1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сигурно има фатено болви штом се чешка. Најпрво треба да го избањаш, најдобро е со шампон против болви и крлежи за кучиња бидејќи е многу мало за да може да му се стави ампула. Незнам дали ти го дале вакцинирано или не, ако не е вакцинирано веднаш да се вакцинира, како и да е мораш да го однесеш на ветеринар да му направи прв преглед и да ти даде книшка плус најдобри совети ќе ти даде како понатаму да се грижиш за кутрето.
    За јадење почни да му даваш само сува храна, ќе купиш за јуниори ја малечки кучиња (бебиња) таа е доста ситна и ќе му даваш колична колку што пишува на паковањето или ќе прашаш во пет шоп ќе ти дадат мерица и ќе ти кажат колку грама треба да му даваш на ден.
    Јогурт исто така можеш да му даваш, само немој млеко и никако леб.
    Другиве феминки нека те посоветуваат што да му даваш од домашната храна јас не сум нешто многу упатена на малите кучиња што е препорачливо да им се дава.
     
  2. swath.a

    swath.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    21
    Фала ти за советите.Денес ке го однесам на ветеринар:*
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам како ме советуваше сопственикот на таткото на мојата Ерделка. Додека има 1 месец, треба да се храни 5 пати на ден. Мене ич не ми се сигурни купечкиве, затоа јас и готвам, а и таа храна ја јаде само, дехидратите после некое време јадење, ги оставаше, не јадеше се’. На почетокот, голема грешка направив што ја хранев со Боно. Цело време имаше пролив, после секое јадење некои 2-3 пати какаше... после почнав со дехидратот Брит (Кеар) и подобро беше, само од сабајле и навечер одеше по голема нужда. На крај мислам дека најдобро направив со тоа што почнав готвена домашна храна да и’ давам. И’ варам пилешко со ориз и морков (понекогаш и брокула, зошто обожава брокула). Морковите може да ги даваш и свежи зошто се замена за дентали. Мојата е растена со моркови од кога дојде во мојата куќа, бебешките заби дури не и’ беа расипани, а овие трајниве, побели од моите и’ се. :D

    Може да се стави многу малку сол во храната, за вкус да се додаде некаков. :)
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Барав низ темиве но, не успеав да најдам соодветно место каде можам да го поставам прашањево.
    Имено, станува збор за маче...
    Местото каде што живеам е буквално раскрсница, така да секој ден врват автомобили и не ми е сигурно таму постојано го мислам. Изминативе месеци прегазија едно чудо мачиња...Инаку, да го чувам немам услови. Затоа би сакала да ме советувате, или упатите на тоа како да му пронајдам дом?! Дали да се обратам во Анима Мунди, и каде се наоѓа?
    Ви благодарам однапред.
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    На фб страната на Анима Мунди објави. Исто така можеш и на ААПЖ (на фб се пишани како AAPZ).
     
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Имам пробано, ништо не преземаат ако така им објавиш. Треба директно да им го однесеш миленичето, ама не знам на која улица се наоѓаат.
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Јави се на Анима Мунди на:
    078 400 900
     
  8. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Зошто на еден месец? :( Барем до два месеци треба да се со мајката, да цицаат колку што може за да стекнат подобар имунитет а и да научат многу работи од мајката.
    Ова го научив откако ми почина кученце вака рано одделено.
    Ти препорачувам ако можеш врати го кај мајката барем уште еден месец, за негово добро. За хранењето - мислам дека уште е мало за сува храна. Веројатно до сега само млекце цицало и дигестивниот систем уште не му е спремен за суво. Плус ќе се согласам со @Papillon.Papi , не само што не е сигурна таа дехидрирана храна, откако дознав што се има во неа многу ретко купувам а претежно правам домашна храна. Можеш да му подготвуваш кашеста храна и полека да преоѓаш кон посува, како попара со јогурт, варен ориз со варено месо или јогурт (и со малку сол), во тоа да додаваш зеленчуци.. побарај на интернет рецепти и обрати внимание на балансот на состојките колку што можеш.
    Провери дали има болви бидејќи се чеша и во ветеринарна аптека кажи дека има само 1 месец, некои состојки можат да му бидат токсични и се даваат подоцна. Ако не го враќаш кај мајката не го оставај на ладно.:hai:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. swath.a

    swath.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    21
    Фала иначе мајката не го сакала и не му давала да цица.;( и затоа толку рано ни го дадоа ама добро е што си јаде по нешто и не е слабо
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.334
    Допаѓања:
    41.699
    Пол:
    Женски
    Se izvunuvam za latinicava ama mnogu sum zagrizena i moram itno da prasam.Vo ponedelnikot kuceto koe go cuvav pred zgrada pocina, nemase vidlivi znaci na truenje i povredi i go najdov utroto, ne bev vo sostojba da utvrdam od sto pocinalo, isto vreme do nego imase i drugo kuce koe uspeav da go spasam, sega e zgrizeno i se lekuva, imase povredi, no i povrakanje i proliv projavilo denes i ne znam dali e truenje.Zagrizena sum i za moeto bidejki go setav na mestoto deka bea tie i predhodniot den bese so niv, pa da nema dusnato otrov se plasam.Toa e dobro, normalno, ama prasanje mi e dali ima otrov sto pokasno projavuva simptomi ili sepak vrz drugite dve kucina nekok se izzivuval, placev celo utro za ednoto kutre, tamn go opraviv, super bese, se zdebeli za na kraj nekoj da mu presudi....krivo mi e i isplasena sum.
     
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    10.402
    Пол:
    Женски
    Ако среде ноќ не ти се качува на главата и ти спие:D,слободно можеш. :) :)Секоја вечер се будев со мачка на глава .:|Crazy cats.Мислев само мене ова ми се случува.
    [​IMG]
     
    На ansi.i му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ако е отров треба да дејствува одма, сепак зависи и од отровот. Најдоцна за неколку саати треба веќе да има некои симптоми на труење, штом твоето нема никакви симптоми сигурно не се работи за труење.
    Обично од отров почнува да им пени устата, да се тетерават, лигават и неможат да одат ниту да стојат. Крв во измет и повраќање со крв исто така може да биде знак на труење. Штом е згрижено и се лекува другото кутре, претпоставувам го видел ветеринар и ако не утврдил дека е труење тогаш нема причина да се грижиш. Проливот и повраќањето може да се јави ако му се даваат некои лекови на кучето и неправилна исхрана, а можеби ако било и удирано па од повредите. Не се грижи сепак да е отров одма би делувал.
    Можеш да пријавиш ако се сомневаш дека некој во околината труе животни во Агенцијата за рхана и ветеринарство и да ги исконтактираш Анима Мунди да објават.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. emrii

    emrii Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    imam Samoyed skoro 4 dena mnogu e milo i mn e ubavo noo .. koga go setam i koga ke vidi vo blizina kuce e mnogu agresivno i mnogu gi lae do sto moze da e toa i sto treba da pravam?
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Колку е старо кучето? Не верувам дека е многу мало, зошто ваквото однесување покажува недоволна социјализација од рана возраст. Ова однесување ретко го има кај малите кутриња, а ако го има, одма се поправа со рана социјализација. Единствен лек ти е професионална дресура, ама не дресура на кучиња, туку на сопственици на кучиња, таквите дресури се професионални. Ќе те научат како да го додржуваш кучето на најлесен начин и како да му покажеш дека не смее да лае по кучиња.
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    IMG_20141116_162556.jpg
    Здрави заби=здраво куче. :)
     
    На Cataleya, buba4e89 и Sunflowers им се допаѓа ова.
  16. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    34.402
    Пол:
    Женски
    Колку е старо??
     
  17. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    @Papillon.Papi Како ги одржувате запчињата? Ги чистите со нешто?
    Еве пример од домашно приготвена храна, за тие што немаат идеи што да направат. Секако не правам секој ден вака, што ќе се има дома тоа ќе подготвам. За овај оброк немав месо па искористив виршли ама не препорачувам.
    Состојки: Варен ориз со спанаќ, рендано цвекло, морков, марулка, виршли.
    IMG_0668.JPG

    Потоа ги измешав за да го изеди и зеленчукот не само месото.
    Полесно е да готвите во поголеми количини, пример подготвив повеќе ориз, ќе го оставам во фрижидер па потоа ќе го искористам во друга комбинација (пр. со спанаќ и јогурт)
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    @Sunflowers Јас и' купувам мелено пилешко обично, но и џигер и' варам. Многу ретко и' давам брокула, зошто ја обожава. И' го варам месото со ориз, морков и малце сол додавам, некогаш и' ставам и брокула. За забите да не се кршат купив калциум 3 денари парче. Треба да се дава 2 пати на ден, но за секој случај прашај ветеринар, зошто јас според моето гледам. Ја израснав со моркови, од кога стапна во мојот дом, само моркови глода. Дентали, коски да купувам, нема потреба зошто и' даваме говедски домашни коски (варени). За да препознаеш дали кучето го храниш со добра храна можеш да видиш по неговиот измет, т.е. колку често врши голема нужда и цврстината на изметот. Мојата врши голема нужда 2 пати на ден, а изметот е цврст и во мали количини, што тука е очевидно дека кучето ја искористува храната правилно. Единствено нешто што беше неправилно во исхраната на Беки е тоа што немаше магдонос во неа, па здивот и' смрдеше, но сега почнав да ставам магдонос и подобро е. Магдоносот треба да биде свеж.
    Храната што си му ја приготвила на твоето е супер, но ќе ти замерам за виршлата, зошто не е баш најдобра и како и чајната или било која друга салама, предизвикува гасови (најчесто) и дијареа.
     
    На Sunflowers и 1209 им се допаѓа ова.
  19. TheFlower

    TheFlower Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки јас сум нова на форумов и имам прашање до вас. Чувам териер скоро 9 месеци е многу агресивна. Дури и на нас домашните ни ржи и ни се пушта да не касне. Значи не е малтретирана не е тепана ја чуваме во домашни услови и не знам зошто е агресивна. Денес нејќе да испадне од кутијата се тресе цело време и само ни се пушта да не касне 2-3 мин сака да се погали и после ржи. Не знам што да и дадам нешто звонам на ветеринар никој не ми крева не знам што да правам. Дали некоја од вас може да ми помогне?? Фала ви однапред,
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Каков териер е? (Фокс, џек, рет)? Надвор ја чувате? Можда некој ја малтретирал... оди кај прифесионален дресер, тој ќе ти каже како да постапиш со неа кога ќе и' го види однесувањето.