Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    @Clover66 веројатно не си чувала маче до сега. Многу луѓе чуваат мачки во стан. Ако не сакаш да излегува надвор можеш да купуваш песок за таа намена, има во пет шопови, ветеринарни аптеки, некои супер маркети, распрашај се за таму. Таквата песок гранулира кога мачето ќе изврши нужда и отстранува непријатни мириси, и не би требало да имаш потешкотии да го научиш каде да оди поради нивниот инстинкт да вршат нужда во песок.
    Уште една важна работа ако не сакаш да излегува од дома е да го стерилизираш/кастрираш. Нема да се повреди ако го оставиш само дома, всушност најверојатно ќе спие поголемиот дел од времето (тие преспиваат 2/3 од животот) :).
    Ако немаш дозвола од родителите подобро не земај маче, кога се мали знаат да се пентерат по завесите и да ги искинат, немој да заврши на улица. Кога сте дома ќе внимавате и ќе му го одвлекувате вниманието со други играчиња за да не оди таму.
    Капење на мачките е потребно многу ретко, посебно тие што се чуваат само дома, си се чистат сами и еднаш годишно веројатно ќе биде доволно (со шампон за мачки секако). Болви и крлежи не верувам дека ќе има од каде да закачи ама ако има потреба ќе ти објаснат во ветеринарна аптека каква ампула да земеш и колку време има дејство.
     
  2. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    Девојки дајте некој совет што да превземам, мацава веќе цел месец има течна столица, првата недела ветеринарот констатира настинка и покрај секоја терапија никакво подобрување нема. А сосема нормално се однесува, си јаде, весела е, само пустата дијареа не престанува...пробав со оризова вода, варен ориз, медицински јаглен, ништо не помага, незнам веќе што да и дадам :(
     
  3. Clover66

    Clover66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Всушност јас сакам да излегува надвор,но неможе самото веќе ги кажав причините.Мислиш дека би имало проблем ако си го носам надвор и го чувам во рацете,бидејќи ако го пуштам се плашам да не избега..А заради завесите ако тоа заврши на улица и јас не одам дома,сериозно ќе се преселам кај баба ми,јас не можам да ги гледам уличните мачки како мјаукаат од глад и смзнуваат,а камоли пак моето маче..Што би му купила или направила накое играче слично на завесите хаха,за тоа да му го привлекува вниманието? И што значи да го кастрирам? Веќе кажав се плашам да не не бидува од него здраво маче ако не излегува надвор и не се движи..Ама немам многу избор,ако го пуштам само којзнае што ќе го снајде.. И дали треба да му давам исклучително храна за мачки? Повеќе би сакала да го научам да јаде се што ние јадеме (поточно не баш се секако). :):^)
     
  4. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Сакам да ти речам дека нема да му се случи ништо ако шета надвор, ама не би сакала да се чувствувам виновна зошто секогаш има исклучоци. Мачките се доста снаодливи и често се извлекуваат и опоравуваат од тешки ситуации. Сепак зависи од снаодливоста на мачето, и од тоа на какво место живееш (ризик од возила, соседи кои малтретираат/трујат мачки итн).
    Не гледам разлика во тоа да го чуваш дома и да го носиш надвор ама да го држиш во раце. А и нема да ти стои така, посебно кога ќе е поголемо. Ако толку се плашиш можеш да го шеташ со поводник за мачки: Cat_harness_and_leash.jpg .
    Јас сите мачки што сум ги чувала шетале надвор уште од малечки, така и сегашната, и имаат нормален и здрав живот. Не дека нема да бидат здрави ако бидат само во стан, ама се разбира дека имаат потреба да прошетаат, да душкаат, да јадат трева за да ги повратат влакната што ги внесуваат чистејќи го крзното, да се парат..
    Другарка ми чува мачка во стан, има неколку години и стерилизирана е за да не излегува да се пари, здрава и права е, ама кога ќе ја најде отворена балкунската врата знае да забега кај соседите и потоа се враќа, да не те чуди ако и твојата го прави тоа. :)
    Просто објаснето, стерилизација е операција која се прави на женските животни за да не се парат и да не раѓаат, а кастрација на машките.
    Играчки можеш да купиш од пет шоповите а можеш и да побараш идеи на интернет ако сакаш сама нешто да направиш, ма да нема потреба зошто можеш да ги заиграш со се што мрда (пенкало, крпче, топче...).
    За храна и јас сметам дека е подобра домашната, ама мачките знаат да се пребирливи. Давај му разновидна домашна уште од мало па ќе видеш што јади а што не.
     
    На Clover66 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    19.737
    Пол:
    Женски
    Мојава мачка не сум ја носела надвор. Освен на тераса кога сме биле ние на терасата. Во однос на завесите знае намерно да се пентари на нив колку да привлече внимание, ама за среќа ништо не им направи. Инаку кога е сама фома претежно спие и е мирна
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    На која возраст им доаѓа прв пат на кучките? Мојата за некој ден ќе направи 13 месеци и сеуште ништо. Не планирам да ја парам до 2 години, но сепак сум во исчекување, со оглед на тоа што ја чувам во двор, па да не налета некој маалски фраер...бидејќи боксот сеуште не ми е готов. Како треба да реагирам во таа недела или две време кога ќе се гони, дали ќе е агресивна, што како, ако сака некоја поупатена и со искуство да ме осветли ? Благодарам многу
     
  7. Clover66

    Clover66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Wow.Искрено првпат гледам поводник за мачки,ама воодушевена сум..Само мислам дека ако ја шетам така ќе ми се смеат,во Македонија не е баш толку актуелно ова.Каде да набавам такво? А што е до парењето ќе гледам да земам машко маченце. Фала многу за советите. :*
     
  8. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Можеш да нарачаш од алиекспрес, има евтини, или да побараш во пет шоп. И јас немам видено некој тука да шета мачка вака, ако сакаш да ја шеташ можеш на вечер.
    А за парењето не е решение да земеш машко, така само ти нема да му ја мислиш за малите мачиња оти нема да ги имаш дома, ама мачорот ќе ги направи и голем дел од нив ќе завршат на улица, а како што кажа и тебе те боли таа глетка. Уште нешто сигурно не знаеш, во период на парење мачорите заминуваат и ги нема некогаш и по 2-3 недели, се тепаат со други мачори и се враќаат валкани. Тогаш за жал има ризик и да настрадаат од газдите на мачката кај која ќе одат. Додека пак мачките не се оддалечуваат толку, се парат и се враќаат дома. Со оглед на тоа што не сакаш само да излегува мачето ќе треба да го стерилизираш/кастрираш без разлика кој пол ќе го земеш, или па да му најдеш партнер/ка за парење и да се погрижите малите да се вдомат.
     
    На Clover66 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Clover66

    Clover66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Разбрав. :):l:
     
  10. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Papi не се сложувам со твоето мислење за спиење на миленичето во кревет.
    Како прво да те прашам ,твоето куче го чуваш во стан или надвор во двор?
    Како второ твоето куче тежи веројатно 40+ и разбирам дека нема да му даваш да се качува на кревет.нема даима место за тебе :D:D
    И јас имам чувано вучјак во двор и воопшто не можам да споредам со чување дома во стан.

    Сите што ги знам што имаат мали раси,спијат со нив кучињата.Ни јас не и давав на почеток на мојата,ама со тек на време еве ја си спие на кревет.Кога е прљава или небањата ја симнувам доле не и давам да се качи и никогаш ама баш никогаш не ме нападнала.Или пак моите кога ја симнуваат.Она одвај чека некоуј да си легне и трчанката доаѓа и ти легнува на нога,на рака,на рамо или на што најде.
    Точно е тоа за алфа статусот да,ама да не му даваш на кучето да се качува на кревет зашто ќе те нападне е апсурд и тогаш најубаво да не чуваш куче што ќе те нападне за таква смешна и глупа причина,недај боже друг ден за што би те нападнало којзнае,или пак некоја друга личност.
    Некои не им даваат од хигиенски причини тоа да,и ние не ја качувавме првите 5 месеци ама душиче бара близина и неможеш да го оставиш да спие само.
    :):*
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Јас па многу сакам моето куче да спие со мене, она несака. Се научи за фотелјата и таму е најубаво, цело време таму спие. Колку пати сум ја викала на кревет и само ќе се доближи, ќе легне да си поигра и пак ќе си се врати на спиење на фотелјата.
    На дечко ми е друга приказна, алфа е дефинитивно. Значи ужива да се бута меѓу нас и да не „исфрла„ од креветот. Колку и да го караш и да не му дозволуваш, штом заспиеме ќе си се качи и нема симнување додека не се расшири убаво на лежајот, а ние сироти ќе паднеме од страните :D
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Моето куче има најмногу 20 кг и не е многу големо. Мал милион соственици се жалат за преголема територијалност кај кучињата. Најчесто е заради попуштање. повеќето кучиња со мал раст ја имаат сличнава реакција. Еве ти уште еден пример со куче со мал раст. Баш за ова ти зборев. Сега, ако сакаш да ризикуваш, ризикувај, но зај дека потоа ќе треба да почнеш одново со дресуратаи нај декаќе боде потешко одколку што било на почеток.
     
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Луѓе може ли мачка да има епилепсија?
     
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
  15. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Денес е 8ми ден како ја носам, вчера и денес приметив епизоди и во глава ми се заврти дека епилепсија има. Кога споделив со ветеринарката ми одговори со „кој знае, можно е и да е тоа, да видиме како ќе биде понатака“. Ме фаќа паника искрено...
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.003
    Пол:
    Женски
    Nema sto da te faka panika i da ima, ke se poftoram pak, ama na decko mi kuce ziveese 13 god so ovaa bolest, a bese i gluvo dusa, na kraj ne umre od nea, TAzno e koga ima napad ama pominuva brzo i so vnimavanje da ne se povredi ke bide vo red.Ne grizi se.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    да прашам имам куче стафорд старо 2 год скоро на десната задна нога има некоја инфекција меѓу прстите и јас незнам како да објаснам црвен е ецело време се лиже тука и кога ке го допрам бега значи има болки и оди на 3 нозе сега мн ретко ја спушта ногата вака е веке 3 дена го однесов на ветеринар му зедоа брис и ке чекам уште 3 4 дена да не знае некој за што се работи?
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Се боцнал од нешто остро или нешто го каснало. Ама најубаво е да идеш на ветеринар. Стај му некоја подлога за да не гази директно.
     
  19. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    ne... go odnesov i mi kaza deka ne e bocnat tuku mi kaza deka ima infekcija :(
     
    Последна измена: 19 декември 2014
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Па сигурно не е ништо страшно, ќе му дадат терапија некои таблетки и некоја маст и ќе му помине. Моето имаше така на муцката од крлеж, и паднаа влакненцата и црвено и беше местото, ми дадоа канестен да ја мачкам и многу брзо и помина.
    Инфекцијата може да се јавила од крлеж да, можеби се исекол на нешто па се инфицирало, згазил нешто... Може е некоја габична инфекција, како и да е, штом си била на ветерианр чекај упатсво од нив. Сигурно не е нешто сериозно. :)