам а за куповна храна ке и давам едн оброк на ден од неа али усте нема земно
Многу мало си го зела, 1 месечно кутре не треба да се одвојува од мајката, си требала барем уште 2 недели да почекаш. Храни го 4 пати на ден, рамномерно распоредено на секои 6 часа. И немој да го прејадуваш. Најубаво е да го храниш со сува кучешка храна која што има висок процент на месо и хранливи материи во нејзиниот состав. А од домашна храна можеш да му даваш , Ориз варен со варено пилешко месо, Риба од конзерва (туна - сардина), Варена риба Ослич, Палента, Макрони, Кисело млеко, Јогурт, Павлака, Овошје (Јаболкото е одлично) , зеленчук... И домашната храна нека биде спремена специјално за кутрето, односно без зачини (евентуално сол во мали количини), а храната од ручек што вие ја јадете не му ја давајте бидејќи е презачинета (за кучињата) и може да се напрат проблеми во развојот на кучето.
еве ме мене пак по кратка пауза.. ) јас си закажав за кучето за бањање и шишање кај пепи зашто тошко неможев да го добијам никако.. доберман кучево мое почна да јаде се и сешто.. ме нервира малку.. зашто коа ке му ставам негова храна не ја сака .. и ке седи цел ден гладно ама нема да ја јаде... ај некако му мешам еднаш или двапати во денот му давам кучешка а еднаш нешто што ке му направам.. дали има освен на педигре како што има храна со месо и со некој сос.. дали има таква храна не сува значи на некоја др фирма.. неможа да најдам.. а и не сум запознаена со места каде што можам да му земам храна освен ваму во рамстор.. ама таму има само сува.. а не ми ја јаде.. иначе почнав да го шетам мн му е интерсесно и се радува.. ме интересира дали можам да му земам од ампулите против болви крлежи итн.. ? има веке 3 месеца ...го вакцинирав но не ми го дадоа пак апчето тоа за глисти или нз.. како што му дадоа предходниот пат.. а исто некако приметувам дека некако ко да му солзат очињата мн.. или може нормално е така... дали треба некои капки да му ставам или? поззз ))