Вакцините 600 денари, прегледите се бесплатни мислам... Да имаше беснило фатено ќе си кажеше сигурно, ако пени устата беснило е, секој знае. Кај териерчево може да се види несигурност и лоша дресура. (а кај териерите е задолжителна дресурата) Требало рано да го постават алфа статусот, сега кутрево е изгубено, не знае каде му е местото. Едит: ако има беснило, ќе избегнувала светлина...
И јас имам сличен проблем како феминката погоре. Денеска татко ми несакајќи го удри кучето(шарпланинецот) и тоа почна да ’ржи и да се спрема за напад,готов беше да го касне.Сите се тргнавме,па после саат,два се испушти од синџирот и брат ми едвај го фати,притоа кучево агресивно ненормално. Врзан е стално,ама на сајла долга 30 метри,а синџирот му е 2,5 метри,што значи има многу простор за движење.Константно е хранет и напиен,и си играме со него.Вакциниран е против беснило и се по ред. Има скоро две години. Што може да му е проблемот? Никогаш не сум се плашела од кучиња,ама ова денеска ептен ме втресe,никогаш го немам видено таков. И да надополнам,никогаш не е малтретиран,не е ни можно,поголем е од нас.
^Vrzan sharplaninec znachi odgleduvanje ubiec. Sharplaninecot e roden za da raboti, da trcha niz livadite, a ne da bide hranet, vakciniran i vrzan. Toa ne e dovolno za kucheto. Znae trikovi? Dresiran e? Sharplanincite se najinteligentni kuchinja, pointeligentni od Border Kolito, zatoa ne se preporachuvaat za sekoj. Odete na profesionalna dresura, samo toa vi e lekot. I odkoga kje go izdresirate, ako ne mozhete bez lanec da go chuvate, dadete go na nekoj shto ima uslovi. Kaj sharplanincite MORA da se postavi alfa statusot, vo sprotivno, tie vas kje ve kontroliraat.
Папи,абе знам дека не е убаво врзан.ние и го пуштаме летно време низ имотот на село,ама сепак на сајла е,не е ограничен.И досега сме имале 3 шарпланинци пред него,си живееја долго и мирно,никој немаат нападнато.Затоа и прашав да не е болест или нешто лошо да не сме направиле. Не е професионално дресиран,ама јас како мал го научив на основното преку јутјуб,знам дека е паметен.
Бордер Коли ако учи основни трикови само, деструктивно ќе стане, ќе спобудалува, нема на куче да личи однесувањето, а замисли на Шарпланинец... Треба секојдневно да се посветува најмалку пола саат во дресура. На трикови не се учи за да се покажуваш на другите колку умно куче имаш, туку за кучето да го користи мозокот, да се потсети како се изведува трикот (на пример) лежи и да го изведе правилно истиот. Како што се зголемува бројот на трикови кучето за да биде наградено, ќе се обидува повеќе. Послушноста е исто така знак дека си го поставила алфа статусот. Јас искрено уште го поставувам алфа статусот кај Беки. Не ме слуша целосно, но тоа кај Ерделите е нормално, своеглави кучиња се. И да прашам, дали е социјализиран со други кучиња и животни и колку често го шетате меѓу луѓе? Најважна е раната социјализација ако не сакаш кучето да напаѓа животни и луѓе.
Стално е со народ,Папи. Може женска сака,не знам дали машките имаат некој период или слично за парење.
Мажјаците имаат нагони, но не се однесуваат така... Но, ако е потериторијален, препорачувам да го кастрирате зошто можда и од тоа е.
Луѓе ај совет ако може или некој нешто слично ако искусил да сподели... Имам 6 месечна мачка дома, во двор ја чуваме. Деновиве баба ми ја пушта по дома да седи, обично ќе си поспие неколку саати и си бара надвор да искочи. Вчера цел ден била дома, цел ден спиела, кога дојдов вечерта уште спиеше, ја разбудив ама беше ептен поспана и решивме да седи цела вечер внатре. И наместивме се што треба, песок, храна вода... Спиеше цела вечер. Денес јас цел ден не бев дома и сега кога дојдов гледам уште е таква. Кога е будна гледам дека очите и се како насолзени... Има ли простор за паника?
^Mojata machka isto taka spie mnogu ova vreme. Od toplinata i se prispiva. Za ochite, proveri da ne ima infekcija, odnesi ja na veterinar...
^Ја однесов денес на ветеринар, имаше висока температура 40 со 4, и воспалени крајници. Тоа со очите што и биле навлажнети и третиот капак што и се гледал било од температурата.
devojki kolku cini smestuvanje na 3 mesecno mache vo hotel 3 nedeli? nema da bidam vo skopje, a ne sakam da opteretuvam nekoj
Moeto kucence ima bolvi vo ponedelnikot mu staviv ampula i eve denes go gledam ima, a vecerva pa spie na mojot krevet mene sega mi e jezuvo nekako da legnam se me cesa, dali se stetni me unteresira?
Како може да дозволиш кучето кога има болви да ти лежи на креветот, а па ти уште се мислиш дали да легнеш или не? Не бе "ич не се штетни" .!!! И те како се штетни болвите....!!!! Пред се, болвите се бубачиња кои ја цицаат крвта и пренесуваат разни инекции..еве ти подетално за тоа: http://petsportal.mk/oslobodete-go-milenicheto-od-bolvi/
Прво, кучето и да нема болви не смее да ти лежи на кревет, во спротивно му покажуваш дека е рамбо со тебе, а тоа ќе сфати дека може да го завземе алфа статусот и да го контролира целиот чопор (ваше семејство). Второ, ампулите целосно делуваат по 48 часа зошто за тоа време навлегуваат во крвта на животното. За тие 48 часа не смее да биде крзното на кучето во контакт со вода. (не викам дека не смее да пие вода). Доколку продолжи да ти лежи на кревет, и кучето нема сцое место, ќе треба да одиш на професионална дресура со кучето и да ти покажат како правилно да го издресираш.
Kako prvo toa si go znae svoeto mestoto!!! A vcera go ceskav i zadrema vo mojot krevet i togas vidov bolvicka poz
Давав добронамерни совети, нема причина да ми пишуваш извичници. Препрочитај ми го постот, ќе сфатиш дека ти кажував да не продолжиш со таа рутина зошто кучето ќе си разбере дека твојот кревет е негово место. Фактички, според него ти немаш место и ако му дозволуваш да се качува на кревет, може да има знаци на агресија кога ќе сакаш ти да легнеш на твојот, поправилно неговиот кревет. Кучињата не се луѓе, не размислуваат како луѓето, имаат инстинскти. И пред да ставаш било какво средство против болви, знај дека нема магија сите надворешни паразити автоматски да исчезнат. Тие сега бегаат од неговото крзно зошто ја осеќаат миризбата на ампулата и повеќе ризикуваш ако го ставаш кучето на твојот кревет. Поз бек.
Ми треба помош! Луда сум по маченца,а живеам во стан,Битола..Проблемот е тоа што мачето нема каде да врши нужда..Имало некој песок миризлив,што ги привлекувал да вршат нужда таму.Незнам сега колку е вистина,немам пробано.(всушност сеуште немам маче) За завесите..мама би ме отселила од дома доколку им се случи нешто. И незнам што ќе прави мачето кога нема никој дома?! Се плашам да не направи нешто или само да се повреди?! А да го затворам во една соба ми е жал . И онака нема начин да го носам надвор,ќе избега или ќе го задават други мачки.И совет во врска со болви и капење.